
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Земјотрес е почувствуван синоќа во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на ...
Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници. Оваа одлука, како што пренесува Литургија.мк, беше соопштена од страна на поглаварот на Православната црква во Америка, архиепископот Вашингтонски и митрополит на сета Америка и Канада г.г. Тихон во неговиот ...
Анџелина Џоли никогаш не била глумица која би се потпирала на своето презиме или на раните успеси. Иако како дете се појавила во филм заедно со својот татко Џон Војт во 1982 година, таа ја почна својата сериозна актерска кариера дури десет години подоцна. И, од самиот почеток, таа покажа посветеност и подготвеност да прифаќа тешки и предизвикувачки улоги, пишува „Индекс“. Така, една од нив речиси ја натерала целосно да се откаже од глумата, вели ...
Мајкл Џордан ја посети Грција, поминувајќи моменти на релаксација во Спецес и учествувајќи на настан од неговиот личен бренд во Атина, насловен „Одбор на величието“. НБА легендата вечераше во ресторан во Вулијаммени заедно со други ѕвезди од највисоката лига, како што се Лука Дончиќ, Кармело Ентони и Бам Адебајо, и како што се утврди, беше многу задоволен од тоа како бил угостен. Менито, базирано на морска храна и традиционални грчки вкусови, го ...
Flex Credit, еден од најдинамичните финансиски системи во Македонија, оваа година ја организираше својата годишна конференција во Струга каде пред сите вработени и менаџментот беа презентирани рекордни финансиски резултати за првото полугодие од 2025 година, пишува pari.com. Со повеќе од 380 вработени и 65 филијали на Flex Credit низ Македонија, дополнети со мрежата од 40 филијали на Земи Пари, Flex Group ги обединува и Flex Broker – брокерско ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) со писмо до јавноста најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Реакцијата од АСОМ ви ја пренесуваме во целост: -Донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на засегнатите страни и без јавна расправа, претставува повторување на ...
Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. -Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски” – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока ...
Шакшука е традиционално јадење од Блискиот Исток, направено од јајца во богата, зачинета доматна соса. Идеално за доручек, ручек или лесна вечера. Состојки: Подготовка: Во поголема тава загрејте маслиново масло на средна температура. Додадете го сечканиот кромид и лукот. Пржете неколку минути додека омекнат. Ставете ги црвените пиперки и лутата пиперка, и пржете додека пиперките омекнат. Додадете ги доматите и по желба, харисата. Посолете и ...
Летово носи, меѓу другото, и нови правила на популарните европски туристички дестинации. Оваа сезона, на пр. Портофино во Италија и Албуфеира во Португалија воведоа низа забрани за одење бос, пиење алкохол на улиците, јавна голотија, „пикник“ и друго, сѐ тоа со високи казни за прекршителите. Малото крајбрежно гратче Портофино на италијанската ривиера, познато по луксузните јахти и гламур, одлучи да забрани цела низа однесувања што до неодамна ...
Во 2024 година, 27,0% од населението на ЕУ не било во можност да си дозволи една недела годишен одмор надвор од местото на живеење, соопшти Евростат. Највисок процент на луѓе кои не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор е забележан во Романија (58,6%), во Грција (46,0%) и во Бугарија (41,4%). Спротивно на тоа, само 8,9% од луѓето во Луксембург, 11,6% во Шведска и 13,0% во Холандија, не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Евростат не ...
Во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме“ пред публиката пристигнува уште едно драгоцено музичко парче – „Како што е таа чаша“ во изведба на Спасен Силјаноски. Оваа безвременска, традиционална македонска народна песна со силен патриотски и сентиментален дух е вистински сведок на душата на нашиот народ – каде што личната болка се претопува во патриотски елан, а мелодијата ја раскажува борбата, тагата и гордоста низ кои сме чекореле ...
Овој петок, на 18.07.2025 година во локал Харбор – Охрид во 11 часот ќе се одржи PRESS конференција по повод концертот на македонскиот актер, шоумен и музичар Игор Џамбазов и неговите постојани соработници „Гуру Харе бенд“ кој ќе се одржи на „Антички театар“ во Охрид, а е закажан за во сабота, на 19 јули. На прес конференцијата ќе бидат соопштени сите детали за програмата, како и останатите поединости во врска со концертот кој долго се очекува. ...
Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во повеќе општини во рамки на Град Скопје при што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавен обвинител, а повразно со бесправна градба, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во насока на обезбедување докази за бесправна градба, Тошковски посочи дека е влезено во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела ...
Со поставување на камен-темелник, денеска официјално започна изградбата на еден од најголемите енергетски проекти на Балканот – ветерен парк во близина на Штип, инвестиција вредна половина милијарда американски долари. Зад проектот стои компанијата „Алказар Енерџи Партнерс“, која на површина од 326 хектари ќе инсталира 55 современи турбини со капацитет да произведуваат една терават-час електрична енергија годишно – доволно за да се снабдат со ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. -Во текот на вчерашниот ден при извршен претрес пред ...
Мобилен царински тим заплени над 5,6 илјади парчиња фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ коишто увозник од Скопје со намера да го скрие делото, логоата ги прикривал со пластифицирани налепници, соопшти денеска Царинската управа. За случајот е поведена постапка за повреда на право од интелектуална сопственост и е утврдено дека станува збор за фалсификувана стока која во нашата држава требало да се продава како оригинална. Вкупната проценета ...
Министерството за финансии соопшти дека 16 банки одговориле на барањето за доставување понуди за финансирање на брзата пруга, што треба да се гради во Македонија. Тоа се: одговорија 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка, јапонската МУФГ, британската Стандард чартерд, Банка на Америка, Ерсте банка, Сосиете ...
Врз основа на доказите добиени преку Скај комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Во текот на утрово беше извршен претрес на три локации, при што едно лице е приведено. -Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, во два наврати организирале неовластена набавка, ...
Државата годинава покажува дека можело многу поинаку да се даде одговор на сите предизвици со пожарите. Согласно она што го имам денеска како информација во рамки на оперативна акција преземена во врска со пожарите досега се лишени од слобода околку 20 лица. Дел беа во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пуштени на слобода поради тоа што беа малолетници, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. МВР, нагласи Тошковски има директни ...
Подготвен е и меморандум со ТППЕ Струмица и денеска ќе биде потпишан, врз чија основа ќе се изготви протокол и индивидуални решенија со кои секоj пожарникар-спасител ќе добие плата од 80.000 денари плус додатоци. Со Синдикатот на УПОЗ постигнавме договор – септемвриската плата на сите вработени во администрацијата на Општина Струмица ќе биде зголемена за 20%. Ова е информација од градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој вели дека ...
Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем. Моделот, како што информираат од Народната банка, се заснова на принципите и практиките на централните банки во евросистемот за фиксни и предвидливи ...
Во раните утрински часови изби нов пожар на планината Готен, на територија на општина Василево, над м.в. Слепи Дол и м.в Орлов Камен, во близина на селото Нивичино, информираат од ТППЕ Струмица. -На лице место веднаш се упатени тимови од ТППЕ Струмица и ЈП Национални шуми. Се работи за тешко пристапен терен преку кој на местото на пожарот може да се пристапи единствено пешки. Се очекува воздушна поддршка, пишуваат пожарникарите од струмица. Кире ...
Возот за Богомила синоќа по 21 часот близу два часа стоел кај Велес, додека патниците останале без информации што се случува и кога ќе може да продолжи нивното патување. Студенти кои патувале за Велес го контактирале профилот на „Студентарија“ со информации дека чекаат некој да им каже кога возот ќе продолжи. Возот што тргнал во 20:05 минути од Скопје за Богомила се расипал и во меѓувреме се чекало пристигнувањето на друга локомотива, со која ...
МВР информира за апсење на затворски полицец кој се обидел да внесе дрога во Идризово. -На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога. Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји. Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за ...
Како што полека се приближува крајот на мандатот на градоначалникот Борче Јовчески, јавноста во Прилеп сè повеќе се прашува колку од големите ветувања дадени на почетокот од неговото владеење се реализирани. Од бесплатни оброци за ученици, преку капитални инфраструктурни зафати, до решенија за еколошки и урбанистички проблеми – листата на проекти што ги најави беше амбициозна, но времето за нивна реализација истекува. Клучни ветени проекти на ...
СВР Штип информира дека вчера од плински шпорет се запалила куќа во Штип. -На 15.07.2025 во 14.21 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л. од Штип. Притоа, со изгореници се здобила неговата мајка М.Л.(83) од Штип, кој се обидела да го изгасне пожарот и била пренесена во Клиничка болница Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат и за настанот бил ...
Министерството за внатрешни работи распиша конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. Полицијата ги повикува сите млади непартиски членови под 25 години мажи и жени со висина од минимум 170 и 160 сантиметри, со завршено средно образование и не им е изречена правосилна казна, да се пријават на огласот за кое работно место ќе претходи едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука. -Да се биде полицаец е повик а не ...
Семејствата во земјите од Европската унија повеќе претпочитаат да имаат домашни миленици отколку деца. Во 2024 година, според податоците на Евростат, во ЕУ имало речиси 202 милиони семејства, а само 47,6 милиони (23,6%) од нив имаат деца, додека 76,4% се бездетни. Домашни миленици, пак, имаат околу 91 милион европски домаќинства (46%). Највисок удел на семејства со деца има во Словачка (35,6%), Ирска (31,0%) и Кипар (28,6%). Спротивно на тоа, ...
СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат на претстојните локални избори, а ќе го објави до крајот на јули. Во игра се Мишко Ралев и Каја Шукова, но има и уште двајца други кандидати, рече вечерва партискиот лидер Венко Филипче. Тој во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека не сака да шпекулира со број на гласови кои би ги добила СДСМ на изборите или со број на советнички места и градоначалници. -Даваме се од себе да ги промовираме најдобрите ...