
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Видео кое беше објавено во последниве часови, на кое Џорџија Мелони прави гримаси на маргините на самитот на НАТО, што се одржа во среда во Хаг, стана вирално на социјалните мрежи. Италијанската премиерка, која… има историја на правење чудни изрази на лицето во јавноста, стои пред камерите за да одговара на прашањата на новинарите, а кога ќе почне да го прави тоа, се грижи да ги… придружи своите коментари со гримаса! Погледнете го видеото: ...
Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена. Ова го истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања, по денешната прес-конференција. Во моментов имало недостаток од два генерички лекови на клиниката, едниот бил за широка употреба за повеќе состојби на рак, а едниот за дел пациенти со рак на белите ...
Судот денеска донесе правосилна пресуда со која го потврди она што го зборувавме цела година во врска со водата за пиење во Струмица. Агенцијата за храна и ветеринарство лажела цела година, предизвикувајќи страв и паника кај населението од општина Струмица за наводна неисправност на водата, вели градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов во објава на својот фејсбук профил. Костадинов ја објави пресудата на Апелацискиот суд од Штип и ...
Два земјотреси со јачина од 3,9 степени и 4,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани денеска во близина на градот Бурса, северозападна Турција, јавија турските медиуми, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби. Според локалние власти, во моментов нема информации за причинета материјална штети или повредени во земјотресите. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека екипи од ...
Истражувачкото новинарство е скап спорт. Главниот проблем е во тоа што нашите редакции многу малку вложуваат во истражувачко новинарство и ова станува главен извор на сите други проблеми и притисоци. Потребна професионализација, обука и мотивација на младите луѓе кои сакаат да бидат дел од оваа фела, а медиумите треба да се професионализираат и деполаризираат, бидејќи тоа е проблем кој го нарушува интегритетот на медиумите во македонското ...
Од наредната учебна година наместо печатени, свидетелствата од завршени одделенија во основно образование ќе бидат во електронска верзија и дигитално ќе бидат преземани од средните училишта во кои учениците ќе се пријават за упис. Министерката Весна Јаневска денеска изјави дека и во овој момент тоа е овозможено преку системот е-дневник, но ќе почне да се применува од идната година откако населението ќе биде повеќе информирано и подготвено за ...
Затворска казна од 16 години му е одредена на водачот на криминалната група што вршела изнуди за контрола на продажните места на крофни, односно на популарните грчки лукумадес на плажите во Ситонија, на вториот крак од Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, судот го прогласил за виновен 42-годишниот маж главен во мафијата со крофни, за уцените и заканите во текот на летото 2021 година. Грчката полиција тогаш разби ...
Пратеници во Европскиот парламент од редовите на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша ја обвинија еврокомесарката за проширување Марта Кос за политичката пристрасност и мешање во внатрешната политика на Словенија. Повод за ваквите обвинувања е интервјуто на Кос за словенечкиот весник „Младина“, објавено вчера, во кое таа вели дека на би сакала „Словенија повторно да има влада на Јанез Јанша“. Кос посочува ...
МВР информира дека е уапсен возачот, кој вчер во Скопје усмрти пешак. -На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина” во Скопје мотоцикл „бмв” со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од јавен ...
Уапсен е гостиварец, кој пијан возел мотор. -На 30.06.2025 во 14.58 часот на ул.„Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(68) од Гостивар. Тој управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на Тесла, Спејс Икс и „Х“ „ќе мора да затвори сè и да се врати во Јужна Африка“. Во објава на „Truth Social“, Трамп се осврна на претходната силна поддршка на Маск за неговата претседателска кандидатура, истакнувајќи дека претприемачот цело време знаел дека Трамп е против задолжителните електрични возила. -Илон Маск знаел, долго ...
Италија од 2026 до 2028 година ќе издаде околу 500.000 нови работни визи за граѓаните на земји надвор од ЕУ, објави вчера италијанската Влада, како дел од стратегијата за проширување на легалните имиграциски патишта и одговор на предизвиците од недостигот на работна сила. Следната година вкупно 164.850 лица ќе имаат дозвола да влезат во земјата, додека вкупно 497.550 лица треба да влезат во земјата до 2028 година. Ова е втор ваков потег на ...
Актуелниот градоначалник Иван Јорданов е кандидат на ВМРО ДПМНЕ за втор мандат. Јорданов вели постигнале успех, а пред нив е задачата Штип да го развијат во банско – рекреативен центар, а градот да се прошири со нови населби. СДСМ е на став дека власта одби да ги слушне приоритетите на граѓаните и пропушти да го реши нивното прво барање – редовно водоснабдување. Граѓаните пак, бараат простор за движење, почист град, урбаната средина да биде ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 од Кривичниот законик. -На 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво ...
Од денес (1 јули) стапува во сила забрана за движење во шумите и ќе важи до крајот на август, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, како што посочуваат од Министерството, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во ...
На државните патишта во Македонија од денес до 31 август се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Министерството за внатрешни работи вечерва ги соопшти термините во тек на кои ќе се применува времениот режим на сообраќај: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 19:00 часот и ...
Веќе е познато дека Максим Димитриевски ќе бара нов мандат за градоначалник на Куманово. Едно од прашањата кое се поставува е што во овој мандат локалната власт предводена од него успеала да реализирала од она што го ветила? Изградба на три детски градинки, кружни тека за намалување на сообраќајниот метеж, како и изградба на водоводни мрежи се само дел од ветените проекти. Од општина Куманово велат дека реконструирани се спортската сала, ...
