
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Форензичар се наоѓа во смртоносна трка со времето за да го пронајде вистинскиот убиец. Жек Грам (А. Пачино) е познат универзитетски професор кој работи за ФБИ како форензички психијатар. Ноќта пред егзекуцијата на серискиот убиец и силувач Форстер (Н. Мекдона) се случува ново злосторство на ист начин како и она за кое е осуден, што доведува до сомнителна пресуда која се заснова на стручното мислење на Грам, бидејќи немало материјални докази. ...
Откако на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, но и да се овозможи и дијаспората да гласа, Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз најавија дека до Собранието ќе достават свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување на една изборна единица. Од ЛДП најавија дека денеска ќе поднесат ...
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска е во работна посета на општина Илинден, каде ќе се сретне со градоначалникот на општината, Александар Георгиевски. Фокус на средбата ќе биде поддршката на нашата земја преку европските фондови и потребите на општината за поголемо искористување на овие средства со цел реализација на проекти од интерес за граѓаните. Европските фондови се од голема важност за македонската економија ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Пораката, следува откако најмалку 30 лица загинаа, а над 170 беа ранети при достава на хуманитарна помош. Војската објави снимка од дрон за која тврди дека е снимена во јужниот град Кан Јунис, на која се гледаат, вооружени, маскирани мажи како пукаат кон цивили кои се обидуваат да земат помош. „Досега отворивме четири дистрибутивни центри и имаме намера да отвориме уште. Хамас прави се што може за да не спречи да го правиме тоа. Шири гласини, ...
Напладне е закажана нова средба на руската и украинската делегација во Истанбул. Целта на состанокот е да се отвори патот за потенцијално примирје. Изминатиов викенд воените дејствија продолжија. Украина изврши напад врз четири воени бази и оштети 40 руски воени авиони во акцијата „Пајажина“. „34 проценти од стратешките носачи на крстосувачки ракети стационирани во воздухопловните бази беа погодени. Нашиот персонал работеше низ повеќе руски ...
Основното јавно обвинителство веднаш да постапи по пријавите на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а заканите по живот да ги пријави во МВР, изјави премиерот Христијан Мицкоски по последните случувања со градоначалничката откако таа во живо се јави на социјалните мрежи каде открива дивоградби, главно во Општина Чаир. „Јас го охрабрувам Јавното обвинителство да постапува по пријавите од градоначалничката Арсовска. Ние не можеме да ...
Пред извештајот за Македонија во Европскиот парламент идната недела, првиот човек на Владата е загрижен за амандманот што еден европратеник ќе го поднесе, со кој се негира посебноста на македонскиот народ. Мицкоски открива дека изминативе месеци работеле со известувачот Томас Вајц во извештајот јасно да се потенцира посебноста на вековниот македонски идентитет и јазик. Мицкоски смета дека нема потреба од носење на нови резолуции во Собранието по ...
Шок, неверување, лутина, депресија, потиштеност и прифаќање. Ова се фазите на тагување после загуба на сакана личност. Низ овие фази трет месец минуваат илјадници блиски на жртвите на трагедијата во Кочани. Лекарите апелираат, на време да се побара стручна помош Зголемен е бројот на пациенти со инфаркти, мозочни удари и висок притисок, одложен ефект од преживеаниот стрес и огромна тага. Кочанската болница има двајца психијатри и еден психолог, а ...
Во Полска речиси 29 милиони граѓани регистрирани за гласање решаваат кој ќе биде новиот претседател на земјата, како и насоката на надворешната политика. Граѓаните избираат помеѓу либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Цаковски и популистичкиот десничарски кандидат, Карол Навроцки. Избирачките места се отворени до 21 часот, а гласањето во некои земји од дијаспората, вклучувајќи ги и САД, заврши вчера. Во првиот круг од претседателските ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади со честитка по повод 1 јуни – Меѓународен ден на детето и Меѓународен ден на згрижувачките семејства. Еден од клучните приоритети на Министерството за социјална политика, демографија и млади е унапредување на системот на социјална и детска заштита, со цел секое дете да расте во средина исполнета со љубов, сигурност, поддршка и почит. Министерството континуирано инвестира во реформата за ...
