Братислава, 12 мај 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Словачка, Јурај Бланар, денеска во Братислава учествуваше на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а е формирана со цел забрзување на ...

Гостивар, 12 мај 2026 (МИА) – На последната 24. седница на Собраниската комисија за образование, наука и спорт беа прифатени сите забелешки на Владата кои се однесуваа на статутарните одлуки на Универзитетот „Мајка Тереза“. Во образложението пред пратениците и членовите на комисијата беше кажано дека се однесуваат на технички измени кои се во склад со законските прописи. Со Статутарната одлука за изменување и дополнување на статутот на ...

Струмица, 11.мај 2026 (МИА) – Одбојкарките на Работнички се нови шампиони откако во мајсторката од плеј офот во Струмица со 3:1 во сетови (16:25; 25:20; 27:25 и 25:23) го совладаа тимот на Наковски волеј со 3-2 во победи. Ова беше прв триумф на Работнички сезонава на теренот на противникот. Натпреварот почна во знак на домашната екипа, која го доби првиот сет и поведе со 1:0, но во вториот гостинскиот тим беше поуспешен и изедначи на 1:1. ...

Рим, 11.мај 2026 (МИА) – Аргентинскиот фудбалер од редовите на Рома, Пауло Дибала потврди дека неговиот сегашен клуб сè уште не го контактирал за продолжување на договорот. Тоа значи дека натпреварот против Лацио во следното коло можно е да биде и неговиот последен во дресот на Рома. На последниот дуел и победата на Рома од 3:2 над Парма, Дибала беше асистент на првиот гол за неговиот тим. Никој не ме контактирал, а договорот ми истекува за ...

Сан Антонио, 11.мај 2026 (МИА) – Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама нема да добие дополнителна казна по исклучувањето на натпреварот број 4 од полуфиналето на Запад против Минесота. Французинот ќе биде на располагање на својата екипа за петтиот натпревар што ќе се игра во вторник на среда навечер, а домаќин е Сан Антонио. Инцидентот се случи за време на вториот период од натпреварот број 4 кога Вембањама во офанзивен скок со лакт го ...

Лос Анџелес, 12 мај 2026 (МИА) - Оклахома Сити ги победи Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостински терен во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот со 115:110. Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 35 поени и осум асистенции. Бекот на Лејкерси, Остин Ривс, постигна 27 поени, а Леброн Џејмс имаше дабл-дабл со 24 поени и 12 скока. Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари ...

Лондон, 12 мај 2026 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, упати замерки на своите фудбалери за прикажаната игра синоќа во ремито 1:1 со Лидс на домашен терен во 36. коло од англиската Премиер лига. - Игравме без страст, многу брзавме. Судијата исто така беше вознемирен денес. Не знам. Не можам да ги разберам поплаките за вчерашниот ВАР на средбата Вест Хем – Арсенал, бидејќи гостинскиот голман Давид Раја не беше фаулиран 100 ...

Лос Анџелес, 12 мај 2026 (МИА) - Тренерот на Лос Анџелес лејкерс, Џ.Џ. Редик, одговараше на прашања по поразот на тимот од Оклахома Сити со 110:115 ноќеска во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот. Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари од серијата (4-0) и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот, каде што ќе играат против победникот од натпреварот Сан Антонио - Минесота (2-2). - Кога завршува сезоната, секогаш има ...

Рим, 12 мај 2026 (МИА) - Италијанскиот фудбалски стручњак Клаудио Раниери ја објави својата подготвеност да ја води репрезентацијата. - Порано реков „не“ на италијанската репрезентација бидејќи веќе ја имав работата во Рома и не можев да ги држам двете позиции истовремено. Сега сум достапен, па ако некој се јави, зошто да не? Никогаш не вели никогаш. Дали би се согласил да бидам главен тренер или само менаџер? Не знам. Кога вашата земја ќе ве ...

Неапол, 12 мај 2026 (МИА) – Тренерот на Наполи, Антонио Конте, го коментираше поразот (2:3) од Болоња синоќа во 36. коло од Серија А. - Кога притискаш, мора да го правиш правилно, бидејќи ако не го правиш внимателно, само трчаш наоколу залудно. Можевме да бидеме порешителни во нашиот пресинг, но ова не е прв пат оваа сезона да изгубиме вака. Очигледно, треба да бидеме порешителни на почетокот на натпреварот, бидејќи ова постојано се случува. ...

