Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Утре ќе има големо славје во градот под Исарот, одбојкарите на Штип УГД се на чекор од историска шампионска титула, во спортската сала „Јордан Мијалков“ повеќе од јасно е дека ќе биде исполнето секое столче со верните навивачи и љубители на одбојката. Утре, петок со почеток од 19 часот се игра третиот меч од финалната серија, кој меч ако го добијат штипјани ќе ја освојат шампионската титула. Штип УГД има водство од 2-0 во финалната серија, а ...
Кошаркарите на Соколи од Штип успеаја да слават на вториот меч над Бутел со 65:68 за 1-1 во полуфиналната серија и со тоа изборија трет меч кој ќе се игра во градот под Исарот. Скопскиот тим подобро го отвори мечот со водство од 17:9, а потоа штипјани започнаа да ја намалуваат резултатската предност на домаќинот и на полувреме имаа негатива од 33:30. Потоа започна егал играта во која двете екипи резултатски се стигнаа една во однос на друга, ...
Во големото финале од Купот на Македонија кај дамите ќе се соочат Каменица Саса и Тиверија Брера, кој ќе се борат за Куп титулата. Тимот од Македонска Каменица без да игра меч од полуфиналето стигна до финалето, бидејќи екипата на Љуботен не се појави во малото рударско гратче за да го одигра полуфиналиот меч, ова значи службена победа за Саса од 3:0 и службен влез во големото финале. Тиверија Брера без проблеми го декласираше тимот на Топ ...
В сабота на телевизија М Нет ќе можете да го следите во живо натпреварот меѓу Кожуф и Шкендија Арачиново, меч од 26. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кој меч има голем влог особено за гостинот од Арачиново. Само три бодови се опција за екипата на Берат Имери на патот кон Прва лига, Шкендија Арачиново одигра одличен меч и во Купот на Македонија против тетовска Шкендија и максимално мотивирана доаѓа во Гевгелија по трите бодови. ...
29-та рунда на Првата македонска фудбалска лига носи неколку клучни натпревари кога е во прашање опстанокто во Првата лига. Најлесна задача треба да има Арсими, кој на домашен терен ќе го пречека „фенерџијата“ Шкупи, освојувањето на овие три бодови за дебитантот ќе биде голем плус во трката за опстанок. Дерби за опстанок ќе играат Македонија ЃП и Работнички со голем притисок и за двете екипи. Ако „лавовите“ го загубат овој натпревар ќе значи ...
Српската опозиција преку Башановиќ и Заев, го користи СДС за свои интереси кои не одат во прилог на македонската опозиција која се распаѓа, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Српските опозиционери Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичка партија на Србија и Јован Ратковиќ, член на претседателството на Социјалдемократската странка во Србија, на средбата во Скопје со генералниот секретар на СДС, договориле заедничка ...
Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето воведно обраќање на конференцијата „Скопје — Европска престолнина на културата 2028“, што денеска се одржува во главниот град. На конференцијата посветена на еден од најзначајните стратегиски проекти за нашата земја, министерот Љутков, во присуство на евроамбасадорот, ...
Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, извести дека денеска на нотар дала изјава дека не поседува никакво друго државјанство, освен македонско. Таа ги повика нејзините колеги пратеници да го сторат истото, за да се види, како што вели, дека е став, а не популистички потег. „Ниту сум поседувала, ниту поседувам во моментов друго државјанство, освен македонското. Барам од сите пратеници да го направат истото, со цел да покажеме дека промените ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, нема да го следи примерот на колегите од соседството кои од Грција бараат во летната сезона да бидат суспендирани биометриските проверки на границите и за барањата секој чекор го споделуваат со граѓаните. „Ова покрај технички се и политички прашања. Во вакви прашања мене секогаш ми била целта да ја завршиме работата, а не од тоа да правиме политика или маркетинг. Јас нема да го ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов, присуствуваше на одбележувањето на 80 годишнината од постоењето на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Македонија. Во своето обраќање пред присутните членови и гости, Мемов нагласи дека овој јубилеј е симбол на истрајноста, заедништвото и посветеноста на Здруженијата на пензионерите во градењето на достоинствен живот на пензионерите, кои со својот труд и знаење се вградиле во темелите на ...
Државата покажува капацитет да води големи инфраструктурни проекти. Ако некаде пред година и половина зборувавме за проекти кои што беа заборавени, сега зборуваме за сериозна реализација на истите. Во Коридорот 8 инвестираме околу 5 милијарда евра во патишта и железници. Проектите се реализираат со добра динамика, најавувам и нови проекти и целосна доизградба и модернизација на коридорот, изјави вицепремиерот Александар Николоски, на ...
Власта да се откаже од укинување на техничката Влада или СДСМ ќе се повлече од работата за Изборниот закон, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој го повтори ставот на СДСМ дека техничката влада не треба и не може да се укине и дека таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори. „Во ситуација кога има целосна контрола на оваа власт врз судството, кога се именуваат партиски послушници за судии и за обвинители, кога ...
Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, составена од Иванка Василевска, заменик-шеф на делегацијата, и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, учествува на Второто редовно заседание за 2026 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Ова заседание се одржува од 20 до 24 април 2026 година во Стразбур, Франција. Сесијата ја отвори претседателката на ПССЕ, Петра Баир. Таа ја истакна ...
На армискиот полигон „Криволак“, вежбата „БЛЕСОК 26“ продолжува со реализација на активности на терен, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) извршуваат офанзивни операции во повеќе сценарија, а процесот го следат оценувачкиот тим и НАТО монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на ЛПБГ, соопштија од Генералштабот на Армијата на Македонија. Активностите, како што е наведено, се реализираат според ...
„За рудникот со антимон во Крива Паланка Владата на Мицкоски рече дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет. СДСМ рече дека секогаш е некој бизнис на Мицкоски. Еве ја вистината. Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Граѓаните ќе видат, кој стои зад фирмите носители на концесиите на рудникoт за антимон во Крива Паланка. Донатори на ВМРО-ОКГ“, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Она што ...
Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани, во периодот од 1 јуни до 1 септември, 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на ...
Поранешниот Претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, е лишен од слобода во рамки на акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), реализирана во соработка со Јавното обвинителство, пренесува „Скопје1“, повикувајќи се на извори од истрагата. Според неофицијални првични сознанија, против поранешниот прв човек на ФФМ постои сомнение за проневера на околу 700.000 евра, средства кои УЕФА ги доделила за ...
Пратеничката група на СДСМ поднесе Закон за измени на Законот за Влада по скратена постапка, забраната за двојно државјанство да важи за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата и тоа веднаш. „Со ова, СДСМ поставува јасен принцип: исти правила мора да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок и тоа веднаш. Измените коишто ВМРО-ОКГ ги најави на Законот за пратеници, со кои пратеник би можел да биде само лице со ...
„Пораката од роденденот на СДС е поразителна. Одушевувањето, еуфоријата и восхитот од пристигнувањето на нивниот врховен лидер и ментор на Филипче, Зоран Заев јасно покажа кој ги држи конците во СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Пречекот и аплаузот за Заев се доказ дека Филипче и истите лојалисти на Заев продолжуваат по старата матрица, на заштита на поединци, затворени кругови и игнорирање на гласот на сопственото членство. Во СДС владеат кланот ...
Додека другите шират паника, магла и дезинформации, „Вреди“ работи со факти, одлуки и конкретни чекори за албанската култура. За нас, образованието и културата се столбовите на нашата визија за развој на албанското општество. Во овој поглед, албанските културни институции не само што не се во опасност, туку влегуваат во конкретна фаза на зајакнување и функционализација, велат од таму. „Посветеноста на Владата на „Вреди“ и заменик-министерот ...
„Не се создадени услови за укинување на техничката влада, единствениот механизам за некаква контрола на изборниот процес и мора да остане. Целосно е окупиран правосудниот систем, воспоставена е контрола врз обвинителството и судството со обвинители и судии блиски до Мицкоски“, велат од СДСМ. „Премиерот Мицкоски јавно дели задачи од собраниска говорница, нарачува прогон врз опозцијата со неговите „чувства“. Институциите се далбоко партизирани. ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · од 04.30 до 15.30 часот, корисниците од фирмите: Стил Железо, Електроводомонд, Европа 92, како и корисниците од улиците: 1506, 1550 и Дани Калош во Индустриската зона – Момин Поток, општина Карпош; · од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од ул. Роман Каскалиевиќ во нас. Сингелиќ, општина Гази Баба; · од 09.00 до ...
РЦУК Скопје известува дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (кај гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин, Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. Исто така денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф250мм. на улица Босна и Херцеговина ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 ...
Штип на 26 април ќе стане центар на една силна и значајна порака – единство, храброст и посветеност во борбата против пожарите. Доброволното противпожарно друштво Штип, во соработка со Територијалната противпожарна единица, организира голема показна вежба која има за цел да ја доближи работата на пожарникарите до граѓаните и да ја подигне свеста за заштита на природата. Организаторите ги повикуваат сите сограѓани, пријатели и љубители на ...
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба во Владата со претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, и потпретседателот Абдуш Демири, на која се разговараше за Предлог-измените на Изборниот законик. На средбата беше истакнато дека овие измени, доставени од ДИК до Собранието и Министерството за правда, се од особено значење за унапредување на реформската агенда и спроведувањето на изборните реформи. ...
Кошаркарите на Соколи израмнија на 1:1 во финалната серија за пласман во Суперлигата, откако славеа на гостувањето кај Бутел во Скопје со 65:68 во драматичен и неизвесен натпревар. По поразот во првиот меч, Соколи покажаа карактер и цврстина кога беше најпотребно. Во текот на целиот натпревар се водеше изедначена борба, со чести промени на водството, но гостите во завршницата беа посмирени и поконцентрирани. Клучните поени во последните ...
Дипломатскиот пристап кон решавање на спорот помеѓу Македонија и Бугарија беше тема на остра дебата на меѓународниот форум во Атина, каде поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров му реплицираше на бугарски претставник од публиката. Никола Димитров, во својство на претседател на невладината организација „Солуција“, оцени дека актуелниот модел на односи не претставува вистински компромис. Тој рече дека сегашната рамка, наместо решение, ...
Премиерот Христијан Мицкоски во Виена испрати јасна порака до европските партнери: Во услови на неизвесност, енергетски предизвици и економски притисоци, зборовите не се доволни, потребни се конкретни одлуки и дела. Мицкоски кој се сретна со канцеларот Кристијан Стокер порача дека Европа се наоѓа во историски пресуден момент во кој мора да одбере дали само ќе реагира на кризите или активно ќе ги обликува новите глобални правила. Тој нагласи ...
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работа посета на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. По средбите со канцеларот Кристијан Штокер, тој на својот фејсбук профил објави: „Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот ...