
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите, на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција. Како што порача Мицкоски од партискиот штаб, ние сме на вистинската страна од историјата, „а Бугарија видовме ...
Дали имаше лобирање за првичното усвојување на драфт извештајот за Македонија, кој ги содржеше деловите со „македонски јазик“ и „македонски идентитет“, праша новинарка во Бугарија на прес конференцијата во Европскиот парламент по усвојување на извештајот, каде беа избришани спорните делови за бугарските европратеници. Прашањето беше упатено до известувачот за Македонија Томас Вајц, кој на крај мораше да се објаснува дека сите негови средби, како ...
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски во ново видео на Фејсбук, уште еднаш повика на помош за државните институции, кои се уште немаат испратено помош и ги повика граѓаните да се приклучат во гансење на пожарот. -Во моментот е повеќе од животозагрозувачка состојбата и сакам да ве повикам и на смиреност и на вклученост во акцијата. Жал ми е што државна помош се уште не е пристигната и покрај инсистирањето, сметам дека треба ургентно ...
Мислам дека за признавање на идентитетот и јазикот на земја кандидат за членство би требало да биде природна и непробелматична работа, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц во однос на невклучувањето на термините македонски јазик и идентитет во усвоената верзија на неговиот Извештај. На прес-конференција по усвојувањето на Извештајот за земјава за 2023 и 2024 година од страна на ЕП, Вајц ...
Со два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари, Грција помага во гаснењето на големиот пожар во селото Николиќ во општина Дојран во близина на границата, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека попладнево во 18 часот по локално време двата канадери полетале од Солун, додека копнените сили што беа испратени да помогнат во ...
На територијата на државата до 18:00 часот се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции, а по барање на ЦУК, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај село Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи. Приоритет е пожарот кај ...
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави повик за поднесување барање за доделување на бројот 116 000 кој е резервиран за обезбедување на услуга повикувачки центар за исчезнати деца. Ќе се доделува број од нумеричкиот опсег 116 наменет за услуги со социјално значење хармонизирани на европско ниво. Службата што треба да се воспостави ќе прима повици за пријавување за исчезнување на деца и ќе ги препраќа до полиција. Ќе нуди помош и ...
„Северно – македонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка од сугестии кои се неплодни. Успеавме да спречиме Европскиот парламент да биде искористен за домашна политичка пропаганда на Мицкоски.Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, со што Република Македонија мора да има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Република Македонија засега е само ...
Вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици на Параламентарните избори во 2024 се во износ од 386.710 илјади денари и ги опфаќаат приходите остварени на трансакциските сметки „за изборната кампања“ (140.978 илјади денари), приходите од донациите во ствари (963 илјади денари) и приходите обезбедени од буџетот на државата за објавено платено политичко рекламирање (ППР) (244.769 илјади денари). Тоа укажува дека 63,3 проценти ...
Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент, истакнувајќи дека тој дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата. По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, тој потсети дека ...
Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева. – Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на било кој народ, па и на ...
Она за кое што веќе пишувавме доби и официјална потврда од надлежната институција. Во одговор на барање на Левица, на информација од јавен карактер поднесено од Катерина Јовановска, координатор на Социјален сектор при Левица, Министерството за социјална политика, демографија и млади одговори дека нема асистенти за лицата со попреченост од Штип, Пробиштип, Кочани и Свети Николе поради немање на провајдер! -Додека властите се расфрлаат со празни ...
МВР информира дека вчера вечерта е уапсен возач со 1,94 промили алкохол во крвта. -На 09.07.2025 во 20.50 часот на регионалниот пат кај село Неокази, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода С.Ј. (59) од Пробиштип. Полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има ...
Постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, Основното јавно обвинителство Скопје поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. -Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да ...
Основното јавно обвинителство информира дека увидот по пожарот во Крива Паланка е само делумно завршен, бидејќи се уште постои опасност од разгорување. -Во однос на пожарот вчера во близина на Крива Паланка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција на телото на едно починато лице. Увидните дејствија се делумно завршени, бидејќи на дел од опожарената локација се уште постои ...
Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во коментар на денешната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Мицкоски најави дека ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, а ...