Париз, 12 мај 2026 (МИА) – Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, е прогласен за играч на годината во Франција за сезоната 2025/26 од страна на Националната унија на професионални фудбалери (UNFP). Церемонијата на доделување награди се одржа во Париз. Дваесет и осумгодишниот Французин ја освои наградата втора година по ред. Меѓу номинираните беа и клупските соиграчи на Дембеле, Нуно Мендеш и Витор Фереира Витиња, Мејсон Гринвуд (Марсеј) и Флоријан ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Членот на младинската школа на ШК Алкалоид Стефан Мелник беше повикан за настап во репрезентацијата на слабовидни и слепи шахисти, која учествуваше на Светското екипно првенство во шах во издание на IBCA (Интернационалната Брајова шаховска асоцијација). Тој беше најмладиот член на репрезентацијата и единствениот играч под 18 години на целиот турнир, кој се одигра во Црна Гора, а на кој учествуваа 21 репрезентација. ...

Кочани, 11 мај 2026 (МИА) - Фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ од кочанската населба Оризари продолжува успешно да го афирмира изворниот фолклор од Осоговијата, освојувајќи две значајни награди за неполн месец. На 13 април, ансамблот настапи на 22. Меѓународен мултикултурен изворен фолклорен фестивал „Велигденски средби“ во Ораовица, каде со својот автентичен сценски настап и богата фолклорна традиција го освои високото второ место. ...

Куманово, 11 мај 2026 (МИА) - Центарот за култура Куманово распиша конкурс за изложбата „Самоуки 2026“. НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Куманово го објави конкурсот за традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2026“, која е дел од годишната програма за изложби на установата. Од Центарот ги повикаа сите неакадемски уметници од Општина Куманово, на возраст над 20 години, да земат учество на изложбата со најмногу три дела по сопствен ...

Кочани, 11 мај 2026 (МИА) - Во духот на традицијата, зачувувањето и афирмацијата на културното наследство и меѓународното пријателство, викендов во Оризари и Зрновци се одржа XII Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари. Во рамките на фестивалската програма, градоначалникот Владко Грозданов присуствуваше на свечениот прием организиран за ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции - изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 - 2030, кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на мрежата на ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Агенцијата за филм во август годинава ќе распише мконкурс за снимање македонски серии, соопшти денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што напомена одговорајќи на новинарски прашања во врска со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 - 2030, поголем фокус ќе биде ставен на играната детска програма. -Агенцијата за филм во август кончено, ќе распише конкурс за снимање ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Францускиот институт во Скопје ќе биде домаќин на новото и проширено издание на „Изложба и уметничка средба“, овојпат под наслов „Вкрстени погледи: културно наследство и современа уметност“, посветено на дијалогот меѓу францускиот сликар Клеман Бедел и македонските уметници Христина Иваноска и Јане Чаловски. Настанот ќе се одржи вечерва, со почеток во 19 часот, во Францускиот институт во Скопје, а ќе го отвори ...

