Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев се обрати пред високи претставници од Европската Унија и земјите од Западен Балкан на Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлинскиот процес, осврнувајќи се на напредокот и приоритетите во реформата на јавната администрација. Во своето излагање, министерот нагласи дека Македонија веќе ...
Матурантите лани имале помалку обиди за препишување, покажало искуството на Министерството за образование и наука. Токму затоа, годинава се воведуваат три типа матура – државна, стручна и уметничка. Идејата е секој ученик да полага во својата сфера, според тоа што го учел во текот на четиригодишното образование. Како што посочи министерката за образование и наука Весна Јаневска, целта е матурата да не се доживува како стрес, туку како ...
Пороен дожд, утра под нулата и можност од излевање на помалите реки и субодолиците. Новиот пресврт со времето, од денес ќе трае се до петок, кога времето се очекува пополека да се стабилизира. Како што истакна дежурниот синоптичар Марија Цветковска-Атанасова, наместа утре се очекува да наврнат и до 30 литри на метар квадратен. Тврди дека се очекува и засилен до силен ветер, како и појава на грмежи. ,,До четврток ќе се задржи променливо ...
Тврдејќи дека ги обожава жените, 75 годишниот штипјанец Денис Асанов , обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова, денеска повторно негираше вина во завршните зборови пред Основниот суд во Штип. Обвинителството, пак, остана на ставот дека станува збор за особено свирепо убиство, оценувајќи го случајот како фемицид и побара прогласување на обвинетиот за виновен. Одбраната тврди дека доказите не се доволни и дека не ја утврдуваат ...
Две мерки со цел да се обезбеди стабилна достапност на ѓубривата и заштита на земјоделците од растот на цените се донесени, посочи Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Овие мерки ќе стапат на сила веднаш и ќе важат до 31 мај оваа година. Според министерот, со ваквите одлуки се очекува стабилизација и намалување на цените на ѓубривата на домашниот пазар. „Целта е да се озбезбеди достапност на ѓубривата и ...
Законот за високото образование утре оди во владина процедура, потврди министерката за образование и наука Весна Јаневска во денешната изјава. Законот, како што вели таа, опфаќа шест точки кои биле дискутирани во изминатиот период. Пет од нив, според Јаневска, не биле спорни и биле разгледувани и претходно, додека за последната точка, која се однесува на Хиршовиот индекс, било постигнато решение. Таа појасни дека индексот нема да биде основен ...
Фризури, нокти, депилација и други третмани се дел од редовното одржување на изгледот кај многу жени. Граѓаните велат дека тоа не го доживуваат како луксуз, туку како потреба, иако трошоците можат да варираат. Некои нагласуваат дека со умерено трошење може да се постигне уреден изглед без големи финансиски оптоварувања. Други, пак, сметаат дека месечните суми знаат да бидат значително повисоки, особено во време на прослави. Сепак, преовладува ...
Полна е брана Калиманци, годинава има доволно количини вода за наводнување. Според договорот 48 проценти вода е планирано за подружница Свети Николе, додека повеќе од 50 проценти за подружница Брегалница. Директорот на АД Водостопанство Горанчо Зашков, смета дека оваа година успешно може да се заврши наводнителната сезона во истокот. Имајќи во предвид дека само лани имале 80 милиони метри кубни вода на располагање, Зашков вели годинава имаат ...
По повод Европската недела на имунизација за 2026 година, која се одбележува од 19 до 25 април под глобалното мото „Вакцините делуваат за секоја генерација“, овие два дена во општина Кисела Вода интензивно се спроведуваат едукативни презентации посветени на важноста на вакцинацијата. Со цел подигнување на свеста и едукација на младите и родителите, во општина Кисела Вода со овие активности се опфатени две основни училишта, ООУ „Рајко ...
Владата на својата 166-та седница донесе одлука за ограничување на профитните маржи на вештачките ѓубрива, со цел да се спречи растот на цените и да се поддржи домашното земјоделско производство, соопшти министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Со одлуката, највисоката бруто профитна маржа за неорганските ѓубрива се ограничува на 5 проценти во трговијата на големо и 5 отсто во малопродажбата. За органските, органо-минералните ѓубрива и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ја предводи владината делегација која учествува на втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која беше отворена заедно со Брендан Ханрахан, висок претставник на Бирото за европски и евроазиски прашања при Стејт департментот. Македонија е прва земја од Европа која во Вашингтон реализира сесија на Стратешкиот дијалог во мандатот на оваа администрација. ...
Од СДСМ обвинуваат дека граѓаните се соочуваат со зголемени цени и влошен животен стандард, додека, како што велат, владата на Христијан Мицкоски нема конкретни решенија. Според нив, нема раст на платите и мерки за подобар стандард, а економијата бележи пад. Тврдат дека буџетот се соочува со недостиг на средства, што, како што наведуваат, може да доведе до избори. СДСМ обвинува дека власта „шверцерски“ подготвува измени на Законот за Влада со ...
Почина Лилјана Алтипармакова – долгогодишна новинарка, водителка и уредничка во МРТВ. Веста за нејзината смрт ја сподели семејството. Погребот ќе се одржи утре (22.04.), во периодот од 11:30 до 12:30 часот, во капелата на Градските гробишта Бутел. Претходно денес, беше споделена уште една жална вест за смртта на новинарката и уредничка Гордана Дувњак. Текстот Почина новинарката и уредничка во МРТ, Лилјана Алтипармакова е превземен од МАКФАКС. ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека на Филозофскиот факултет имало нерегуларности при упис на магистерски и докторски студии. „Констатирани се нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски туку при упис на постдипломски, втор и трет циклус студии. Државниот просветен инспекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информираше факултетот. Факултетот треба да постапи и, колку што мене ми е ...
