
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Собранието на Република Северна Македонија ги откажува сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари поради трагедијата во Кочани, соопшти собранискатa прес-служба. Одлуката била донесена на денешната координација одржана во Собранието на која присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши, потпретседателката Весна Бендевска и координаторите на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, како и ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (24.03.2025) со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. Протестниот марш ќе започне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул. „11-ти Октомври“, потоа по ул. „Филип Втори Македонски“, лево ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на прес-конференција по повод пристигнувањето на средствата од претфинансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од страна на Европската комисија. „Траншата е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата, којашто како што знаете, изнесува околу 750 милиони евра. Оваа исплата е врз основа на барањето за претфинансирање, за ...
Две лица починале, а еден малолетник е повреден во инцидент што утринава се случи во скопското село Волково. Повредениот малолетник е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Денеска околу 9 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. ...
Министерството за образование и наука на 20.3.2025 година се обрати до општините кои се основачи и согласно процесот на децентрализација надлежни за работата на основните и средните училишта за проверка на исполнетоста и почитувањето на безбедносните стандарди во училишните објекти. Локалните самоуправи треба да утврдат дали сите училишта на нивна територија имаат изработено Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи, План за ...
На денешната прес-конференција министерот Таравари со најнови информации за пациентите. Во моментот во Скопје се лекуваат 46 пациенти, 26 се во Клинички центар, 3 пациенти се во Карил, на Пластична хирургија 6, Токсикологија 11, Пулмологија 2, Детска хирургија 2, Торакална хирургија 1 и Офталмологија 1 пациент. Во Градска болница „8 Септември“ се 10 пациенти и во Градска општа болница сè уште 10 пациенти. Денеска се испишуваат 16 пациенти на ...
Следејќи неколку испреплетени приказни, кои ги поврзуваат последиците од погрешната употреба на модерната технологија, ПРЕКИНАТА ВРСКА е горчливо слатка алегорија за тоа како неможноста да комуницираме ги уништува нашите односи. Вредниот адвокат, кој не може без мобилниот телефон, нема време да комуницира со семејството. Отуѓена двојка користи Интернет за да избега од својот безживотен брак. Поранешна полицајка и вдовица се обидува да подигне ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Новиот канадски премиер Марк Карни распиша предвремени избори за 28-ми април, во позадина на трговската војна и решителниот став за анексија од Трамп. Тој истакна дека му е потребен силен мандат за да се соочи со заканите на Вашингтон. „Се соочуваме со најголемата криза во нашиот живот поради нефер трговските потези на претседателот Трамп и неговите закани за нашиот суверенитет. Затоа барам цврст позитивен мандат од моите сограѓани. Побарав од ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па ...
Израелските сили ја нападнаа болницата Насер на југот од Газа, при што загинаа најмалку две лица, меѓу кои и политичкиот лидерот на Хамас, Исмаил Бархум. Неговото убиство доаѓа неколку часа откако израелските сили ликвидираа уште еден член на политичкото биро и на палестинскиот парламент. „Она што го знаеме е дека зградата на хирургијата беше бомбардирана, и како што можете да видите, има повредени меѓу персоналот“, изјави д-р Мохамед Сакр, ...
Хаос во Турција откако продолжија протестите на приврзаниците на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу-главниот политички опонент на претседателот Ердоган, кој беше уапсен под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, само неколку дена пред да биде именуван за претседателски кандидат за изборите во 2028 година. Демонстрантите се судрија со силите на редот за време на протестот пред Градското собрание на Истанбул, по што ...
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје. На изминатото рочиште беше сослушуван Велибор Манев, еден од обвинетите. Тој рече дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо и дека сметал оти требало да извршат само грабнувања и се изненадил кога Палчо ги застрелал Вања и Панче. Манев беше испитуван од Љупчо Палевски и неговата одбрана при што му беа поставени повеќе прашања во однос на ...
По разговорите со Украина, американскиот тим во Џеда преговара со Русија. Целта на Вашингтон е да постигне итен делумен мир проследен со сеопфатен мировен договор. Украинскиот министер за одбрана Усмеров разговорите во Саудиска Арабија ги оцени како продуктивни и фокусирани. „Се осврнавме на клучните точки, вклучително и енергијата. Целта на претседателот Зеленски е да обезбеди праведен и траен мир за нашата земја и нашиот народ – и, како ...
Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија е стабилна, соопшти бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот. Министерот Кирилов кажа дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети општина Радовиш каде ќе присуствува на реконструкција и пренамена на стоковна куќа во современ мултифункционален центар и музеј во Општина Радовиш. – Објектот кој триесет години стоеше запуштен и занемарен, нем сведок на транзицијата, сега повторно ќе биде ставен во функција. Вкупната сума за реализација на проектот за реконструкција и пренамена на стоковната куќа во Радовиш е 223.075.612 денари, ...
Израел го нападна Либан со повеќе воздушни напади откако неколку ракети биле истрелани од либанска страна кон Израел, во најголемиот судир од ноември откако двете земји беа во примирје. Израелската војска истрелала повеќе ракети кон команден центар на Хезболах и милиција поддржана од Иран. 7 лица меѓу кои и едно дете биле убиени, а 40-ина повредени. Привремените сили на ОН во Либан ги повикаа сите страни да избегнат загрозување на постигнатиот ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 21 март попладне, на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Поради недоразбирање во сообраќајот, осомничениот управувајќи автомобил ...
Вчера во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување, Градежен инспекторат и Комунална инспекција, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски ...
Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари. „Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава. Во критична состојба продолжуваат да бидат околу пет пациенти. Седми ден е, нула починати. ...
На 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост. Притоа, на подрачјето на Скопје, приведено е едно малолетно лице, како и управител на угостителски објект, на подрачјето на Прилеп се ...
Мора што побрзо да се лекува траумата од оваа тешка индивидуална и колективна трагедија. Процесот е долгорочен за да се дојде до некакво зацелување, вели психологот Ана Алексоска. Најтешко е за семејствата кои ги загубија најмилите. Итна поддршка од институциите, од социолозите, најмногу психолозите кои веќе ја нудат својата помош. Различна е колективната од личната траума, а и пристапот кон лекувањето на душата. Помошта е битна за младите, ...
Прво појавување со неделен благослов на папата Франциск по пет недели – пред да биде отпуштен од болницата каде што се лекуваше од животозагрозувачка пневмонија. Откако ќе се збогува со болничкиот персонал, папата треба да се врати во Ватикан на одмор, рехабилитација и реконвалесценција. Според личниот лекар на Франциск, тој на крајот треба да може да ги продолжи сите свои вообичаени активности сè додека го одржува бавниот и стабилен напредок ...
Во Србија на лекување се 30 тешко повредени лица од големиот пожар во Кочани. Најмладиот пациент има 17 години. Директорот на Клиниката за пластична хирургија и реконструкција Стојичиќ, вели дека во овој момент не се потребни дарители на кожа. Има и доволно залихи на крв и се што е потребно за лекувањето на повредените лица. Од 17 повредени во Ургентно во Клиничкиот центар во Србија, двајца се на механичка вентилација, а двајца се оперирани. Тие ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп, Стив Виткоф, изјави дека Украина се согласила да ги организира претседателските избори. Американскиот претседател во последните недели се повеќе врши притисок врз Украина да распише избори, иако тоа е забрането во услови на воена состојба. Во однос на прашањето за потенцијален влез на Украина во НАТО, на што Русија е противи, Виткоф рече дека доколку постои мировен договор Украина не може ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура е во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени Целзиусови. УХМР информира дека под влијание на влажни ...
Денеска (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул. „Александар Македонски“ во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час. Покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола. Против него ќе биде поднесена кривична ...
Граѓанско движење „Кој е следен?“, кое организира собири по трагедијата во Кочани, ги изложи барањата. Оттаму велат дека сите виновни треба да сносат одговорност, зашто земјава не смее да си дозволи уште еден трагичен настан без правна разрешница, и оти системот конечно треба да профункционира како што е пропишано. Движењето бара објавување на целата документација за работењето на клубот пулс, со којашто располагаат Државниот пазарен ...
Трошоците за лекувањето во странство на 116-те пациенти повредени во пожарот во Кочани се покриени од државите домаќини. Трошоците за пат, сместување и за логистика за семејствата на пациентите се на товар на македонската Влада, објасни шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски. Повредените се лекуваат во 14 европски држави. Од идната недела се очекува и нивно постепено враќање дома. Во овие тешки моменти, нема да дозволиме најпогодените граѓани да ...
Кочани, Солун е со тебе. Нивните профити или нашите животи?. Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес, темни црнила. Ова беа дел од пораките кои беа испишани на паролите на протестот што точно напладне се одржа на плоштадот „Аристотел“ во Солун, за оддавање почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Протестот го организираа Македонците кои живеат и студираат во Солун, со 60-минутен молк, по една минута за ...