Дванаесет возачи во текот на изминатото деноноќие биле лишени од слобода на територијата на целата држава поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, а меѓу нив бил и еден малолетник. Еден од возачите бил фатен како управува под дејство на алкохол. Дополнително, полицијата лишила од слобода уште тројца возачи кои ...

Штип има со што да се гордее. Штипјанецот Дамјан Давков освои сребрен медал на Светската олимпијада по информатика 2026, која се одржа во Ташкент, Узбекистан во периодот од 9-16 август. Со своите три сребра и една бронза во своите четири учества, Давков е најуспешниот натпреварувач на Интернационалната олимпијада по информатика. Успехот на македонските натпреварувачи беше надополнет и од Владимир Грлев и Никола Стојковски. Со вкупно три ...

Потврдени и други имиња кои ќе бидат дел од „Штипска Пастрмалијада“ 2026. На 18 септември 2026 година, на шеталиштето „Ванчо Прке“ во Штип, пред штипската публика ќе настапи популарната пејачка Сара Јо, која подготвува големо музичко шоу со своите најпознати хитови и специјален сценски перформанс. Нејзиниот настап ќе го означи стартот на музичката програма на годинашното издание на „Штипска Пастрмалијада“, со вечер исполнета со музика, ...

Започна асфалтирањето на паркингот зад новата трибина на Градскиот стадион во Штип. Во првата фаза се асфалтира паркингот зад стадионот, а потоа ќе следи и втората фаза – пробивање на нова улица која ќе го поврзе стадионот со новата автобуска станица и маркетот „Лидл“. Со реализацијата на овој проект, граѓаните ќе добијат ново и подобро сообраќајно поврзување, а просторот зад стадионот ќе биде уреден и функционален. Ева Тушевска, М-Нет ...

Домашно козјо млеко, урда и овчо сирење продава тетка Зајде од карбинското село Радање. Сами со својот сопруг чуваат над 50 кози и неколку овци во селото, со кои чесно работат и тргаат пари на страна. За М-Нет телевизија таа вели не е ништо тешко, кога се сака, бидејќи нејзе работата ја држи во живот. Млекото го продаваат по 100 денари за кило, а урдата по 200 денари, додека сирењето држи цена до 500 денари. Вели штипјани купуваат Младите ...

По повеќегодишните најави и одложувања, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека довршувањето на булеварот со децении било едно од ветувањата за жителите на овој дел од градот, каде што секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани. Според него, по решавањето на долгогодишниот проблем со експропријацијата, трасата била ослободена и работите ...

Да не се мешаат своите овци со комшиските овци и да не се пуштаат луѓе во фармите, за да не дојде до појава на болеста овча сипаница, советува овчарот Бајрам Омер од с. Лакавица, штипско. Омер тврди дека овча сипаница засега во штипско нема, но смета дека мора да се преземе нешто за да не дојде до ширење на болеста. Како што вели тој, појавата на оваа болест значи целосно уништување на добитокот. ,,Кај нас нема уште во нашиот крај. Како што ...

Стравуваат ли штипјани од западнонилската треска или, сепак, нема место за паника? Граѓаните со поделени мислења, едни велат дека се загрижени, особено поради зголемениот број случаи, додека други велат дека не се плашат и не веруваат во сериозна опасност. Иако неколку счуаи се потврдени во скопскиот регион, сепак граѓаните веалт дека во Штип до тоа не може да дојде. Повозраснтие велат дека комарците се нормална работа во летиот период, ...

Стада добиток забележани во дворот на планинарскиот дом „Вртешка“ и црквата „Св. Георгиј“ на планината Плачковица. Според објавеното видео на социјалните мрежи, добитокот слободно влегува во просторот околу објектите, ја пасе тревата, при тоа уништувајќи ги неколкугодишните насадени дрвца. Според информациите од засегнатите, ова не е прв случај, туку актуален проблем на Плачковица кој се повторува и станува сè почест. Просторот околу ...

Шест пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, според најновите податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 13 часот на 15 август. Во текот на денот биле регистрирани вкупно 11 пожари. Покрај шесте активни, три се ставени под контрола, а еден пожар е целосно изгаснат. Активни се пожарите во општина Студеничани, во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Во Македонски Брод пожарот ...

Педесетгодишен жител на Тетово е осомничен за семејно насилство, сериозни закани кон сопругата и ќерката, како и за прекршување на претходно изречени мерки за заштита од семејно насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово. Според обвинителството, на 14 август осомничениот сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката дека ќе ги нападне и ќе им го загрози животот. Случајот започнал откако во домот дошле лица кои од осомничениот ...

Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот се спроведува согласно Правилникот за барањата ...

Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако при изведување градежни работи во Тетово бил оштетен оптички кабел во сопственост на Министерството за внатрешни работи. СВР Тетово поднело кривична пријава против В.К. (53) од Тетово и Ј.А. (27) од селото Цветово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или оштетување на јавни инсталации“. Според МВР, на 28 март 2026 година, првопријавениот, како ...

Повеќе од десет лица се повикани на разговор во Министерството за внатрешни работи по ширењето на лажната информација дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во скопската Општина Кисела Вода, Мицкоски оцени дека ширењето вакви пораки преку социјалните мрежи претставува обид за создавање немир, несигурност и страв кај граѓаните. Тој ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу ...

Пелистер сезоната во Втората лига ја отвара против дебитантот Камјани во меч кој ќе се игра под рефлектори, а истиот е закажан за во 20 часот, кој меч ќе можете да го следите преку директен пренос на М Нет телевизија од Битола. Битолчани ќе ја имаат фаворитската улога и ќе одат кон експресен кам-бек во елитата, а пак новајлијата во второлигашкиот шампионат сака да има позитивен меч на нивниот премиерен меч како второлигаши. Во одличен ...

Третолигашот Карбинци ги започна летните подготовки за новата сезона во Трета лига регион 3, со првиот собир и тренинг под водство на Мирче Матков, кој и во новата сезона ќе го води овој третолигаш. Клубот го напушти Марио Атанасовски кој замина во редовите на Брегалница Делчево, а претходно и голманот Филип Слободановски, кој премина во Победа од Валандово, а клубот нема дам оже да смета ниту на Бобна Стојанов, кој е повреден. Како што ...

Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди. – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со Владата и со Министерството за образование и наука, изјави ...

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. – Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за ...

На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В., за кого од надлежен суд била изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање ...

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој сподели фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски оценувајќи дека се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми. – Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите ...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, еден е ставен под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес, Јегуновце, Крушево и Сарај. Во Студеничани гори на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што е зафатена мешана шума. Во Македонски ...

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 28 до 33 Целзиусови степени. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури ...

„Во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот Рамковен договор, ВЛЕН, како дел од Владата, организираше низа панели и активности посветени на децентрализацијата, локалниот развој, еднаквоста и европската иднина на земјата“, велат од ВЛЕН. „На овие активности учествуваа копретседателите на ВЛЕН, Изет Меџити и Билал Касами, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, и министерот за односи ...

Водата од водоводот во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна се додека не се добијат конечните резултати од супер-анализата, извести Ј.К.П Бошава Демир Капија. „По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати. Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува ...

„Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат ‘на здравје’ и дека е ‘многу вкусна’. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе“, велат од СДСМ. „Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово. И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност – ...

Во текот на вчерашниот ден се случи непријатен инцидент. Првите двајца пожарникари коишто пристигнаа со помало противпожарно возило кај објект, штала, во којашто се чувала поголема количина тутун, во близина на Прилеп, биле нападнати од сопственикот, информираше Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Како што објасни Ангелов, сопственикот нервозно се приближил до пожарникарите и со буткање во пределот на градите, ги отстранувал и спречувал да ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Националната установа „Природонаучен музеј на Република Северна Македонија – Скопје“, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со ...

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што информираше денеска директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, пациентот уште при прием бил во тешка општа состојба, со изразена невролошка симптоматологија. Директорот додаде дека во моментов на Клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти, од кои кај 19 е лабораториски потврдена инфекција со ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54