До крајот на годинава, Ресен ќе биде целосно исчистен од диви депонии, кажа директорот на Јавното комунално препријатие „Пролетер“ – Ресен, Марчел Косентино-Русу на денешната панел-дискусија „За почиста Преспа: заеднички чекори за подобро управување со отпад“ организирана во Ресен од Институтот за комуниколошки студии, Македонското еколошко друштво и „Еко герила-Преспа“. Претпријатието работи на расчистување на поголемите диви депонии ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата, којшто годинава под слоганот „Отвори прозорец кон нови светови“ се одржува од 23 до 29 април во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова нагласи дека книгата претставува суштински носител на човечката мисла и култура, чија основна улога е да го пренесе духот од еден човек кон друг, од едно поколение кон ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на 24 април 2026 година ќе биде домаќин на ХХ Конференција на претседатели/спикери на Јадранско и Јонската Иницијатива (ЈЈИ), што се одржува во рамките на претседавањето на нашата држава со оваа Иницијатива. Конференцијата ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието. На состанокот ќе присуствуваат претседатели, заменик-претседатели и пратеници од парламентите на државите членки на ЈЈИ – Република ...

„Во малоптодажба, цените на течен нафтен гас, на бензинските станици веќе се намалени во распон од 5 до 6 денари по литар и се движат од 53 до 54 денари. Ова нее е изолирран чекор, туку системска реакција на пазарот која доваѓа како резултат на јасен институционален сигнал и координација. Сакам јасно да потенцирам дека ова намалување не е резултат на краткорочна пазарна случајност, туку е резултат на анализа која што е направена од страна на ...

Без кров на глава, без храна, без облека и правда, станува познатиот штипјанец Мики Трајчевски, покрај реката Брегалница во Штип. Непонзати лица, за кои тој претпоставува дека се од Радовиш, дошле, го снимале од подалечна локацијa, а потоа, без никакво решение и без да му дадат временски рок, дошле со багери и булдожери и му го срамниле со земја неговиот скромен дом, кој тој го нарекува колиба. Вели дека е целосно свесен за сe околу себе и ...

Речиси седум децении постоење денеска одбележа средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип. Вкупно 69 години, училиштето пренесува знаења, вештини и вредности на генерации ученици. Со бројни спортски и рекреативни активности, како и ликовна изложба, одбележувањето започна уште вчера, а кулминираше централната свеченост денеска во штипскиот безистен. Учениците се претставија со пригодна и богата програма. Преку ликовната изложба, ...

На градскиот плоштад во Штип, денеска се одбележа Европската недела на имунизацијата, при што лекарите излегоа меѓу граѓаните за директно да ја подигнат свеста за значењето на вакцинацијата. Тие порачаа дека вакцините се најсилната заштита од опасни заразни болести и не се важни само за децата, туку за сите генерации. Предупредуваат дека со намален опфат лесно може да се вратат болести кои одамна се ставени под контрола. Во Штип, над 90 ...

Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од село Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, како заменик директор во техничкото ...

СДС против својот градоначалник, не сакаат отворање на рудник кој ќе го заживее регионот на Крива Паланка и ќе отвори нови добро платени работни места, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „СДС и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги имаат малку на број. СДС и Филипче не сакаат во Крива Паланка да се отвори рудник, наспроти ставовите на нивниот градоначалник ...

Нов удар врз слоободата на медиумите и демократијата. Христијан Мицкоски си го постави пријателот и почесен конзул на Гвинеја, Зоран Ристоски – Ѓузо за директор на МТВ, велат од СДСМ. Од партијата додаваат дека единствена квалификација на Ристовски е близината лично со премиерот Мицкоски. „Еден конзул за енергетика – Адамовиќ, сега уште еден конзул за МТВ по шемите на Мицкоски. Наместо националниот јавен сервис да биде еден од столбовите на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог. „Во рамки на средбата беше изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Министерот Муцунски ја реафирмираше посветеноста на Владата ...

ОО СДСМ Штип на денешната прес-конференција истакнаа забелешки во однос на управувањето со општинскиот имот. Претседателот на општинската организација, Павел Иванов, кажа дека, според нив, постојат пракси на давање под закуп и располагање со државна и општинска сопственост, при што недостигаат визија, отчет и поголема грижа за јавниот интерес. „Денеска пред јавноста отвораме сериозно прашање за начинот на кој Иван Јорданов и оваа несопособна ...

Револтирани и разочарани, оризопроизводители од Новоселани се жалат дека и годинава нивите ќе им останат непосеани со ориз. Иако браната Калиманци е преполна, водата од стариот систем за наводнување не стигнува до нив поради неисправен цевковод. Велат дека со години слушаат ветувања за решавање на проблемот, но без резултат. Поради тоа, денеска излегоа на протест. Дел од нив, како Зоран Станиславов, се соочуваат со дилемата дали да ги посеат ...

Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13% од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100 илјади жители, наспроти европскиот просек од 95 отсто, изјави министерот за здравство, Азир Алиу, на денешниот состанок на Економско-социјалниот совет во Владата, на кој ги презентираше новините во предлог законот за заштита од ...

Книгата е најтивката револуција што човештвото ја познава. Таа не вика, не урива, не бара дозвола, но менува сè, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на Саемот на книгата 2026 во Скопје. На свечениот настан, во присуство на голем број издавачи, автори, гости од земјава и од странство, како и голем број љубители на пишаниот збор, министерот истакна дека Саемот претставува „простор на мислата, имагинацијата и ...

Текстилниот сектор во истокот се соочува со пад, а очекувањата се дека во наредните пет години бројот на вработени може значително да се намали. Градоначалникот на Штип Иван Јорданов, одговарајќи на новинарско прашање ситуацијата, вели дека Владата и Министерството за економија континуирано спроведуваат мерки за поттикнување вработувања и инвестиции. Тој нагласи дека очекува овие мерки да придонесат за зголемен интерес кај инвеститорите. ...

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија информира дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – програмите беа ...

Партнерството со Словенија преку проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија“ продолжува и во периодот 2026–2028. „Во Словенија секогаш гледаме силна поддршка за нашата интеграцијата во ЕУ, а преку конкретната соработка во образованието и во здравството, како и преку пренесување на добри практики, овој сложен процес можеме многу полесно да го реализираме“, рече министерката ...

СДС на власт едно, во опозиција друго! Поранешни премиери и вицепремиери, како и поранешните претседатели на СДС, од типот на Заев, Ковачевски и Шеќеринска, додека беа на власт јасно и гласно беа против Техничката влада, а денес кога се во опозиција се против укинување на т.н. Пржинска влада, објави на социјалните мрежи Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Не нѐ чуди политиката на Филипче, која гласи – Се што ќе каже или направи ВМРО-ДПМНЕ, ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ги отвори редовните билатерални, македонско-американски одбранбени консултации на кои со, заменикот-помошник секретар за војна, Дејвид Бејкер и тимот од САД разговараше за регионалната безбедност, за развојот на Армијата преку процесот на модернизација и опремување, инвестициите во одбраната и новите можности за развој на стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу двете земји. „Нашите ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на надзорна расправа на Комисијата за еднакви можности во Собранието, каде истакна дека улогата на здравствениот систем е клучна, како во раната детекција, така и во обезбедувањето соодветна поддршка за жртвите на семејно насилство. – Министерството за здравство воспоставува системски пристап, со јасно дефинирани мерки и активности. Во тек е подготовка на програма за зајакнување на ...

Не може министрите во Владата да имаат резервна татковина, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека со законските измени што ги предлага пратеничката група на СДСМ и коалицијата јасно ќе се утврди дека носителите на функции во Владата мора да имаат само едно државјанство, со цел зајакнување на одговорноста и транспарентноста во извршната власт. „Ние ...

Од полноќ, Макпетрол ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас односно плин за 5 денари по литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар, истакна денеска владината портпаролка Марија Митева. Она што е особено значајно, како што рече, е дека и останатите компании на пазарот го следат овој тренд. Според неа, во ...

Од авион се гледа синхронизираноста на темата за државјанствата меѓу структури од Бугарија кои ја пуштаат темата, незадоволни од политиката на патриотизам и непопустливост на ВМРО, за разлика од поданичката политика на СДС, со која се налепуваат на оваа тема диктирана од Бугарија како мува на мед, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Според него, ваквата координација е резултат на бројните бизниси преку бугарски сметки на луѓе од врвот ...

Нема да дозволиме здравјето на граѓаните во Крива Паланка, да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на интересот на граѓаните. Тој кажа дека тие имаат право да ја знаат вистината за рудникот во Кривопаланечкиот регион дека еден од потписниците на тие договори што ќе го користат ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на панелот “Engineering the Infrastructure of Energy Security” во рамки на Del-phi Economic Forum, каде заедно со високи владини претставници и лидери од енергетскиот сектор се дискутираше за иднината на енергетската безбедност во регионот. Во своето обраќање, министерката Божиновска нагласи дека земјата влегува во нова фаза на енергетско позиционирање. ...

Утре ќе има големо славје во градот под Исарот, одбојкарите на Штип УГД се на чекор од историска шампионска титула, во спортската сала „Јордан Мијалков“ повеќе од јасно е дека ќе биде исполнето секое столче со верните навивачи и љубители на одбојката. Утре, петок со почеток од 19 часот се игра третиот меч од финалната серија, кој меч ако го добијат штипјани ќе ја освојат шампионската титула. Штип УГД има водство од 2-0 во финалната серија, а ...

Кошаркарите на Соколи од Штип успеаја да слават на вториот меч над Бутел со 65:68 за 1-1 во полуфиналната серија и со тоа изборија трет меч кој ќе се игра во градот под Исарот. Скопскиот тим подобро го отвори мечот со водство од 17:9, а потоа штипјани започнаа да ја намалуваат резултатската предност на домаќинот и на полувреме имаа негатива од 33:30. Потоа започна егал играта во која двете екипи резултатски се стигнаа една во однос на друга, ...

Во големото финале од Купот на Македонија кај дамите ќе се соочат Каменица Саса и Тиверија Брера, кој ќе се борат за Куп титулата. Тимот од Македонска Каменица без да игра меч од полуфиналето стигна до финалето, бидејќи екипата на Љуботен не се појави во малото рударско гратче за да го одигра полуфиналиот меч, ова значи службена победа за Саса од 3:0 и службен влез во големото финале. Тиверија Брера без проблеми го декласираше тимот на Топ ...

В сабота на телевизија М Нет ќе можете да го следите во живо натпреварот меѓу Кожуф и Шкендија Арачиново, меч од 26. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кој меч има голем влог особено за гостинот од Арачиново. Само три бодови се опција за екипата на Берат Имери на патот кон Прва лига, Шкендија Арачиново одигра одличен меч и во Купот на Македонија против тетовска Шкендија и максимално мотивирана доаѓа во Гевгелија по трите бодови. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
33%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
56%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
36%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.29
43%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
45%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
39%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
8.94
48%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Калај

50.03

Платина

64172.89

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57

Цинк

3.35

Злато

166450.52

Бакар

12.06

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89