Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни проекти, да го модернизира пазарот на електричната енергија и да воспостави политики кои се усогласени со европските стандарди, изјави денеска на прес-конференција Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места. Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Од полноќ за два денари поевтинуваат бензините, а дизелот се зголемува за еден денар. Нова, поскапа цена за половина денар ќе има и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според ова, максималната малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 93 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ ќе биде 99,5 ...
Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи ...
3 Јули 2026 Бета Турција чека речиси 40 години за да влезе во Европската Унија, додека Украина, од друга страна, доби статус на кандидат за неколку месеци по почетокот на руската инвазија. Зад ваквиот контраст, европското проширување осцилира меѓу политичките барања, институционалната блокада и стратешките императиви, оцени белгискиот јавен сервис РТБФ. Дали Турција, Украина или Молдавија некогаш ќе се приклучат на ЕУ? За Турција, тоа прашање ...
4 јули 2026 Си-ен-ен Меѓународна полициска операција во седум земји откри високо организирани мрежи на сторители кои ги дрогираат и силуваат своите партнерки, додека разменуваат совети, се охрабруваат едни со други и споделуваат снимки од она што властите го опишаа како „грозоморни“ злосторства преку затворени онлајн групи. Во повеќето случаи, жртвите се жени кои биле дрогирани, силувани и сексуално нападнати, соопштија Европол и британската ...
6 Јули 2026 Хина Лидерите на земјите членки на НАТО ќе се соберат утре и во среда во турската престолнина Анкара на состанок на врвот, на кој европските членки би требало да го преземат главниот товар за одбраната на сопствениот континент. „Ги удвојуваме нашите напори со цел да го направиме НАТО она што отсекогаш требаше да биде: балансиран сојуз со Европа на чело за сопствената одбрана – НАТО 3.0“, изјави американскиот министер за одбрана, ...
7 Јули 2026 Анадолија Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, во пресрет на самитот на НАТО во Анкара, ја опиша Турција како силен и стратегиски сојузник со централна улога во Алијансата, истакнувајќи ги нејзината одбранбена индустрија, воените капацитети и геополитичката позиција. Во разговор за Анадолу во седиштето на НАТО во Брисел, пред 36. самит на НАТО што ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара, чиј домаќин е ...
8 јули 20226 Њузвик Пензионираниот адмирал на американската морнарица Џејмс Ставридис, поранешен врховен командант на НАТО за Европа, синоќа ги наведе трите опции што му се достапни на претседателот Доналд Трамп по новата воена акција на САД против Иран. Ставридис го објави својот став за ситуацијата на социјалната мрежа Икс и го објасни подетално за време на гостувањето на Си-ен-ен, пишува „Њузвик“ (Newsweek). Три опции за Иран Првата ...
9 Јули 2026 „Политико“ Коалиција од девет европски земји го повикува Брисел да ја продолжи итната флексибилност за системот за влез/излез (ЕЕС) со аргумент дека блокот сè уште не е подготвен да ги укине моментните заштитни мерки. Во заедничкото писмо со датум од 7 јули, во кое „Политико“ имаше увид, Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија му порачаа на комесарот за внатрешни работи Магнус ...
13 јули 2026 Нова.рс По најновите американски воздушни напади врз Иран и одговорот на Техеран со напади во Ормуската Теснина, администрацијата на претседателот Доналд Трамп се соочува со избор кој нема лесно решение. Аналитичарите проценуваат дека опциите на Вашингтон се многу ограничени и дека секоја од нив носи сериозни воени, политички и економски последици. Најновата ескалација се случи само неколку недели откако Трамп потпиша меморандум ...
14 јули 2026 „Тагешау“ Шефицата на европската дипломатија Каја Калас со месеци е под критики, што делумно е последица на тешките теми од надворешната политика, но и на нејзиниот комплициран однос со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пишува германскиот „Тагешау“. За конфликтот меѓу претседателката на Европската комисија и претставничката за надворешни работи во Брисел се дискутира сè почесто и на отворена сцена, се ...
17 јули 2026 „Дојче веле“ Од прогласувањето на прекинот на огнот меѓу Иран, САД и Израел, на Иранците постојано им се кажува дека војната е завршена. Но, во исто време, нападите, заканите и дипломатските преговори продолжуваат. Иранските власти еден ден зборуваат за преговори, напредок, па дури и за ублажување на санкциите, само за следниот да предупредат за одмазда, понатамошни напади и закани за критичната инфраструктура на Иран. Тоа ...
22 јули 2026 Би-би-си, Њуз Пред два дена, американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада за небрежност и се закани дека преку царини ќе наплати за штетата од чадот предизвикана од стотиците шумски пожари на територијата на северниот сосед. Трамп воведе царина од 50 проценти за широк спектар на стоки увезени од Канада како одмазда заради, како што го нарече, „нееднаков третман“ на извозот на американски автомобили, млечни производи и ...
23 јули 2026 Дојче Веле Сирените за воздушен напад повторно се огласија во делови од Јордан во вторникот рано наутро откако иранските ракети беа насочени кон земјата. „Во текот на ноќта, системот за воздушна одбрана пресретна и собори три ракети лансирани од територијата на Иран кои влегоа во јорданскиот воздушен простор и беа насочени кон територијата на кралството“, соопшти јорданската војска. Немаше повредени, но најновите напади следеа по ...
24 јули 2026 Дојче Веле Бавниот економски раст, жестоката конкуренција и вештачката интелигенција им отежнуваат на младите луѓе да ја добијат својата прва работа. Овој проблем првпат беше забележан во Кина, додека во Европа, младите луѓе во Германија и Австрија се моментално најпогодени. Младите луѓе низ целиот свет се соочуваат со сè поголема конкуренција по завршувањето на училиштето. Бројот на академски дипломирани студенти се зголемува, ...
27 јули 2027 Аксиос Командантот на американските сили на Блискиот Исток, адмирал Бред Купер, го препорачал прекинот на бомбардирања на областа околу Ормуската Теснина, бидејќи, според него, кампањата ги достигнала границите на својата ефикасност, изјавија за Аксиос два извори запознаени со неговата позиција. Според нив, препораката на Купер, заедно со советите од други воени и цивилни претставници, влијаела врз одлуката на американскиот ...
28 јули 2026 Евроњуз САД започнаа ревизија на своето воено присуство во Европа, потег што следи по повторените критики на претседателот Доналд Трамп кон европските сојузници на НАТО. Одлуката беше објавена вчера, еден месец откако американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави таков чекор поради, како што наведува администрацијата на Трамп, незадоволителната реакција на европските партнери на војната во Иран, пишува Евроњуз. Целта е ...
Вашингтон, 3 август 2026 (МИА) – Министерот за здравство и социјални служби на Соединетите Американски Држави, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, оцени дека САД за време на пандемијата на Ковид-19 направиле низа грешки, посебно во врска со мерките за затворање и односот кон стручњаците со поинакви ставови. Истовремено, тој најави промени во пристапот кон подготвеноста за пандемија, истражувањата на вирусите и безбедноста на храната. Во интервју за ...
Атина, 3 август 2026 (МИА) – Од доцна синоќа во тек е спасувачка акција на крајбрежната служба на Грција по море, копно и од воздух, за пронаоѓање на исчезнат странски државјанин, кој заедно со уште седум лица, кои се спасени, биле на едрилица, што била пронајдена како плови без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека синоќа, откако ...
Вашингтон, 3 август 2026 (МИА) – Вршителот на должноста американски државен обвинител, Тод Бланш, потврди денеска дека Министерството за правда на САД ќе се откаже од делови од договорот со претседателот на САД Доналд Трамп, за решавање на неговата тужба против Управата за јавни приходи. Со ова беа прифатени барањата на републиканските сенатори Џон Корнин и Том Тилис, кои се заканија дека ќе ја блокираат неговата потврда на функцијата. Бланш ...
