Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, премиерот Христијан Мицкоски порача дека документот е дел од поновата историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Мицкоски оцени дека кон Рамковниот договор треба да се гледа со зрелост, почит кон различните ставови во општеството и одговорност кон иднината. „Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. ...
Со свечена седница во Владата денеска беше одбележана 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, при што претставници на Владата порачаа дека договорот е историско достигнување, но и обврска за градење стабилна, еднаква и просперитетна држава. Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оцени дека договорот го ставил крајот на конфликтот од 2001 година и воспоставил нов пристап во функционирањето на државата, ...
Таман човек ќе помисли дека Социјалдемократскиот сојуз го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење, изјави на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за ...
Уште една одбојкарка ја продолжи соработката со Младост УГД, откако Андреа Митиќ ја продолжи соработката со штипскиот клуб и за сезона 2026/2027. Младата Митиќ настапува на позицијата среден блокер, се работи за играч кој израсна во школата на Младост УГД и со својот развој заслужено стигна до репрезентативниот дрес на Македонија. Митиќ беше најмладиот член повикан во сениорската репрезентација на Македонија. „За нас, ова е најдобра потврда ...
Министерството за внатрешни работи утрово извести дека интензивно работи на вчерашното ширење паника и страв дека во скопската вода е пронајдена бактеријата ешерихија коли. „Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности. Се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија соодветно ќе ја информираме јавноста“, кусо извести Министерството за ...
Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден мртов, со повреди на телото, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Местото е обезбедено од полицијата која го потврди случајот. „Денеска (13.08.2026) околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со општинските стручни служби денеска изврши увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“. Реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1098 квадратни метри. Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина ...
Методи Максимов ќе биде голем адут на Брегалница, уште на неговиот прв меч во дресот на „сините“ се запиша во листата на стрелци, во убедливата победа над Арсими од 4:0. Тој меч е веќе минато, фокусот е на недела и мечот против Шкендија во Скопје од третото коло на Прва лига. Максимов вели дека очекуваат исклучително тежок натпревар, тоа за него ќе значи и играње против негов поранешен клуб, дополнува дека во соблекувалната на штипскиот тим ...
15-годишната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, а семејството апелира за помош во нејзиното пронаоѓање. Според информациите од семејството, Кристина последен пат била видена вчера околу 16 часот. Во моментот кога излегла од дома, била облечена во црна маица и широки сиви фармерки, а со себе носела црн ранец. Има црна коса. Случајот е пријавен во СВР Охрид. Семејството ги повикува сите кои имаат каква било информација за Кристина или ...
Царински службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. „Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. Ова е четврти случај ...
СДСМ бара итна и системска реакција од институциите по прогласувањето на епидемијата на западно-нилска треска. Наместо задоцнето гасење на пожарот, потребни се конкретни мерки, навремена превенција и јасна одговорност, порача Кети Штерјова од СДСМ, на денешната прес-конференција. „Доста беше играње со здравјето на луѓето. СДСМ бара веднаш Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ...
Според информациите од Центарот за јавно здравје заклучно со 09.08.2026 година, на територијата на Општина Битола, согласно Планот и Програмата за спроведување на мерки за дезинсекција и стручното мислење на Центарот за јавно здравје – Битола, се реализирани сите предвидени редовни активности, односно три ларвицидни и три адултицидни дезинсекции, извести Општина Битола. „Имајќи ја предвид актуелната епидемиолошка состојба во земјата, односно ...
„Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии. Фактите се поинакви. Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари. Минималната плата е 26.000 денари. Просечната плата е околу 49.000 денари“, велат од СДСМ. „На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот. И сега народот „не разбира“. Мицкоски ќе ни нацрта на табла – ...
По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, вчера вечер беа доделени Наградите за младинско учество за 2026 година, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во заедницата. Настанот беше организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Националниот младински совет на ...
„И оваа година, по повод 25-годишнината од Охридскиот договор, ДУИ ги собира своите фотељаши на приватна прослава. Сите со долгогодишни кариери, изградени во името на Охридскиот договор и на грбот на Албанците. Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во банкомат за лично богатење“, велат од Влен. ...
„Талогот од СДС со лаги, подметнувања, и дезинформации се нафрлија на прославата за независност на Македонија, при што самите го оправдаа епитетот даден од народот кон СДС – талог“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Одговорот стигна од народот кој во огромно мнозинство, по Охрид, Битола, вчера во Велес излезе и ја поддржа народната прослава ‘Силно светнал ден’. Со ова поразен е и Филипче кој 7-ми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев во Грција од ...
