Без гаранции нема уставни измени – премиерот Мицкоски очекува Брисел да преземе робусна акција кон Софија, за добивање гаранции дека ќе нам нови условувања на нашиот евроинтегративен пат, но примена на пресудите на Меѓународниот суд за човекови права за нашинците во Бугарија. Обврските преземени од претходната Влада не ги игнорираме, но, и не гледаме дека Софија нешто прави во делот на нејзините обврски, вели македонскиот премиер. Премиерот го ...

Државната изборна комисија го заклучи Избрачкиот список. Право на глас на локалните избори имаат 1.717.803 граѓани во земјава. Во посебниот извод, пак, регистрирани се 112 илјади избирачи кои се на привремена работа во странство. Над 2.500 регистрирани за гласање се во затворите и старечките домови. На 132 избирачки места се регистрирани помалку од 10 гласачи. За нив, Државната изборна комисија усвои упатство за начинот на гласање. Досега до ДИК ...

Дел од кандидатите за градоначалници и советници, предлози на коалициите, партиите и независни потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Се обврзаа да ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење. Уверуваат дека нема да вршат каков било притисок врз вработените во јавната администрација за време на изборниот процес и ќе се воздржуваат од говор на омраза. Единствено, кандидатите на Левица одлучија да не пристапат кон ...

Вршителката на должност амбасадорка на САД Никол Варнес го посети Вишото јавно обвинителство Штип, каде што оствари средба со Вишиот јавен обвинител Ристо Бојаџиски, како и со шефовите на основните јавни обвинителства со проширена надлежност од ова апелациско подрачје. При посетата, таа се информираше за општите состојби и условите во кои работат обвинителствата во овој регион, недостатокот од човечки и материјални ресурси, како и со резултатите ...

Вчера во 16:40 часот поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Закон за возила и член 225 точка 9 од Закон за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Р.Љ.(56) од Тетово, кој се движел со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки. Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изврши детални проверки во врска со постапувањето на Секторот за внатрешни работи Велес по сите настани кои биле пријавени од страна на жртвата Росица Коцева. Во најголемиот дел од случаите полицијата постапила согласно законските процедури, за што била поднесена и ...

Во првите девет месеци од годинава на Македонската берза е остварен вкупен промет од околу сто милиони евра, што споредено со лани, истиот период е помалку за само шест милиони евра. Ако се знае дека минатата година се смета за најуспешна во последната година, тоа за берзата е добро постигнување, бидејќи живееме во време на геополитички турбуленции и макроекономски предизвици. „Ценовните движења продолжија со бавен пораст, индексот главен МБИ 10 ...

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ го најавува 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, кое ќе се одржи од 29 септември до 16 октомври 2025 година. Откако првично беше закажан за март–април, фестивалот беше одложен за есенскиот период и ќе се реализира со прилагодена програма, нудејќи богат избор на премиерни изведби и стилски разновидни музички дела. Куратор на годинашното издание е композиторот Филип Иванов. Со ...

Дури 68 проценти од осудените лица биле повратници во затворите во земјава што значи дека стапката на ресоцијализација е поразителна. Експертите велат дека со законските измени кои ги предлагаат се прецизираат мерките, освен меѓу другите за континуирана обука на вработените, и од затворите и од управата. Од Управата се посочува дека само во 2024 година во одредени оддели во затворот „Идризово“ неколку стотини затвореници опслужува само едно лице ...

Вчера околу 12:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.М.С.(39) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возилото „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде ...

Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ го најавува 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, кое ќе се одржи од 29 септември до 16 октомври 2025 година. Откако првично беше закажан за март–април, фестивалот беше одложен за есенскиот период и ќе се реализира со прилагодена програма, нудејќи богат избор на премиерни изведби и стилски разновидни музички дела. Куратор на годинашното издание е композиторот Филип Иванов. Со ...

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина. Оттаму обвинуваат дека јавното претпријатие од 15 до 25 септември не ја спроведувало својата основна дејност, одржување на хигиената на подрачјето на Град Скопје и не го собирало сметот на повеќе локации во општината. Од Град Скопје, пак, соопштија дека и тие се приклучуваат кон кривичната пријава и оти и дека имаат поднесок против ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Гавин Ферар, главен извршен директор на Централ Азија Металс (CAML) – британска компанија во чии состав е рудникот САСА од Македонска Каменица, како и со Џејмс Караматич, новоименуван генерален директор на Рудникот „САСА“. Главна тема на средбата беа условите за работа, безбедноста на вработените и идните планови за развој на компанијата во ...

Првото Светско фудбалско првенство во историјата кое идната година ќе се игра во три држави ќе има и три маскоти, по една за секоја од земјите домаќини – САД, Мексико и Канада. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално ги претстави трите маскоти, прецизирајќи дека САД ќе бидат претставени од белоглавиот орел „Клач“, јагуарот „Зају“ ќе го претставува Мексико, а Канада ќе биде претставена од лосот „Јавор“. „Тимот на Светското првенство ...

НБА лигашот Лос Анџелес Лејкерс објави продолжување на договорот со тренерот Џеј Џеј Редик, пред стартот на новата сезона, која започнува со претсезонските натпревари на 4 октомври. „Веруваме дека тој е одличен тренер, тренер со силен глас и кој навистина ни помага да ја продолжиме културата на извонредност на Лејкерс“, рече претседателот на франшизата за кошаркарски операции, Роб Пелинка, на прес-конференција во Лос Анџелес. Редик му се ...

Низ државата ситуацијата со пожарите и понатаму е сериозна, иако дел од нив се ставени под контрола, а поголемиот број се успешно изгаснати. На територијата на Македонија до 07:00 часот регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, еден сè уште е активен, пет се под контрола, а 19 се изгаснати, соопштуваат од Центарот за управување со кризи. Активниот пожар се наоѓа во општина Долнени, кај селото Долгаец, во месноста Тутуница, ...

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на дишните патишта. · Само во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум лица се упатени на Клиниката за пулмологија, поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Скринингот опфати ...

Додека украинскиот фронт продолжува да гори американскиот претседател Трамп се сретна со турскиот колега Ердоган од кого побара да се дистанцира од Москва во енергетскиот сектор и да не купува руска нафта за да се стави крај на војната. „Би сакал да престанете да купувате руска нафта додека Русија продолжува со своите напади во Украина. Тоа е најдоброто нешто што може да го направите. Веќе изгубија милиони животи, за што? Срамно. И претходно ...

Брисел ја нагласи важноста од инвестирање во безбедносен ѕид од дронови за заштита на Унијата. Најавен е состанок со учество на повеќе земји, меѓу кои и засегнатите Полска, Естонија и Данска, на кој ќе се дискутира за неодамнешните нарушувања во воздушниот простор. „Овие најнови упади со дронови уште еднаш ја истакнуваат работата што е во тек за изградба на Белгиски ѕид за заштита од дронови. Ќе имаме почетен состанок. На листата ја додадовме и ...

Во Охрид, денес и утре, ќе се одржи 24-тото издание на Годишната конференција на Македонската берза. Свеченото отворање на конференцијата ќе го извршат Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, и претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази. Како што е објавено, за предизвиците на монетарната политика во контекст на зголемена несигурност ќе ...

Од денеска во сила измените во законот за безбедност во сообраќајот. Нови правила за пешаци, велосипедисти и корисници на електрични тротинети. Казна од 40 евра доколку при преминувањето на улица се користат мобилен телефон или слушалки. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека законските измени се усвоени за да се унапреди безбедноста на најранливите категории на учесници во сообраќајот и да се намали бројот на ...

Нов протест попладнево против насилството, за слобода и права на жените, организиран од движењето „Ниту една повеќе“. Порачаа иднина без насилство, должна правда за сите жртви кои не беа навремено заштитени, побараа законски измени, построга регулатива за насилници, да се гонат дури и без пријава. Ова е втор протест што се организира по убиството на 31-годишната велешанка Росица Коцева, што се случи на 15-ти септември, а беше извршено од страна ...

Резолуцијата што ја достави СДСМ до Парламентот за одблокирање на евроинтеграции може да се земе како предвид како подлога, но по изборите ќе формираме македонска резолуција што ќе ги штити македонските национални интереси. Низа забелешки за црвените линии на Филипче за евроинтеграциите рече дека има, но Мицкоски најголема замерка даде за Преамбулата за која рече дека има неточни факти и лаги и дека на овој начин не се штити националното. ...

Денеска во 01:08 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишија од слобода А.Т.(54) од Италија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал при што констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,68 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е ...

Вработените од „Паркови и зеленило“, како и нивните колеги од фирмите „Флораком“ и „Луна“ протестираа пред Град Скопје и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска. Побараа исплата на платата за август, регрес и јубилејна награда за 2022 година. Вработените во овие градски претпријатија побараа и средба со градоначалничката Данела Арсовска, но не беа примени. На протестот на вработените во „Паркови и зеленило“ реагираа од Град Скопје. ...

Социјалдемократите ги исцртаа црвените линии за евроинтегративниот процес на земјава. Прифаќање на резолуцијата со консензус побара Филипче, да дадат предлози и другите политички чинители во земјава, но во резолуцијата и предлогот најдоцна до 10-ти февруари следната година да заврши финалното гласање за уставните измени. Се нагласува дека билатералните прашања поврзани со добрососедските договори, кои не се дел од европското право и копенхашките ...

Геополитичката раседна линија минува и низ регионот на Западен Балкан. Процесот на македонското пристапување кон ЕУ веќе 20 години е континуирано попречуван. Посочи претседателката Сиљановска-Давкова во обраќањето на Генералното собрание на обединетите нации. Најновиот ЕУ услов за почеток на нашите преговори е нова, 37-ма промена по ред на Уставот. Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западниот Балкан во геополитички ...

Дали построгите казни за пешаците или за возачите на мопеди трактори и тротинети со слушалки и мобилни телефони или електронски уреди ќе воведе ред во сообраќајната култура и поголема дисциплина. Граѓаните со поделени мислења некои велат е добро да се заостри казнената политика, а други дека се удира по џебот на најранливите учесници во сообраќајот. Од утре секој што ќе преминува пешачки со мобилен телефон или ќе вози тротинет преку обележан ...

Нов напад со дронови врз израелскиот град Еилат. Над 20 лица се повредени, од кои двајца сериозно. Армијата соопшти дека дроновите дошле од Јемен и се урнале. Хутите изминативе две години постојано напаѓаа цели во Израел со проектили и дронови, во знак на солидарност со Хамас. „Како одговор на злосторствата што ги изврши израелскиот непријател против нашите браќа во појасот газа и агресијата против нашата земја, спроведовме успешна воена ...

Поранешниот француски претседател прогласен за виновен, по дел од обвиненијата во судењето поврзано со средства за кампањата од Либија. Парискиот Кривичен суд го осуди за „злосторничко здружување“, но го ослободи од обвиненијата за мито, нелегално финансирање кампања и корист од проневера на јавни фондови. Се очекува во текот на денот Саркози да ја добие пресудата за казната, која сè уште не е конечна и можна е жалба. Поранешниот шеф на државата ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
66%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.08
92%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
85%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.92
80%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
89%
1018
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
82%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929