Скпје, 12 мај 2026 (МИА) - Издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека во Скопје ќе гостува писателката Ана Пашкевич од Полска за промоција на сликовницата „Три желби“, во рамките на проектот „ЕУрека: Читањето – семе на иднината!“ Пашкевич во Скопје ќе одржи четири работилници за деца од рана училишна возраст, со наслов „Совршениот дом за златната рипка“. Користејќи различни материјали и креативни методи, таа ќе ги доближи до децата животинскиот ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Здружението „Љубители на класичната музика“ од Скопје по 18-ти пат ќе го одбележи Светскиот ден на хармониката, со свечен концерт вечер од 20 часот во камерната сала на Филхармонијата. Ќе настапат македонски уметници, како и студенти од класата на професорката Зорица Каракутовска од Факултетот за музичка уметност Скопје, која е и претседателка на здружението што го организира концертот. На програмата се дела од ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер од 19,19 часот ќе биде промовирана книгата „Кој ти дозволи да шеташ низ туѓи соништа во ниедно време “ од Владимир Лукаш, визуелен уметник, писател и музичар од Скопје. -Разносетилниот внатрешен свет на Владимир Лукаш, полн со слики, вкусови, мириси и звуци, е преселен и во поезијата што ја пишува. Песните изобилуваат со неочекуваности, на сите страни летаат ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - „Како вода за чоколада...“ е насловена самостојната изложба на Валентина Поцеска, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во галеријата Чифте амам. Ќе бидат претставени 60-ина дела, кои авторката ги изработила од 2020 до 2026 година. -Во основата на постапката на сликање е комбинираната техника или постапка на градење на слоевитоста на секое дело, која започнува со колажот, кој е комбиниран и „зачинет“ со боја ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип од денеска до 14 мај го организира Фестивалот на современа музика 2026, кој е посветен на промоција на светското и на домашното творештво. Ќе бидат изведени три камерни концерти, на кои ќе настапат реномирани странски и домашни уметници. Фестивалот ќе биде отворен вечер со концерт на „Трио Академико“, со кој ќе одбележат 15 години концертна активност на ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Деновиве од печат излезе латиничната верзија на српското издание на специјалното издание на книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“, („Labudova pesma Zarobljenice vetra“) (радио-елегија за првата македонска поетеса Даница Ручигај) на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, поранешни новинари на Македонското радио – Радио Скопје и познати македонски публицисти. Книгата на српски јазик ја преведе познатата ...

Струмица, 12 мај 2026 (МИА) - НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица“ почна со реализација на проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Свети Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село-едно од најзначајните духовни и културно-историски обележја на Струмичкиот регион, информираа од оваа установа. Се наведува дека храмот, изграден во 1870 година, претставува вредно сведоштво за богатата ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Љубителите на класичната музика утревечер ќе имаат можност да уживаат во концертот за четирирачно пијано „Рапсодија“, кој ќе се одржи во Камерната сала на Македонска филхармонија со почеток во 20 часот. Пред публиката ќе настапат пијанистките Марија Ѓошевска и Славица Мицовска-Смилевска, кои преку внимателно избрана програма ќе понудат вечер исполнета со емоции, виртуозност и музичка префинетост. На програмата се ...

12 мај 2026 Дојче Веле Кризата околу Ормуската Теснина го привлекува вниманието кон други поморски тесни грла. Експертите предупредуваат дека теснините, како што се Малајската или Тајванската, сè повеќе стануваат алатки за геополитички притисок. Вињетки за премин низ Малајскиот Проток: тоа би бил профитабилен бизнис. „Ако навистина ги поделиме приходите од вињетки на три дела, помеѓу Индонезија, Малезија и Сингапур, тие би можеле да пораснат ...

Скопје, 12 мај 2026, (МИА) Архимандрит Тихон ШЕВКУНОВ За мене, најмистериозниот човек во Псков-Печерскиот манастир беше отец Серафим. Потекнуваше од остејзските барони. Дошол во манастирот на трисетина години и станал послушник на големиот старец јеросимонах Симеон. Отец Серафим немаше контакт со многу луѓе. Живееше во ужасно влажна и темна пештера приспособена за живеење. На богослужбата беше длабоко внесен во молитвата. Стоеше со наведната ...

Подгорица, 11 мај 2026 (МИА) - Довербата на граѓаните во институциите во Црна Гора значително пораснала во последните месеци - покажуваат податоците од најновото истражување на Евробарометар, објавено по повод Денот на Европа, пренесе МИНА. Според истражувањето, 54 проценти од црногорските граѓани имаат доверба во владата во споредба со 28 проценти есента минатата година. Значително зголемување е забележано и кај довербата во парламентот, ...

Брисел, 11 мај 2026 (МИА) – Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека честите изборни процеси влијаеле на одложувањето на новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија на ниво на раководство. Калас, пред состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на Европската унија со министрите од Западен Балкан во Брисел, изјави дека постоел договор со премиерот на Косово, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.25
43%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
48%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
36%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.76
54%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
7.91
37%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
46%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
3.58
56%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
4.08
47%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.27
36%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
4.02
90%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
6.56
51%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Бакар

12.52

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Сребро

2072.63

Цинк

0.00

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Злато

131337.93

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Рутениум

48965.59

Паладиум

39545.42