
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Голема победа на македонската дипломатија-вака ја коментираат наши поранешни и сегашни политичари, реакцијата на бугарските европратеници за извештајот на ЕУ за напредокот на земјава. Велат, излезе на виделина вистинскиот став на Бугарија дека за нив спорни се македонскиот идентитет и јазик. Претходно, премиерот најави дека на четири места во извештајот ќе бидат признати македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Планот за раст е инструмент за ...
Политичките партии во Македонија го поддржуваат предлогот за една, наместо шест изборни единици, но секоја партија, смета дека потребна е дебата пред конечна одлука. Од ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат ваквата промена и дополнување на Изборниот законик, под услов, да гласа и дијаспората. Од владејачката партија апелираат, вратите за договор и дебата се отворени, додека од СДСМ, пак, изразуваат подготвеност за разговори. При секоја потенцијална промена ...
На 03.06.2025 во 20.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода и Г.С.(41) од Скопје. При претрес во неговиот домот, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде ...
Денеска, на 40. седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беа разгледани и усвоени предлог одлуките за распределба на средства од Програмата за рамномерен регионален развој. Практично, со ова заврши првата фаза за распределба на средствата од буџетската Програма за рамномерен регионален развој и одлуките ќе бидат доставени до Владата на усвојување, со што ќе се ...
Протести во Софија против планираното усвојување на еврото. Демонстрантите се обидоа да ја нападнат зградата на Националното собрание, туркајќи се низ полициските кордони, но беа спречени од органите за спроведување на законот. Собирот се случува во момент на пристигнување на претставниците на Европската комисија кои треба да го објават извештајот за конвергенција закажан за 14 часот. Бугарската влада најави нова иницијатива за приклучување кон ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески. На средбата двајцата соговорници разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба за продолжување и понатамошно зајакнување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на ...
Вчера раководството на СВР Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за кантон Сараево, Адмир Катица. На средбата беше разговарано за безбедносните предизвици и ризици, како и за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат Скопје и Сараево како главни градови. Воедно на средбата беше договорена и понатамошна соработка ...
Ли Џе-Мјунг, опозицискиот левичарски кандидат е новиот претседател на Јужна Кореја. Победи со речиси три милиони гласови предност пред ривалот Ким Мун-су од владејачката Партија на народната моќ. Веднаш положи заклетва и ја презеде функцијата, со цел да ја стабилизира земјата по политичката и економска криза. „Сите ние сме партнери во земјата кои треба да се почитуваме едни со други и да живееме заедно. Не смееме да дозволиме да се појават ...
Израел најави еднодневно затворање на центрите за помош во Газа, прогласувајќи ги пристапните патишта за борбени зони по кои цивилите нема да смеат да се движат. Одлуката доаѓа во момент на најновите обвинувања дека 27 лица загинале од израелски оган во близина на дистрибутивен центар Рафа. Тел Авив тврди дека истрелите биле насочени кон осомничени закани и обвини дека Хамас шири дезинформации. Додадоа дека веќе ги истражуваат инцидентите на ...
Од утре до недела (5–8 јуни), Скопје ќе биде домаќин на 24-то издание на ОФФест, кое ќе се одржи во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар. Фестивалската програма вклучува девет концерти и една специјална филмска проекција, со учество на музичари и состави од осум различни земји. Организаторите најавуваат исклучително квалитетна селекција, со богат спектар на музички стилови и култури. „Високото реноме на артистите ја прави ...
САД ги дуплираат царините на челик и алуминиум на 50 насто. Трамп потпиша извршна наредба за зголемување на увозните тарифи, со цел заштита на домашната индустрија. Велика Британија е изземена од мерката поради тековните трговски преговори-соопшти Трамп. Во истовреме Вашингтон потврди дека испратиле писма до трговските партнери со барање да достават најдобра понуда пред истекот на денешниот рок за царини. „Трамп беше многу директен кон нашите ...
Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади. Зеленски повторно ја нагласи потребата од засилени санкции врз Москва за да се принуди кон мир. Вели дека Русија мора да почне да ги чувствува реалните трошоци за својата агресија. „Јасната решеност на Русија да продолжи со војната – демонстрирана и со напади и со изјави – е силен аргумент за нови санкции. Путин не го менува однесувањето бидејќи нема последици за неговите постапки. Русија мора ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска ќе престојуваат во преспанскиот природен парк Езерани, каде со локалното население ќе разговараат за прашања поврзани со заштитата на тамошната уникатна животна средина. Како што е познато, Езерани е природен парк што опфаќа мочуришта, ливади и плитки езерски води, но и покрај неговото значење, езерскиот екосистем е во процес на деградација, кој главно се ...
Во понеделник (9 јуни), со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи 11-тото издание на „Виолин Фест“ - фестивалот каде што соништата имаат гудало, а секоја нота е чекор поблиску до иднината. „Овде нема натпревар. Нема гламур. Само чиста музика и храбри млади луѓе кои свират како да им зависи животот од тоа. И можеби навистина им зависи – бидејќи кога си млад, а музиката ти е сè, оваа сцена значи повеќе од аплауз. ...
Ансамблот на Македонскиот народен театар од Скопје е добитник на Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра на 70. издание на престижниот театарски фестивал Стериино позорје во Нови Сад. Наградата беше доделена за изведбата на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на МНТ. Одлуката ја донесе жири-комисијата составена од Вања Ејдус (претседател), Дражен Ференчина, Федор Шили, Петар ...
