Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Продавачите меѓусебно се договараат за поскапувањето на цените на производите на штипскиот пазар – тврдат дел од анкетираните граѓани. Велат дека цените се речиси исти на сите тезги, па немаат многу избор од каде да купат. Кружат низ пазарот во потрага по поевтини производи, но велат дека на крај сепак мора да купат, бидејќи храна мора да се обезбеди. Производителите, пак, прашани за ваквите тврдења, категорично ги негираат. Велат дека цената ...
Безбедносната состојба во државата е стабилна, истакна премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип. Ситуацијата се следи постојано, и единствени предизвици може да се јават во делот на цените на гасот и нафтата. Меѓутоа, како што посочи Мицкоски ќе се работи на намалување на акцизите и даноците со цел да се намали ударот врз џебот на граѓаните. „Во овој момент можам да кажам дека безбедносната состојба е стабилна. Можеби со тек на време ќе ...
Безбедносната состојба во државата е стабилна, истакна премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип. Ситуацијата се следи постојано, и единствени предизвици може да се јават во делот на цените на гасот и нафтата. Меѓутоа, како што посочи Мицкоски ќе се работи на намалување на акцизите и даноците со цел да се намали ударот врз џебот на граѓаните. „Во овој момент можам да кажам дека безбедносната состојба е стабилна. Можеби со тек на време ќе ...
Пролетта пристигнува порано, од утре сонце и повисоки температури. Како што истакна дежурниот синоптичар Јулија Фиданоска Мишкоска за М-Нет телевизија, иако март е секогаш променлив месец, сепак во следните денови температурите ќе бидат повисоки. Кажа дека температурите во истокот од државата се очекуваат и по 17 степени, а сонцето ќе биде постојано над ова поднебје. ,,Од утре веќе ќе имаме стабилна временска состојба, особено утре и во ...
120 млади девојки и студентки од пет земји во светот се приклучија на меѓународниот онлајн настан посветен на женското лидерство во енергетиката, инженерството и рударството. Лидерството, знаењето и храброста на жените во стратешките индустрии беа во фокусот на онлајн настанот „Leading in Energy and Mining: The Professional Journey of Sanja Bozhi-novska“, кој ги обедини млади студентки, експерти и лидери од енергетскиот и инженерскиот сектор. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип, одговарајќи на новинарски прашања, го бранеше министерот Панче Тошковски од кого опозицијата побара оставка по трагедијата во Карпош во која загинаа мајка и шестгодишно дете, жртви на семејно насилство. Објасни дена министерот јавно и детално објаснил што се случувало. „Јас не би ја коментирал опозицијата бидејќи тие бараат оставка секој ден, од секого, без разлика на тоа какви се нивните аргументи. ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објави дека станал татко по трет пат. „Со особена радост сакам да споделам дека вчера станав татко по трет пат. После две прекрасни ќерки, нашето семејство го збогативме и со син. Голема радост и благодарност за овој благослов“, напиша тој на „Фејсбук“. Текстот Министерот Тошковски објави дека станал татко по трет пат е превземен од МАКФАКС. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ...
Десет тони опасен и несоодветно складиран хемиски материјал е отстранет од простории на Институтот за јавно здравје, кој се наоѓа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Отпадот со години бил неправилно складиран, а станува збор за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба. Директорката на Институтот, Марија Андоновска, изјави дека отпадот е безбедно отстранет и нема да остане во ...
Стабилна и мирна е безбедносната состојба по воените дејствија на Блискиот Исток, уверува премиерот Христијан Мицкоски, но смета дека се можни економски предизвици во иднина. На седницата на Советот за безбедност организирана од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, премиерот вели дека направиле анализа врз основа на информациите што ги добиле од службите и од министерствата за одбрана и за внатрешни работи. „Врз основа на тие ...
Жените треба да продолжат да го креваат својот глас, а мажите да бидат едуцирани дека не се супериорни, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на собраниската седница посветена на 8 Март, Денот на жената. Во својот говор тој зборуваше за фактот дека нашето општество се развива со оглед на тоа што имаме претседателка. „За да видиме каде сме, неопходно е да започнам со еден елемент што можеби изгледа симболично, но во суштина е доказ ...