Тирана, 3 август 2026 (МИА) – Специјалното обвинтелство против корупција и организиран крминал на Албанија (СПАК) објави дека во периодот од јануари до средината на јули годинава, во рамките на пет кривични постапки, судот изрекол превентивни мерки за заплена на имот чија вредност се проценува на околу 440 милиони евра, стекнат од незаконски активности. - Имотот врз кој е изречена мерката за заплена вклучува над 150.000 квадратни метри ...
Техеран, 3 август 2026 (МИА) – Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи изјави дека нема никакви преговори ниту закажани состаноци со САД. Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа најави дека денеска ќе се одржи нов круг разговори со ирански претставници, без да прецизира каде ќе се одржи средбата, ниту кој ќе учествува. Багаи истакна дека Иран во следните денови не планира да прими странски делегации ниту ...
Токио, 3 август 2026 (МИА) – Кувајтскиот министер за нафта Тарик ал Руми, во интервју за јапонската новинска агенција Кјодо, изјави дека Кувајт води преговори со Саудиска Арабија и другите арапски држави за изградба на нов нафтовод, кој ќе ја заобиколи стратешката Ормуска Теснина. Тој посочи дека извозот на нафта од Кувајт „целосно е запрен“ поради фактичкото затворање на Ормуска Теснина од страна на Иран. Според ал Руми ќе биде потребна ...
Бејрут, 3 август 2026 (МИА) – Либанската национална новинска агенција (ННА) денеска јави дека израелската армија во синоќешните израелски напади врз градовите Јарун и Бинт Џбејл употребила фосфорни бомби. Според либанските медиуми во израелскиот напад врз Јарум опустошени се 120 хектари насади со маслинки и борова шума. Израелската армија ниту ги потврди ниту ги демантираше нападите врз двата либански града, ниту одговори на обвинувањата за ...
Москва, 3 август 2026 (МИА) – Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руската армија ноќеска извршила напади со дронови врз три брода со воен товар во Црното Море и врз еден товарен брод со испораки за украинските трупи во пристаништето во градот Николаев. „Во текот на изминатата ноќ силите на Руската Федерација извршија напади врз транспортна инфраструктура што ги опслужува вооружените сили на Украина“, се вели во ...
Симферопол, 3 август 2026 (МИА) – Три лица загинаа, а две се ранети на Крим како последица на ноќниот напад на украинските вооружени сили, соопшти шефот на регионот Сергеј Аксјонов. „Непријателот почна уште еден ноќен напад врз Крим. За жал, има жртви. Три цивили загинаа, а двајца се повредени“, напиша Аксјонов на Телеграм. Изразувајќи сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и брзо закрепнување на повредените тој нагласи дека ...
Киев, 3 август 2026 (МИА) – Едно лице е убиено, а друго е повредено во руски воздушен напад во областа Запорожје во југоисточна Украина, јави Укринформ. Шефот на регионалната воена администрација, Иван Федоров информира дека „наведувана бомба уништила приватни куќи во Новотроицк, предизвикувајќи пожар“. Во текот на изминатите 24 часа, руските вооружени сили извршија 1.083 напади врз 49 населени места во Запорошката област, јавија локалните ...
Франкфурт, 3 август 2026 (МИА) – Војната на Блискиот Исток силно ја погоди потрошувачката во еврозоната, а новите геополитички шокови би можеле повторно да го закочат економското закрепнување, се наведува во денеска објавената анализа на Европската централна банка (ЕЦБ). Вредноста на индексот на доверба на потрошувачите (ЦЦИ) меѓу февруари и април падна за околу 12 поени, што е удар чиј интензитет е речиси споредлив со падот од 15 поени ...