Целта на официјална Софија не е внесување на бугарите во Уставот. Станува збор за обид за создавање на нова македонска нација, која користи нов македонски јазик, кој наводно почива на бугарски корени, смета премиерот Мицкоски. Тоа според него го покажуваат и последните реакции на извештајот на известувачот за земјава во Европскиот парламент Томас Вајц. Мицкоски вели, оној кој не може ова да го согледа, или е политички аналфабет или не треба да ...

Старопечатени книги, ретки книги и словенските ракописи коишто датираат од 13 век се чуваат во импозантниот објект од културата, Националната универзитетска библиотека „Св. Климент охридски“ која со години е нем сведок на нејзиното бавно распаѓање. Од 2021-ва година се ветуваше санација на покривот кој прокиснуваше и го ставаше во опасност импозантниот библиотечен фонд од над 3 милиони единици. Библиотечниот фонд е конзервиран и реставриран од ...

На 15 јуни, во големата сала на Националната опера и балет, нашата публика ќе биде сведок на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски. Концертот е распродаден, а публиката ја очекува вечер исполнета со емоции, рефлексија, носталгија и моќно музичко доживување! Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, ...

Вчера во 20.00 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Б.(60) од с. Пискупштина, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили ...

Додека граѓаните се дават во чувство на неправда, а институциите тивко се гаснат под товарот на скандали и политички влијанија, врвни правници и академици алармираат: судско-обвинителскиот систем е во слободен пад. Довербата е урната, а реформите не смеат да бидат козметички – време е за коренити промени, но во рамките на Уставот. Во МАНУ, на иста маса седнаа правдата и критиката – професори, судии, академици. И сите со еден глас: „Доста беше ...

Случајот што ја потресе целата држава — трагедијата што ги надмина сите граници на човечноста. По месеци на молк и искази што се менуваат, Јавното обвинителство го кажа своето: бара доживотен затвор за четворица обвинети за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Во завршните зборови, обвинителката ги разоткри сите лаги, ги поби сите алиби и ја раскажа хронологијата на ужасот — грабнување, уцени, ...

Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 24-годишната Фросина, беше спроведен во скопскиот Апелационен суд. Но, седницата е по обвинение за кое беше суден – за недозволена трговија со наркотични средства. За постапката што се води пред повисоката судска инстанца, Обвинителството поднесе жалба на пресудата од Основниот суд, кој претходно го прогласи виновен и му изрече казна затвор. Бранителот на Васил се противи на повисоката казна. Според ...

Преговарачките тимови на САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка, која сега треба да биде одобрена од претседателите Трамп и Џинпинг. Клучно прашање во преговорите се ретките метали од Кина – стратешки суровини за батерии, турбини на ветер и одбранбени технологии. САД бараат враќање на обемот на испораки на ниво што бизнисите го сметаат за оптимален. „Мислам дека обете страни имаа дополнителен поттик да ги завршат работите. ...

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков ќе учествува на 9-та Меѓународна научна конференција за прашања и предизвици од областа на ЕУ и компаративното право „Силна и безбедна Европа: Правни и Економски аспекти“ која во наредните два дена ќе се одржи во Дубровник. На конференцијата, заменик-министерката Трајков ќе има свое обраќање на тема „Македонија на патот кон членството во ЕУ-предизвици и перспективи“. Деветтата ...

Во делови од центарот на Лос Анџелес воведен полициски час како одговор на грабежите и насилството за време на протестите против имиграциските рации. Во сила е до утринските часови. Гувернерот на Калифорнија обвини дека неговата држава е под опсада на Белата куќа откако Трамп распореди 4.000 војници на Националната гарда и дополнителни 700 маринци. Трамп ја брани одлуката. „Оваа дрска злоупотреба на моќ од страна на актуелен претседател кој ја ...