СВР Скопје изврши увид на бул. „Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од с. Глумово, општина Сарај. Притоа е констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во правното лице се преземени соодветни мерки и поднесена е ...
Надлежните институции да не штитат никого и да постапат по поднесените пријави. Градоначалничката Арсовска ги повика премиерот Мицкоски и министерот Тошковски да реагираат по наводите за незаконски градби во општина Чаир. Прстот повторно го впери кон Висар Ганиу, за кој вели дека работел противзаконски. Реакциите на Арсовска, за министерот Тошковски се само циркус и парада пред избори. Според него, обрвска на градоначалниците е да вршат контрола ...
Доста дилеми во јавноста предизвика идејата по законски пат да се уреди безбедносната зона околу Собранието. Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, велат дека не станува збор за ограничувањето на правото на граѓаните за јавни собири или пак забрана за протести пред законодавниот дом. Целта е според нив околу периметарот на просторот околу законодавниот дом да се спречи приватни субјекти да градат објекти кои би ја загрозиле ...
Растот на БДП во последните три квартали од 3 и над 3 насто ја позиционира македонската економија на четврто место позади Ирска, Данска и Полска, според Еуростат. Премиерот Мицкоски нагласи дека овој раст не е само бројка, туку заслуга на кадарот што решил да остане во земјава и да се бори со сите предизвици: креативни млади, стручни инженери, земјоделци кои се борат со климатските промени и не се предаваат, ИТ-иноватори, жени претприемачки, но ...
Неколку часа по втората рудна мировни разговори во Истанбул, Русија и Украина ги продолжија нападите. Гранатирани неколку региони, жртви и повредени во Суми, предизвикана значителна штета на инфраструктурата. „Можеме да видиме дека ѕидовите се оштетени, напојувањето со електрична енергија било прекинато. Повеќето од прозорците се оштетени. Автомобилите биле изгорени“, изјави Станислав Полјаков, заменик-градоначалник на Суми. Нападната и Одеса, ...
Истрагата за Кочани треба да даде одговори на сите прашања на родителите и на македонската јавност. Министерот за внатрешни Тошковски уверува оти Јавното обвинителство ќе ја изнесе на виделина правдата за пожарот во дискотеката „Пулс“. Обвинува – политички се прават обиди за манипулација на родителите на загинатите. СДСМ прашува зошто и по три месеци нема актуелен функционер меѓу обвинетите и дали власта ја штити Кристина Јованова, главна ...
Вчера на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје. Тој бил баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и ...
Во Министерството за спорт денеска беше презентиран новиот проект за промоција и популаризација на македонскиот спорт. Три национални спортски федерации – ракометната, кошаркарската и одбојкарската федерација на Македонија потпишаа договори за соработка со Македонската радио-телевизија (МРТ) со цел да се подигне квалитетот на македонските лиги во најмасовните спортови, но и генерално да се подигне нивото со поголема полуразирација на спортот. ...
Во Министерството за спорт денеска беше презентиран новиот проект за промоција и популаризација на македонскиот спорт. Три национални спортски федерации – ракометната, кошаркарската и одбојкарската федерација на Македонија потпишаа договори за соработка со Македонската радио-телевизија (МРТ) со цел да се подигне квалитетот на македонските лиги во најмасовните спортови, но и генерално да се подигне нивото со поголема полуразирација на спортот. ...
Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата „Кемал Сејфула“ во Чаир. Осомничениот, како управител на правно лице, се јавува како ...
Падна холандската влада. Лидерот на крајната десница Герт Вилдерс излезе од владејачката коалиција обвинувајќи дека партнерите не биле расположени да ги прифатат неговите идеи за запирање на илегалната миграција. Потегот става крај на кревката коалиција, која не успеа да постигне консензус по ниедно прашање откако беше формирана во јули минатата година. Се очекува нови избори да бидат закажани за неколку месеци, а Холандија ќе има привремена ...
Ќе се менува прагот за репрезентативност на синдикатите од 10 на 5 проценти. Откако пратениците од Комисијата за труд и социјална политика се сретнаа со синдикалните лидери на неколку организации ќе поднесат предлог за измени во Законот за работни односи. Според претседателот на Конфедерацијата на синдикалните организации, Ристески смета со ова голем дел од синдикатите ќе можат да учествуват во економско-социјалниот дијалог. Се надева дека ќе ...
Полициски службеници од СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје. Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил закани. Исто така, тој изјавил дека се обидел да снима со телефон, но не ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека за само два месеци доделени се нови 208 субвенции за купување велосипеди, со што вкупната бројка на дадени субвенции од 2022 година до денес достигна 584. „Граѓаните сакаат да користат еколошки и економични средства за превоз. Со новите 208 субвенции за велосипеди за само два месеци, оваа мерка потврдува дека има голем интерес и реален ефект врз животната средина и мобилноста ...
Со вчерашното отворање на улицата „Македонија“ во Скопје, започна деветтото издание на уличниот уметнички фестивал Статуафест – Соништа, кој ќе трае до 4 јуни. Организиран од здружението „Театроск“, фестивалот и оваа година ја претвора улицата во сцена, каде живите статуи го претставуваат спојот меѓу движењето и мирувањето, тишината и изразот, сонот и јавето. „Темата годинава е посветена на светот на соништата – скриените визии што нè ...