На консултативната средба на граѓаните со претставниците на инситутуциите од Пијанечно-Малешевскиот регион што се одржа во Делчево, беа изнесени повеќе забелешки и отворени прашања за тоа како се одвива проектот за Регионалниот центар за управување со отпад што треба да се гради во атарот на светиниколското село Мечкуевци. Првата забелешка беше на транспарентноста на процесот и недостатокот на информации за тоа да каде е проектот, изнесена и од ...
Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“. Мицкоски порача на Георгиев да не му се обрнува внимание зашто „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“. – Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме ...
Турскиот весник Хуриет го пренесува соопштението на турскиот клуб Фенербахче во кое се демантира информацијата пренесена и во некои турски медиуми и на социјални мрежи дека се нови сопственици на штипска Брегалница. Во соопштението се вели: „Тврдењата дека купивме клуб од Македонија не ја одразуваат вистината“. Се тврдеше дека Фенербахче купил 85 проценти од акциите на Брегалница Штип, еден од тимовите од Втората лига на Северна Македонија. ...
Со објавувањето на Конкурсот за упис на нови студенти од денес стартува и електронскиот систем преку кој заинтересираните средношколци можат да се пријават за упис на УГД. Пријавувањето можат да го направат на следниов линк: https://www.ugd.edu.mk/upisi/prv-ciklus-studii/. Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип за академската 2025-2026 година има 2.168 слободни места за редовни студенти, за прв циклус на студирање. Проректорот на УГД, Мишко ...
Истражување на научници од универзитетите во Кембриџ и Копенхаген откри најстар ДНК-доказ за чумата – бактерискиот причинител „Yersinia pestis“, во човечки остатоци стари околу 5.500 години. Во научниот труд, објавен во списанието „Нејчр“ (Nature), се анализирани ДНК-примероци од коски и заби на 1.313 лица кои живееле во Европа и Азија во каменото доба (37.000 – 12.500 години), па сѐ до пред 200 години. Научниците идентификувале 214 патогени што ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ. Како што соопшти МНРиНТ, во врска со ова, Министерството денеска го ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Автомотосојузот на Македонија информира дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...
До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево – помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума); Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево ...
Невидена трагедија се случи на плажата Монталто ди Кастро во регионот Лацио во Италија, кога 17-годишник од Рим го загуби животот, заробен во импровизирана дупка што ја ископал во песокот. Според првичните информации од „Кориере дела Сера“, малолетникот бил таму со своите помлади браќа и сестри, со кои се забавувал копајќи дупка длабока околу еден и пол метар. Во еден момент, неговите браќа и сестри се оддалечиле и тој останал сам. Нивниот татко ...
Новата инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ е уште еден темел на економската доверба и јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа. Денешниот ден е уште една потврда дека се движиме напред, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното поставување камен-темелник на новата фабрика на оваа компанија во Технолошко-индустриската развојна зона во Скопје. – Ова се показатели што го говорат најважното дека ...
СДСМ ја обвинува Владата на премиерот Христијан Мицкоски за, како што наведуваат, расфрлање со народни пари во време на сериозна криза со пожари и економски проблеми. Според соопштението, Владата планира да потроши речиси 1,8 милиони евра за организација и промоција поврзана со ЕКСПО настан кој треба да се одржи дури во 2027 година. „Додека пожарникарите со мизерни плати се борат со огнот, додека граѓаните на Кочани очајно чекаат државна помош, ...
Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување на пациенти, во предметот „Онкологија“, се одложи за 5 септември поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска. Во Основниот кривичен суд Скопје денеска на обвинителна клупа седна првообвинетиот Никола Васев и двајца обвинети онколози Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски, додека за Пешевска ...
До 12:30 часот вкупно 14 пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава, од кои четири се активни, шест се под контрола, два се локализирани и два се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, под Солунска Глава во општина Чашка – помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка. Таму се работи за шумски ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска околу пладне била физички нападната додека извршувала службени обврски на територија на Општина Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи. Според официјалното соопштение од МВР, инцидентот се случил на улицата Кумбара, а нападот го пријавило друго лице – со иницијали А.Ј. По инцидентот, Арсеовска се упатила во ГОБ „8 Септември“ за лекарска помош. Градоначалничката не поднела ...