Русија продолжува со масовни напади во Украина. Во Харков жртви и десетици повредени. Јавува за соборени десетици украински дронови. САД ја повика Русија веднаш да престане со нападите откако изврши еден од најголемите воздушни удари врз Киев и Одеса. Зеленски побара од Западот да ја преполови цената на руската нафта, откако Брисел објави 18-ти пакет санкции со ограничување на цената од 60 на 45 долари за барел. „Способноста на Русија да ја ...

Денеска во законодавниот дом ќе се одржат седници на две собраниски тела – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за финансирање и буџет. Пред пратениците, членови на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе се најдат Годишниот извештај за работата на Инспекцискиот совет за 2024 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен ...

Австрија во тага и тридневна жалост по масакрот во училиштето во Грац, каде што беа убиени 10 лица, а уште едно подоцна им подлегна на повредите. Илјадници граѓани со свеќи се собраа на плоштадот за да им оддадат почит на жртвите. Во нивна чест беше одржана и миса. „Семејства на жртвите, не сте сами, ние сме со вас. Целиот свет нè гледа. Тоа ни дава сила. Во вакви времиња, мора да се држиме заедно“, изјави ученик од средното училиште. Полицијата ...

Во Кривичниот суд, продолжува рочиштето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот од Велес, Панче Жежовски, со завршниот збор на Обвинителството. Смета дека се докажала вината за кривичните дела што им се ставаат на товар на петтемина обвинети. Според обвинителката Трајковска, насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото. Меѓу ...

Третоодделенецот Адријан Ѓорѓиоски и првачето Дамјан Ковилоски со радост го пречекаа последното училишно ѕвонче. Велат, многу научиле на училиште, но со душа го пречекаа летниот одмор со игра и смеа. Заврши учебната година за преку 180.000 основци и околу 67.000 средношколци во земјава. Родителите и најблиските се, главно задоволни од учебната година. Наставниците ѝ дадоа солидна оценка на учебната година. Имаше повеќе предизвици: недостасуваат ...

30 дневен притвор за сопственикот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ Александар Нацев, изрече Кочанскиот суд откако Јавното обвинителство ја прошири истрагата. Се сомничи дека сторил „тешки дела против општата сигурност“. Бројот на осомничени се искачи на 70. Премиерот Мицкоски бара трагедијата да не се политизира, вели, ќе биде опфатен секој кој има одговорност. „Кочани е нашиот приоритет“, уверува Мицкоски, откако владата донесе одлука, ...

Лични проблеми, државни прашања, колективни предизвици се дел од сферите на интерес на македонските граѓани, за кои поставувале прашања во рамките на парламентарниот карван, парламентот за граѓаните, одговорно и отворено. Граѓани бараат чести средби секој ден, а не кампањски. Пратениците велат, ова е добра можност директно да ги чујат барањата и потребите на граѓаните. На средба со пратениците беа и ученици. Пред Скопје, парламентарниот карван ...

Постоечката состојба на енергетската транзиција кажува дека сè уште немаме технологија која во целост ќе ја замени базната енергија велат експертите. Од вкупното производство велат околу 15 посто отпаѓа на производството на соларна енергија. Потребни се конкретни комбинирани активности да го фатиме вистинскиот чекор. Без стабилно поставени параметри и пресметки не можеме да сметаме на стабилен енергетски систем. Велат во РЕК Битола има одличен ...

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на Росоман, Стојан Николов. Управата го сомничи дека не го почитувал законот за градење и законот за општа управна постапка, изготвувал лажни јавни исправи за градење и реконструкција на улици, неосновано склучувал договори за управување со градежно земјиште, трошел повеќе од дозволеното за репрезентација, горива, храна и пијалаци, спротивно на одлуките на Општинскиот совет. Со ...

30 дена притвор заработи и Александар Нацев, човекот за кого Oбвинителството соопшти дека е вистински сопственик на агенцијата „Рубикон“, којашто ја обезбедувала дискотеката „Пулс“ во Кочани. Основниот суд во Кочани го прифатил барањето на Обвинителството за одредување ефективен притвор. Обвинителството го сомничи Нацев дека го обезбедувал објектот без да има склучено договор, дека не ги регистрирал недостатоците во дискотеката „Пулс“, дозволил ...

На 09.06.2025 во 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Р.(36), А.Р.(37) и М.Р.(61), сите од Тетово. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм, рамка со 15 куршуми калибар 9 мм, две празни рамки, 100 куршуми калибар 9 мм, неколку пакувања со бела прашкаста материја, таблети, мобилен телефон и други предмети за кои постои сомнение дека ...

Нов масовен руски напад врз Киев и Одеса со балистички ракети и дронови. Москва јавува за соборени десетици украински беспилотни летала над 6 руски региони. Русија единствено може да се принуди на мир со посилни санкции и зајакната украинска одбрана, иако Зеленски се надева на дипломатско решение. „Ако состанокот не нè доближи до одлуки што можат да ја завршат војната преку дипломатија, тогаш мора да има одлуки што ја зајакнуваат нашата одбрана, ...

Втор ден, високите претставници на САД и Кина се среќаваат во Лондон на продолжени разговори за надминување на трговскиот спор. Резултатите од синоќешната средба сè уште не се објавени, но се очекува дискусиите да ги искристализираат деталите околу трговските ограничувања, особено околу кинеските контроли на извозот на ретки минерали кои ги загрижуваат САД. Вашингтон бара олабавување на овие контроли, во замена за намалување на трговските ...

Палестинските власти обвинуваат за десетици нови жртви во израелски напад во близина на центар за хуманитарна помош во Јужна Рафа додека Израел ја продолжува воената офанзива во Појасот. „Имаше многу повредени и жртви“, изјави Салим Ал-Рабаја, раселен од Рафа. „Ја примаме храната со вкус на крв. Нашата ситуација е тешка. Издржавме многу, но сега сме под дното“, изјави Ибрахим Ал-Гон, раселен од Рафа. Во истовреме, Израел соопшти дека ги ...

„Ниту повредените, ниту семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами“, уверува Владата, од каде што порачуваат дека останува обврската за целосна истрага и за расветлување на настанот, изнесување на сите инволвирани пред правдата, како и соодветна здравствена заштита и медицинска помош на повредените и на нивни семејства. „На владина седница ќе донесеме одлука со која, одморалиштето „Пониква“ кое располага со 27 соби и 56 легла ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница ќе разгледа годишни извештаи за работата на Народниот правобранител, на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап и на Агенцијата за администрација. На дневен ред на Комисијата се Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права, Годишен извештај на Агенцијата ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...

Ескалира ситуацијата во Лос Анџелес. Нови судири, апсења и насилства во продолжените протести поттикнати од имиграциските рации, и разгорени по одлуката на Трамп за распоредување на националната гарда. „Беше многу предвидливо што ќе се случи и беше сосема непотребно. Чувствувам како да сме дел од експеримент во кој не побаравме да бидеме дел. Се надевам дека федералната влада ќе го слушне нашиот апел и ќе ги запре рациите. Ова создава страв и ...

Тимот на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница под менторство на д-р Игор Мерџаноски од клиниката за трауматологија од Скопје ја изведе втората операција во земјава, прва во Прилеп, спасувајќи му ја функционалноста на левата рака на 37-годишен пациент. Ова е зафат на ортопластика со вметнување имплант. Оваа операција се прави по 20-тина години и разбирањето од министерството за здравство и од Владата ќе овозможи едукација ...

Македонската фудбалска репрезентација се враќа од Казахстан со победа од 1:0 и со огромни три бодови, коишто во моментов не носат на првото место во квалификациската група за Мундијалот во САД, Каада и Мексико во 2026 година, во која се и селекциите на Белгија, Велс и Лихтенштајн. Без селекторот Благоја Милевски, кој го пропушти мечот поради суспензија, Македонија ја оствари целта во Казахстан. Решавачкиот момент се случи во 33. минута кога ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
34%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
56%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
3.09
44%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
43%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.82
36%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
89%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
44%
1009
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
39%
1012
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
25%
1012
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
3.09
34%
1013
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
45%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
57%
1011
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048