
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Иран и Израел продолжија со размената на ракетни напади со беспилотни летала. Најмалку осум лица се убиени во Израел, а околу 200-те се повредени. Израелската војска ги нападна нафтените постројки во Шахран и Техеран, предизвикувајќи пожари. Според Тел Авив, Иран сè уште има арсенал способен да предизвика сериозна штета на Израел. Рускиот и американскиот претседател телефонски разговарале за судирот меѓу Иран и Израел. Путин ја осудил воената ...
Украинскиот фронт и натаму гори. Нападите на двете страни продолжуваат. Нови смртоносни руски удари во Херсон, соборени украински дронови над Русија. Наспроти борбите, нова размена на воени заробеници. 1.200 тела вратени во Киев. Путин подготвен да ги продолжи разговорите со Украина по 2-ри јуни, потврдија од Кремљ по телефонскиот разговор со Трамп. Зеленски во консултација со својот тим. „Руската страна изрази подготвеност да ги продолжи ...
ФБИ сè уште трага по 57-годишниот Венс Боелтер, осомничен за пукањето врз двајца државни демократски пратеници од Минесота и нивните сопружници. Тој првично ја уби истакнатата политичарка Мелиса Хортман заедно со нејзиниот сопруг во нивниот дом, а потоа продолжил во домот на државниот сенатор Џон Хофман кој заедно со сопругата го преживеаа нападот. Полицијата соопшти дека најверојатно се работи за политички мотивиран атентат, откако во неговиот ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе засилува. Во главниот град и во околината максималната температура денес ќе се искачи до околу ...
По скоро три месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица, денес се одржа деветтиот по ред „Марш на ангелите“ со вообичаена рута од Паркот на револуцијата, преку трговскиот центар, општинската зграда, полициската станица и судот и обвинителството во Кочани. Долга поворка на блиски и познаници на загинатите и денес потсетија дека очекуваат правда и одговорност за сите кои придонеле за оваа ...
Се враќа пропишаниот годишен континуитет на ремонтните активности на трите термоелектрани во РЕК Битола. По успешно завршениот редовен ремонт претходниве месеци на блокот два, деновиве во планиран застој е првиот блок на кој во следните 60 денови ќе се врши капитален ремонт кој беше прескокнат минатата година. Согласно со предвидениот производен план во средината на Август во редовен ремонт влегува и третиот блок како во следната грејна сезона ...
Состојбата со цените под будно око на власта. Се планира носење на нови мерки, најави премиерот Мицкоски. Ќе се преземаат мерки доколку има непринципиелни однесувања од страна на трговците. Тој најави дека владата ќе го разгледа извештајот на Државниот пазарен инспекторат што го изготви за состојбата со цените по завршувањето на владините мерки, по што ќе излезе со став во јавноста. Според министерот за економија, Дурмиши, засега нема драстично ...
Работно лето за партиите пред есенските локални избори. Кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за Битола – Тони Коњановски, за Охрид – Кирил Пецаков, Штип – Иван Јорданов, Велес – Марко Колев, Кавадарци – Митко Јанчев, Гевгелија – Андон Сарамандов, Аеродром – Дејан Митески, Бутел – Дарко, Костовски, Ѓорче Петров – Александар Стојковски. Од партијата најавуваат дека кон средина на јули ќе ги обзнанат и другите кандидати, меѓу кои и фаворитот ...
Чест за најдобрите, слава за театарската уметност. Во Прилеп е спуштена завесата на најпрестижниот фестивал кој го следи мигот на театарската уметност кај нас. Најдобра е „12“ на МНТ. Наградите се потврда за работата на сцената и создавањето на театарската уметност Фестивалот донесе девет претстави во конкуренција, пет во независна продукција, настани и полни сали. Во чест на наградените, Театар комедија ја изведе претставата „Вистината“ ...
Стручните лица на Националниот конзерваторски центар на Македонија ја истражуваат црквата Св. Димитрија, лоцирана на влезот од Велес од правец на Градско, за утврдување дали има остатоци од оригиналниот, автентичен живопис. Стручњаците сметаат дека таа е нацртана при крај на 13 век, кога бил и изградена. Дилемата е дали со мануелните сонди може нешто да се открие, како ран ракопис, од времето кога црквата е живописана. Тоа е потребно, за да се ...
„Црната кутија“ од паднатиот авион на Ер-Индија пронајдена на покрив во близина на местото на несреќата. Се очекува таа да даде многу одговори на прашањата зошто се случи една од најтешките авионски несреќи во историјата на Индија. Министерот за цивилно воздухопловство истакна дека пронаоѓањето на уредот е значаен чекор напред. Како дополнителна мерка на претпазливост, индиската Агенција за цивилно воздухопловство и нареди на Ер-Индија да изврши ...
Почнаа уписите во средните училишта за учебната 2025-2026 година. Пријавувањето е електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk . Првото пријавување трае до вторник, а второто е на 30-ти јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2-ри јули. Како и во изминатите години, учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната година процесот целосно да се дигитализира, ...
Празни чешми, полни буриња, канистери, шишиња. Ваква е сликата со месеци во радовишко Бучим каде вода нема ниту за пиење ниту за одржување хигиена. Водата или се купува или за неа се патува секој ден по 3 до 4 километри до планинарската чешма Жителите од Бучим кои се од турската заедница проблемот со немањето вода му го предочија и на амбасадорот на Турција во земјава. Тој неодамна со вицепремиерот Иван Стоилковиќ беа на селски собир. Од Општина ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му ...
