Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
По повод 34 години од монетарното осамостојување, Народната банка го истакнува значењето на независниот монетарен систем како еден од носечките столбови на економската стабилност и развојот на државата. На 26 април 1992 година беше воведена националната валута – денарот, со што беа поставени темелите на монетарната независност на државата. Во изминатите три и пол децении, монетарната политика се соочи со бројни предизвици, вклучувајќи ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Атина учествуваше на министерскиот состанок на Акаба процесот посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот, каде се обрати на првата сесија за идентификување на заканите и проценка на испреплетеноста на организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот и предизвиците кои тие ги носат. Во своето обраќање, Тошковски нагласи дека безбедносната ...
Претставници на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија – потпретседателите Павле Арсоски и Борче Серафимовски, како и координаторот на пратеничката група Бобан Карапејовски – во просториите на Министерството за образование и наука одржаа средба со министерката Весна Јаневска. На средбата се разговараше за пакетот закони од областа на високото образование и науката – Законот за високото образование, Законот за квалитет во високото образование и ...
„Вреди“ го поздравува „најновото откритие“ на Демократската унија за интеграција во врска со Коридорот 8, кое, иако со задоцнување, го потврдува она што ние континуирано го кажуваме и докажуваме: овој проект не може да се запре и не е ничија сопственост, велат од таму. По долг период на контрадикторни изјави и обиди за создавање политичка магла, охрабрувачки е да се види, велат од „Вреди“ дека опозицијата конечно рефлектира и се приближува ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција истакна дека премиерот Христијан Мицкоски се повлекува од законот за двојни државјанства затоа што се дозна вистината дека министри, пратеници и други функионери на ВМРО имаат бугарски пасоши. „Вчера премиерот Христијан Мицкоски ретерираше од најавениот закон од неговите пратеници на ВМРО за тоа да пратениците немаат двојни државјанства. И уште една нивна лага е разобличена. Зошто? ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени, соопшти обвинителството. „Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински ...
Јавноста повторно беше сведок на уште еден обид на СДСМ преку политички конструкции, заплашувања и веќе препознатливата драматургија да ја дефокусира дебатата од суштината, од реформи во изборниот систем и надминување на модел кој одамна ја има изгубено својата првична цел, реагираат од ЗНАМ. Според оваа партија, тврдењето дека укинувањето на таканаречената Пржинска влада претставува „автократски манир“ е не само неточно, туку и политички ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на настанот „Земјоделство со висока природна вредност и неговото значење за биодиверзитетот и пристапувањето кон ЕУ“, организиран со поддршка на Шведската агенција за животна средина и општина Радовиш. Во своето обраќање Хоџа истакна дека овој концепт претставува важен инструмент за воспоставување рамнотежа помеѓу човекот и природата и за зачувување на биолошката ...
Царинската управа во моментов со грант средства од ЕУ имплементира клучни реформски проекти вредни 14 милиони евра, чија цел е забрзана интеграција во единствениот пазар на Унијата и зголемување на конкурентноста на македонската економија. „Суштински чекор е воведувањето на единствен идентификациски EORI број за компаниите и за физичките лица, со кој се воспоставува унифициран систем за идентификација на економските оператори и физичките лица ...
Од Електродистрибуција информираат дека во недела (26.04.2026) од 05:00 до 15:00 часот ќе се вршат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија. Во наведениот период, делови од Скопје ќе имаат прекини во снабдувањето. Во населбата Драчево се очекуваат краткотрајни прекини на повеќе улици, меѓу кои „Јустинијан Први“, „Драчевска“, „Малешевска“, ...
Ситуацијата што ја имаме со концесиите за мермер е јасен пример за системски поставен модел кој работи на штета на државата и граѓаните, истакнуваат од Левица. Фактот, како што велат, дека за четири години се наплатени само 1,7 милиони евра од 29 концесионери, сума која е симболична во однос на реалните приходи што се генерираат од експлоатацијата, покажува дека државата практично го отстапува своето природно богатство за минимална до никаква ...
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со претставникот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Република Северна Македонија, Бјорн Габриел. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Владата и ЕИБ, како и за забрзување на реализацијата на проекти поддржани од Европската Унија. Посебен акцент беше ставен на проектите во областа на инфраструктурата, ...
„СДС преку Димитријевиќ докажаа дека поради Заев се спремни да соработуваат и одработуваат за партии во други држави. Средбата на генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ со Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ во Скопје, на која договарале соработка, била по насока на нивниот ПР шеф Башановиќ, а координирана токму од Зоран Заев“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Со ова СДС директно се стави во услуга на странски партии за да ...
„Како што веќе укажавме дека појавувањето на Зоран Заев на Бихачка по повод роденденот на СДС е потврда дека тој е газда, сега можеме да слушнеме, видиме од настапите на слугата Венко Филипче како постапува по насоки од Заев. Сега проритет на агендата на Филипче како да е кочењето на интеграциите на Македонија за да врват бизнисите на Заев“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче и раководството на СДС кое тој го предложи, ...