На студентката Тамара Тасеска од рана детска возраст омилена игра и биле бројките, а со леснотија усвојувала и сложени математички знаења во однос на врсниците. Нејзиниот талент бил препознаен дури на факултет, па со помош на професор Христовски објавила два научни трудови. А кај студентката Ангела доцна е откриен талентот за уметноста. По дипломирањето на Педагошкиот факултет планира преку педагогијата и уметноста да менторира надарени деца. ...
Во рамки на воената вежба „Брз одговор 25“ во кавадарци ќе има отворен ден за јавноста. На плоштадот ќе бидат изложени оклопни возила, борбени возила, оружје и заштитна опрема која се користи на вежбата на армискиот полигон Криволак. На вежбата „Брз одговор 25“ има 2.200 припадници на 9 армии, од 7 нато членки и две партнерски држави. Најбројни 950 се од македонската армија, а 710 од националната гарда на американската сојузна држава Вермонт. ...
СВР Скопје известува дека денеска со почеток во 17.00 до 18.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ул. „Димитрие Чупоски“, десно по ...
Не е класично вработување, ама е дополнителен работен ангажман. Студентите ќе си ги зачуваат стипендиите, пензионерите примањата, ама и дополнително ќе заработат. Новиот закон за работно ангажирање, граѓаните со раширени раце го прифаќаат поради можноста за дополнителна заработувачка. Селектирани се дејностите кои значат сезонска работа: угостителство, земјоделство, услужни дејности. Работното ангажирање годишно ќе биде 120 до 180 денови, а ...
Градоначалничката Данела Арсовска ги достави сите документи со кои тврди дека на диво се гради во општината Чаир. Се чуди, како до сега ОЈО постапувало по „допрен глас“ а сега бараат градоначалничката да пријави. На Висар Ганиу и на Изет Меџити им порача дека не им се плаши. Очекува конечно да се постапи со цел обезбедување на доказите кои посочените, како што вели, се обидуваат да ги уништат. Претходно, од Обвинителството ја повикаа Арсовска ...
Во кругот на старата касарна, на објект на кој имало работници, падна повеќеметарски кран и оштети дел од објектот. Околу 14 часот СВР Битола добила пријава за несреќата, во која првично било кажано дека има повредени работници. На местото пристигнале и екипите на ТППЕ Битола како и екипите на брзата помош, но од таму велат дека на лице место не се затекнати повредени работници. Од Клиничка болница, велат дека ниту таму нема примени повредени ...
450 матуранти седнаа во испитните клупи на земјоделскиот факултет за да им се тестира знаењето по мајчин јазик. Почна полагањето на државната матура. Прашањата за некого тешки, за некого лесни – но визијата иста – упис на факултет како прв чекор за добивање диплома. 15.000 матуранти од целата држава полагаа прв дел од испитот. Надлежните предупредија дека ќе има санкции за оние кои ќе дозволат дошепнување и препишување. Матурантите, пак кои се ...
Со 40 милиони евра вредниот „Оперативен план 2025“ ќе се финансира обука, преквалификации и самовработување на младите до 29 години. Програмите ќе опфаќаат вештини и дејности за кои има недостиг вработени. Со овој оперативен план треба да се намали бројот на корисници на социјална помош. Комисија од претставници на повеќе државни институции ќе определува кој се може да стане корисник на средствата од оперативниот план. Оперативниот план треба да ...
Доколку летово имаме пеколни температури, џабе ќе биди фактот што годинава имаме идеална пролетна сеидба со целосно исполнет сеидбен план, велат пелагониските земјоделци. И покрај обилните врнежи од снег и дожд во стрежевската акумулација влегле околу 40 милиони кубни метри вода или со она малку што го имаше акумулацијата е исполнета околу 60 посто од вкупниот капацитет. Ваквата состојба придонесе сончогледот како култура отпорна на суша со ...
Светот треба да биде многу загрижен поради зајакнување на односите меѓу Русија и Кина, особено откако севернокорејските трупи се вклучија во војната против Украина, предупреди шефицата за надворешна политика на Европската унија Каја Калас на меѓународниот самит за безбедност во Сингапур. Додаде дека европската и азиската безбедност се меѓусебно поврзани и од нив зависи глобалната стабилност. „Северна Кореја директно придонесува за нелегалната ...
Нови руски напади во Украина. Најмалку две лица загинаа, а десетици се ранети во нападот со дронови на југот од Украина. Во украинските напади на дронови врз руска територија, пак, ранети се најмалку 10 лица. И додека не запираат борбите на фронтот, за наредната недела во Истанбул е планирана нова рунда преговори меѓу Русија и Украина. Москва најави дека ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, кој ги вклучува сите аспекти на ...
Американскиот претседател Трамп на митингот во Пенсилванија изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум од 25 на 50 проценти. Според него, двојното зголемување на царините за челик, дополнително ќе ја зајакне челичната индустрија во САД. Америка е еден од најголемите увозници на челик во светот, со вкупно 26 милиони тони увезен челик во 2024-та година. Новите тарифи се очекува да го зголемат цените, погодувајќи ја ...
Денеска во Кочани семејствата на загинатите ќе се одржат осмиот „Марш на ангелите“. Бараат правда за нивните најмили, а истовремено и поддршка на повредените во трагедијата. Лекувањето на повредените продолжува. Напомош во кочанската болница од наредната недела доаѓаат физијатри и физиотерапевти од детската болница „Козле“ и од „8 Септември“ од Скопје. Сепак, дел од пациентите бараат лекарскиот третман да го продолжат во странство. Од Фондот ...
Повеќе од 15.000 матуранти денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература. Според Државниот испитен центар, вкупно се пријавени 15.004 кандидати – од кои најмногу од стручни училишта (8816), гимназии (5966) и уметнички училишта (222). Следниот екстерен испит, кој е изборен, ќе се полага на 11 јуни. Најмногу ученици ќе полагаат англиски јазик (13.457), а останатите се пријавени за математика, германски, ...
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе бидат во интервал од 4 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 11 до 27 степени. Од недела следува ...
Утре, неколку скопски населби ќе се соочат со делумен прекин на водоснабдувањето, информира ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Причина за прекинот е приклучувањето на нов магистрален водоводен цевковод, што е дел од поголем проект за унапредување на водоснабдувачкиот систем во главниот град. Без вода, од раните утрински часови, ќе бидат Визбегово, бул. „Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, високата зона на Железара и дел од ...
Денеска Основниот суд Гостивар му одреди мерка притвор на А.С.(53) од Гостивар затоа што на 29.05.2025 околу 02 часот во нејзиниот стан во Гостивар со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад врз неговата вонбрачна сопруга. 38-годишната жена го пријавила случајот во полициска станица во Гостивар и на Фејсбук страната на МВР, по што околу 19.45 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С. Тој е задржан во ...
Вчера во 17 часот на ул. „Прилепска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.С.(23) од Битола поради сомнение за сторени три кривични дела „разбојништво“ на подрачје на Битола, информираат од МВР. Имено, истиот ден во 15.20 часот С.С. на крстосницата од улиците „Мирка Гинова“, „Ѓорги Наумов“ и „Солунска“ од А.В. (27) од Битола со употреба на сила одзел чанта. Околу 15.30 часот на крстосницата од улиците „Партизанска“ ...
Христина Просковска една деценија маршира на Светскиот ден на мултипла склероза. Сака да ги сруши бариерите на јавното мислење, да порачаа дека имаат право на работа и достоен живот, но и да побара современа терапија. 1.500 луѓе во Македонија боледуваат од оваа хронична и прогресивна болест на централниот нервен систем. Терапијата ја подигаат од Клиниката за неврологија и тоа им претставува дополнителен трошок и проблем. Секоја година во земјава ...