Иран изврши повеќе масовни напади врз Израел во текот на ноќта, по претходните напади на неговите нуклеарни постројки и клучни воени цели. Според иранската револуционерна гарда, нападите биле насочени кон десетици воени цели и воздухопловни бази во Израел. Иран со своите напади врз цивилни цели ја премина црвената линија и ќе плати „многу висока цена“ за тоа, се закани израелскиот министер за одбрана. И Израел продолжи со гранатирање на Иран во ...
СВР Штип – ОВР Берово поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“. Пријавениот С.П., сопственик и управител на правното лице од Пехчево, на катастарска парцела во Пехчево во државна соспственост, без одобрение за градење издадено од ...
На 12.06.2025 во 12.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Дебар го лишиле од слобода Џ.Е.(54) од с. Џепиште, дебарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,69 промили алкохол во крвта. Тој бил исклучен од ...
Федерален судија издаде привремена забрана со која му наложува на претседателот Трамп да ја врати контролата врз Националната гарда во Калифорнија. Наредбата не се однесува на маринците кои исто така беа распоредени на протестите во Лос Анџелес кои избувнаа поради имиграциските рации. Гувернерот Њусом, кој е од редовите на демократите задоволен од одлуката со која се потенцира оти распоредувањето на гардата било нелегално и биле надминати ...
Вечер ќе бидат доделени наградите со претстава во нивна чест со што ќе биде спуштена фестивалската завеса. Претставата „12“ на МНТ што публиката ја виде на отворањето е најдобрата на годинашниов македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Жирито реши да ѝ додели и специјална награда за колективна актерска игра. Во претставата „12“ во актерската работа има внатрешна вистина на преживувањето, психолошка праведност и актерство што плени. ...
Граѓанските иницијативи реагираат на измените на Изборниот законик. Велат, високиот праг за потребниот број потписи за кандидатури е оружје против независните листи. Пратеничките состави се менуваат, но тенденцијата да ги подметнуваат истите валкани сопки останува. Не затоа што независните не се доволно добри, туку затоа што се доволно опасни по нивниот монопол. Ова не е изборен закон. Ова е акт на страв. Страв од гласот што не го контролираат, ...
Идните локални избори треба да се спроведат според нов Изборен законик. Министерството за правда ги вметнало препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои за секој изборен циклус се повторуваат. Филков открива дека се испратени на мислење до регионалната безбедносна организација и се чека нејзиното мислење, пред да бидат поднесени во парламентот. „Се надевам, дека ќе го фатиме крајниот рок до јуни и ќе може да стигне до идните локални избори“, вели Филков. ...
Македонија тапка во место со евроинтеграциите, претседателката Сиљановска-Давкова која ќе ја предводи македонската делегација на претстојниот самит на НАТО во Хаг прифаќа да разговара и на пониско ниво со бугарскиот премиер за откочување на процесот. Искрена порака и од шефот на унгарската дипломатија, Сијарто, по средбите во Скопје – Будимпешта е меѓу малцинство земји – членки на ЕУ кои навистина поддржуваат проширување со земјите од Западниот ...
34-ца осомничени за пожарот во кочанската дискотека добија статус на обвинети. Истрагата заврши, до судот поднесено обвинение. На одговорност се повикуваат тројцата сопственици и управители на клубот, исто толку поранешни градоначалници, градежни инспектори, вработени во дирекцијата за заштита и спасување и во министерството за економија, во фирма за обезбедување имоти и лица. Се товарат за тешки дела против општата сигурност за што е предвидена ...
Во Скопје дневно има од еден до два мозочни удара, капацитетот на неврологија е 50 проценти исполнет со вакви пациенти. Најголем дел од нив имаат нарушување во говорот или афазија. На светскиот месец посветен на оваа состојба невролозите предупредуваат дека најголем проблем за овие пациенти е рехабилитацијата, особено на говорот, која некогаш трае и повеќе години. Од 241 испитаник, 68 проценти не слушнале за терминот афазија кој е всушност ...
Вчера во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот на крстосница од ул. „Плачковица“ и ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш. Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа ...
Во Скопје, втор ден состанок на заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Се разговара за учебниците за 7 одделение во земјава, како и за можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев. Досега се усвоени препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја ...
Индиските власти почнаа истрага за падот на патничкиот авион на Ер Индија што се урна кратко по полетувањето од Ахмедабад, а делови од него завршија во густо населена станбена област, предизвикувајќи пожар и голем број цивилни жртви. Во авионот со 242 патници и членови на екипажот кои тргнале кон Лондон, преживеа само еден патник кој е идентификуван и е вон животна опасност. Според него, авионот почнал да губи контрола кратко по полетувањето по ...
Јавното обвинителство ќе покрене обвинение за пожарот во Кочани. На прес-конференција државниот обвинител Коцевски ќе информира за собраните докази. Осомничени се 47 поранешни и актуелни функционери, лица од обезбедувањето. Неизвесно е колкумина ќе седнат на обвинителна клупа. Обвинителството за гонење организиран криминал ја продолжува истрагата за полициските службеници. Премиерот Мицкоски вели дека целосно ја препушта постапката во рацете на ...
Русија изврши нови напади врз Украина. Со 55 дронови Шахед и четири балистички ракети Искандер нападнати неколку региони. Руските сили пак објавија дека воздушната одбрана пресретнала 125 украински дронови над руските региони, од кои повеќето над Крим. Украинскиот претседател вели дека состојбата на фронтот не е променета, но ги потиснуваат руските војници во Суми. Зеленски одново побара меѓународен притисок кон Москва, санкции за руските банки ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните ...