Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок, информираат од таму. Од Град Скопје појаснуваат дека заклучно со 23 јануари 2026 година, вкупно 830 даночни обврзници ги ...
Утре претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне ...
Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со билет за кој не добил фискална сметка, не му бил побаран документ за идентификација, а откога се случил пожарот и настанало стампедото, обезбедувањето му помогнало да излезе. Данаилов во детали објаснуваше што се случувало ноќта кога се случи пожарот во „Пулс“. Бил повикан на роденден кај другар и во ...
Глоби до 500 евра и одземање возачка дозвола – камерите на проектот „Безбеден град“ од први февруари ќе ги бележат сите прекршоци За пречекорување на брзината во населено место, казните се движат од 15 до 300 евра, зависно од брзината. За пречекорување на брзината надвор од населено место од 20 до 300 евра . Поминување на црвено казна од 250 евра и забрана за упраување од 3 до 12 месеци. Непрописно паркирање и запирање глоби од 25 евра до 180 ...
Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби. ️ Пречекорување на брзина во населено место (дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак) • до 10 km/h над дозволеното – 15 € • од 10 до 30 km/h – 50 € • од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на граничниот премин Блаце им даде поддршка на домашните транспортери, кои од денеска започнуваат седумдневен предупредувачки протест заедно со превозници од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Протестот се организира како израз на револт против новите правила за електронска евиденција при престој и транзит во Шенген зона. Николоски истакна дека протестот има ...
Сместена во полустепскиот предел на Пенуш, најголемата депонија на истокот оддалечена над 10 километри од Штип чади и лете и зимо. Штипјани од високите зони го гледаат црниот чад, а во зависност од правецот на ветерот се чувствува смрдеата од запалената депонија. Ветерот го чисти воздухот што го дишат штипјани, но за најчистиот град најголем непријател е ветерот кој дува од западна страна, па чадот и смрдеата од депонијата директно се шират ...
Точно напладне превозниците ги блокираа граничните премини за излез од државата заради новиот начин за влез и излез од ЕУ. На протестот се обединија возачите од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија, а блокирани се граничните терминали за товар. Кај нас се затворени граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце – Прешево е затворен од српска страна. Целта е ...
Денес во Собранието, се одржа заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. На седницата присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадорот на Република Кипар, Андреас Фотиу; министерот за европски прашања, Беким Сали; пратеници, претставници на медиумите, како и членови на граѓанскиот сектор и граѓански организации. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко ...
Вандализам го пустоши централното градско подрачје во Штип. Искрешни саксии, расфрлани цвекиња, земја по тротоарот, вака изгледа од утрово просторот покрај коритото на реката Отиња. Ваквиот злочин не е за прв пат, а крај на ваквите случаи никако да се стави. Граѓание револтирано реагираат и бараат само казни за сторителите. Според нив, ова пред се доаѓа од домашното воспитување. Прашани дали некогаш ќе се стави крај на ваквите појави, ...
24 годишно момче без дозвола извадило над 30.000 денари од картичка на жена во Штип, денес доби кривична пријава СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 20.10.2025, пријавениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка, по што ...
Поројни дождови ја зафаќаат земјава и носат потенцијална опасност од излевање на реките . Според секторот за хидрологија при Управата за Хидрометеролошки работи, локално се можни поинтензивни и поројни врнежи кои може брзо да го зголемат водостојот на суводолиците и помалите реки. Зголемен водостој се очекува и во реката Брегалница, но не и излевање на истата. Опасноста се однесува пред се на помалите водотеци кои реагираат најбрзо на ...
Рок, одлука и одговорност бараат родителите на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Тие реагираат поради, како што велат, предолгото одолговлекување на постапката што ОЈО ја води од 12 јуни 2025 година. Иако со месеци добиваат уверувања дека предметот е во завршна фаза, конкретна одлука, според нив нема. Родителите предупредуваат дека секое ...
Општина штип распиша јавен повик за доделување на материјална поддршка на спортските клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во општина Штип и спортски манифестации кои се одржуваат на територија на општина Штип. Како услови кои се наведени во јавниот повик се годишна програма за работа и функционирање на спортски клуб односно спортското здружение, планот за реализација на проектот, програма ...
Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, соопшти дека е поднесена иницијатива до Уставен суд за оценување на уставноста на Законот за прекршоци, донесен за имплементација на проектот „Безбеден град“. Села изјави дека со законот, кој се однесува на целото население, остануваат отворени прашања зошто измените не биле предложени од Владата, туку од пратеници во Собранието. Според него, со тоа се отвора дилема што сака да ...
Во просториите на Министерството за европски прашања, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Република Кипар, Андреас Фотиу. Во фокусот на разговорите беше процесот на евроинтеграциите, дипломатските односи меѓу двете држави, како и реформската агенда која се реализира со предвидената динамика. Министерот Сали лично му упати честитки на амбасадорот Фотиу за ...
Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени кажа дека тој и брат му Андреј, кој загина во пожарот, работеле непријавени, во дискотеката и претходно се користеле запаливи средства за забава, дека имало само еден влез/излез за гостите и дека имало малолетни лица. Панов сведочеше дека работел во „Пулс“ за викенди, на повик, а ...
Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите кои го следат судењето. Пред да почне сослушувањето на сведоците, судијката Диана Груевска-Илиевска ги предупреди родителите на загинатите да го почитуваат редот во судницата и им објасни дека сите обвинети имаат право на адвокат, по тензијата од минатото рочиште. Ги предупреди дека ќе бидат исклучени од судењето доколку го нарушат редот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, денеска го потпишаа Протоколот за правила за потекло, кој претставува интегрален дел од Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство. Протоколот за правила за потекло овозможува практична и правна примена на проширената ...
За десетина дена оризарите од кочанско излегуваат на протест, прв за оваа година. Како што велат намалувањето на производната цена, слабиот откуп на оризот ги става во мат позиција, а катастрофална е и откупната цена на оризовата арпа која се движи од 18 до 20 денари. Најавуваат радикални протести со цел да го добијат она што го заслужуваат и оризот како култура да продолжи да се произведува. „Имавме собир на кој се договоривме дека ќе ...
Неделава треба да се избере најповолен изведувач за изградба на првиот старечки дом во Кочани. Објектот ќе се гради на локација кај некогашната стара касарна во Кочани и ќе биде од големо значење за граѓаните како од градот така и од регионот. Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, истакна дека пет фирми се пријавиле на огласот за изведувач на домот, а во наредните денови ќе биде распишана и аукција. „На 15 јануари 2026 година ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ испрати барање до Град Скопје како подносител на кривичната пријава против Цементарница Усје АД Скопје, поднесена во 2023 година, да достави ургенција до Јавно обвинителство со цел да се добие информација за статусот и фазата на постапката. Од иницијативата бараат Обвинителството да одговори дали постапката е во тек, дали е привремено запрена и кога се очекува да продолжи, како и причините за таква ...
Политичката партија Левица најостро го осудува недозволивото доцнење со исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори во октомври, односно ноември 2025 година. „Иако од изборниот процес поминаа речиси три месеци, голем број ангажирани лица сè уште не ги добиле заработените средства, а процесот на исплата кој се врши преку единиците на локалната самоуправа во повеќе општини не е ни блиску ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот застој на европскиот пат на државата и практикувањето на антиевропски манири од страна на актуелната власт. Филипче оцени дека во речиси половина од мандатот на Владата нема никаков напредок во исполнувањето на европските обврски, ниту пак се работи по забелешките од европските извештаи. Според ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што се презема конкретен и системски чекор кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во овој значаен здравствен комплекс. На координациски состанок, одржан заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град ...
Ако се погледнат активностите на Венко Филипче и Али Ахмети и кога беа на власт а и сега, заеднички им се две работи, криминални шеми и негрижа за граѓаните, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче стана препознатлив по случајот кога изгоре модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропуста на Филипче загинаа 75 лица. Али Ахмети пак освен ...
Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и соседна Србија, сега си најдоа нова опсесија. Откако со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја, до степен човек да не можел да ги разликува дали биле опозиција во Србија или пак во Македонија, сега отидоа малку по на север и се фатија со Унгарија, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јон Фрчкоски од СДСМ. „СДС на чело со Венко Филипче, очигледно, живее во ...
Пелистер ја доби драмата со Работнички и пред верната публика славеше со 88:85 во рамки на 12. коло на кошаркарската Суперлига, па така битолчани победнички ја започнаа 2026 година. На полувреме предноста беше 47:44, па тоа јасно покажа дека до крајот на мечот ќе има голема неизвесност. Иако битолчани стигнаа и до највисоките 74:65, скопскиот тим успеа да направи вистинска драма во завршни моменти, а по која Пелистер на крај славеше со 88:85. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Шестата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, која се одржува под нејзино покровителство. Сиљановска-Давкова ја оцени Зимската школа како значаен настан што ја продолжува долгата научна и културна традиција на македонистиката и нагласи дека таа претставува жива ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ го разоткрил, како што наведуваат, „медиумскиот октопод“ поврзан со ВМРО-ДПМНЕ, кој, според нив, функционира како политичка алатка за ширење на влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Северна Македонија. На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, изјави дека унгарски компании и поранешни високи функционери од унгарскиот јавен сервис систематски купувале контролни удели во ...