Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Дојран, 6 август 2026, (МИА) - Со посета на домашните туристички дестинации, Управата за јавни приходи (УЈП) ја продолжува кампањата за фер туристичка сезона чија цел е да се поттикне подеднакво плаќање данок од страна на сите граѓани кои оствариле приход од издавање сместувачки капацитети од секаков вид. Во екот на туристичката сезона, како што велат од Управата, домашните издавачи примаат илјадници туристи, и притоа остваруваат приход од ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност и Министерството за финансии – Биро за јавни набавки денеска потпишаа Меморандум за соработка со којшто се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната институционална соработка, со цел зголемување на ефикасноста во размената на податоци по електронски пат, организирање континуирани обуки, како и развивање други форми на соработка од делокругот на ...
Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека скоро сите случаи со западнонилска треска во земјава се од Скопскиот регион и Велес, како и дека веќе се направени вонредни прскања, а проверено е дали општините ги запазиле планираните редовни прскања против комарци. - Минатата година скоро сите случаи беа во јужна Македонија, сега скоро сите случаи се во Скопскиот регион заедно со Велес. Епидемиолошки ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8. Како што соопшти владината прес-служба, потпишувањето на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски синоќа во обраќањето на партиски настан во Ново Село изјави дека на барање на дијаспората е отворена директна линија Женева-Скопје. Николоски синоќа присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. -Прекрасна ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со словачката амбасадорка Ивета Хрицова на која ја истакна значајната улога на Република Словачка во процесот на нашата европска интеграција, особено преку активностите на Словачката асоцијација за надворешна политика, која придонесува кон развојот на Националната конвенција за Европската Унија. Националната конвенција за Европската Унија, информираат од ...
Скопје, 6 јули 2026 (МИА) - Коридорот 8 има голема важност, бидејќи ги поврзува Јадранското и Црното Море преку Албанија, Северна Македонија и Бугарија, тој е дел од инфраструктурата и на ЕУ и на НАТО, а оваа врска ќе ја зголеми отпорноста на Северна Македонија, на регионот и на континентот, ќе обезбеди поголема мобилност и за воени и за бизнис цели, но ќе ја олесни и трговијата, ќе отвори можности за работа и ќе ја зголеми конкурентноста по ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски смета дека опозицијата е разочарана зашто Македонија во однос на куповната моќ е многу подобра од неколку земји на ЕУ и од сите држави во регионот, но и затоа што бележи евидентни резултати во туризмот. - За куповната моќ од опозицијата имаше одредени пораки, но и од некои медиуми кои имаат исто мислење со опозицијата. Се водеше плитка кампања која потворно беше демантирана и повторно ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“, еден од највлијателните дневни утрински билтени за европската политика, порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“, како што соопшти Министерството за надворешна политика и надворешна трговија, се ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара, при што беше потврдена заедничката определба за понатамошно унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете држави. Во текот на разговорите, како што соопшти Министерството за правда, акцентот бил ставен на реформската агенда, зајакнувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) – Унапредувањето на билатералната соработка во земјоделството, зголемувањето на трговската размена и европските интегративни процеси беа главните теми на средбата меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски и амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), на средбата биле потврдени ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција побара итна реакција од Министерството за внатрешни работи за, како што рече, синоќешниот инцидент во Ново Село. -Денеска сме тука во Ново Село поради инцидентот којшто се случи синоќа, што не требаше да се случи. Беа нападнати млади деца кои ја говореа вистината, а вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење, рече ...
Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денеска имал средба со вршителката на должност амбасадорка на САД Никол Варнс на која тој изразил благодарност за нејзиниот посветен и конструктивен ангажман, како и за придонесот во зајакнувањето на партнерството меѓу Соединетите Американски Држави и нашата земја. - Во отворена и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните политички ...
Рим, 4 август 2026 (МИА) – Група млади неонацисти на 2 август се обидела насилно да влезе во хотел во Софија во кој биле сместени италијански ученици со еврејско потекло од Рим и Милано и нивните наставници, јавија повеќе италијански медиуми, меѓу кои АНСА, „Кориере дела сера“, „Скај ТГ24“, „Соле 24 оре“, „Џорнале“, РАИ Њуз и „Ла Пресе“. Според нивните информации, кои ги пренесува бугарската агенција БТА, групата неонацисти се собрала пред ...
Анкара, 4 август 2026 (МИА) – Високиот воен совет на Турција денеска ја унапреди полковник Јозлем Карапанар во бригаден генерал. Таа е прва жена генерал во турските военовоздухопловните сили. На денешната седница на Виусокиот воен совет, со кој претседава турскиот претседател Реџеп Тајип Ердогн, беа разгледани и други унапредувањата, назначувањата и пензионирања во вооружените сили на земјата. Турските воздухопловните сили сега имаат нов ...
