
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со што можеме да ги искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите и замолуваме да не се шпекулира со невистинитите информации“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство. Оттаму изразија најдлабоко сочувство ...
Владата апелира медиумите да се придржуваат до етичките принципи. Во овие тешки моменти, уште еднаш го повторуваме упатениот апел до медиумските екипи кои присуствуваат на денешниот погреб на жртвите од трагичниот пожар кој настана во кочанската дискотека да се придржуваат до етичките принципи. Најголем дел од медиумите не емитуваат и шират фотографии и видеоматеријали од семејствата на настраданите, а оние кои објавиле такви содржини уште еднаш ...
30 милиони денари се донирани до сега на солидарната сметка на Црвениот крст за помош на настраданите семејства во трагичниот настан во кочанската дискотека, велат од институцијата. Во однос на материјалната помош од корпоративниот сектор се собрани постелнини, ќебиња и друго кои се донираат во болниците. Но, од Црвениот крст ги предупредија граѓаните да внимаваат да не уплаќаат пари на други сметки освен на валидната сметка на Црвениот крст, ...
Со аплауз и песна вработените од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, го испратија својот колега Ѓорги Ѓеоргиев кон вечниот дом. 25 годишниот музичар кој настрада во Кочани, ја сакаше сцената, музиката, ја сакаше публика, кажаа директорката на музичкото, Клара Патарова на комеморативната седница во Струмица. Музичкото училиште во Струмица беше претесно за сите почитувачи на ликот и музиката на Ѓорги. На комеморативната присуствува членови ...
Последно збогум за петмината штипјани денес на градските гробишта. Река народ се простува од трагично загинатите во трите православни храмови и на нивните вечни почивалишта. Погребот закажан за 11 часот се оддолжи заради големиот број присутни и се очекува да започне во секој момент. Штип денес се простува со средношколците Дамјан Таневски и Филип Ивановски, со врвните музичари Филип Стевановски, Александар Коларов и професионалниот фотограф ...
ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица. Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои ...
Основното јавно обвинителство информираше за возраста на трагично загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Податоците се доставени до ОЈО од Институтот за судска медицина. Во големата трагедија животот го загубија и шест малолетни лица на возраст од 16 и 17 години. 16 години – тројца загинати 17 години – тројца загинати 18 години – четворица загинати 19 години – еден загинат 20 години – двајца загинати 21 година – шестмина ...
На градските гробишта во Кочани се погребуваат загинатите од пожарот во дискотеката што се случи во неделата рано наутро. Погребните церемонии ќе ги предводи поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија г.г. Стефан, заедно со неколку владици од синодот. Сите улици во Кочани се полни со луѓе кои се упатени кон градските гробишта за да им оддадат последна почит на загинатите. Поворката од роднини, пријатели, граѓани и ...
Шефот на накедонската дипломатија Тимчо Муцунски утрово го посети Загреб, каде што се наоѓаат пет повредени во страотниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а 176 се повредени. Тој се заблагодари на Хрватска што примила на лекување петмина повредени, истакнувајќи дека Скопје меѓу првите повици со изрази за солидарност и понудена помош ги примил од Загреб. Тука сум како претставник на држава која тагува за 59 изгубени животи, ...
Пожар зафатил кровна конструкција на напуштени објекти во поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Бедиње во Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Три противпожарни екипи и шестина пожарникари интервенирале вчера на пожарот во периодот од повеќе од два часа. Објектот чиј покрив бил зафатен од пожар се наоѓал во внатрешноста на поранешната касарна. На просторот на поранешната ...
Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. „Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и ...
Регионот и светот сочувствуваат со Македонија за настраданите во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Српските медиуми пренесуваат за погребната церемонија на 59-те жртви. Известуваат и за состојбата на повредените, како и за истрагата на Јавното обвинителство и МВР. За трагедијата во Кочани континуирано известуваат и медиумите во Бугарија. Јавуваат и за крводарителската акција во Благоевград каде што десетици жители даруваа крв за ...
Состојбата на повредените пациенти во трагичниот настан во Кочани е стабилна и добра и истата се подобрува, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Арбен Таравари. Од 20 критични пациенти, сега само 10 се во критична состојба, но со стабилни параметри. Кажа дека во земјава се лекуваат 72 пациенти, од кои на Клиничкиот центар 34, во ГОБ „8 Септември“ има 15, во старата градска болница 11, во Штип има еден пациент, а 11 ...