МВР соопшти детали за несреќа што утрово се случи на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при што едно лице го загубило животот, а тројца се повредени. Според информациите, настанот бил пријавен во 08:17 часот, кога при ископ на темели работниците биле затрупани со земја. Тројца работници биле извлечени и со возило на Итна медицинска помош пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник бил пронајден без знаци на живот. ...
Двајца од градежните работници се со полесни телесни повреди, а третиот е со скршеници на двете потколеници и една натколеница, извести Ургнетниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. „Во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информираме дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната стручна едукативна тура, која ќе се одржи во сабота, на 25 април, со почеток во 12:00 часот, од локацијата „Плочник“ кај Градски ѕид. Темата на прошетката се постземјотресните обележја во Центар, а низ значајните локации водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева. Граѓаните ќе имаат можност да се ...
На Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денес беше пуштена во употреба нова лабораторија наменета за претклинички вежби на студентите. Инвестицијата е во вредност од 10 милиони денари, а средствата по половина ги обезбедија Министерството за образование и наука и Универзитетот. На отворањето присуствуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која упатувајќи честитки до образовната ...
„Во услови на светски економски предизвици, зголемувањето на учеството на жените на пазарот на труд носи значителни економски и општествени придобивки. Намалувањето на родовите разлики придонесува за поголема иновативност, поефикасно искористување на човечкиот капитал и за намалување на јазот во приходите. Сепак, жените и натаму се соочуваат со предизвици, како што се пониска застапеност на раководните позиции и ограничен пристап до ...
Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства користени при естетски зафати, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР се уште спроведува координирана акција при што се вршат интензивни претреси на повеќе локации низ државата. Акцијата е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела Злосторничко здружување, ...
ДОМ остро реагира на предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство за кои, како што велат, наместо да ја зајакнат заштитата на јавниот интерес, животната средина и природните ресурси, отвораат сериозен ризик од нивно слабеење. „Како политичка партија која активно учествуваше во креирањето и унапредувањето на законската рамка во оваа област сметаме дека секоја измена мора да значи ...
СДСМ не го води претседателот на партијата Венко Филипче туку сенката од минатото Зоран Заев, кој ја контролира партијата. Доказ за тоа е појавувањето на Заев на роденденот на партијата што уште еднаш потврди дека тој е вистинскиот газда, а Филипче е само извршител, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Партијата го нарече Венко Филипче кукла на конци, а додека конците се во раце на Заев, СДСМ нема да застане на свои нозе, се додава во ...
§ Емотивен дизајн со покривна линија од 911 § Три модели кои произведуваат до 850 kW (1.156 КС) overboost моќност § Подобрена аеродинамика со CD вредност од 0.23 и поголем досег § Опционален Lightweight Sport пакет за особено спортски изглед Инспирирани од иконскиот облик на 911 и неговиот карактеристичен flyline, новите Cayenne Coupé Electric модели комбинираат моќни пропорции со исклучителни е-перформанси. Визуелно и технички, тие се меѓу ...
„Нели Владата на Христијан Мицкоски вчера тврдеше дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет во врска со рудникот за антимон во Крива Паланка? Вистината покажа дека не е така и ја разоткри целата позадина на овој случај. Антимонот во Крива Паланка е партиски бизнис на ВМРО-ОКГ и нивните донатори“, велат од СДСМ. „Она што се претставуваше како „државен интерес“ и наводен стратешки проект со САД, во суштина е класичен бизнис-дил. Концесионер ...
„Општина Сарај влегува во ново поглавје на афирмација и меѓународна соработка. Посетата на вршителката на должноста на САД во нашата земја, Нејзината екселенција Николе Варнес, претставува значаен момент што сведочи за зголеменото внимание и почит кон оваа општина“, велат од Влен. „Оваа посета доаѓа по претходната посета на амбасадорот на Европска Унија, Микаел Рокас, со што Сарај за првпат се позиционира на агендата на клучните меѓународни ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08:30 до 11:30 часот, корисниците од РТВ Предавател Водно,кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село -Нерези, Предавател Космофон,објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски дом-Воднои, село Горни Крушопек, општина Карпош; · Во период од 08:30 до 16:00 часот корисниците на дел од село Морани и викенд населба Морани, општина Студеничани; · Во ...
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска: · поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на Мавровска 15, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. · поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на Багдадска 11, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Багдадска и дел од Атинска. ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степен. Времето во наредните денови За време на викендот и ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалска федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – проневера во службата. Според Обвинителството, осомничениот во периодот од ноември до декември 2024 година, како службено лице – претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, ...
Денеска во општина Пробиштип се одржа 13-тата трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. „Кампањата се реализира преку два големи тима кои одржуваат трибини во повеќе општини, како и шест помали тимови кои посетуваат населени места, со цел да се презентираат сите актуелни мерки, реализирани активности и идни планови на Министерството“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан ...