
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер за утре попладне прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Како што соопшти, наместа процесите ќе бидат поинтензивни. Потоа, во следните два дена (среда и четврток), ќе преовладува сончево и многу топло време и максимална температура до 39 степени, со мала до умерена локална облачност. -Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе ...
Сите понуди се доверливи и така ќе ги третираме додека не се избере најповолната и додека не се декласифицира за да можеме да ја соопштиме во јавноста. Граѓаните да бидат мирни и спокојни, сигурно нема да класифицираме и склучуваме договори како во минатото кога се носеа на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаме. Она што ние ќе го прифатиме ќе биде најдобро, јас сум оптимист дека така и ќе биде, ние работиме исклучиво и само во ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 71,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 71,00 денар за литар. Малопродажната цена на ...
МВР информира за тројца пијани возачи. -На 13.07.2025 во 21.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај наплатна станица Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода В.Б.(65) од с.Лисец тетовско, кој управувал товарно возило ,,Фиат Добло” со тетовски регистерски таблици под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.06% промили алкохол во крвта. Исто така, на 14.07.2025 во ...
Во мај годинава се издадени 469 одобренија за градење, што е за 80.4 проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест. Според издадените одобренија за градење, предвидената ...
Бројот на туристите во мај 2025 година изнесувал 130 739, од кои 22.4 % се домашни, а 77.6 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Во мај се евидентирани 231 313 ноќевања, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските. Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај ...
Генерално, ваков е заклучокот од денешниот одговор на премиерот Христијан Мицкоски, кој со денови одговараше дека се прават анализи, додека денеска излезе со информација дека во текот на денот ќе се состане со министерот за економија и труд, по што ќе се одлучи како ќе се реагира на растечките цени. На овој состанок, како што рече Мицкоски, се очекува да се разгледаат резултатите од анализите на кои се повикуваше изминатите неколку недели, ...
Шпанскиот фудбалер Ламин Џамал го прославил својот 18-ти роденден на Ибица минатиот викенд. Ѕвездата на Барселона ги поканил своите соиграчи, бројни познати личности и неколку светски влијателни личности на прославата. Сепак, едно нешто особено го привлкло вниманието на многумина. На влезот, Џамал им ги одзел мобилните телефони на сите, па затоа не биле објавени снимки од внатрешноста на вилата во јавнос. Сепак, шпанските новинари ја објавија ...
Никој со сигурност не може да тврди дека цените на лебот и брашното ќе бидат стабилни, ниту дека пченицата ќе продолжи да се откупува по договорените 12 денари за килограм, велат мелничарите. Според нив, како што изминува жетвата, така квалитетот на пченицата се повеќе се намалува и станува полош, несоодветен за производство на лебно брашно, па оттука и несоодветен за сегашната откупна цена. Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската ...
Лутината е емоција со којашто, вообичаено, луѓето тешко се справуваат. И додека растеме, и подоцна, „нè учат“ и ни укажуваат дека изразувањето лутина значи дека човекот е проблематичен или „лош“. Но, лутината не е само маана – тоа е знак на повреденост, навреда или неправда, пишува „Задоволна“ (Zadovoljna). Како психолог и терапевтка сосредоточена на емоциите, со повеќе од 20 години искуство, д-р Џули Фрага има свои видувања за тоа како нашиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија. -Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми. Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија ќе ги надомести трошоците за ракетите. -Ќе ги испратиме „патриотите“ што ...
Пожар во куќа избувнал вечерва, околу 20 часот на улицата „Скупи“ во општина Карпош. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА, пријавата за пожарот била примена во 20:02 часот преку бројот за итни повици 112. Од страна на Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на ЦУК било побарано исклучување на електричната енергија на нисконапонската мрежа за да може екипите на Бригадата за противпожарна ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава присуствуваше на „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи што ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет. Како што информира нејзиниот Кабинет, Сиљановска-Давкова, честитајќи им го бракот на годинашните младенци, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, им посака среќен заеднички живот, полн со љубов, ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место на експресниот пат Прилеп-Градско каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место. -Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, ...
На горозоморниот чин што се случи вчера во Прилеп во кои беа убиени Панчо Чупаркоски (43) и неговиот 13-годишен син Милан му претходел повик од Петар Мајоски, вујко на сега убиениот Панчо да дојде во неговата куќа. При тоа, инсистирал, со себе да го поведe и неговиот 13 – годишен син, односно внук од сестра на П.Ѓ., соопшти СВР Битола. Панчо ѝ кажал на неговата сопруга К.Ч. (43) дека неговиот вујко инсистира да оди во негова посета заедно со ...