На 19.03.2025 во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршија акциска контрола и презедоа координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на ...
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов апелира до граѓаните кои денеска во Кочани ќе оддадат почит на настраданите во пожарот, да не ја попречуваат погребната церемонија. Денес, како што нагласува, треба да ги оставиме најблиските, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Невозможно е, нехумано и непотребно, сите во исто време да пријдат околу телата на починатите. На родителите им треба ...
На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево. Погребот во Кочани е закажан за 12.00 часот а на него ќе чинонаначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA. Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско ...
На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот. Тие се лишени од слобода и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, освен на осојничавите места. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...
Поворката со посмртните останки на загинатите тргнува од градските гробишта во Бутел. Нивните роднини, пријатели, другари ќе ги испратат до вечните почивалишта. Погребот на жртвите во Кочани ќе се одржи во 12 часот. За жителите од овој град денеска е неработен ден. И во Штип во вечните почивалишта ќе бидат испратени петте жртви од катастрофалниот пожар од овој град на истокот во земјава. Состојбата кај повредените кои се лекуваат во земјава не е ...
Забрана за летање со дронови е издадена за територија на осум општини, информираат од МВР. „Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја“, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство , од каде што посочуваат дека непочитувањето на одлуката се казнува. Ова се однесува за Кочани, вклучувајќи ги и ...
На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово-Ростуше, Садредин Елезоски. Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети. Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати. Лицето е лишено од слобода ...
Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево од Воената болница Ниш се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во тој град. Како што соопштија од Универзитетскиот клинички центар Ниш, пациентите на возраст од 18 и 24 години се пренесени на континуирана хируршка нега и нивните витални параметри се стабилни. Вкупно тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Во моментов во воени и ...
Полициските службеници, инаку раководни лица во Секторот за внатрешни работи Штип и Полициската станица од општа надлежност Кочани, се осомничени за кривичното дело тешки дела против општата сигурност. Триесет дена притвор им е одреден на сите седуммина полициски службеници против кои Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска отвори истрага, а во врска со трагедијата во Кочани. Односно објектот во кое ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, ...
Вчера во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.В.(27), Е.В.(47) и Г.Г.(30), сите од Прилеп. При претреси во нивните домови, извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени накит и други предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“, извршени во куќи во Прилеп. Предметите биле вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против ...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на следните населени места: Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни ...
Осум студенти на УГД загинаа во пожарот во Кочани. Двоцифрен е бројот на студенти кои се борат за живот на нашите и странските клиники. Ова е најтешкиот период на Универзитетот откако постои, вели ректорот Мираковски, утре имаме осум погреби во Кочани и Облешево. Отворена е книга на жалоста, студентите велат – нашите колеги кои трагично загинаа нема да бидат заборавени и ќе имаат спомен соба на универзитетот. Во црквата Успение на пресвета ...
Љупчо Палевски ја одлепил лентата од устата на Вања Ѓорчевска, ја фотографирал со вперен пиштол, а откако ја убил, оружјето заедно со моторолите кои групата ги користела, ги спакувал во син ранец. Ова го тврдеше второобвинетиот Велибор Манев на рочиштето за двојното убиство на Ѓорчевска и Панче Жежовски. Додаде дека ранецот потоа бил земен и уништен од стана на послушник на Палевски, но и дека досега не го споменал овој момент за да го заштити ...
Полициски службеници додека правеле контрола на ноќните клубови и дискотеки го затекнале 58-годишниот сопственик на еден од објектите како внесува противпожарни апарати во неговиот клуб. По направената контрола внатре пронашле пиротехнички средства и го уапсиле. Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни ...
Стефан Трајановски е разрешен од функцијата прв човек на кумановската општа болница. Разрешувањето следи откако во установата почина 32-годишно лице додека примало терапија. Семејството обвинува за лекарска грешка, бидејќи му била дадена инфузија со лек на кој е алергичен. Министерот Таравари информираше дека по изготвениот извештај од државниот санитарен и здравствен инспекторат, има предуслови за истрага и разрешување. Веќе утре ќе назначи нов ...