Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи финалниот настан „Имам став“ за ученици од средните училишта. Со свои настапи на теми за дискусија Користење на вештачка интелигенција ќе се претстават ученици од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, за Нарушено ментално здравје кај младите ќе зборуваат ученици од СУГС „Гимназија Никола Карев“ од Скопје, а за Реформи во образованието ќе зборуваат ученици од СОУ „Гимназија Јосип ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Национален натпревар на вештини 2026-та ќе се одржи денеска и утре во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, во организација на Занаетчиска комора Скопје, како дел од проектот „Зајакнување на младите: градење вештини, креирање иднина“ финансиран од Европската Унија. На отворањето на натпреварот ќе се обратат министерката за образование Весна Јаневска, евроамбасадорот Михалис Рокас, скопскиот градоначалник Орце ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, а на дневен ред на седницата се повеќе други точки. Прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови, според документот објавен на веб-страницата на Собранието, е ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата, коридорите 8 и 10 се стратешки за државата од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар - Букојчани. Мицкоски очекува дека набргу ќе се пушти во употреба преостанатиот дел од автопатот Кичево - Охрид, како и гасоводот што треба да нè поврзе со ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Рокот за автопатот Кичево - Охрид останува ист - во првиот квартал в година ќе биде целосно функционален, а за трасата на автопатот Требениште - Ќафасан, доколку има негативен одговор од УНЕСКО, ќе се бара друго техничко решение за да има целина - автопатско поврзување во овој регион. Тоа го најавија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски при денешниот увид на работите на терен ...

Истанбул, 10 мај 2026 (МИА) - Иранската тенисерка Хана Шабанпур се откажа од финалниот натпревар на јуниорскиот турнир во двојки во Истанбул поради нејзината израелска противничка, објави веб-страницата на Меѓународната тениска федерација. Финалниот меч беше закажан за денес. Шабанпур и нејзината партнерка, турската тенисерка Самие Идил Озкерестеџи, требаше да играат против Израелката Маргарита Актуганова и Русинката Ева Султанова. На 28 ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација денес го имаше првиот собир пред претстојните бараж дуели против Словачка за пласман на Светското првенство 2027. Првиот натпревар ќе се одигра на 14 мај во 19 часот во Прешов, Словачка, додека реванш бараж натпреварот ќе се одигра на 17 мај во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На собирот присуствуваше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) – Поранешните македонски фудбалски шампиони, Работнички и Македонија ЃП на две кола до крајот на Првата лига ги загубија теоретските шанси за опстанок и од следната сезона ќе бидат второлигаши. Ова е епилогот по денешните три средби од 31.коло во најквалитетното македонски фудбалско натпреварување. Постигнати резултати: Брера – Работнички 2:2 Арсими – Башкими 1:1 Македонија ЃП – Тиквеш 1:4. Табела: Вардар 77 бода, ...

Билбао, 10 мај 2026 (МИА) – Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ја зачува мрежата „чиста“ и е најзаслужен за денешната победа на неговиот тим Валенсија на гостувањето кај Атлетик Билбао. Ова беше натпревар од 35-то коло на шпанското фудбалско првенство. Умар Садик го постигна единствениот гол во 72. Минута, Димитриевски во неколку наврати го спаси својот гол. Алетик Билбао моментално има 44 бода и е на деветтото место на ...

Лондон, 10 мај 2026 (МИА) - Арсенал попладнево го победи Вест Хем со 1.0 на гостински терен во 36. коло од англиската Премиер лига. Леандро Тросард постигна гол во 83. минута. Голот на Вест Хем во судиското продолжение беше поништен поради прекршок врз голманот Дејвид Раја. Судијата Крис Кавана ја донесе одлуката по консултација со ВАР и преглед на видео снимката. Арсенал ја обезбеди својата трета победа по ред во Премиер лигата. На два ...

Парма, 10 мај 2026 (МИА) - Рома вечерва ја победи Парма со 3:2 на гостински терен во 36. коло од италијанското фудбалско првенство. Гостите поведоа во 22. минута со голот на Дониел Мален. Габриел Стрефеца израмни во 47. минута, а Мандела Кеита го постигна вториот гол во 87. минута. Девин Вренч повторно го израмни резултатот во 90+4-та минута, а Мален реализираше пенал во 90+11 минута за да им ја донесе победата на гостите. Рома освои 67 бода ...

Битола, 10 мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на Пелистер вечерва го победија актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во вториот натпревар од полуфиналната серија на плејофот. Натпреварот во Битола заврши со резултат 81:76 за домаќините кои се изборија за „мајсторка“. По изедначената прв четвртина која заврши 18:17 за Пелистер, во вториот период зелено-белите одиграа многу подобро од противникот и на пауза отидоа со двоцифрена предност 46:33, која ...

Барселона, 10 мај 2026 (МИА) - Барселона вечерва го победи Реал Мадрид со 2:0 на свој терен во 35. коло од шпанското фудбалско првенство. Маркус Рашфорд го отвори резултатот во 9. минута. Феран Торес го дуплираше водството во 18. минута. Барселона има 91 бод и ја обезбеди титулата во Ла Лига три кола до крајот на сезоната 2025/26. Реал Мадрид е втор со 77 бода. „Каталонците“ ја освои својата втора последователна и 29. титула во шпанското ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“, свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир ...

Атина, 9 мај 2026 (МИА) – Личното доживување на три дена што се спојуваат во еден – точно напладне, пренесено на платно со неговата специфична и карактеристична техника е пред грчката јавност преку самостојна изложба „Три дена на пладне“ на успешниот македонскиот ликовен уметник Александар Зафировски, кој во разговор со дописничката на МИА не го крие задоволството од првата изложба во Атина и тоа што неговото меѓународно присуство сега се ...

Кавадарци, 9 мај 2026 (МИА) - „Откривање и ритам", е насловена изложбата на Мартин Џепароски, што синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. На настанот беше кажано дека Џепароски е мултимедијален уметник чија практика опфаќа скулптура, видео-инсталации и дигитални концепти. Дипломирал вајарство и сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Ибрахим Беди. Неговото уметничко истражување е насочено ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Со поетското читање THE VERSE CITY / DIVERSITY („Диверсити“) вечер ќе заврши годинашниот Скопски поетски фестивал. Настанот ќе се одржи во културниот центар „Буква“, со почеток од 21:00 часот, а ќе настапат: Кристина Шпиранец (Хрватска), Гонџа Озмен (Турција), Хајри Хамадан (Палестина), Јоргос Писанис (Грција), Хелена Земљич (Словенија), Дијана Петкова, Светла Јакшиќ, Емељ Туна, Стефан Костовски, Ана Пејчинова, ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, кој годинава го запали сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, синоќа беше отворено 54-то издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“. Фестивалот беше отворен со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини - „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, што е првпат две претстави да бидат изведени на почетокот на фестивалот. -Овој фестивал повеќе од пет ...

Кочани, 10 мај 2026 (МИА) - Големите скали од источната страна на Трговскиот центар во Кочани добиваат нов лик со посредство на уметничкиот настан „Обој го Кочани“ и на мултимедиалниот креативец и уметник Аспарух Михаилов – Пучо. Иницијатор на овој настан поддржан од Европската Унија е Локалниот младински Совет на Општина Кочани. На овој начин се прави обид за активно вклучување на заедницата за локални промени и разубавување на простори во ...

Загреб, 10 мај 2026 (МИА) - Во Хрватска во периодот 2013 - 2017 година, е зголемен бројот на хоспитализации поради намерно самоповредување, односно намерно нанесување повреда на себеси без потребната желба за смрт, кога беа евидентирани повеќе од 7.500, а највисоки стапки се регистрирани кај девојчиња на возраст од 15 до 19 години, според податоците на Хрватскиот завод за здравствена заштита. „Податоците за хоспитализациите поради намерно ...

Загреб, 10 мај 2026 (МИА) - Во кафуле во хрватскиот град Крапина утрово се случила пукотница во која учествувале две лица, и притоа е убиен началник на Службата за криминалистичка полиција во ПУ Крапина-Загорје, јавуваат хрватските медиуми. Полициската управа на Крапина-Загорје објави дека маж (52) убил полицаец (52) со огнено оружје, кој не бил на должност во времето на инцидентот. Напаѓаќот потоа пукал во себе и е префрлен со хеликоптер во ...

Приштина, 10 мај 2026 (МИА) - Првото рочиште во случајот против 21 лице од српска националност, кои се обвинети во отсуство од страна на косовското Обвинителство за воени злосторства, е закажано за 1 јули, потврди Основниот суд во Приштина. Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение на 15 август лани против група лица осомничени за присилно протерување на повеќе од 800.000 албански цивили за време на конфликтот во 1998 и 1999 ...

Атина, 10 мај 2026 (МИА) – Со специјален лет на авион на военото воздухопловство, грчкиот државјанин од крузерот „Хондиус“ на кој се појави хантавирусот, кој е во добра здравствена состојба и без симптоми, ќе биде префрлен во атинска болница, каде што ќе биде 45 дена во задолжителен карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција информираа дека планирано е во текот на денешниот ден, грчкиот државјанин ...

Прилеп, 9 мај 2026 (МИА) - Овој месец ќе се обелодени новиот оперативен план за вработување, а Министерството за економија и труд анализира - лани беше успешно спроведен планот и преку 60 проценти млади до 29 години најдоа работа преку владините мерки, изјави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. - Ефектите се одлични. Процентот на реализација на оперативниот план во минатата година е над 92 отсто. Мерките во ...

10 мај 2026 - Лаекенски индикатори за сиромаштија покажуваат дека 21,9% од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, со највисок ризик кај самохраните родители и децата. Овие податоци не се само социјален аларм туку и јасен показател за неуспехот на економските политики во државата. Кога секој петти граѓанин не може да обезбеди основен животен стандард, а кај семејствата со три и повеќе деца сиромаштијата достигнува 55%, ...

Скопје, 10 мај 2026 Вчерашниот чин, каде што неколку политички субјекти се обидоа да се сокријат зад името на една партија, не е обединување, туку последен очаен крик за политички опстанок. Иронијата е целосна - ВЛЕН избра двајца кормилари да го водат истиот брод што веќе забрзано тоне. Ова фрагментирано раководство е директно признание дека во тој политички состав владее целосна недоверба и фрагментирање. Наместо визија, тие понудија пазар ...

Скопје, 10 мај 2025 (МИА) - Денеска Филипче пак излезе на прес-конференција да објаснува како уставните измени се во интерес на Македонија, и пак се обиде да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси. Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува ставот и се врти околу својата замислена оска и си фантазира за премиерска фотелја, се наведува во реакцијата на ...

Гевгелија, 10 мај 2026 (МИА) - Планинарска акција „Родители и деца“ која ја организира здружението „Планинарски спортски клуб – Кожуф“ од Гевгелија, ќе се одржи денеска во близина на минералните бањи во Негорци. Од здружението информираат дека оваа активност има за цел во планинарењето да ги вклучи заедно родителите и децата и да им овозможи дружење во природа низ интерактивни игри. Првата акција „Родители и деца“ за оваа година ќе биде со ...

Делчево, 10 мај 2026 (МИА) - Во организација на Планинарски спортски клуб „Голак“ Делчево денеска се одржува планинарски марш долг околу 18 километри, посветен на големиот јубилеј од Разловечкото востание. Со силни пораки за зачувување на историската меморија, љубовта кон природата и почитта кон македонските револуционери, денеска започна планинарскиот марш во чест на 150-годишнината од Разловечкото востание. Маршот, кој се организира од ПСК ...

Македонска Каменица, 10 мај 2026 (МИА) - Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, информираше дека во изминатите два дена делегација од општината реализирала студиска посета на неколку градови во Република Хрватска, при што биле разгледани успешни примери на локален и одржлив развој. Како што посочи Стаменкова, во Крижевци биле презентирани моделите за граѓанска енергија и енергетска транзиција, со посебен акцент на „one ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
4.77
42%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
51%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.4
38%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.9
58%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.89
41%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
5.81
56%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
4.22
49%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.4
39%
1016
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
5.81
94%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
4.02
38%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.51
62%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Калај

51.97

Бакар

12.52

Платина

53756.05

Злато

131337.93

Цинк

0.00

Алуминиум

3.48

Паладиум

39545.42

Рутениум

48965.59

Сребро

2072.63

Кобалт

45.39