
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Првите случаи на инфекција со вирусот Западен Нил за 2025 година се регистрирани во регионот на главниот град на Грција, Атина. Според Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), четири случаи се дијагностицирани истовремено, во последните 48 часа, а најверојатни места на изложеност се регионалните единици Западна Атика, Пиреја и Островите (во општините Аспропиргос, Коридалос и Саламина). Случаите се на пациенти над 65 години, кои се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-Би-Си Њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа. Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. -Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за Русија, изјави американскиот претседател. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ...
Русија активно учествува во задушувањето на студентските и граѓанските протести во Србија, исто како што интервенираше безброј пати за да ја зачува власта во Белград, објави денеска полската приватна телевизија Полсат. -Обидите на српската полиција насилно да ги разбие протестите резултираа со нивно прелевање од Белград во 30 други градови. Протестите беа поврзани само со внатрешната ситуација во земјата сè додека Русија неочекувано не ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да ги отвори сите кластери од пристапните преговори со Европската Унија под данското претседателство со Советот на ЕУ, и апелираше за решение што ќе го надмине унгарското вето, кое го попречува напредокот на Украина кон членство во Унијата. Изјавата ја даде по средбите со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет ...
Кремљ ја чека „важната изјава“ за Русија што ја најави американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи тоа е единствениот начин да дознаеме за што станува збор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Ја чекаме изјавата, за да разбереме што мислел претседателот Трамп … Внимателно ги бележиме сите нијанси во коментарите на шефот на американската држава, наведе Песков. Трамп вчера за „Ен-би-си њуз“ (NBC News) посочи дека в понеделник ќе ...
Според списанието „Феникс“, најскапиот сладолед во светот се вика Byakuya, што на јапонски значи Бела ноќ. Зад тоа име стои луксузен сладолед од јапонската компанија ОМЕР Лтд., кој влезе во Гинисовата книга на рекорди на 25 март 2023 година како официјално најскап сладолед на планетата. Една порција чини неверојатни 880.000 јапонски јени, што според девизниот курс од јули 2025 година е околу 5.127 евра. Во свет каде што инфлацијата ги зголемува ...
Нема поубаво кога крајот на сезоната ќе се закити со медал. Токму тоа го направи и нашата Ева Соколовска, која на републичкиот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија освои злато. Илина и Ева Соколовски се македонски девојчиња кои со семејството живеат во Германија и кои речиси и да нема натпревар а да не се закитат со медали. Ева последниве два месеца настапуваше и во јуниорска категорија постигна одлични резултати .Таа во големото ...
Со гордост го претставуваме третото музичко дело од продолжението на проектот „Македонијо, во срце те носиме“ – безвременската народна патриотска песна „Се собрале комитите“, овојпат во емотивна и моќна изведба на Миле Кузмановски, со музичка продукција на маестро Николче Мицевски. Станува збор за песна што не само што се пее, туку и се чувствува. Песна која потекнува некаде од крајот на 19. или почетокот на 20. век – време на немир и надеж, ...
Бидејќи високите температури испраќаат сè повеќе луѓе на плажите, глетката на медузи во бистрите сини грчки води предизвикува паника. Особено сега кога, по сината, преовладуваат виолетовите медузи, кои се во пораст оваа сезона, приказните на пливачите кои, дури и осум дена подоцна, ги имаат трагите од нивниот контакт го опишуваат ужасот кај пливачите. Дали ова е оправдано? Експертите од Грчката опсерваторија за биодиверзитет објавија дека ...
Ансамбл „Студио Фолклор“ замина на 10 -дневна турнеја во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати на еден од најпознатите светски фолклорни фестивали ,Around the world. На овој фестивал учествуваат над 10 земји од целиот свет, но секоја од групите настапува во различни периоди во текот на целото лето…. Нашиот ансамл настапува на големи престижни сцени, во Молови,секојдневно четири пати попладне по 10 минути е една кореографија, од 17-21 часот ...
Четвртото издание на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 7-12 август во Дојран. -По втор пат ова година ќе ја доделиме наградата „Мето Јовановски“ за високо актерско достигнување во уметноста на филмот, на актер од Балканот и Медитеранот. Лауреат на фестивалот ќе биде големиот балкански, српски и македонски актер Лазар Ристовски. Човек кој во својата речиси петдецениска кариера беше и сеуште е дел од ...
Британскиот актер Хју Грант, стана „ѕвезда“ на Вимблдон затоа што беше фатен како спие за време на натпреварот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. „Телеграф“ објавува дека Хју Грант (65), додека тенисерот Новак Ѓоковиќ постигна уште еден историски подвиг во својата кариера, беше фатен на камера како спие во Кралската ложа. @soceleb i mean i find tennis pretty boring too 🎥: BBC Sport #hughgrant #wimbledon #tennis #london #wimbledon2025 #foryou ...
Грчките острови Санторини и Миконос се најдоа на врвот на листата на пренатрупани туристички дестинации во Европската Унија, според податоци на германската Сојузна канцеларија за статистика, објавени денеска. Според индексот на туристичка густина, во 2023 година во Јужниот Егеј – административен регион на Грција што ги опфаќа островите Санторини, Миконос и Родос – биле регистрирани 117 ноќевања по жител, јави ДПА. На второ место се најде ...
Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано” (работен наслов „Биста”), проект чија реализација беше незаконски забранета речиси три години. Како и во сите филмови на Манчевски и тука, покрај емотивниот уметнички аспект (темата на сестринска љубов), се истражуваат и општествено релевантни теми – самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести, општество засновано на ...
Официјалната причина за смртта на Џулијан Мекман е објавена. Австралиско-американскиот глумец, можеби најпознат по своите улоги во сериите „Сечи докторе“ (Nip/Tuck) и „Волшебнички“ (Chermed), починал од метастази на белите дробови како последица на рак на главата и вратот, објави „Пипл“ (People). Мекман почина на 56 години, на 2 јули, во Клирвотер, Флорида, САД. Смртта беше прогласена за природна, според извештајот на властите. Сопругата на ...
Го чекам моментот по најавата дека ќе ги објават имиња на сите со бугарски пасош, рече во емисијата „Стадион“, Андреј Жерновски од СДСМ, споменувајќи го пишувањето на бугарскиот медиум lupa.bg, кој во своето новинарско истражување го наведува и името на Игор Јанушев, како еден од македонските државјани на висока функција со бугарско државјанство. -Бугарија го „прозваа“ генералниот секретар на Владата дека им бугарски пасош и бугарски фирми. Еден ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува. Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот. -За разлика од ...
Како случај на измама е пријавен случај кога бајач од скопско Трубарево, кој тврдел дека има натприродни моќи, за растурање духови и магија во три години добил 400.000 евра од постара брачна двојка од Берово. Двајцата беровци побарале помош за својот син, поради зла магија која му го загрозувала здравјето и животот. МВР против лицето Д.И. (54) од село Трубарево поднесе кривична пријава за продолжено кривично дело „измама” по чл. 247 ст.4 од ...
Во моментов има 12 пожари на отворено, од кои четири се активни, еден е локализиран, а седум се изгаснати, објави ЦУК. Активни се пожарите во Општина Прилеп: село Бешиште, каде е зафатена мешана шума, во Општина Македонски Брод во село Црешнево каде гори деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу изворите на Бабуна и Бабина дупка – само чад во карпест дел (шумски пожар). Во Општина Чучер Сандево: помеѓу село ...
„Во 21 век, живееме без вода – како да не постоиме“, велат револтираните жители на селото Смилковци, кое се наоѓа во непосредна близина на македонската престолнина. Последниве денови тие се соочуваат со сериозен проблем – повеќедневни прекини на водоснабдувањето, без никаква најава или објаснување од надлежните. Во јавен апел до институциите и медиумите, жителите предупредуваат дека немаат основни услови за живот. „Не можеме да се измиеме, да ...
МВР информира дека се упсени тројца криминалци од Куманово, кои биле барани по потерница: -На 05.07.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за ...
Скопјанец вчер мртов пијан со возилото предизвикал сообраќајка, во која има тројца повредени. -На 06.07.2025 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија”, бул.„Трета Македонска бригада” и бул.„12 Македонска бригада” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од Скопје и патничко возило „опел антара” со скопски регистарски ознаки, ...
Пред Судот во Штип денеска беа одржани протести против донесена судска пресуда поради напад врз вработен во Армијата. Станува збор за три обвинети лица каде за две лица е донесена одлука казна затвор две години, а едното е ослободено од обвинение. „Станува збор за мене и моите две деца, но има и друга фамилија која е нападната физички од полицаец. Треба да има правда за сите. Ако ние нив ги удриме, треба да одиме по 20 години затвор. Мојот син е ...
Трагедија се случила вчер во скошската населба Ѓорче Петров, каде избувнал пожар во помошни простории и штала. -На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од ...
Министерството за јавна администрација денеска го презентираше Информацискиот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) со кој за првпат во државата ќе има целосна и транспарентна слика за тоа кој каде е вработен, но и колкава плата добива. Очекувањата се дека на единствената дигитална платформа ИСУЧР, која е целосно во државна сопственост, до 2026 година ќе се вклучат сите 1.400 институции. Како што истакна премиерот Христијан Мицкоски во ...
Општина Кочани има аплицирано по повикот на Владата за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – формуларот е уредно испратен – соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, по прес-конференцијата на Владата на која беше истакнато спротивното. – Ја поздравувам оваа пилот-мерка на централната власт и очекувам дека Владата ќе одобри ангажман ...
Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Како што изјави попладнево Ангелов од Чучер, на огнот ќе му требаат неколку часа за да дојде до црквата што наводно била загрозена, според пишувањата по социјалните медиуми. Во овој момент, нагласува Ангелов, селото е безбедно благодарение на локалните жители, на две екипи од ...
Пожарот на територијата на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, се уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, се до Бутел, а регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи. Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да ...
Градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ прогласи вонредна состојба поради пожарот кој е надвор од контрола на територија на општината. -На денешната седница на општина Чучер Сандево донесовме одлука за прогласување на вонредна состојба во општината поради активните пожари кои ги имаме на подрачјето на општина Чучер Сандево веќе втор ден. Ваквата одлука ја донесовме бидејќи состојбата е се уште сериозна и загрижувачка со ...
МВР информира дека вечерва уапсила скопјанец, кој бил пријавен дека подметнувал пожар. -Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. “Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров. Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници ...