Прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од територијата под руска контрола во регионите Запорожје и Херсон по украински напади со дронови. Стотици илјади луѓе останаа без струја. Нападите се случија неколку часа по мировните преговори во Турција на кои Киев и Москва се согласија да разменат затвореници и тела на убиени војници. Украинците песимисти, не очекуваат дека наскоро ќе има мир. „Генерално, условите за мир што ги ...

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром ја освои својата дванаесетта шампионска титула во Првата македонска кошаркарска лига, откако во четвртиот натпревар од финалната серија го совлада тимот на ТФТ со убедливи 77:53. Со оваа победа, „металците“ ја завршија серијата со резултат 3:1 и уште еднаш го потврдија своето доминантно место на македонската кошаркарска сцена. Најефикасен во победничкиот состав беше Војдан Стојановски со 17 поени, додека ...

Вчеравечер во 23.55 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода М.К.(64) од Пробиштип. Во 22.25 часот на ул.„Јоаким Крчовски“ во Пробиштип, тој со патничко возило „пежо“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во дрво. По преземени мерки, извршен увид и извршено алкотестиранње констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 ...

Владата, преку Оперативниот план за вработување за 2025 година, обезбедува можност за стекнување практични вештини за 1.352 млади луѓе до 29 години, со предуслов да имаат завршено најмалку средно образование, информираат од Владата. Од Владата додаваат дека ова е исклучителна прилика за младите до 29 години да се здобијат со практично искуство, со што, како што потенцираат, ќе бидат покомпетитивни на пазарот на труд и ќе имаат поголеми шанси за ...

Киев и Москва во Истанбул се согласија да разменат затвореници и тела на убиени војници. Рускиот тим го предаде својот меморандумот за мир, украинскиот тврди дека ќе им треба една недела да го разгледаат и да ги координираат натамошните чекори. Украинската делегација бара безусловен мир и средба на највисоко ниво. „Нашиот предлог е безусловно примирје во воздух, море и копно, најмалку 30 дена. Оваа позиција останува непроменета три месеци и ја ...

Владата до Собранието во петокот ги доставила предлозите за нов министер за здравство и за заменик-министер во земјоделство, по оставките на Арбен Таравари и Флакрон Беџети. Премиерот Мицкоски го предлага Азир Алиу, поранешен министер за информатичко општество за прв човек во здравство, а за заменик во земјоделство, Албрим Хоџа, поранешен вработен во општина Струга. Според собранискиот деловник, предлозите ќе се најдат на првата наредна пленарна ...

Јужна Кореја гласа на предвремени претседателски избори откако актуелниот претседател Јун Сук-Јеол беше отстранет од функцијата во април по обвиненијата за бунт поради кратко прогласување воена состојба во земјата во декември. „Нашето општество е исполнето со вознемиреност и поделби. Се надевам дека следниот претседател ќе може да го обедини ова поделено општество и да покаже нов пат“. „Корејската политика е во состојба каде што соработката и ...

Израелската војска повика на итна евакуација на жителите на Кан Јунис, град во јужниот дел на Појасот Газа. Тел Авив тврди дека ќе оперираат во одредени населби каде што терористичките организации ги продолжуваат активностите. Обединетите Нации остро ги осудија пријавените убиства и повреди на Палестинците на дистрибутивните центри во Газа. „Неприфатливо е Палестинците да го ризикуваат својот живот за храна. Генералниот секретар повикува на итна ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Вчера околу 18.10 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во с.Горњани, скопско, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (26), а сопатник во возилото бил А.И.(25), двајцата од с.Блаце, скопско. При преглед во возилото пронајдени се огревни дрва, без документација. А.К. и А.И. се приведени и возилото и дрвата се одземени. ...

До септември следната година се очекува да заврши изградбата на новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба. Новото училиште ќе ги замени дотраените бараки стари повеќе од шест децении. Според најавите, новото училиште ќе располага со 30 модерни училници и кабинети, што ќе овозможи подобри услови за настава за учениците од овој дел на општина Гази Баба. Министерката за образование и наука Весна ...