Атина, 5 август 2026 (МИА) – Значително подобрена е ситуацијата со пожарот во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина и противпожарните сили веќе шест ден интервенираат за целосно да биде изгасен, а во конкретниот регион, во последните 10 години, во пожарите изгореле 42 отсто од шумите, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот што во петокот избувна во регионот Виотија брзо се прошири во соседната област Атика, животот го ...
Софија, 5 август 2026 (МИА) – Водостојот на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа и се наоѓа на историски минимум, што ја отежнува пловидбата и сите активности поврзани со реката. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниското ниво е измерено во близина на Русе, од-94 сантиметри. Мерењата покажаа -85 сантиметри во Орјахово, -77 сантиметри во Силистра, -62 сантиметри во Ново Село, -40 сантиметри ...
Тирана, 5 август 2026 (МИА) - Министерот за одбрана на Албанија, Ермал Нуфи објави дека во текот на изминатите 24 часа бил распореден 727 оперативен персонал за управување со 20 активни жаришта на шумски пожари низ различни делови во државата. Според објавата на Фејсбук, поддршката за локалните власти вклучувала 128 припадници на албанските вооружени сили, противпожарни возила, медицински возила за брза помош и три хеликоптери на ...
Атина, 5 август 2026 (МИА) – Сакам да ги уверам нашите сограѓани дека овојпат ќе се движиме уште побрзо во однос на финансирањето на активностите за обнова на уништените домови, секако, секогаш во рамките на важечката законска рамка, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешниот министерски состанок за мерките за обнова и поддршка на подрачјата погодени од пожарите во западниот дел на областа Атика и истакна дека процените се дека ...
Белград, 5 август 2026 (МИА) – Претседателот на српската Општина Бујановац Арбер Пајазити изјави дека албанскиот конзулат во Бујановац наскоро ќе стане реалност, додавајќи дека за тоа прашање подолго време се разговара со албанските дипломатски претставници и институциите во Тирана. Како што пренесува порталот „Бујановачке“, Пајазити оцени дека поврзувањето на отворањето на албанскиот конзулат во Бујановац со можноста Србија да отвори ...
Атина, 5 август 2026 (МИА) – Француската инвестициска групација „Меридиам“ (Meridiam) специјализирана за инфраструктурни проекти од стратешко значење, како мнозински акционер влегува во компанијата „Грејт си интерконектор“ (Great Sea Interconnector) односно проектот за електрично поврзување меѓу Грција и Кипар, по договорот што попладнево беше потпишан во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. ...
Лондон, 4 август 2026 (МИА) – Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Берзите на почетокот од неделата ...
Скопје, 5 август 2026 Платформата за родова еднаквост со внимание го следи случајот со 19-годишната Станка Михајлова, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка. Изразуваме поддршка за Станка и нејзиното семејство во овој исклучително тежок период и апелираме нејзините права, достоинство и здравје да бидат ставени во центарот на сите постапки. Бараме надлежните институции ...
Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, во вчерашното гостување на Сител телевизија порача дека, иако беше пропуштен рокот од Реформската агенда, процесот за донесување нов Изборен законик не смее да запре, бидејќи Република Македонија има потреба од суштински изборни реформи кои ќе обезбедат поправеден и подемократски изборен модел, стои во соопштението на Левица, што МИА го пренесува интегрално. „Не заврши ...
Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 ...
Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Еден од најзначајните резултати е ...
Скопје, 5 август 2026 Ние сакаме преку вас до граѓаните да соопштиме една многу важна вест. Таа е поврзана со она што го слушнавме од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека постои, цитирам, таен договор за започнување на преговори со Европската Унија. Денеска оваа прес-конференција е посветена токму на тоа, односно да го разоткриеме, како опозиција, тој план. Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот ...
Скопје, 5 август 2026 Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој не успеа да изгради политичка тежина надвор од националистичката реторика, се осмелува јавно да ги дисциплинира највисоките претставници на Вреди, тогаш проблемот повеќе не е кај Димитриевски. Проблемот е во немоќта и потчинетоста на Вреди. Тие станаа толку слаби што секој во оваа Влада чувствува дека може да им зборува со јазик на ултиматуми, без воопшто да стравува дека ќе ...
Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Водата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија. И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот, ...
Скопје, 5 август 2026 Колку ли злоба и неискреност има во СДС, кои дрско се обидуваат да кажат дека има некакви бизниси со водата што Владата бесплатно ја дели на гостиварчани. Талогот во СДС мислел што да искреира, каква лага да лиферува, па измислил дека Владата прави бизнис со компанијата „Кожувчанка“. Но, вистината е дека Владата на тендер ја избира компанијата која, по двојно поевтина цена од пазарната, од само 12,5 денари за литар и пол ...