
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Министерството за здравство соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи. Оваа ...
Тешка сообраќајка кај хотелот Белви, се случил судар меѓу две возила и камион. -Денеска (18.07.2025) во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на х.Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко” со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило „ауди” со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31) и патничко моторно ...
СВР Охрид информира дека од плажа бил донесен починат маж од Босна. -На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св.Стефан” бил донесен починат М.С.(65) од Босна и Херцеговина. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. Според информации на ММС се претпоставува дека мажот ...
Голем пожар избувна утрово во близина на селото Бол на хрватскиот остров Брач, што доведе до евакуација на еден хотел и еден камп, соопшти Хрватската радио-телевизија (ХРТ). Пожарот, кој избувнал околу 3 часот наутро во борова шума, бил разгорен од силен ветер, што овозможил огнот да се приближи опасно близу до повеќе објекти, вклучувајќи приватни и туристички капацитети. U tijeku je angažiranje jednog Canadaira CL-415 na požarištu Bol – Zlatni ...
Возрасен мж од Охрид е уапсен, бидејки летал н патот кај Ресен -На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа”, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.Џ.(75) од Охрид. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Џ. управувал патничко возило „ауди”со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде со ...
Здруженијата за одбрана од островот Крк побараа забрана за настап на Лепа Брена, која најави два концерта во ноќен клуб во Малинска овој викенд. Доколку ѝ биде дозволено да настапи, здруженијата најавуваат дека ќе организираат протест и ќе преземат „социјални акции“ за да ја спречат да настапи. Бранителите од Крк остро го осудуваат нејзиното присуство на хрватската естрада, повикувајќи се на одговорност за нејзините постапки за време на воените ...
Поранешниот медицински техничар од Петрич, Бугарија, Стојчо Дајраџиев е осуден на 8 месеци. условна казна за издадавање на лажно лекарско уверение на струмичанец, кој документ македонскиот државјанин потоа го поднел за добивање на македонска возачка дозвола во Струмица. Како што пишува „Струма“, ова е нова пресуда за 72-годишниот поранешниот медицински техничар, кој беше отпуштен од ФСМП – Сандански за друг инцидент. Дајраџиев е обвинет затоа ...
Од 1-ви јануари 2025 Бугарија и Романија станаа членки на Шенген зоната. Шенген (Schengen) е зона на 29 европски земји кои ја укинале пасошката и граничната контрола меѓу себе, овозможувајќи слободно движење на луѓе, стоки и услуги, како да се една држава. Со оглед на тоа дека Грција беше веќе членка на Шенген, се создаде ситуација во која сите возила кои патуваат од централна Европа кон Грција, доколку се движат преку Унгарија, Романија и ...
Во запален стан на четврти кат на колективна станбена зграда на улицата „Благој Јанков Мучето“ во Струмица пожарникарите пронашле починато лице. Утврдено е дека се работи за маж, за чија смрт се очекува обдукцијата да го каже конечниот збор. На 17.07.2025 година (четврток), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, ...
Поднесена е кривична пријава против маж од село Ангелци, општина Василево, кој дивеел во битолско. -СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „убиство” во обид, три „тешки кражби” и едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи”. Во периодот од 02.07. до 07.07.2025 во атар на ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, синоќа изјави дека Москва има право да ги напаѓа воените објекти на земјите што ја снабдуваат Украина за удари длабоко во Русија. -Русија смета дека има право да го користи своето оружје против воените објекти на оние земји што дозволуваат нивното оружје да се користи против Русија, рече таа на брифинг. Захарова истакна дека во случај на понатамошна ескалација, Русија ...
Наскоро по несреќата родителите на загинатите во катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ формираа здружение на граѓани „16-ти март 2025 Кочани“ преку кое сакаат преку институционален пат да се борат за правда за своите деца, но и за своите права, како членови на семејствата на загинатите од најголемата несреќа во македонската историја. Тие синоќа во соопштение споделија шокантно сведоштво: „Во врска со состанокот со премиерот на ...
Водителот Жика Јакшиќ има тешкотии со говорот по мозочниот удар. Според медиуми, Жика Јакшиќ е пуштен на домашно лекување откако помина десет дена во болница. Неговата состојба сега е стабилна, но поради мозочниот удар, има тешкотии со говорот, па затоа логопед доаѓа кај него секој ден, за да му помогне што побрзо и полесно да ја надмине моменталната состојба. -За среќа, Жика Јакшиќ сега е добро. Со оглед на тоа што доживеал мозочен удар, сега ...
Комичарот Пит Дејвидсон (31) и неговата девојка Елси Хјуит ќе станат родители. Манекенката – глумица ја потврди веста на Инстаграм, објавувајќи фотографија од Дејвидсон како ја држи раката на нејзиниот труднички стомак, со хумористичен натпис. „Сега сите знаат дека имавме секс“, се пошегува Хјуит. Таа објави и ултразвук-снимка од првиот преглед. Набрзо следеа бројни честитки од нивните следбеници и најблиски. View this post on Instagram A post ...
Комбинацијата од сочно овошје и облак од шлаг создаваат неодолива хармонија. Можете да ги послужите печените праски и со сладолед од ванила и да ги декорирате со листови од мајчина душица. Состојки: Подготовка: Добро измијте ги зрелите праски, а потоа пресечете ги на листови. Растопете го путерот, потоа додадете ги мелените бисквити и шеќерот со цимет. Со четка нанесете ја смесата на листовите праски. Печете ги праските на тефлонска тава неколку ...
