
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Само шестмина „против“ наспроти 74 „за“. Пратениците го изгласаа стратешкиот договор со Обединетото Кралство. Сепак, на гласањето му претходеше жестока дебата. Од СДСМ велат дека од политички аспект развивањето на партнерството го поддржуваат заемот, но се сомневаат во договорот тежок 6 милијарди евра. И деталите во англиската верзија се проблематични, вели Спасовски на што возврати заменикот министер за надворешни Димитровски. Од ВМРО-ДПМНЕ ...
На Македонија и e потребна искрена и стабилна поддршка од меѓународните партнери, бидејќи патот на земјата кон ЕУ постојано има препреки и предизвици, истакна претседателот на Собранието. Европа мора да се грижи за своите сопствени работи, прашањето веќе не дали, туку како ќе го направиме тоа, како да се забрзаат работите во Советот на Европа. Евроамбасадорот Рокас истакна дека Ковид-пандемијата, нападот на Украина од Русија високо на агендата ...
Зијадин Села ќе го чека потегот на некогашниот сопартиец Таравари дали ќе се приклучи на Европскиот фронт па дури потоа ќе ги коментира постапките. Само неколкумина пратеници на Таравари преминаа во „Вреди“, сè друго е лага и работа на службите кој сакаат да внесат раздор во одредена група, вели Села. Таравари пак, преку соопштение вели дека Азир Алиу за министер за здравство одамна се договарал, а Алиу функцијата ја купил со молк и предавство ...
На почеток сме, но имаме успешни чекори во давањето социјални и здравствени услуги на загрозените семејства и поединци во заедницата. Законски услугите треба да се достапни до населението и да се забрза децентрализацијата. Во прилепскиот регион на дело се спроведува првото спојување на социјалните и здравствените услуги. Институциите уверуваат дека се подготвени за соработка. Македонија ги користи австриските искуства, а според земјите од ...
Разгорени борби во Украина наспроти напорите за мир. Киев и Москва со извештаи за меѓусебни напади со стотици дронови. Русија не отстапува од сопствените национални интереси-децидни од Кремљ. Забрана за проширување на НАТО кон исток и укинување на санкциите кон Русија-клучни барања на Путин за ставање крај на војната. Нова рунда преговори наскоро ќе биде објавена, велат од Москва, но во рамките на какво било решение важно е Украина да остане без ...
Двајца македонски работници работат како еден европски, продуктивност кај нас на многу ниско ниво, алармираат работодавачите. Најновото истражување покажува загрижувачки тренд на намалување на севкупната продуктивност на македонските компании, што значи дека стануваат се помалку ефикасни во користењето на трудот и капиталот. Од Владата велат дека прават се за раст на платите, што се главен услов за задржување на добрите работници. И додека се ...
Оперативниот план за вработување вреден 40 милиони евра, треба да обезбеди работа за 16 илјади невработени, да ја намали невработеноста, да обезбеди ефективен пазар на трудот. Според премиерот Мицкоски во фокусот се младите, долгорочно невработените и загрозените категории на граѓани. Од вкупниот број, 12.537 лица ќе бидат вклучени во активни мерки, а 3.520 во услуги поврзани со вработување „Со овој план се опфаќаат две глави точки, првата е ...
Маглај повторно во знакот на музиката, талентот и традицијата долга преку половина век. Македонските изведувачи – срцето на фестивалот: Верица Ристевска и наследството што трае Македонија веќе со децении игра важна улога во Фестивалот „Студентско лето“, а нашите претставници редовно ги освојуваат симпатиите на публиката заедно со признанијата на стручното жири. Јавноста во Македонија внимателно го следи секој настап на своите млади таленти во ...
Претседателката Сиљановска-Давкова е во работна посета на Казахстан. Ќе има средба со нејзиниот домаќин Касим-Жомарт Токајев, а ќе учествува и на Меѓународниот форум „Астана 2025“. Утре претседателката ќе се обрати на пленарната сесија на Форумот-„Поврзување на умовите, обликување на иднината“, што се позиционира како значајна иницијатива за унапредување на мултилатерализмот и заедничкото дејствување во решавањето на глобалните прашања. Меѓу ...
Јавното обвинителство ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека спрема уште едно лице, осомничено како соизвршител за тешки дела против општата сигурност. Се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, сопственик на објектот во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените. Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи според член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот во селото Батинци полициски службеници пронашле оружје и поголемо количество ...
Студентите на Харвард на протест против одлуките на претседателот Трамп за престижната институција. „Трамп започна опасен марш за укинување на граѓанските права во оваа земја“, вели студент. „Нападот врз Харвард и неговите меѓународни студенти е дел од подлабок напор за демонтирање на академскиот свет. Тоа е обид да се пренасочат нашите најпаметни истражувачи во приватни корпорации, лишувајќи ги академските институции од нивната моќ“, додава ...
Војната во Украина не мирува. Најмалку осум лица се повредени во напад со руски дронови врз регионот Харков. 33 украински беспилотни летала соборени над Москва, аеродромите привремено затворени. „Не можеме јавно да разговараме за сите постоечки планови и можности. Но, стратешката перспектива е јасна, да одговориме симетрично на сите руски закани и предизвици. Русија, мора јасно да ги почувствуваат последиците од она што го прават против ...
Стејт департментот ја отфрла загриженоста во врска со испораките на хуманитарна помош во Газа од страна на приватна иницијатива поддржана од САД, која ги заобиколува Обединетите нации и другите организации за помош. Според Вашингтон, приоритет број еден е доставата, без разлика кој ја доставува помошта. САД го обвинија Хамас за обидот да ги спречи конвоите да стигнат до дистрибутивните центри. „Факт е дека Хамас се спротивстави на оваа динамика. ...
