Интересен натпревар се одигра во Куманово каде истоимениот тим му приреди изненадување на ГРК Тиквеш, кој едвај дојде до победа, славеше со 27-28. За кавадарчани ова беше петта победа, имаат исто толку порази. На другата страна Куманово испушти голема шанса да дојде до вториот триумф, сега има девет порази. Домашниот тим имаше водство до 41-та минута (20-18), по што следеше серија на гостинскиот состав од 3-0 за 20-21. Од овој момент мечот ...

Ракометарите на Тиквеш стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва во претпоследниот натпревар од 10. коло славеа на гостувањето кај МРК Куманово со минимални 27-28. Домаќините одиграа подобро во првиот дел со што на пауза заминаа со позитива од три гола 15-12. Сепак, кавадарчани покажаа неверојатна игра и пожртвуваност во вториот дел и на крајот стигнаа до голем триумф од 27-28. Балша Цејовиќ со осум гола беше прво име кај ...