Младата талентирана пејачка ќе ја испее песната „Kad noć sretne dan“, чиј автор на музиката е Григор Копров. Нејзиниот брат, Стефан Петановски е автор на аранжманот, а текстот е на Роберт Пилепиќ, еден од најангажираните текстописци во Хрватска. „Ова ќе биде активно работно лето за мене. Ја имам таа среќа три пати да настапувам во градови на Јадранското море, прво во Сплит, па во Тиват во дует со Дадо Топиќ, а потоа во Шибеник, на тамошниот ...
Сузана Јовановиќ не даде никакви соопштенија по смртта на Саша Поповиќ, а сега за прв пат призна како се справува со неговата смрт. Пејачката признава дека се надевала дека Саша ќе биде излекуван и со солзи во очите се сеќава на последните моменти заедно со својот долгогодишен сопружник и открива како Поповиќ ја тешел. -Последната средба беше во болницата, покрај неговиот кревет, од кој не се одвоив до неговиот последен здив. Тешко е чувството ...
Едно од шест лица во светот е засегнато од осаменост, која, заедно со социјалната изолација, може да доведе до физичка болест, придонесувајќи за 871.000 смртни случаи низ целиот свет годишно, соопшти комисија на Светската здравствена организација (СЗО). Осаменоста го зголемува ризикот од мозочни удари, срцеви удари, дијабетес, депресија, анксиозност и самоубиство, соопшти СЗО. Осамените тинејџери имаат 22 проценти поголема веројатност да ...
Дете (9) од Македонија вчера се удавило во Италија. Трагедија се случила вчера околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близината на Тревизо, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо”. – Девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве. Малата Адна си играла на камењата со други девојчиња кога се ...
Во 2024 година се регистрирани 757 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 151 објект за домување (19.9 %), 99 доградби, надградби и адаптации (13.1 %), 77 деловни објекти (10.2 %), 49 гаражи (6.5 %), 147 огради (19.4 %), осум скалила (1.1 %), 14 тераси (1.8 %), 20 летни тераси (2.6 %), 93 натстрешници (12.3 %), 26 времени објекти (3.4 %) и 73 помошни објекти (9.6 %). ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара, цената на дизелот се намалува за еден денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,3 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ...
Основното јавно обвинителство Струга поведе итна постапка и по обезбедување на доказите поднесе Обвинителен предлог против две полнолетни лица од селото Радолишта, кои се обвинети дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Соизвршител на истото дело бил и еден малолетник од истото село за кого ќе биде поведена постапка согласно Законот за правда на децата. -На 21 јуни тројцата извршиле ...
Пуштена е во употреба делницата Фариш – Дреново од експресниот пат А1, дел од коридорот 10д, се скратува времето за патување. Од денеска, отворена е за сообраќај и оваа делница. Проектот е со вкупна вредност од 44,74 милиони евра и е финансиран со заем од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој). На пуштањето денеска присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на јавното ...
МВР информира за несовесен виничанец, кој возел пијан, без возачка и бил агресивен. -На 29.06.2025 во 13.30 часот на регионалниот пат Виница-Берово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Виница го лишиле од слобода М.А.(55) од Виница. При контрола на патниот сообраќај е констатирано дека управувал патничко возило со брзина од 74 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри ...
Додека „Боинг 787“ се движел кон пистата, десниот врв на крилото удрил во задниот дел од „Ербас А321“, кој исто така чекал полетување. „Боинг“ буквално ја скинал опашката на „Ербас“, објави Јутарњи лист, по пишување на германскиот Билд. On Thursday, June 27, 2025, two #VietnamAirlines aircraft were involved in a ground collision at #Hanoi Noi Bai International Airport (HAN) in #Vietnam. 🎥 ©️ @phamtung2588#Boeing #B787 #Dreamliner #Airbus #A321 ...
Протераниот тибетански духовен лидер, Далај Лама, денеска навести дека по неговата смрт ќе биде назначен наследникот кој ќе ја продолжи борбата за слобода на Тибет. Далај Лама денеска им се придружи на илјадници будистички верници на молитвената прослава за одбележување на неговиот 90-ти роденден, настан што одекна многу подалеку од индискиот хималајски град каде што живее со децении. Облечен во будистичка облека, тибетанскиот духовен лидер се ...
Радовишанка мортус пијана предизвикала сообраќајка и побегнала од местото. -На 29.06.2025 во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш. Taa на ул. „Самоилова” во Радовиш, управувајќи моторно возило предизвикала сообраќајна несреќа и го напуштила местото на настанот, а по преземени мерки било утврдено дека возилото го управувала под дејство на алкохол, односно дека има 2.23 ...
Бијонсе за малку ќе доживееше ужасна несреќа за време на концерт во Хјустон. Пеејќи од кабриолет што висел во воздух, пејачката одеднаш извика „Стоп!“ Застрашувачкиот момент е снимен со камера, а видеото што ги шокираше сите е широко споделувано на социјалните мрежи. Бијонсе го изведуваше својот хит „16 Carriages“ кога автомобилот одеднаш се навали настрана, и се слушна извик: „Стоп“. her shaky voice i’m crying pic.twitter.com/iARumBS1JW — ...