На 29 март ќе се одржи второто издание на „Вардиште Траил“ во Сончев Град во Штип, а во организација на клубот Ултра. Во тек се пријавите како за оваа трка, така и за детската трка, а годинава интересот е голем. Пријавите се отворени уште десеттина дена. „Во тек се пријавите за детската трка „Вардиште Кидс“ која ќе се одржи втора година по ред, интересот е голем, како што очекувавме. Минатата година имавме околу 120 дечиња, оваа година ...
Подгответе се за целосно ново, несекојдневно шопинг искуство! На 6, 7 и 8 март, СЕТЕК свечено ги отвора вратите на својот целосно реновиран и значително проширен премиум салон во Скопје City Mall. На добро познатата локација каде што купувачите навикнаа да ја наоѓаат врвната техника, сега ги очекува многу повеќе. Новиот салон е просторно поголем, со помоќна понуда, замислен да овозможи премиум искуство за секој посетител. СЕТЕК City Premium е ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста“. Во рамките на настанот, на центарските улици ќе се организираат уметнички улични перформанси по примерот на поголемите светски културни центри, со учество на музички, акробатски, танцувачки и други изведувачи кои со своите точки ќе создадат уште една ...
Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“, најави премиерот, Христијан Мицкоски. „Денеска заедно со градоначалникот на Штип сме во производниот погон на „АКТИВА Штип“. За мене навистина претставува задоволство што еве и ние како Влада сме на некој начин учествувале да овој производен капацитет добие поинаква физиономија, односно да сопствениците на „Актива Штип“, користејќи го оној заем за којшто ...
На собраниската седница посветена на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, имаше излагање во кое посочи дека зад празничните честитки стои сурова реалност на институционална негрижа кон жртвите на семејно насилство и длабоко нефункционален систем кој со години не успева да ги заштити најранливите. „Кога сторителите на семејно насилство имаат богата историја на кривични пријави и само условни пресуди, ...
По смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за закони за заштита и превенција од семејно насилство, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, на собраниска седница посветена на 8 Март Денот на жената. „Долго се думев дали има смисла да зборувам по страотното банализирање на злото наречено семејно насилство до степен на фемицид. Во траорна атмосфера по смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за резолуции, ...
Трагедијата во скопската населба Карпош, во која згаснаа животи на мајка и дете ги покажа сите сериозни пропусти на МВР. МВР на Тошковски потфрли. Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вели Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Како што кажа, вкупно 12 пријави имало за сторителот, кој имал и други обвиненија и кривични пријави, а во последниот случај кај него била пронајдена и дрога. ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со активности за подобрување на комуналната инфраструктура на територијата на општината. Во тек е поставување на атмосферска канализација на улицата „Воин Драшкоци“ во населбата Хром, на делница во должина од еден километар со ширина на улицата од седум метри. Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се решава долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води, што значително ќе придонесе за ...
Македонија е земја во која што шест квартали по ред економијата има стабилен раст, оцени на денешната прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Особено е важно, додаде тој, да се види што стои зад овој раст. Како што оцени, најголем придонес има во градежништвото, кое во последниот квартал од минатата година забележало раст од 14,6 проценти. Тоа, според него е највисока стапка на раст меѓу сите економски сектори и јасно ...
Поранешниот македонски претседател Киро Глигоров одбил понуда од 100 милиони долари за промена на името во 1992 година, се наведува во неодамна декласификуван документ на американската тајна служба ЦИА. Документот открива дека Глигоров одбил понуда од грчки претставници од 100 милиони долари, под услов името на земјата да се промени. Претседателот ги опишал грчките барања како целосно неразумни, изјавувајќи дека Македонија никогаш нема да ги ...
СДС на Заев и Филипче се продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко. Македонија со власта на СДС, Заев и Филипче беше прогласена за хибриден режим, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „СДС на Заев и Филипче, даваше пасоши на белосветски криминалци, државјанства на криминали како русинот Онишченко и тендери на почесни конзули на Белорусија, како што е Борче Марковски. СДС на Заев и Филипче на ...
Фудбалерите на Брегалница во сабота ги очекува исклучително тешко гостување кај екипата на Новаци, во дуел каде само трите бодови се опција и за двете екипи на патот кон Прва лига. Одличната серија на резултати му го отвори патот на Новаци да ги напаѓа позициите за Прва лига бидејќи од првото место има само четири бодови негатива, а од бараж зоната само два бодови. Победникот од овој меч ќе има прогрес на табелата и од тука е притисокот за ...
В сабота се играат натпреварите од 19. коло на Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе имате можност да го следите во живо дербито на Истокот кое се игра во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Беласица. Овој меч е од капитална важност бидејќи радовишани со триумф ќе продолжат сериозно да ги напаѓаат бараж позициите за Прва лига, а Детонит Плачковица од врвот е само на минус пет бода. Од друга страна Беласица нема пролетен ...
Одбојкарскиот клуб Младост УГД од Штип испиша историја, откако одбојкарките обезбедија пласман на фајнл-форот во Купот на Македонија. Во четвртфиналето штипските одбојкарки стигнаа до победа од 3-1 во сетови против ланскиот финалист Јанта Волеј КВ. Во првиот сет Младост УГД беше подобар со 25:22, а веќе во вториот сет скопскиот тим израмни на 1-1 во сетови, а истиот го доби со 23:25. Третиот сет му припадна на Младост УГД откако со 25:23 за ...
Рамајана. Росица. Кате. Марија. Која треба да е следна? Дали сите треба да умреме за да проработи системот? Дали треба уште едно име да стане хаштаг, уште една фотографија да стане црна рамка, уште едно дете да остане без мајка, уште една мајка/татко без ќерка – за институциите да сфатат дека молкот убива? Пријави за семејно насилство, закани. Но, од друга страна, институционален молк, истакна на собраниска седница претседателката на ЛДП, ...
Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, Садудин Ибраими, денес во Тетово потпишаа заеднички Меморандум за соработка меѓу Министерство за здравство и Универзитет на Југоисточна Европа. Со овој Меморандум се воспоставува и унапредува институционалната соработка со цел поддршка на процесот на дигитална трансформација и модернизација на здравствениот систем во државата. -Соработката предвидува размена на ...
Второлигашот Шкендија Арачиново реши да се раздели со тренерот Љупчо Марковски – Калц, поразот од Скопје во директната дерби пресметка за Прва лига очигледно му пресуди на популарниот Калц и со тоа двете страни се разделуваат. Тимот од Арачиново сега е без тренер, ќе треба да реагира и да донесе тренерско име кое што ќе продолжи да ја води битката за Прва лига бидејќи ништо не е изгубено, а тимот од Арачиново е и во историското полуфинале од ...
Градежните активности за доградба и проширување на општинското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“ влегуваат во својата завршна фаза. Градоначалничкатана Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска изврши увид на терен, каде интензивно се работи на финализирање на овој значаен проект. Таа посочи дека со изградбата на нови 390 квадратни метри простор, односно по 130 квадрати на секој кат, трајно се унапредуваат условите за ...
Денеска и утре (05 и 06 март) тим од Министерството за одбрана предводен од државниот секретар, Елизабета Чуповска Ристова и тим од НАТО предводен од директорот за одбранбено планирање во Алијансата, Карл Форд ќе ги реализираат редовните годишни билатерални одбранбени разговори. Државниот секретар Чуповска – Ристова на отворањето на билатералните консултации истакна дека земјава е целосно посветена на развојот на одбранбените капацитети и ...
Со асфалтирање на вториот и завршен слој, улицата „103“ е комплетно завршена и подготвена за користење, соопшти Општина Илинден. Станува збор за современо изведена улица со должина од 512 метри и широчина од 6 метри, проектирана по највисоки стандарди, со тротоари од двете страни во широчина од по 1,5 метри, што овозможува безбедно и функционално движење на сите учесници во сообраќајот. „Со оваа инвестиција, Општина Илинден уште еднаш ...