Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмши, денес оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, д-р Рита Колумбија. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Обединетите нации, вклучително и ресорните министерства, преку заеднички проекти и активности кои имаат за цел унапредување на економскиот и социјалниот развој. Фокусот на ...
Произведената електрична енергија во јули годинава е поголема од потрошената, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 458 478 MWh, што претставува 8.8 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, соопшти Државниот завод за статистика. Во јули 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 421 489 МWh електрична енергија, 25.599 милиони nm3 природен гас, 357 665 тони јаглен и 112 946 ...
Земјоделството како еден од главните стопански гранки на Македонија треба да се приближи кон европските стандарди. Младите земјоделци сметаат дека за поголем интерес да се занимаваат со земјоделство се потребни обуки, вложување во нови технологии и органско производство. И земјава и ЕУ имаат ист проблем, многу малку млади се заинтересирани да се занимаваат со земјоделство, велат експертите. Современо, одржливо земјоделство е главен столб на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуснки, на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Њујок присуствуваше на традиционалната Трансатлантска вечера со министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и ЕУ. „Ја реафирмиравме заедничката определба за мир, стабилност и просперитет. Како кредибилен НАТО-сојузник, партнер на САД и потписник на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, продолжуваме да ...
Од утре до понеделник во земјава следува позначителна промена на времето под влијание на циклонска активност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите најавуваат претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, над 20 литри на метар квадратен, проследени со грмежи и засилен ветер. Очекуван е пад на дневната температура за 8 до 10 степени во однос на денешната. Во ...
Не стивнуваат реакциите во јавноста по двојното убиство во Велес. На тврдењата дека на барање на обвинителството, само пет дена пред да го изврши грозоморниот чин, на 39-годишниот скопјанец судот му ја укинал забраната да го напушта домот и да се јавува во полиција, реагираа од Јавното обвинителство. Од таму тврдат дека обвинителот не побарал укинување на сите мерки. Останала забраната за приближување до оштетените. На 21-ви мај годинава, Росица ...
Синоќа на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков му ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело. Останав без зборови. Ви благодарам бескрајно. Среќен сум што сум во Битола да ја примам оваа прекрасна награда и сакам да и ја посветам на мојата сопруга Мариен за целата нејзина поддршка, истакна Конџи, на синоќешната фестивалска свеченост. ...
Најавеното задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамки на поставените цели за одржување на стабилност на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби, информираат од Министерството за финансии. „Нашата цел е да излеземе на меѓународните пазари и да ја издадеме еврообврзницата во најповолен момент. Во таа насока, за време на престојот во ...
Над 20 луѓе се повредени во напад со дронови на Хутите врз израелскиот град Еилат. Леталата погодиле трговски центар. Израелските пресретнувачи не успеале да ги соборат навреме. Нападот доаѓа неколку дена по сличен инцидент во кој беше погоден хотел во истиот град. „Спроведовме успешна воена операција со две беспилотни летала постигнувајќи ја својата цел. Ова е втора операција во последните 24 часа“, изјави Јахја Сари – портпарол на војската на ...
Тренерот на Барселона Ханси Флик, најави враќање на теренот Ламин Јамал. 18-годишниот фудбалер поради повреда пропушти неколку натпревари, а според тренерот Флик тој треба да биде на располагање за неделниот натпревар против Реал Сосиедад. Јамал и Балде се оправија од повредите и тренираат со екипата, но сметам дека е прерано да играат во четврток вечер против Овиедо, затоа нивното враќање го планираме за неделниот натпревар, изјави Флик. ...
Данскиот вицепрвак ГОГ Гудме го надигра македонскиот шампион Еурофарм Пелистер i со два бодови замина од Битола. Конечниот резултат од 31:28 е реален однос на силите. Данската ракометна школа дојде до израз во второто полувреме кое почна израмнето 14:14, а заврши со сигурна победа на гостите. Триумфот на ГОГ Гудме го донесоа Фредрик Бјери со 13 и Хјалте Лике со 9 постигнати голови, додека во домашниот тим со својата прецизност доминираа Манасков ...
Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади и обвинувања за жртви, додека војната останува главна тема на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Американскиот државен секретар Рубио на средбата со рускиот министер Лавров побара Москва да преземе чекори кон трајно решение на конфликтот. Состанокот, одржан зад затворени врати, уследи по изненадувачката изјава на Трамп дека верува оти Украина може да ја врати целата окупирана територија. ...
Регионалната кошаркарска лига во скоро време може да добие нов тим. Како што известуваат регионалните медиуми, тим од Саудиска Арабија би можел да биде нов член во ова регионално натпреварување. Клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран на настап во АБА лигата. Шеик од Саудиска Арабија веќе бил во посета на овие простори. Но, од идеја и желба до реализација патот е долг, има технички фактори за кои ќе се решава и како тие да се вклопат. Тимот на ...
Драфт верзијата на резолуцијата за црвените линии и преговорите со Европската унија, која лидерот на СДСМ Венко Филипче ја најави на почетокот на септември, според најавите ќе биде објавена денеска. Филипче соопшти дека предлогот е финализиран, објаснувајќи зошто не бил готов порано. Рече дека биле направени консултации со многу експерти од делот на правото и меѓународното право. На почетокот на септември лидерот на СДСМ и официјално најави дека ...
Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведува дводневен скрининг на населението во Трубарево, кој започна вчера. Според првичните податоци од терен, на двата пункта во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се упатени на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. Тој изразил целосна поддршка за македонската евроинтеграција, потенцирајќи ја потребата земјава да го забрза патот кон унијата. Сиљановска-Давкова присуствувала и на заедничката средба на лидерите од Европа и од Западен Балкан со европретставничката Каја Калас. Денеска Сиљановска-Давкова ќе има обраќање пред Генералното ...
Денеска во Клубот на пратеници, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на промоцијата на соработката со Clarivate – Web of science, преку која се овозможува бесплатно користење на научните бази на платформата за сите јавни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа. Претставници на Clarivate ќе ги претстават можностите на платформата Web of science пред членови на академската и научна заедница во ...
СВР Скопје го расчисти случајот со турскиот државјанин М.А.О.(61), за кој на 23.09.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ беше пријавено дека бил донесен со тешки телесни повреди од страна на едно лице со приватно возило, кое откако го оставило повредениот, заминало со возилото, а повредениот набргу починал. Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се соодветни мерки и активности, ...
Утре во 19 часот, во Културно информативниот центар на Северна Македонија во Тирана ќе се отвори изложба на уметникот Кирил Гегоски. Изложбата ќе биде поставена до 10 октомври 2025, нудејќи им на посетителите внимателно изградена форма на размена и размислување за современата уметност и нејзиниот социјален и културен потенцијал. Творештвото на Кирил Гегоски од најраните дела, па сè до денес, се одликува со минимализам и редуцирана симболика, ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(40) и Ц.Ч.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 22.09.2025 во 16 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и П.М.(70) од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале П.М. кој потоа со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата ...
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9. Реден број 5 за опозициската СДСМ. Во ДИК ждребување за редоследот на партиите и коалициите за локалните избори. Прво место го доби коалицијата на ЛДП, ГРОМ и Интегра. Движењето „ЗНАМ“ на број 2. Под број 3. Гласачите довербата ќе ја дадат на Демократска партија на Србите, заедничката листа на ДУИ и „Алијанса за Албанците“ под број 4, „Левица“ е на ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска го прими во посета Матео Мекачи, шефот на Мисијата на ОДИХР за набљудување на локалните избори, со кого детално разговараше за сите надлежности на обвинителството во постапките по евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес. Коцевски го информираше Мекачи во однос на структурата и досегашните активности на Привремената комисија задолжена да го следи постапувањето ...
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Владата со која се дефинира бројот на членови во советите на општините. За оваа точка доставени се три иницијативи. Првата иницијатива е поднесена од Скендер Реџепи, кој тврди дека предметната одлука предизвикува правна несигурност, бидејќи според него, Владата ја донела Одлуката за утврдување на бројот на членовите во општинските совети без законско ...
Банките имаат цели два и пол месеца да се подготват и да понудат добри услови за станбени кредити, рече гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Целта, според него, е да им се помогне на оние кои немаат живеалиште, а истовремено и да се стабилизира цената на становите. Што се однесува до согласноста за поевтина понуда за купување прв стан, Славески рече дека сè уште нема најава од банките. Банкарскиот сектор има друга логика – колку е поголемо ...
Протестите во Словачка се проширија низ целата земја. Демонстранти излегоа на улиците против политиките за штедење на Роберт Фицо. Граѓани го осудија пакетот мерки неодамна одобрен од владата, кој моментално се разгледува во Парламентот. Мерките вклучуваат зголемување на здравственото и социјалното осигурување, данок на доход за лицата со повисоки приходи и данок на додадена вредност на некои прехранбени производи, како и можно откажување на три ...
На 23.09.2025 во 23 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија С.М.(29) и О.Џ.(31), двајцата од Куманово. При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, се пронајдени бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР. ...
Додека скопјани се гушат во смрдеата од отпад и контејнерите се прелеваат со ѓубре, политичарите продолжуваат да си ја префрлаат вината еден на друг и да се докажуваат кој е повеќе или помалку виновен за настанатата ситуација. И првиот човек на владата Мицкоски и градоначалничката на Скопје Арсовска се извинија што се поддржале на претходните избори. Мицкоски порача дека за ѓубрето во метрополата ќе има одговорност со име и презиме. Чувствувал ...
На територијата на Македонија до денеска на пладне има вкупно девет пожари на отворен простор, од кои четири се активни, четири се под контрола, а еден пожар е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево, село Малино и село Танушевци каде гори мешана шума, општина Липково, село Гошинце каде ...
Арапските земји во Обединетите нации повикаа на итен прекин на војната во Газа, која е на прагот да влезе во втората година. Арапските делегации побараа заштита на цивилите, брзо отворање на хуманитарни коридори и прекин на блокадата. На конферанцијата во ООН за решение на конфликтот на Блискиот Исток, седум земји меѓу кои и Франција објавија дека формално ја признаваат државноста на Палестина. САД сметаат дека признавањето е награда за Хамас. ...