Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ в петок (15 мај) ќе гостува на фестивалот РУТА (Регионална унија на театри) во Сараево. Претставата е работена како колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторските монолози, во режија на Нела Витошевиќ. Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, костимограф Роза Трајчевска-Ристоска, сценограф Костантин Трпеноски и асистент на сценографот е Моника Ангелевска. ...

Струга, 12 мај 2026 (МИА) - Пет традиционални народни носии од охридско струшките етнички предели беа претставени на 6-тиот Меѓународен фестивал на традиционална носија во Замора, Шпанија. Љупчо Милошески кореограф во културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга информира дека дел од членовите ги претставиле носии од градот Струга и етничките предели: Охридски крајбрежни села, Охридско-струшко поле и Малесија. Носија од етничкиот предел ...

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје ќе одржи чествување на 30-годишниот јубилеј на научната манифестација Денови на Благоја Корубин со трибината со наслов „Македонскиот јазик и Благоја Корубин - 30 години меѓу нас“. Како што најавија организаторите, поздравни обраќања ќе имаат проф. д-р Катица Топлиска-Евроска, претседателка на Меѓународниот организациски ...

Струмица, 13 мај 2026 (МИА) - Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векијo“, во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ годинава по деветти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски, соопштија од поетската манифестација. Се наведува ...

Куманово, 13 мај 2026 (МИА) - Кумановци вечерва ќе имаат можност ја ја проследат премиерата „Чичко Кумплунг“ од Сашко Насев, во режија на Јани Бојаџи, со почеток во 20 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“. Во претставата играат Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Жарко Јовановиќ. Директорката на установата, Јоана Сарафимовска, на прес ...

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Траумата денес се смета за водечки концепт и фундаментална карактеристика на културата во целина. Како комплексен психолошки феномен што се проучува преку разни научни дисциплини, траумата сè повеќе добива истражувачки интерес и во полето на книжевните и културолошките студии, беше истакнато на Меѓународната конференција „Траумата во литературата“, што е дел од научноистражувачки проект на Институтот за македонска ...

„Би-Би-Си“ 13 мај 2026 Безбедносните мерки околу историскиот плоштад Тјенанмен во Пекинг се значително засилени последните денови, додека на социјалните мрежи кружат гласини за специјална парада или голем, внимателно организиран настан. Подготовките за големиот дочек започнаа тивко, но се проценува дека Кина изгледа подготвена да приреди импресивна „претстава“ за американскиот претседател Доналд Трамп. Програмата предвидува разговори меѓу ...

Тирана, 12 мај 2026 (МИА) – Албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на самитот Албанија-Израел, на кој учествуваат околу 40 иновативни израелски компании, со фокус на кибербезбедноста и технолошкиот развој во Албанија и регионот, ги пофали односите меѓу двете земји, нагласувајќи ги историските врски меѓу двата народа. Тој, исто така, се осврна на иранските кибернапади врз Албанија, поврзувајќи ги со засолништето што Тирана им го даде на ...

Братислава, 12 мај 2026 (МИА) – Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денеска во Братислава изјави дека се залага за забрзување на вклучувањето на Западен Балкан во европското семејство. Тој ова го изјави на состанокот на групата „Пријатели на Западен Балкан“ со министрите за надворешни работи од регионот и еврокомесарката за проширување, Марта Кос. - Повторно ја активирав нашата посветеност за забрзување на ...

Белград, 12 мај 2026 (МИА) – Силно невреме со поројни дождови, олуен ветер и град го зафати регионот, предизвикувајќи сообраќаен колапс на дел од патиштата во Србија, сериозни материјални штети во Хрватска и прекин на патните правци во Босна и Херцеговина. Надлежните служби во трите држави издадоа итни предупредувања до граѓаните за заштита на имотот и висок степен на претпазливост. Во Србија, Секторот за вонредни ситуации при МВР прогласи ...

Атина, 12 мај 2026 (МИА) – Шест мажи и две жени се уапсени за вчерашниот вооружен грабеж во филијала на банка во градот Като Титотреа во централна Грција, од каде што одзеле 217.000 евра, а се членови на криминална организација што располагала со тешко оружје и стои зад десет други грабежи на банки и кражби на мотоцикли и автомобили, јави дописничката на МИА од Атина. Началникот на Дирекцијата за борба против организиран криминал Фотиос ...

Тирана, 12 мај 2026 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на платформата Икс во однос на договорот со Италија за имигранти, категорично наведувајќи дека ќе продолжи „сè додека соседната земја го сака тоа“. Реакцијата на Рама доаѓа како одговор на медиумските извештаи и толкувањето на изјавата на министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, која премиерот ја опишува како искривена. Рама појасни дека официјалниот став на ...

Њујорк, 12 мај 2026 (МИА) – Високиот претставник за Босна и Херцеговина денеска изрази загриженост за иднината на земјата, во последното обраќање пред Советот за безбедност на ОН пред неговата оставка, пренесе ДПА. Кристијан Шмит, германски конзервативен политичар кој ја извршува функцијата од август 2021 година, истакна дека Босна и Херцеговина „се движи по се потесен пат“. Според него, овој правец води или кон институционална одржливост, ...

Белград, 13 мај 2026 (МИА) - Српската армија и НАТО од вчера ја почнаа првата заедничка воена вежба што ќе трае до 23 мај на која ќе се вежбаат тактики, техники и процедури што се применуваат во операциите за поддршка на мирот. Вежбата се одржува во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“ во близина на Бујановац, соопшти Министерството за одбрана на Србија. Вежбата е во организација на Командата на армијата на Србија и Командата на здружените ...

Белград, 13 мај 2026 (МИА) - Повеќе од 80 проценти од младите луѓе во Србија ја сметаат вештачката интелегенција (ВИ) за дел од нивниот секојдневен живот, а речиси половина од нив ја користат секој ден. Тоа е наведено во првото регионално истражување за ставот на Z-генерацијата кон ВИ. Според истражувањето „Алатка, играчка или тројански коњ? Ставот на генерацијата Z за ВИ“ спроведено од агенциите McCann Belgrade и UM Belgrade, членки на AMA ...

Белград, 13 мај 2026 (МИА) - Србија не треба да се откажува од преговорите за членство во Европската Унија без оглед на специфичноста на прашањата околу Косово и воведувањето санкции против Русија, и целата ситуација околу проширувањето треба да и даде на Србија поттик да ги спроведе потребните реформи. Тоа денеска за РТС го изјави потпретседателката на српското собрание и претседателка на Парламентарниот комитет за европски интеграции, ...

Атина, 13 мај 2026 (МИА) – Мирен протест во центарот на Атина што заврши на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент, се одржа претпладнево во рамките на 24-часовниот штрајк што утрово го започна синдикатот на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Главните барања на синдикатот, како што беше истакнато и за време на протестот, пред сè се однесуваат на платите и работничките права, но и против владината ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - За Македонија е важно внимателно да ги следиме очекувањата и движењата и да не преземаме брзи мерки. Инфраструктурни проекти и економски реформи се она што треба да го направи Владата за заштита на стандардот на македонските граѓани, смета извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсоска-Блажевски. По отварањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“ одговарајќи на новинарски прашања таа ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Во првиот квартал годинава споредбено со четвртиот квартал од минатата година, закупот на станови бележи пад од 47 проценти, а намалување од 40 проценти има на вкупната месечна закупнина. Во општините Штип, Кисела Вода, Карпош и Охрид има раст на просечната месечна закупнина, а намалена е во Гази Баба и Аеродром. Од 1 јануари до 31 март годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.583 закупи, што е ...

Скопје, 12 мај 2026 Денес, во Скопје се одржува Втората научна конференција „National Security Cultures – A View from the Balkans“, посветена на современите предизвици во областа на безбедноста, демократската отпорност и регионалната соработка, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – канцеларија Скопје. Конференцијата обедини професори, истражувачи, експерти и претставници на академската и безбедносната заедница од повеќе земји од ...

13 мај 2026 Поминаа 48 часа од скандалозната изјава на пратеникот на ДУИ, со која директно беа навредени нашите стратешки меѓународни партнери, а од ДУИ нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту било какво појаснување. Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на нивниот антизападен менталитет, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Кога се напаѓаат Соединетите Американски Држави и Европската ...