На денешната средба на партнерите од владејачката коалиција е постигната целосна согласност за финалната верзија на пакет-закони за реформи во високото образование, соопштија од коалицијата ВЛЕН. Од таму велат дека реформите имаат за цел да создадат пофер, поквалитетен и поинклузивен систем, нагласувајќи дека не станува збор само за законски измени, туку за поширока трансформација на академскиот сектор. Една од клучните новини е укинувањето ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска ги потпиша првите решенија за исплата на паричен надомест за новороденче во износ од 5.000 денари. Финансиската поддршка е дел од програмата за социјална заштита за 2026 година и, како што информираат од општината, има за цел да ги подобри условите за младите семејства. Покрај оваа мерка, локалната самоуправа инвестира и во инфраструктура за најмладите. Во тек е изградба на две ...
За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во ...
По вторпат годинава ќе се одржи турнирот во пелинство кој е во организација на боксерскиот клуб Фамилија Демирови, тренерот Тархан Демиров, за М Нет телевизија посочи дека ја продолжуваат традицијата со одржување на овој турнир. Демиров очекува и годинава да има голем интерес како и минатата, со натпреварувачи од Македонија и странство. „Секоја година го организираме турнирот во пеливанско борење во Пенуш, минатата година имаше голем интерес, ...
Штип УГД е на чекор од нова голема клупска историја откако стигна до 2-0 во полуфиналната серија совладувајќи го ГОК Борец во Велес со 0-3 во сетови. Тимот на Кристиан Ристески одигра нов перфектен меч со максимален учинок и веќе станува повеќе од јасно дека во петок Штип УГД ќе биде прогласен во нов шампион на Македонија. Велешкиот тим одлично го започна мечот со водство од 7:1 во првиот сет, а предност Борец испушти и при 20:17, а потоа ...
Одбојкарките на Младост УГД од Штип претрпеа пораз од Работнички Скопје со 3-0 во сетови со што скопскиот тим со 2-0 во победи ја затвори серијата и ќе игра финале против Наковски Волеј за шампионската титула во Првата одбојкарска лига во женска конкуренција. Ланскиот финалист диктираше темпо на овој натпревар и покажа дека игра во одлична форма пред финалната битка за шампионската титула. Првиот сет заврши со убедливи 25:16, вториот со ...
Утре ќе бидат одиграни првите полуфинални натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија, каде два второлигаши и два прволигаши ќе водат борба за влез во големото финале. Влогот од Купот на Македонија е голем бидејќи освојувачот ќе обезбеди излез во Европа, односно ќе игра во квалификациите за Конференциска лига на УЕФА. Охрид на „Билјанини Извори“ ќе се соочи со прволигашот Силекс, популарните „рибари“ бараат силна поддршка и полн стадион во ...
Четири екипи веќе официјално испаднаа од Втора во Трета лига за следната сезона, а викендот ќе се добие и последниот тим кој дирекно ќе испадне во третолигашкото друштво. Најпрво од Втора лига испадна Големо Коњари, кој експресно се враќа во Трета лига – Југ, а по него испаднаа Победа, која од следната сезона ќе игра во Трета лига – Југ, како и Слога Виница која по една сезона се враќа во Трета лига – Исток. Преспа, исто така по една сезона ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека со присуството на Зоран Заев на годишнината на СДСМ се потврдиле, како што рече, нивните тези за односите во партијата. Одговарајќи на новинарско прашање за присуството на поранешниот претседател и премиер на настанот, Манасиевски рече: „Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДС, се потврдија сите наши тези дека ...
Македонското еколошко друштво најави дека на 26 април (недела) ќе се одржи шестиот Меморијален марш „До Китка во сеќавање на Љупчо Меловски“, во соработка со Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово. Маршот се организира во чест на проф. д-р Љупчо Меловски, научник, професор и долгогодишен претседател на Македонското еколошко друштво, кој остави значаен белег во развојот на еколошката наука во Македонија. Тој беше и активен член и поддржувач на ...
Министерството за дигитална трансформација известува дека Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk е повторно во функција. „Со завршувањето на активностите за техничка интервенција и надградба на опремата, овозможено е повторно нормално функционирање на порталот и достапност на електронските услуги за граѓаните. Министерството им изразува благодарност на граѓаните за покажаното трпение и разбирање за време на привремената ...
„ВМРО-ОКГ продолжува со својата болна и црна кампања на лажни вести и фабрикувани приказни. Единствената вистина е дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, беше во Србија на погребот на својот дедо. Никој друг состанок, никој друг договор, никој друг контакт со било кој од споменатите лица не постои“, велат од СДСМ. „Саша Димитријевиќ вчера јасно и недвосмислено го демантираше целиот измислен скандал и изјави дека ниту ...
Здружението на новинари на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите на Гордана Дувњак. „Како долгогодишен член на ЗНМ и поранешен член на Советот на честа при ЗНМ, таа активно придонесуваше во унапредувањето на етичките стандарди во новинарството и заштитата на професионалните вредности. Колешката Дувњак остави зад себе богата професионална кариера и неизбришлива трага во македонското новинарство. Својот ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Будва имаше билатерална средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европска комисија, Валентина Суперти. Средбата претставуваше континуитет на разговорите што претходно се одржаа во Брисел, при што соговорниците разменија мислења за натамошно унапредување на реформите во јавната администрација и динамиката на нивната ...
По долго боледување, на 61-годишна возраст, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, која остави претпознатлив белег со медиумската работа, особено во областа на политиката и правосудството. Дувњак својата новинарска кариера ја започна во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работеше две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следуваше долгогодишниот ангажман во „Утрински ...
Министерството за дигитална трансформација информира дека, поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk се привремено недостапни. „Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу скоро. Граѓаните ќе бидат дополнително и навремено известени веднаш по целосното ...