
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Туристичките агенции бараат да се преземат конкретни мерки да се намали чекањето на граничните премини за време на туристичката сезона кога е зголемена фреквенцијата. Велат, со повеќе цариници и побрз систем ќе нема километарски колони, вербални и физички пресметки и чекање со часови. 34 животи згаснале во сообраќајни несреќи само минатото лето. Причините се неприлагодена брзина, непочитување на патната сигнализација, користење мобилен телефон, ...
Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е традиција, духовна навика и жива дебата за тоа каков театар сакаме да гледаме и какво општество сакаме да градиме, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Актерот создава и твори, а годините не се пречка за тоа, порачаа тројцата наградени за животно дело. Публиката сака да се одржува фестивалската традиција по која ...
Новата станица за прочистување на отпадните води во Дојран е готова. Треба да биде ставена во функција наредниот период. Така најавуваат општинските власти кои очекуваат премостување на мрежата од старата кон новата станица. Изградбата на станицата во Дојран е дел од поголемите инвестициони проекти на Општината за поефикасна еко заштита на Дојранското езеро. Со станицата беше саниран и колекторскиот систем изграден пред 40 години на кој се ...
Наглото затоплување ги разбуди чувствата на љубителите на егзотичните одморалишта и плажи. Од битолските туристички агенции велат продажбата на пансионите веќе добива на динамика а покрај Шпанија која годинава е новина во понудата најбарани дестинации се Грција, Албанија, Турција, Египет и Тунис. Факторот цена главна причина зошто има сè уште дилема каде да се летува. Поскапено е малку но ако треба ќе се штеди малку па ќе се оди, велат ...
Војната се разгорува. Со ракети и беспилотни летала, Харков, вториот по големина град во Украина, под најинтензивниот оган од почетокот на конфликтот. Регистрирани жртви и повредени, во пламен станбени згради на неколку локации. На удар и градови на исток и северозапад. Украинските воздухопловни сили тврдат дека собориле руски ловец Су-35. „Денес е ужасно утро во Харков. Оштетени беа цивилни објекти – станбени згради. Имаше три погодени станбени ...
Високи претставници од САД и Кина ќе се сретнат во Лондон во понеделник на трговски разговори. Новата рунда разговори е договорена за време на телефонскиот разговор со кинескиот претседател и Ши Џинпинг. Според Трамп, целта на разговорите е да се разгледаат деталите од трговскиот договор постигнат во мај во меѓу двете најголеми економии. „Многу напреднавме во договорот со Кина. Разговарав со претседателот си, претпоставувам, повеќе од два часа. ...
Харков под интензивен руски оган, најголем од почетокот на војната. Регистрирани се најмалку 60 експлозии. Продолжува битката со дронови и во други региони. Русија ги користи мировните преговори за да ги зголеми нападите врз Украина, обвинува Зеленски. Украинскиот претседател ги повика меѓународните партнери да извршат притисок врз Русија. „Дипломатијата мора да функционира, безбедносните гаранции мора да бидат воспоставени, мирот мора да се ...
Администрацијата на САД воведе санкции против четворица судии на Меѓународниот кривичен суд. Државниот секретар Рубио, објави дека потегот е поради активното учество на судиите во нелегални и неосновани постапки против САД и сојузникот Израел. Двајца од судиите беа вклучени во одлуката со која се отвори истрага за наводни воени злосторства извршени од американските сили во Авганистан. Други двајца издадоа налози за апсење за израелскиот премиер ...
Кремљ ја почна одмаздата за „Пајаковата мрежа“. Со 44 ракети и повеќе од 400 беспилотни летала нападнат Киев, сирените за опасност активирани и во други региони. Оштетена е електричната мрежа, во прекин се железнички линии. „Имаше многугласна експлозија. Слушнав се и искрено, целиот мој живот ми светна пред очите. Почнав да добивам напад на паника, искрено, страдав од нив на почетокот на војната и сега повторно почнаа“, изјави жителка на Киев. ...