13 мај 2026 Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во Дневникот на Сител ТВ порача дека државата мора да влезе во суштински процес на реформирање на институциите, враќање на правната сигурност и градење систем во кој граѓаните повторно ќе имаат доверба, но потенцираше дека станува збор за долг и сложен процес, бидејќи, како што рече, нефункционалниот систем се создавал и одржувал со децении, се ...

13 мај 2026 Кадрите на СДС и ДУИ во македонскиот правосуден систем, бирани во штабовите на Бихаќка и Мала Речица, во акција за спас на криминалците од нивните редови.Ислам Абази, шеф на ОЈО ГОКК, донесе скандалозна наредба за запирање на истрагата во предметот за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Кадарот на Венко Филипче и Зоран ...

Скопје, 13 мај 2026 До Левица пристигнаа вознемирувачки сведоштва од пациенти кои со години се лекуваат на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, а кои укажуваат на целосен колапс на основното функционирање на оваа јавна здравствена установа. Информациите до нас откриваат дека пациентите се соочуваат со недостиг од терапии, како и со недостиг од најосновни медицински материјали – шприцеви, стерилни ракавици, средства за дезинфекција и ...

13 мај 2026 Граѓаните повеќе од 30 дена постојано прашуваат: Дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени или не? Одговор? Тишина. Молчење. Премолчување, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Мицкоски и Филков се прават будали пред цел народ. Се прават како да не чуваат, како да не знаат, како да не е нивна работа. А сите знаеме дека е нивна работа – и дека намерно го штитат Груевски. Зошто? ...

13 мај 2026 Дозволете денес уште еднаш да се осврнам на обвинителскиот скандал со затворање на предметот за осомничени за криминал тежок 167 милиони евра, при што тука имаме и сомнеж за перење пари и за нанесување штета на животната средина, познат со насловот „Мазут“, се вели во соопштението од прес-конференцијата на Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, што МИА ја пренесува интегрално. Овој скандалозен случај и одлуката на ...

Скопје, 13 мај 2026 По последните информации кои доаѓаат од Град Скопје дека жичницата на Водно нема да работи цело лето и не се знае кога ќе проработи, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка, Моника Зајкова, потсети на алармот од пред една година, кога се утврди дека жичницата работела без дозвола, се вели во соопштението од ЛДП што МИА го пренесува интегрално. „Не сме Ванѓа ама укажувавме уште пред 1 година ...

Скопје, 13 мај 2026 Пионот на Радев, Венко Филипче, призна дека СДС има исти позиции со Бугарија. Пионот на Радев, Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани Северномакедонци. Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија и тамошните власти, кои нè нарекуваат „Северномакедонци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ...

Крива Паланка, 12 мај 2026 (МИА) - Група наставнички од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, во изминатите осум дена реализираа Eразмус плус мобилност во Мугла, Турција, во рамки на проектот за примена на дигитални алатки во наставата. Учесници на мобилноста беа Елена Митевска-Давидовска, координатор на проектот, како и наставничките Анета Стојковска, Габриела Стојановска, Изабела Павловска и Јасна Ѓорѓиевска. ...

Тирана, 12 мај 2026 (МИА) - Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска го прими началникот на Генералштабот на македонската армија, генерал-мајор Сашко Лафчиски. -Средбата се фокусираше на зајакнување на соработката во областа на одбраната и безбедноста меѓу двете соседни земји, сојузници на НАТО, како и на важноста на регионалната координација во услови на безбедносни предизвици, објавија од кабинетот на Бегај. Шефот на албанската држава ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.02
50%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
51%
1021
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.5
42%
1022
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.14
56%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
8.4
41%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.45
42%
1022
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
3.58
48%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.36
58%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
4.73
40%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.92
89%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.58
36%
1020
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
6.38
47%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Сребро

2072.63

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

131337.93

Калај

51.97

Бакар

12.52

Цинк

0.00

Алуминиум

3.48

Платина

53756.05

Рутениум

48965.59