Попладнево изби пожар на влезот во Скопје, меѓу индустриската зона и Рафинерија, поточно кај селото Мршевци. Како што може да се види од видеата на наши читатели гори сува трева, а поради големиот чад се е замаглено. -Поради ветер кој го зафати подрачјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во селата Романовце, Агино Село, ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е вклучен во случај во кој полицајци добиле големи суми пари додека ја обезбедувале француската репрезентација. Според „RMC Sport“, во 2023 година, вкупно 180.300 евра биле префрлени од сметката на фудбалерот на пет полицајци. Четири вработени добиле по 30 илјади евра, а нивниот претпоставен добил 60.300 евра. Според фудбалерот, тој едноставно сакал да ги награди луѓето кои се грижеле за безбедноста на ...
Необична сообраќајка воо Скопје. -На 16.07.2025 околу 16.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Киро Глигоров” и ул.„Перо Наков” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од И.Ј.(42) од Скопје и електричен тротинет управуван од машко лице, кој по несреќата го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ј., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. ...
Владата на Република Северна Македонија информира дека поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата се продолжува до 23 јули. -Одлуката за продолжување на рокот е донесена со цел да им се даде можност на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува ...
МВР информир дека поднело кривична против докторката од битолската болница, која беше фтена со поткуп. -На 16.07.2025, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И.Д.(67) од Битола, вработена во Клиничка болница Битола поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”, казниво по член 357 од Кривичен Законик. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија и пријавен настан во ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик. -Осомничената, доктор – офталмолог при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, побарала од лице од ресенско подарок во износ од сто евра за да изврши службено дејствие кое што секако би морала да го изврши, односно да изведе операција – отстранување на катаракта кај ...
До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи. Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека сеуште се прават анализи и дека се размисува за неколку пристапи, не откривајќи повеќе детали. – Се уште се анализираат параметрите, имаме во голема мера јасни индикатори каде е базичната инфлација која влијае на конечната инфлација. Очекувам дека до ...
Ноќеска н патот Охрид-Св. Наум се случи тешка сообраќајка во која загина момче од 16 години. -На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница ...
Со порастот на температурите, ЈП ЛАЈКА апелира до сите граѓани да покажат грижа и одговорност кон милениците, но и кон бездомните животни, кои особено страдаат за време на летните горештини. Вашето внимание може да спаси живот Препораки за сопственици на миленици: -Вода секогаш на дофат обезбедете свежа и чиста вода за вашите миленици во текот на целиот ден. -Сенка и свеж воздух никогаш не држете кучиња врзани на синцир без пристап до сенка. Тоа ...
Рано утрово полицијата спровелаконтрола во угостителски објекти во Тетово, приведен е газдата и пет странски работнички -На 17.07.2025 во 03.50 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово. При акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот во неговиот угостителски објект на улица „Браќа Миладинови”, покрај автопатот Гостивар- Тетово, полициските службеници од СВР Тетово ...
Почетокот на судскиот процес против Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица обвинети за трговија со дрога се одложи за 7 август поради хоспитализација на обвинетиот Трајковски – Штекли. Како што информира судијата Илија Трпков, Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезориентиран, поради што итно требало да биде пренесен во Клиничкиот центар. Такви напади, како што дополни, имал и во текот на вчерашниот ден. Денешното рочиште, закажано за 10 ...
Левица најави тужба против Петар Богојески, доцент на Воената академија . Во соопштението до јавноста се вели: -Во врска со срамната, крајно вознемирувачка и лажно обвинувачка објава на Петар Богојески, актуелен функционер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, новопечен доцент на Воената академија и близок соработник на премиерот Христијан Мицкоски, со која без никакви докази се клевети парламентарната политичка партија Левица и се навредуваат нејзините ...
Во Брисел се одржа состанок на кој присуствувале Државниот секретар на Министерството за транспорт на Македонија, Стефан Волкановски, директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, заменик-министерот за транспорт и врски на Бугарија, Љубен Нанов, а во организација на Валентина Суперти, директор за Западен Балкан во Директоратот за проширување и Источно соседство (ДГ ЕНЕСТ). На состанокот, како што соопшти Министерството за ...
Се што е достапно во Македонија е направено, единствената шанса за живот е во странство, се вели во апелот за спас на струмичанката Вања Андонова, која боледува од канцер. За сите кои можат да помогнат да се спаси оваа мајка е упател апел, во кој се вели: -Ова не е само барање – ова е повик за помош. За мајка,за сопруга,за борец кој ги поминал изминатите четири години борејќи се со ракот со незамислива сила. Вања Андонова страда од метастатски, ...
Техниката, развиена од британски научници, ги комбинира јајце-клетката и спермата на родителите со втора јајце-клетка од донор. Методот е законски одобрен во Велика Британија повеќе од една деценија, но сега за прв пат има докази дека се реодени деца без неизлечиви митохондријални заболувања. Митохондријалните заболувања, кои се пренесуваат од мајка на дете, често доведуваат до инвалидитет или смрт во рок од неколку дена по раѓањето. Децата ...