Во мајскиот уписен рок во петте основни училишта во Штип се запишани 326 првачиња, за 100 ученици помалку од лани. Според податоците од СВР Штип, бројот на деца родени 2019 година кои годинава треба да кренат во училиште е 470, но со миграцијата и иселувањето бројот значително опаѓа Околу 120 деца помалку се запишани во кочанските училишта во однос на евидентираните 340. Запишани се 220 деца, четириесеттина помалку од лани Состојбата е нешто ...
Контејнерите почнуваат да се празнат откако општините сами го одлагаат отпадот за кој граѓаните плаќаат сметки на ЈП „Комунална хигиена“. Во одредени делови на Скопје контејнерите се чисти, во други сè уште претекуваат. Но со зголемувањето на температурите се зголемува и ризикот од зарази, да се реагира навреме – порачуваат граѓаните. Некои од скопските градоначалници подготвуваат кривична за „Комунална хигиена“. Ги очекуваат законските измени ...
И по повеќе од еден месец по организирањето на протестите на Први мај, сè уште не е познато што ќе се случи со барањето за зголемување на минималната плата на 500 евра, вели првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов. Според него досега не се преземени конкретни чекори кон решавање на ова прашање, иако претходно го доставиле предлогот за минималната плата до пратениците, кој предвидува покачување за 6.000 денари и линеарно зголемување на сите ...
Се интензивираат партиските подготовки пред локалните избори. До средината на идниот месец ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници и советници од ВМРО-ДПМНЕ, откако предлозите ќе поминат на највисоките партиски тела. Социјалдемократите дел од имињата ќе ги обелоденат наредната недела, но не откриваат кој ќе биде нивниот фаворит за Скопје. Партиите од Европскиот фронт, очекуваат резултат како на последните избори. Според лидерот на ДУИ, ...
Министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски и министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ, денеска во Подгорица потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу двете земји во областа на спортот. Со овој меморандум се продлабочува соработката меѓу двете земји и се истакнува заедничката заложба за поврзување на земјите од регионот преку спортот. Приоритет е размената на експертиза во: институционалната соработа, во областа ...
Стојан од Муртино со сопругата ги санираа штетите од невремето. Се обидуваа да го спасат засеаното во пластениците кои страдаа најмногу од силниот ветар и дожд во ова населено место. Нема нива без уништени пластеници. Со трактор од нива се враќаше и Панчо Крстев со сопругата. Кај него сите 25 пластеници отишле во неповрат. Штетите се огромни, бидејќи пиперките биле во фаза на цутење. Земјоделците се надеваат на обесштетување од државата. Ги ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати честитка по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам. Овој светол ден на жртвувањето не потсетува на важноста на верата, добрината и грижата за ближниот. Нека празничните денови внесат духовен мир, здравје и изобилство во Вашите домови, а солидарноста и милосрдието што ја одликуваат бајрамската традиција послужат како поттик за уште поголема меѓусебна почит и заедништво во нашето ...
Македонската репрезентација вечерва на арената „Тодор Проески“ ја пречекува Белгија во рамки на мундијалските квалификации. По победата над Лихтенштајн и ремито со Велс, избраниците на Милевски се лидери во групата Ј со четири бодови. Ова е петти дуел со Белгија, која важи за главен фаворит, а Македонија ќе се обиде да стигне до прва победа против „црвените ѓаволи“. Квалификацискиот циклус продолжува на 9 јуни со гостување кај Казахстан. ...
Во понеделник (9 јуни), со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе се одржи 11-тото издание на „Виолин Фест“ - фестивалот каде што соништата имаат гудало, а секоја нота е чекор поблиску до иднината. „Овде нема натпревар. Нема гламур. Само чиста музика и храбри млади луѓе кои свират како да им зависи животот од тоа. И можеби навистина им зависи – бидејќи кога си млад, а музиката ти е сè, оваа сцена значи повеќе од аплауз. ...
По повод празникот Курбан Бајрам, претседателот Венко Филипче во свое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упати честитка до сите верници од исламска вероисповед. „На сите верници од исламската вероисповед им го честитам денешниот голем празник Курбан Бајрам. Овој празник е симбол на човечноста, солидарноста, простувањето и духовното обновување. Курбан Бајрам е потсетник дека вистинската сила е во пожртвуваноста, а ...
Во рамки на посетата на Париз, министерот Муцунски го посетил францускиот Сенат и оствари средба со претседателката на Интерпарламентарната група за пријателство Франција – Западен Балкан, сенаторката Марта де Сидрак. Заеднички се согласиле околу значајната улога што ја имаат законодавните домови во меѓународните односи – преку активно учество во дипломатските процеси, влијание врз надворешната политика и промовирање на меѓународната соработка. ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка до пoглаварот на Исламска Верска Заедница, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху, по повод денешниот празник Курбан Бајрам. „Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да Ви го честитам муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Вам и на сите граѓани припадници на исламската заедница и да Ви посакам празникот да го поминете во добро здравје, мир, благосостојба и спокој во Вашите срца и домови. ...
ЈСП - Скопје информира дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, за време на трите дена од продолжениот викенд, 6, 7 и 8 јуни, ќе се работи по неделен возен ред. Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Жичницата ќе функционира вообичаено за време ...
Забраната за влез во САД на државјани на одредени земји е за заштита на американскиот народ, уверува Стејт департмент. Забраната стапува на сила во понеделник и нема датум на завршување. Меѓународните групи за помош и организациите за преселување на бегалци остро ја осудија одлуката на Трамп. „Претседателот Трамп потпиша нова директива со која се ограничува влезот на одредена група странски државјани со цел да се заштити земјата од терористи и ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи и до сите верници од исламска вероисповед. Почитуван Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, „Дозволете ми Вам, лично, и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во државава, да Ви упатам срдечни честитки по ...
Израелската војска нападна неколку локации во јужните предградија на Бејрут, за кои тврди дека имало подземни објекти што ги користел Хезболах за производство на дронови. Тел Авив претходно предупреди дека цели на осум згради на четири локации. Во меѓувреме од Обединетите нации предупредуваат дека по 80 дена блокада, населението на Газа и натаму гладува. „90% од семејствата во Газа немаат пари потребни за да купат малку храна што останува ...
Муслиманските верници го слават Курбан Бајрам, еден од најголемите празници на исламската религија. Во џамиите во утринските часови се одржаа молитви. Централната манифестација што ја организираше исламската верска заедница се одржа во Мустафа-пашината џамија во Скопје. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња. Обичајот го ...
Засилени руски напади на украинско тло. Балистички ракети и беспилотни летала истрелани од повеќе насоки, соопштија украинските воздухопловни сили. Зеленски во обраќањето повика на силни чекори од партнерите. „Руски беспилотни летала го убија семејството на украински спасител, човек чиј живот беше посветен на спасување на други.Ова е секојдневната реалност. Светот, за жал, им дозволува да го прават ова.И затоа ни се потребни нови и доволни ...
Православните христијани денеска и утре ја празнуваат задушница, денови посветени на молитвите за покојните роднини и пријатели. На задушница се посетуваат нивните гробови и се палат свеќи за покој на душата. Празникот Задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите. На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Едмонд Сотир, актер, основач и организатор на фестивалот „Македонско Културно лето“, којшто годинава по 20-ти пат ќе се одржи во Преспа, општина Пустец во Албанија. Честитајќи го дведеценискиот јубилеј, Сиљановска-Давкова истакна дека фестивалот е исклучително важен, не само за Македонците коишто живеат во Албанија, туку и за сите Македонци каде и да се. Со него, како што рече таа, и ...
Повеќе институции, образовни установи, претставници на граѓанскиот сектор и меѓународни партнери на Министерството за образование и наука започнаа со изработка на нова Стратегија за образование која ќе има важност од 2026 до 2032 година. На првата работна средба, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека документот треба да обезбеди континуитет на тоа што било добро досега, да го модифицира тоа што не ги исполнило во ...