Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Воениот конфликт во Иран ќе влијае на економијата, според министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој денеска беше во посета на Штип. Како што рече тие како министерство ќе дадат се од себе за да бидат спремни. Постојано се набавува оружје, а во наредниот период кажа дека ќе бидат презентирани и новите страјкери, кои што пристигнаа во Македонија. ,,Состојбата секој ден станува се по интензивна, потензична, бидејќи се продожуваат еве веќе ...
Се намалува бројот на тужби од припадници на АРМ, за исплата на додатоци. Според министерот за одбрана Владо Мисајловски, во минатото институцијата се соочувала со околу илјада тужби, кои чинеле повеќе од 15 до 20 милиони евра. Тој вели дека најголемиот дел од обврските што претходно не биле исплатени сега се подмирени. Со тоа, како што посочува, се прават напори да се намали потребата од нови судски постапки. ,,Многу се намалени тужбите, се ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во градежните активности на новата полициска станица во општина Аеродром. „Континуирано инвестираме во подобрување на условите за работа на полициските службеници и во модернизација на услугите што ги добиваат граѓаните. Новата полициска станица во Аеродром ќе биде современ објект кој ќе обезбеди подобра организација на работата, повисоко ниво на безбедност и поквалитетна ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, на која се разговараше за унапредување на меѓуинституционалната соработка во насока на јакнење на интегритетот во јавната администрација. „Фокус на средбата беше ставен на развој и спроведување на едукативни активности и обуки за јавните службеници, насочени кон зајакнување на интегритетот и ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше и се обрати на министерскиот панел на високиот настан „Electricity, Digital and Regional Interconnectivity in South East Europe“, кој се одржа во Солун, Република Грција, со што официјално беше започнат новиот проект на ОЕЦД за унапредување на електроенергетската поврзаност, дигитализацијата и регионалната соработка во Југоисточна Европа. Настанот собра ...
Денеска може да видиме еден целосно готов објект, но и еден објект каде што е речиси 70% завршен и очекувам дека во следниот месец комплетно ќе биде завршен овој објект. Ова се само дел од објектите што ги реконструираме, рече министерот за одбрана, Владо Мисајловски, при денешната посета на касарната „Јане Сандански“ во Штип и увидот во градежните активности кои се реализираат во моментов во оваа касарна. Министерот Мисајловски додаде дека ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27% во однос на одлуката од 2.3.2026 година. Од 10.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар) Моторен бензин ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс. На средбата се разговараше за активностите и проектите што ги спроведува Општина Центар, како и за можностите за продлабочување на соработката и реализација на заеднички иницијативи и проекти. „Имавме одлична средба, со посебен фокус на проектите и плановите за ...
Општина Аеродром во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, денеска започна голема заедничка акција за уредување и разубавување на парковите и булеварското зеленило на територијата на Општина Аеродром, информираат од таму. Градоначалникот Дејан Митески и в. д. директорот на претпријатието Муамер Сефери извршија увид на теренот, каде што екипите со соодветна механизација работат на повеќе локации. „Се врши машинско косење на тревните површини, ...
Во јавноста повторно се отвора прашањето за можни измени на изборното законодавство и за различни идеи поврзани со функционирањето на Собранието. ДОМ смета дека ваквата дебата е добредојдена, но таа треба да се води со фокус на вистинските демократски реформи кои ќе го подобрат квалитетот на претставничката демократија. Наместо дискусијата да се сведува само на бројот на пратеници, влеат од ДОМ, неопходно е во прв план да се постави прашањето ...
Ланските четири екипи одново обезбедија место на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија, Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкаоид и Охрид ќе се борат за Куп титулата. Сосема очекувано фаворитите ги потврдија „билетите“ за фајнл-форот, без било какви изненадувања. Во групата А Вардар беше победник, откако славеше над Бутел со 19:26, а пак Еурофарм Пелистер 2 го доби Мулти Есенс со 23:28. Во финалето на групата Вадар со 27:22 го доби ...
Продолжува борбата за влез во кошаркарската елита на Македонија, водечките екипи ги оправдаа фаворитските улоги, а со тоа продолжува борбата на четирите екипи за пласман во ранг погоре. Екипата на Соколи стигна до уште една убедлива рутинска победа, откако во спортската сала „Јордан Мијалков“ беше декласирана екипа на Вардар со 117:71. Ова беше уште една лесна, сигурна и убедлива победа за тимот од Штип. Без проблеми и Струмица славеше ...
Денес во рамки на Комисијата за Политички систем и односи меѓу заедниците на иницијатива на политичката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, донесовме одлука за организирање на јавна расправа по повод новиот реформски закон за Јавното обвинителство, изјави Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. „Како претседател на Комисијата сметам дека ова е многу важен закон, многу важно законско решение, затоа што независно од која политичка ...
На 15 март Штип ќе биде домаќин на меѓународниот шаховски турнир „Штип Опен 2026“ на кој учество ќе земаат натпреварувачи од пет држави, со што се потврдува големиот интерес за овој турнир, а кој го организира шаховскиот клуб Нов Напредок од Штип. На турнирот ќе учествуваат 86 шахисти од Македонија, 15 ќе пристигнат од Србија, од Косово ќе дојдат двајца натпреварувачи, Грција ќе биде застапена со три натпреварувачи, а петтмина доаѓаат од ...
Боксерите на Пинк Пантер од Штип овој викенд забележаа нов големи успеси во рамки на седмото коло на Опен Балкан лигата Олимписки надежи, а искусниот тренер Петре Чурлиновси е задоволен од настапот на неговите боксери, за што е исклучително горд бидејќи на неколку кола до крајот, штипските боксери веќе се на врвот со значителна бодовна предност пред конкурентите. Штипските „пантери“ во градот под Исарот се враќаат одново со многу медали. ...