Дипломатијата на потег. Делегациите на Киев и Москва повторно на маса во Истанбул. Се презентираат меморандумите за иден мировен договор. Турскиот министер за надворешни очекува продуктивна средба. „Преговорите што ќе ги водиме овде ќе бидат важни за одредување на нашата заедничка вера на регионално, како и на глобално ниво. Целиот свет следи. Треба да ја искористиме оваа можност и се надеваме дека ќе имаме конкретни резултати што ќе нè доведат ...

Напади од американски борбени хеликоптери „Апачи“ и за првпат на Криволак боено гаѓање од грчки тенкови „Леопард“. Напади со пешадија, и извлекување на повредени со хеликоптери „Блекхок“. Ова е дел од сценариото на вежбата „Брз одговор 25“. Целта на вежбата е проверка на стратегијата за одбрана и одвраќање на НАТО и интероперативноста со партнерите во време на безбедносни предизвици. Македонија покажува дека е добар сојузник и чувар на ...

Предлогот за една изборна единица е повторно на маса – Демократскиот сојуз и Либерално-демократската партија иницираат измени на Изборниот законик. Бараат секој глас да има еднаква вредност, но според нив, една изборна единица ќе донесе и поголема демократизација на општеството. Од ЛДП бараат една изборна единица, но и отворени листи и вклучување на барањата за независните листи. „Уште еднаш ја нагласуваме потребата од праведен и транспарентен ...

Обвинителството ја проверува релевантноста на доказите за дивоградбите во Чаир коишто до нив ги достави скопската градоначалничка Данела Арсовска. Оттаму за МТВ велат дека била сослушана и рекла оти ќе достави уште докази. „Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска беше сослушана во ОЈО Скопје во врска со нејзините сознанија околу наводни дивоградби во Чаир и достави определена документација. Обвинителството оформи предмет кој е распореден кај ...

Цигарите за некои зависност од која сакаат, а не можат да се откажат, за некои навика, а со појавата на електронските цигари и тренд, особено помеѓу младите. Над 46 од мажите и 27 отсто од жените користат тутун или некаков никотински производ, како и повеќе од 10 отсто од адолесцентите помеѓу 13 и 15 години со што Македонија се вбројува во групата на европски земји со највисоки стапки на пушење. Здравствените властите најавуваат законски измени ...

Во текот на месец мај, полицијата евидентирала 21.178 сообраќајни прекршоци низ целата земја. Најголем дел од казните се однесуваат на непрописно паркирање (5.480), пречекорување на брзината (5.458) и управување без возачка дозвола (2.114). Санкционирани се и 527 пешаци, како и повеќе корисници на електрични тротинети и велосипеди. Казни се изречени и за користење мобилен телефон при возење (775), неносење сигурносен појас (1.203), и управување ...

Стевче Пивковски е еден од ретките пелагониски сточари кој успеал да ја продолжи семејната традиција долга 70 години. Иако има три деца, стравува дека нема кој да го продолжи бизнисот во иднина. Интересот кај младите за сточарство, речиси и да го нема, а тоа е резултат на лошите услови. Според него, најголем проблем е недостатокот од државно земјиште за производство на сточна храна. Цената на сточната храна е во постојан раст, исто така и цената ...

Власта и опозицијата ги продолжуваат серијалите – СДСМ за Кочани, ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во модуларната болница во Тетово. СДСМ смета дека одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“ треба да понесе и началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска-Маневска. „Зошто Марија Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс, постапка која скратила драгоцени секунди за спас на многу животи?! Како е можно како началник на ОВР ...

Главната цел на Бугарија е да нè претстави како нова вештачка нација. Не станува збор за неколку стотини граѓани кои во земјава се декларираат како Бугари, туку да се покаже дека ние сме од корените на бугарската нација. Такво нешто нема да дозволам и да прифатам, вели шефот на македонската влада, Христијан Мицкоски. Очекувам Европа да даде конкретен одговор и да ја исправи историската неправда кон нас, вели Мицкоски, велејќи дека грешката е ...

Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер 95 поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 74,5 денари по литар. Цената на Еуросупер 98 се намалува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар. Поевтинува и цената на Еуродизел исто за 0,5 денари и ќе се продава за 65 денари по литар. Поевтинува и цената на екстра лесното масло за домаќинство од 68 на 67,5 ...

Од месецов воведени нови авиолинии од Скопје. Од Меѓународниот аеродром ќе се лета до уште три градови во Турција: Анкара, Чукурова и Дијарбакир. Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, додека летовите на „Аjet“ до аеродромот Чукурова двапати неделно. До сите три дестинации ќе се лета од први јуни до крајот на септември годинава. „Спојот на двата главни града, Скопје и Анкара, ќе придонесе за зголемена ...

Во тесна трка, конзервативецот Карол Наврок победи на вториот круг од претседателските избори во Полска со освоени 50,89 гласови. Неговиот противкандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски освои 49,11 насто од гласовите. „Успеавме да го обединиме целиот патриотски камп во Полска, луѓе кои сакаат нормална Полска, ја сакаат Полска без нелегални мигранти, безбедна Полска. Успеавме да ги обединиме сите оние кои сакаат социјална, ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествува на 52-та Европска регионална конференција на Интерпол, што се одржува од 2-ри до 4-ти јуни во Атина. Конференцијата е посветена на борбата против сајбер криминалот и злоупотребата на нови технологии, со фокус на вештачка интелигенција. На маргините на настанот, Јанев оствари билатерална средба со директорот на грчката полиција, Димитриос Малос. Двајцата разговараа за ...

Денеска на жичницата „Милениумски крст“ на Водно се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица - Тигар на Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР. Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во ...

Средношколците и годинава пробале да ги заобиколат правилата. Фатени се десетина ученици кои се обиделе од своите мобилни телефони да препишуваат на државната матура. Веднаш биле отстранети од тестаторите и матурата за нив ќе се одржи наредната година. Министерката Јаневска задоволна како поминал првиот тест, но апелираше матурантите сериозно да си го сфатат полагањето. Од годинава, дел од матурантите полагаат по нови правила. Наместо во своите ...

Пари Сен Жермен е новиот европски шампион, откако во финалето на Лигата на шампионите го совлада Интер со убедливи 5:0 на „Алијанц Арена“ во Минхен. Францускиот тим доминираше од самиот старт – со голови на Хакими (12'), Ду (20'), втор погодок на Ду, Кварцкелија (73') и тинејџерот Маџулу, ПСЖ стигна до најубедливата победа во историјата на финалните натпревари во ЛШ. Со овој триумф, избраниците на Луис Енрике ја комплетираа „тројната круна“ – ...

Екипата на Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер со 31-27 (17-14) во финалето на ракометниот Куп на Македонија, што се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид. „Црвено-црните“ заслужено го освоија трофејот откако целосно го надиграа ривалот и постојано имаа водство во финалето. Вардарци го вратија трофејот во своите витрини по една година пауза, откако лани Алкалоид беше освојувач на Купот. Вардар 1961 на овој начин стигна до 17-та ...

На армискиот полигон Криволак се одржува воената вежба „Брз одговор 25“. Учествуваат повеќе од 2.000 војници од државата, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. Вежбата е дел од големата мултинационална вежба „Дефендер 2025“, со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа. Целта е да се подобри интероперабилноста меѓу сојузничките и партнерските сили. Сите единици користат своја ...

Заснована на големиот светски бестселер кој доминираше на сите главни книжевни топ листи и беше една од најчитаните и најпродаваните книги во деценијата. На британскиот остров Џерси, за време на Втората светска војна, беше основано друштво со интересно и симпатично име - ГЕРНЗИСКО ДРУШТВО ЗА КНИЖЕВНОСТ И ПИТА ОД ЛУШПИ ОД КОМПИРИ. Успешната лондонска писателка Џулиет Ештон, која моментално бара нова тема за својата книга, сосема неочекувано се ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1011
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
65%
1010
weather icon

Загреб

22ᴼ / 18ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1013
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.14
48%
1011
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
54%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
60%
1010
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
50%
1010
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
60%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
3.13
73%
1011
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
4.75
73%
1009
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048