Во Собранието ќе се гласа и за предлогот, Трајко Славески да биде нов гувернер на Народна банка. За оваа позиција го предложи претседателката Сиљановска-Давкова. Од нејзиниот кабинет по предлогот истакнаа дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, интегритетот, како и од реалната можност да биде изгласан од парламентарното мнозинство. Трајко Славески е актуелен претседател на Советот на град Скопје, ...
Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство стигна во Собранието на ратификација. Предлог-законот е на денешната седница. Финансиската поддршка за Македонија е во висина на 5 милијарди британски фунти, односно 6 милијарди евра, а опфатени се проекти од областа на здравството, транспортот, технологија и енергетиката. Предложено е обновување и реконструкција на болниците во Штип и во Кичево, и Универзитетскиот ...
Вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода С.Н.(49) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана. По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде ...
Турските компании се заинтересирани да инвестираат во Македонија и во Пелагонискиот регион. Има први чекори во Новаци, битолско, а се очекува и во прилепско. За нив охрабрувачки чекор се даночните олеснувања. Турските бизнисмени од Тире, Измир ги почнаа тет-а-тет средбите со колегите од Прилеп. Најавена е трговска канцеларија во Измир. Воспоставена е поволната стопанска клима на соработка во традиционално добрите односи меѓу двете земји. ...
По седницата на Централното претседателство на „Вреди“, одлучено Азир Алиу да биде нивен предлог за нов министер за здравство, а Арбен Фетаи да биде вклучен во партиското раководство и ќе остане вицепремиер за добро владеење. Десетмина од Алијанса веќе се вклучени во органите на „Вреди“. Првиот вицепремиер Меџити верува во менаџерските капацитети на Алиу во водењето на ресорот здравство, иако станува збор за доктор, но по информатички науки. ...
По жестоките руски удари во изминатите три дена, Москва продолжува да таргетира цели во Украина. Соборивме десетици украински дронови на руско тло – возвраќа Русија. И двете страни со обвинувања за тоа кој сака, а кој не, крај на конфликтот. Киев тврди-Путин ја пролонгира војната. „Путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната. Во моментов нема индиции дека сериозно размислуваат за мир или дипломатија. Напротив, постојат многу ...
Почна сослушувањето на претставници на семејствата на 62-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Сослушувањето на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ почнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и во Скопје, согласно со распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата - Поддршка за Кочани“, соопштија ...
Стојанче Ангелов замина од ЦУК и застана на чело на Дирекцијата за заштита и спасување. На негово место во Центар е поставен Мухамед Аљи. Свесен дека е соочен со многу предизвици – недостиг од пилоти, проблеми со сервисирањето на ЕР-тракторите, немањето договори со тимовите за брз одговор, вклучително и со оние за гаснење пожар на отворено. Идејата е ЦУК и ДЗС да се спојат во еден интегриран систем за справување со кризи, за заштита и спасување. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот Канцеларијата на амбасадата на Литванија во Скопје, Н.Е. Вилма Дамбраускиене. На средбата беа потврдени добрите досегашни односи меѓу нашите две земји и посветеноста за натамошно унапредување на соработката на повеќе нивоа. Посебно се разгледа заемната иницијатива на двете земји за потпишување на договор за полициска соработка чии носители ќе бидат двете ...
Руските сили ја нападнаа Украина со речиси илјада ракети и дронови во последните три дена. Изминатата ноќ регистрирани повредени на југот и југоистокот. И Москва обвинува за пресретнати околу 100 беспилотни летала во седум региони. Зеленски со став, Русија ја пролонгира војната. „Од информациите добиени од разузнавачките служби и од податоците од отворени извори можеме да видиме дека Путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната. ...
По 14 неуспешни тендери, нова шанса за хидроелектраните Чебрен и Галиште, кои со години се најавуваат, но никако да се реализираат. Власта планира да ги гради со парите од британскиот заем. Експертите објаснуваат дека станува збор за капитални проекти, кои мора да се изградат за да им служат на идните генерации. Единствениот дилема, вели професорот, е дали ќе имаме доволно луѓе што ќе работат на овој проект или можеби ќе мора да се повикаат и ...
Светската економија и предизвиците со нестабилната трговија по наметнатите царини од американскиот претседател Трамп, во фокусот на 46-от самит на земјите од југоисточна Азија. Лидерите на АСЕАН бараат начини за надминување на економските шокови откако шест од десет азиски земји беа најтешко погодени од високите тарифи на САД. Годинашниот претседавач со самитот, малезискиот министер за надворешни Мохамед Хасан, изрази загриженост поради ...
Денес во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор. Новоименуваниот директор, Мухамед Али, изрази благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби. „Ќе се работи посветено на унапредување на капацитетите на Центарот, со посебен акцент на меѓуинституционалната соработка, навременото информирање ...
Вчера во 00.23 часот на патот Ресен-Битола, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Р.Н. (47) од с. Златари, ресенско, информираат од МВР. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Н., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,89 промили алкохол во крвта. Р.Н. е исклучен од сообраќај и ...
Изборот на судии во Апелацискиот суд за потпретседателот на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е незаконски, а за претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски вели дека извршил и кривично дело. Трагично или не, но реформи на судството со оваа постава во Судскиот совет не би можел да изведе ниту илузионистот Дејвид Коперфилд, напиша на својот Фејсбук профил Милошоски. Во постапката за избор на судии во скопска Апелација се ...
Стојанче Ангелов е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), откако по договор со премиерот Христијан Мицкоски беше разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ангелов најави дека ќе работи на обединување на двете институции – ЦУК и ДЗС – во еден современ и функционален систем за управување со кризи и заштита и спасување, кој ќе биде целосно усогласен со стандардите на ЕУ ...