Започна пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток со мечевите од 12. коло, но овој регион остана со девет екипи по откажувањето на Светлост од Зрновци и на Рудар од Пробиштип. Дури три екипи беа слободни во првото пролетно коло, односно Малеш кој требаше да игра со Рудар и Карбинци кој требаше да игра со Светлост, а пак екипата на Победа Валандово беше слободна во првото пролетно коло поради непарниот број на екипи со ...
На Градскиот стадион во Пробиштип сениорски фудбал оваа пролет нема да се игра, градот останува без фудбал откако Рудар се повлече од натпреварување во Третата македонска фудбалска лига – Исток. Тимот од Пробиштип минатиот викенд требаше да го одигра натпреварот против Хоризонт Турново од последното есенско коло кој беше одложен, но Рудар не допатува и не го одигра овој натпревар, а Турново резултатот го доби со службени 3:0. Ниту овој викенд ...
Лагите и манипулациите од страна на СДС и Филипче, за наводни мигранти во Македонија, ги демантираше викендов британскиот амбасадор Метју Лосон. Откако од петни жили, СДС и Филипче се бореа да создадат паника, хаос и хистерија кај граѓаните за пристигнување на мигранти во Македонија, таа лага им се распрсна како меур од сапуница, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. „Нема договори, нема преговори, нема центри за ...
Брегалница триумфираше над Новаци со 1:3 и стигна на минус три бода од лидерот Охрид, „сините“ на Влатко Костов забележаа голема победа на тешко гостување и во Штип се вратија со целиот „плен“ што беше цел во рамки на 19. коло на Втората лига. Сега Брегалница доаѓа на минус три бода од лидерот Охрид, кој има 43 бодови, а штипјани имаат 40 бодови. „Рибарите“ со 10:0 ја декласираа Победа, а пак Шкендија Арачиново со 0:4 славеше над Големо ...
Со положување цвеќе, комеморативна програма и посета на евриските гробишта, денеска се одбележа 83 години од депортацијата на Евреит во Штип. На настанот присуствуваа претставниците на општината, Владата, на еврејската заедница, претставници на политички партии и здруженија, кои оддадоа почит пред споменикот на депортираните Евреи во центарот на градот. Општината секоја година им оддава почит на 7144 евреи кои беа депортирани, однесени во ...
Денеска православните христијани го одбележуват денот на наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител. Великиот и славен Крстител Јован бил убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада наредила да не ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашела дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зела неговата глава и ја закопала на едно скриено и бесчесно место ...
Внук на бугарски кмет, неуспешен политичар, неуспешен дипломат, самопрогласен амбасадор, човек без кичма, став и достоинство, измеќар на Заев и Филипче – Андреј Жерновски, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Овој човек, мкако што додаваат, без грам кредибилитет пред да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага, треба прво сам да се погледне во огледало. „Тој е истиот оној кој лажеше дека трибина од стадион кај и да е ќе падне, па еве 15 години по тоа ...
Христијан Мицкоски лаже. Од сите премиери во светот, од сите премиери во Европа има само еден, и тоа е на овој брдовитиот Балкан, поточно во Македонија, којшто употребува термин којшто досега не е познат во политиката. Тоа е терминот „вистинска вистина“. Сте го слушнале. Но кој човек зборува за вистинска вистина? Оној што има друга вистина. Тоа е лажна вистина, истакна на прес-конференција Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ. ...
Во современото општество, унапредувањето на родовата еднаквост и создавањето еднакви можности за сите, претставуваат основа за одржлив економски и социјален развој. Водена од овие вредности, Халкбанк АД Скопје континуирано ја гради својата корпоративна политика врз принципите на инклузивност, одговорност и активна поддршка на жените во нивниот личен и професионален развој. Во тој контекст, Банката со години реализира иницијативи, програми и ...
Општината Sant Cugat del Vallès, во провинцијата Барселона, набавува водородно комунално возило од брендот Грин Машинс, произведено во фабриката на БРАКО во Велес. Станува збор за современо возило на водороден погон од најновата генерација, наменето за урбано одржување со нулта емисија на штетни гасови. ,,Купувачот е град кој практично е сосед и урбано поврзан со Барселона и возилото ќе биде испорачано во април. Нашата следна цел е ...
Синдикатот на културата информира дека во среда пред Основното јавно обвинителство на прес-конференција ќе го објави поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. На прес-конференцијата, како што соопштуваат, јавно ќе биде објавено поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, поради, како што велат, постоење основано сомневање дека сторил кривични дела „Злоупотреба ...
Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“, во рамки на Програмата за култура за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека целта на проектот е граѓаните да ја запознаат архитектурата, историјата и културното наследство во срцето на градот. „Центар има богата историја и многу културни обележја. Со ...
Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола во последните 2-3 месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се ...
Оставка од Панче Тошковски после толку многу трагедии и згаснати животи е првиот чекор кон одговорност и основен услов за некаква промена на системот кој не успеа да ги заштити жртвите, велат од СДСМ. Заедничко за сите трагедии, како што напоменуваат, е потфрлањето на МВР со кое раководи Панче Тошковски. „За последната трагедија во Карпош, во која згаснаа животите на мајка и малолетна ќерка, во период од две години имало дури 12 пријави за ...
Граѓаните многу добро се сеќаваат каква беше реалноста за време на СДС кога несигурноста беше секојдневие. Случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Владата, додаваат од оваа партија, неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност. „Целта е Македонија да има енергенси по најевтини цени во регионот, дури и покрај глобалните притисоци кои ...