Во рамки на традиционалната Галичка свадба денеска ќе се одржи венчавката на овогодинешните младенци Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. Нивната венчавка што ќе се одржи во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник, со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди, е и централен настан на манифестацијата. Денот на венчавката, ќе почне со традиционалните обичаи „канење на мртвите“, „канење на кумот“, „бричење на зетот“ и „тргнување ...
Вооружен маж од Прилеп застрелал двајца, а потоа се самоубил во драматичен настан на кој му претходела заложничка криза. Неофицијално се работи за внук од сестра и син од внукот на мажот кој пукал. Инцидентот е потврден, но без да се дадат детали. Настанот се случил синоќа во центарот на Прилеп, кај споменикот Карпалак. Прилепчани сведочат за засилено полициски присуство, а на местото на настанот имало и специјални полициски сили. Неофицијално, ...
Во тек е хиротонисувањето на Архимандритот Георгиј во Митрополит Дебарско – Кичевски кое се одвива на литургија во „Света Софија“ во Охрид во присуство на сите владици на МПЦ-ОА. Хиротонисувањето го води Поглаварот на МПЦ- ОА г.г. Стефан. Во црквата се присустни повеќе црковни луѓе, како и дел од јавните личности, меѓу кои и поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Игуменот Георгиј на 12 јуни беше избран за нов Дебарско-кичевски митрополит, откако ...
Семејни недоразбирања и нерасчистени имотни односи е причината за семејната трагедија во Прилеп, во која беа убиени 12-годишно дете и неговиот татко (43) од нивниот 63-годишен дедо и вујко, потврди Обвинителството. Убиецот, кој потоа сам си пресуди, претходно во текот на денот на Фејсбук се заканил. -Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и ...
Охрид од вечерва се до 20 август ги живее своите 40 дена возбуда што ги носи фестивалот „Охридско лето“. Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска палка на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар беше отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, фестивалот ...
Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожартот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, бидејќи е ...
Министерството за внатрешни работи попладнево ги демантира невистините објавени во дел од порталите, дека наводно бил вратен стариот систем на контрола на граничниот премин Блаце. -Поради технички проблеми во текот на денешниот ден имаше краток прекин на системот на гранична контрола на неколку гранични премини кон Косово, Србија и Албанија. Во тој период се пристапи кон алтернативно евидентирање, по што за кратко време состојбата беше ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата “Севастополска”. Тој се претставил како сопственик на ...
Во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид денеска на Петровден со почеток во 17:00 часот, ќе биде извршено наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј. Хиротонијата и востоличување на новиот митрополит Георгиј, ќе биде утре на Божествена литургија во Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот. МПЦ-ОА ги повикува верниците да дојдат во Охрид и ...
Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво. Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи. На снимката од ...
Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. -Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви да закажат термин за следните услуги: издавање лична карта, издавање пасош и издавање возачка дозвола. Процедурата е едноставна и достапна од кој било електронски уред, наведува ...
Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле. Со Петровден завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на апостолите. Црквата го празнува овој ден на 12 јули секоја година, а следниот ден е соборниот празник на дванаесетте големи апостоли заедно … Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу ...
Под мотото „Трансформација на сетилата“ , вечер од 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Честа да ја започнат 40-дневната фестивалска програма ја имаат американската пијанистка со блескава кариера Клер Хуангчи и уметниците од Националната филхармонија на Р.С.Македонија под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер. Клер Хуангчи е родена во Рочестер, Њујорк. На многу рана ...
Најмалку осум лица се повредени во невремето што попладнево го погоди Белград, соопштија од Итната медицинска помош. Силно невреме проследено со удари на ветар, дожд и град го погоди Белград околу 14 часот денеска откако претходно од Хидрометеоролошкиот завод преку СМС пораки беше испратено предупредување за граѓаните поради зголемениот ризик од силни грмотевици со дожд, локално град и силни налети на ветер. За можно невреме беа предупредени и ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави царина од 50 отсто за бакар, велејќи на социјалните мрежи дека таа ќе стапи во сила на 1 август и дека одлуката е донесена по проценка на националната безбедност. -Бакарот е потребен за полупроводници, авиони, бродови, муниција, центри за податоци, литиум-јонски батерии, радарски системи, системи за ракетна одбрана, па дури и хиперсонично оружје, од кое ние градиме многу, рече Трамп во објава на ...