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии, извести Министерството за дигитална трансформација. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. ...
„Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДС тоа го крие. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор, каде што уживаат во украдените пари“, прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. ...
Новиот второлигаш Еуромилк ГЛ е подготвен за предизвиците кои му следуваат за новата сезона во Втора лига, која стартува овој викенд. Тренерот Јован Трајков вели дека нивната цел е да бидат стабилни второлигаши. „Ние како нов второлигаши нормално е дека првенствено сакаме да се стабилизираме во Втората лига меѓутоа ако ни се укаже шанса за нешто повеќе и нешто подобро ние се надеваме и на тоа. Првенствено е да се стабилизираме како стабилни ...
Брегалница ќе оди по втора сезонска победа против вицешампионот Шкендија во меч кој ќе се игра на теренот на ФФМ во Скопје со почеток од 19 часот. „Сините“ по високиот триумф над Арсими на домашен терен сега ќе бидат максимално мотивирани за нов предизвик, а од друга страна Шкендија по големата победа над Вардар ќе сака уште еден триумф за три од три. В сабота се играат два натпревари. Во Кратово тимот на Силекс ќе бара триумф по ремито во ...
„Денес одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, јубилеј кој претставува една од најзначајните пресвртници во современата историја на Северна Македонија. На 13 август 2001 година, со поддршка и гаранции од Соединетите Американски Држави, Европската Унија и НАТО, земјата го избра патот на мирот, еднаквоста и градењето општество во кое државата им припаѓа подеднакво на сите нејзини граѓани. Охридскиот договор ...
„Мицкоски гордо зборува за некакви стратегии и механизми со кои Владата наводно спречила сушно сценарио и обезбедила вода во Тиквешката акумулација. Реалноста кај Возарци е до тој степен апсурдна што буквално може да се нарече политичка сатира – водата во езерото се задржува затоа што не смее да се испушта низ Црна Река и дополнително да ги натопува и еродира веќе поткопаните фундаменти на мостовите. Она што премиерот енергетичар го рекламира ...
Скопје се подготвува за уште една вечер за паметење! Во сабота, 12 септември 2026 година, од 20 часот, Паркот на франкофонијата ќе биде епицентар на четвртото последователно издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој годинава се одржува во духот на големиот јубилеј – 50 години од формирањето на Општина Центар. Општина Центар и понатаму е единствена општина што преку овој настан недвосмислено ја застапува и ...
„Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат. Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи“, велат од ЛДП. „Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, ...
„Уште еден ден до крајот на екскурзијата. По четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел. Официјално учел за Францускиот предлог. Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор. Пред да замине, им ја остави на своите кампањата на Ванчо Михајлов за поделба на општеството и сеење омраза – народот е ‘талог’“, велат од СДСМ. „Во меѓувреме, покрај епидемија со жолтицата, добивме и епидемија ...
„Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска. Што прави премиерот и министрите во Владата? Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со ...
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми. Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство. Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во изминатиот период целосно се ...
Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе добие ново освежување на инфраструктурата, откако Фудбалската федерација на Македонија додели донација од 1.300 столчиња за потребите на стадионот. Информацијата ја објави претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов, кој денеска потпиша договор со кој донацијата официјално му е доделена на Општинскиот фудбалски сојуз Кочани. Со поставувањето на новите столчиња значително ќе се подобрат условите ...
По повеќе од две децении, конечно се создадоа услови за долгорочно решавање на еден од проблемите со кои со години се соочуваат жителите на улицата „Борис Кидрич“ во Штип. Директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски, преку објава на социјалните мрежи информира дека започнатите активности на терен се насочени кон трајно надминување на честите дефекти на водоводната мрежа на оваа улица. Според Арсовски, проблемот со години ги засегал и ...
Пожарот кај Студеничани, во атарот на селото Рамни Габер, и понатаму е активен и ќе продолжи во текот на ноќта, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Денес дејствуваа трите ер-трактори, кои успеале да го забават ширењето на огнот, но пожарот сè уште не е изгаснат. На терен имаше и припадници на Противпожарната бригада и возила на ДЗС. Гаснењето продолжува. Текстот Пожарот кај Студеничани сè уште активен – долга е линијата на огнот е ...