
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Е.(38) од Радовиш поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон, информираат од МВР. На 17.04.2025 врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш извршиле претрес во стан ...
Денеска околу 08:30 часот во с. Арачиново, по преземени оперативно – тактички мерки, полициски службеници го лишиле од слобода А. Б.(40) од Скопје. Лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 став 1 и казна затвор од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член ...
Вчера во 06.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.В.(21) од Куманово, информираат од МВР. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени воздушна пушка калибар 5.5, воздушна пушка калибар 4.5, куршум од 9 мм, една кутија дијаболи, пиштол „екол“ калибар 4.5 и пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна ...
На Велипеток храмовите отворени, ама е тивко и достоинствено. Верниците се на целивање на најтажниот ден, на распнувањето и оплакувањето на Исус Христос. Строг пост е. Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан утрово богослужеше во храмот „Света Петка“ во Црниче, а попладне и во Соборниот храм. Граѓаните се во храмовите, но и ги забрзуваат подготовките за Велигден. Традициите и обичаите во основата се задржале. Повеќегенерациското семејно ...
Обвинителство останува на стратегијата да бара не само директна, туку и индиректна одговорност за пожарот во Кочани. Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши останува во притвор. Доскорешниот градоначалник Љупчо Папазов, од кумановскиот затвор се сели дома. По барање на Обвинителството во домашен притвор отидоа уште тројца осомничени, поранешниот прв човек на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, еден инспектор и член на ...
Консултации на Советот за безбедност за прекинот на огнот во руско-украинската војна. Рускиот претставник изрази скептицизам за прекин на огнот. Посочи дека имало обид за ограничен прекин на огнот на енергетската инфраструктура што не бил почитуван од украинската страна. Словенечкиот претставник во Советот за безбедност Самуел Жбогар рече дека Советот разговарал за Украина во затворен амбиент, Русија се обидела да ја исклучи Украина од ...
Вчера во 19.30 часот на граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница. Притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 – годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, додека две лица го напуштиле местото. Набргу, по преземени мерки и активности, а поради ...
Најмалку шест лица хоспитализирани откако полицијата одговорила на пукање во зградата на Студентскиот сојуз во кампусот на Државниот универзитет во Флорида во Талахаси. Според полицијата, едно лице е приведено. Очевидци велат дека млад човек вооружен со пиштол влегол во студентскиот центар, по што одекнале неколку истрели поради што учениците биле евакуирани. На местото на настанот се испратени бројни полициски и итните служби, објави Дејли ...
Од денеска стапува на сила нова обврска за сите големи трговци на мало, јавно објавување на цените на производите што ги нудат. Оваа мерка се однесува на супермаркети, аптеки, продавници за бела техника и мебел, како и продавници за градежни материјали. Трговски субјекти бараат одложување. Велат, не се подготвени кадровски и технички за секојдневни ценовни ажурирања со кои треба да почнат од утре. Додека пак, приватните фармацевти бараат ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини ...
Украинскиот претседател Зеленски изјави дека украинското разузнавање добило информации дека „Кина и испорачува оружје на Руската Федерација“. Пекинг официјално се позиционираше како неутрален кон војната на Русија против Украина, но во исто време ги продлабочи економските врски со Москва и ја поддржа Русија во лицето на западните санкции. На почетокот на месецов Украинците објавија дека заробиле двајца кинески државјани кои се бореле на руска ...
Американскиот претседател Трамп и италијанската премиерка Мелони, изразија оптимизам во однос на решавање на трговските тензии што ги заострија односите меѓу САД и ЕУ, непосредно пред нивната средба во Белата куќа. Европската унија се соочува со увозни царини од 25% на челик, алуминиум и автомобили, како и пошироки царини на речиси сета останата стока, според трговската политика на Трамп, за која неговата администрација тврди дека ги казнува ...
Подготовките за најголемиот христијански празник Велигден се одвиваат во најтажните денови од годината – страсната седмица, која ги симболизира страдањата и агонијата на Исус Христос. Денеска e Велики Петок – најтешкиот ден од седмицата пред Велигден. Според христијанското верување, Велики Петок не треба да се честита, бидејќи тоа е денот кога Исус Христос бил распнат на крстот на голгота. Тоа е ден на голема жалост и се одбележува со строг ...
Времето денеска ќе се задржи променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи. Претпладне со сончево со умерена облачност, како и слаб до умерен југоисточен ветер. Во попладневните часови се очекува променливо облачно време проследено со локални врнежи од дожд, а на места ќе има и појава на грмежи. УХМР предупредува дека процесите ќе бидат поинтензивни во доцните вечерни часови и во текот на ноќта, кога на одредени локации ...
Во Даут пашин амам вечер во 20 часот ќе биде одржан концерт на интернационалното дуо составено од Даниела Неделковска (флејта, Северна Македонија) и Пинар Челик (пијано, Турција). Концертната програма опфаќа дела од македонски и турски автори, нудејќи музичко доживување кое ги спојува традициите, културата и естетиката на Балканот и Анадолија. Настанот има за цел да ја потенцира блиската културна соработка помеѓу двете пријателски земји преку ...
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 18.04. (петок), 20.04. (недела) и 21.04.2025 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил. Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, 19.04.2025 година (сабота) е работен ден ...
Вчера околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(19) од с. Кондово, скопско, М.И.(22) и Р.Ф.(20), двајцата од Скопје, информираат од МВР. Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од с. Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските ...
На крајот на учебната 2023/2024 година во редовните основни училишта 179.661 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65.737 ученици ја завршиле годината, соопшти Државниот завод за статистика. На крајот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 181.311, што претставува намалување за 0,5 % во однос на претходната учебна година. Во истата учебна година основно образование ...
Од вкупно издадените 1507 платни налози во текот на изминатите два дена (15/16.04.) од страна на полициските службеници во рамки на сообраќајни контроли на патиштата низ земјата, по основ на прекршоци од делот на неправилно паркирање беа изречени 517 платни налози а по основ на непридржување до пропишаната брзина на движење беа евидентирани 259 прекршоци. Според статистичките бројки изречени се 103 прекршоци по основ на неносење сигурносен ...
62. жртва од пожарот во кочанската дискотека е 24-годишниот Стојанче Стефанов. Тој почина на Воено-медицинската академија во Белград каде што се лекуваше од првиот ден на несреќата и за цело време бил во критична состојба. Имал 27 проценти зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. на лекување во странство бил испратен од КАРИЛ. Доктор Карталов вели, кај некои пациенти отокот на дишните патишта се појавува подоцна и се ...
Здружението на приватни аптеки поднесе приговор до надлежните институции по одлуката за објавување на цените на сите производи на веб страниците и нивно секојдневно ажурирање. Велат дека не се трговци, туку здравствени работници и ќе им се скрати времето за здравствени услуги. Бараат изземање од правилникот. Од почетокот на годинава во Централен регистар фигурираат како трговско друштво, па според нив треба да им се врати стариот код со што ќе ...
Православните верници започнаа со подготовките за најголемиот христијански празник Велигден. Симболот на овој празник се црвените јајца. Според обичаите на Велики четврток во раните утрински часови, пред изгрејсонце, домаќинките започнуваат со вапсување на првите три јајца во црвена боја. Формата го претставува гробот на Христос, а бојата-ја означува крвта на Синот Божји. Велики четврток е денот на тајната вечера и предавањето на Синот Божји. ...
Вкупните депозити на годишно ниво во март бележат раст од 12,7%, којшто произлегува од повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, се зголемени за 12,3% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор, соопшти Народната банка. Во март 2025 година, паричната маса забележа месечен раст од 0,6%, во најголем дел ...
Во деновите од продолжениот велигденски празничен викенд времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Само утре ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи, особено претпладне, соопшти УХМР. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со локални врнежи од дожд и грмежи. Минималните утрински температури ќе се спуштата до пет степени, а максималните дневни ќе достигнат 26 степени. ...
62-ра жртва од пожарот во Кочани. Денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година, информираше Министерството за здравство. Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто ...
На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.З.(28) од Кичево. На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал ученици и вработени, а нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во ...
Завршува откупот на јагнињата за Велигденските празници. Македонското јагне се бара на европските пазари. Сточарот Петре Димоски од Долненско има 400 овци, веќе продал 200 јагниња. Но, цената од 220 до 230 денари е ниска. Тешко може да се излезе на крај без субвенциите. За граѓаните, пак, малопродажната цена од 650 денари па и повеќе, е висока. Спасот за сточарството кое драстично опаѓа е државната поддршка. За субвенциониран поттик на ...
Годинешното 8-мо по ред издание на Џез Фактори Фестивал Битола, ќе се одржи од 17-ти до 19-ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола, како и во неколку кафе барови. Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20:00ч во Народниот театар во Битола со настапот на Laurant Coulondre. Тој е врвен француски џез пијанист, познат по својот иновативен пристап кон музиката. ...
Електраните низ Порторико неочекувано престанаа со работа, предизвикувајќи прекин на електричната енергија. Мрак го зафати речиси целиот остров со повеќе од еден милион корисници, додека територијата на САД се подготвуваше да ја прослави Светата недела, а хотелите беа речиси преполни. Се истражува причината за инцидентот. Порторико се бори со постојани прекини во електроснабдувањето од септември 2017 година кога ураганот Марија го погоди ...
Од денеска до 31-ви мај сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел бидејќи десниот тунел ќе се реконструира. Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а ...