Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од амбасадорот Метју Лосон оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов. Во фокусот на работната средба беа клучните стратешки определби на компанијата: извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација, примената на ESG-стандардите, ...

Кавадарци, 11 мај 2026 (МИА) - Со тешка телесна повреда во Општата болница во Кавадарци бил донесен 24-годишниот А.К. од Република Турција. Случајот бил пријавен во ОВР - Кавадарци вчера во 12:25 часот, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи на градилиште во Кавадарци - се додава во соопштението на СВР - Велес. Известени биле јавен обвинител и ...

12/05/2026 07:32 - МИА - +3

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против П.Ф.(23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.07.2025 во с.Миравци, гевгелиско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени МДМА таблети. Надворешната канцеларија за криминалистички ...

Скопје, 11 мај 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека три лица се лишени од слобода за семејно насилство, а дека имало вкупно пет пријави во последното деноноќие. На 10.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека на 07.05.2026 околу 13:00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината ќерка М.М.. На 11.05.2026 во 00:30 часот во Скопје, полициски ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети во предметот поврзан со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. На денешното рочиште обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, а Обвинителството оцени дека полициските службеници со пропусти во постапувањето придонеле за настанување на ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Во продолжението на жалбената расправа пред Апелацискиот суд за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо пред судечкиот совет рече дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти во оценувањето клучни докази, како и во логиката на настаните. Според него, судот не дал анализа за дел од материјалните докази поврзани со подготовките за кривичното дело, меѓу кои и лепливата ...

Росоман, 11 мај 2026 (МИА) - Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи - Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева. - Денеска во ОВР - Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на ...

Струмица, 12 мај 2026 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Според информациите од полицијата, пријавениот И.Ѓ. организирал набавка ...

Куманово, 12 мај 2026 (МИА) - Автомобил изгоре во липковското село Матејче, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пријавата за опожареното патничко моторно возило била примена во 03.35 часот. - На интервенцијата учествувале противпожарно возило и тројца пожарникари. Пожарот бил локализиран и целосно ликвидиран во 04:55 часот - соопштија од РЦУК Куманово. ам/са/ Фото МИА Куманово, 12 мај 2026 (МИА) - ...

Кочани, 12 мај 2026 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Кочани до Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С. Р. (38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста по член 144 од Кривичниот законик - информира СВР Штип. Според информацијата, на 6.4.2026 на свој профил на социјална мрежа пријавениот објавувал заканувачка содржина кон полициски службеник во ОВР Кочани. ис/ ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и во соработка со Амбасадата на Република Албанија денеска во Скопје ќе се одржи македонско-албанскиот бизнис-форум „Преку границите“. Според агендата, воведни обраќања на бизнис-форумот ќе имаат албанскиот амбасадор во земјата, Денион Мејдани, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и претседателот на Унијата на ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза - напиша на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и објави видео од автопатот. - Видете го текот на работата на преостанатиот дел од делницата Охрид - Кичево, каде што последниве две години изградивме многу и набргу македонските граѓани ќе возат по овој автопат. Ја градиме Македонија - ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. На отворањето на самитот воведни обраќања ќе имаат и претседавачот на одборот на директори на „Македонија 2025“, Виктор Мизо, коосновачот на организацијата, Мајк Зафировски, и извршната директорка Никица ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Поврзувањето е единствената равенка за поголем економски раст - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. - Ние треба да го изградиме темелот, го немаме и тоа е суштината. Кога ќе го поставите прашањето која е предноста на државата - единствената ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Да се зголеми размената од 207 милиони на една милијарда евра, да се отворат коридори за сите земји што немаат море, да се укинат царинските бариери, а Драч да стане алтернатива за солунското пристаниште - порачаа стопанствениците од Македонија и Албанија на денешниот бизнис-форум „Преку границите“, што се одржува во Скопје. Тие укажаа на потребата од подобра поврзаност, добра инфраструктура и заеднички настап на ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Македонија само во патната инфраструктура на Коридорот 8 моментно вложува 2,1 милијарди евра, а во делот на железницата следните пет-шест години ќе инвестира над три милијарди евра. Тоа се вкупно 5,5-6 милијарди евра инвестиција само на Коридорот 8 - рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Обраќајќи се на бизнис-форумот „Преку границите“, Николоски потсети дека и двата аеродроми, ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Во рамки на Клубот на младински прашања и политики, денеска во Собранието ќе се одржи средба меѓу пратеници и ученици од средни училишта, учесници во програмата „Најгласни“. Програмата „Најгласни“ ја имплементираат Фондација Конрад Аденауер и Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), со цел поттикнување на младинското учество, лидерството и активизмот кај средношколците. дма/бк/ Фото: МИА архива Скопје, 12 ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, на покана на својот словачки колега Роберт Калинак, ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија - IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. Во рамките на посетата предвидено е министерот Мисајловски да оствари одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак, и со ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Северна Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција - истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Евроњуз“. Муцунски нагласи дека државата не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во ...

Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. ...

Скопје, 11 мај 2026 Ацо Ристов, новиот претседател на РКЕ, во првото медиумско појавување најави ревидирање на блоковите и ефтината тарифа во сметките за електрична енергија, со што јасно стави до знаење дека струјата ја третира како роба која мора да има единечна, а не пет различни цени. Со ова тој предизвика загриженост кај граѓаните кои се обидуваат да штедат електрична енергија, се вели во соопштението на ПП „Левица“ што МИА го пренесува ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните. - Сите станбени ...

Мајами, 11 мај 2026 (МИА) - Полицијата во Мајами ја тужи продуцентската куќа на американските глумци Мет Дејмон и Бен Афлек поради филмот „Кражба (The Rip)“. Тие тврдат дека трилерот на „Нетфликс“, инспириран од вистински настани, лажно ги прикажал редарите во градот како корумпирани криминалци. Филмот, достапен на стрим-платформата од јануари, почнува со забелешка дека се заснова на вистински настани. Заплетот е инспириран од рацијата во ...

Куманово, 11 мај 2026 (МИА) - Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за справување со убоди од крлежи и други инсекти, информираа лекарите од кумановскиот ургентен центар. Со затоплувањето на времето и почестото користење на парковите, зелените површини и шумските предели, се зголемува и ризикот од убод од крлеж. Лекарите апелираат граѓаните да не се обидуваат сами да ги отстрануваат крлежите, туку да побараат стручна медицинска ...

Скопје, 11 мај 2026, (МИА) Братислав ДИМИТРОВ Кога во некое утро ќе се сретнеш со фактот дека мустаците не ти побелеле од шампита, туку од фризерските услуги на мајката природа. Кога сè помалку ќе успеваш да се тешиш со изгледот на Кит Ричардс и локалитетот Стоби. Кога ќупот во аголот на собата ќе ти се види поблизок роднина од твојот братучед, крајно време е да излезеш од дома. Каде? Не прашувај. Само излегувај. Скопје е град на ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Подигнување на свеста за комплексното автоимуно заболување лупус, кое најчесто ги погодува жените во нивните најпродуктивни години е целта на одбележувањето на 10 Мај, Светскиот ден на лупус, соопшти денеска Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари (МАГО). Годинава, како што посочуваат од асоцијацијата, овој значаен ден се совпаѓа со одбележувањето на Неделата на женското здравје, ставајќи посебен ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Поттикнување и негување на квалитетот и разновидноста на креативните изрази во уметностите, заштита и одржливо користење на културното наследство, преобликување на моделите на управување и институционална автономија како основа за развој, како и дигитализација и дигитална трансформација - се приоритетите на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 - 2030. Стратегијата, меѓу другото, ја ...

Скопје, 11 мај 2026, (МИА) ЕДЕН ОД НАЈПЕРСЕПЕКТИВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ЕКСПЕРТИ - НИКУ СПРИНЧАН ЗА МИА (1. ДЕЛ) Балканот е заглавен во ценовен парадокс - плаќаме европски цени со примања далеку под просекот Додека глобалните кризи на Блискиот Исток го диктираат темпото на светската економија, граѓаните во Македонија и регионот се соочуваат со специфичен ценовен парадокс. Исти производи од исти брендови често се поскапи во Скопје или Белград отколку ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) – Екипата на Крива Паланка е победник на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига и нов македонски шампион во женска сениорска конкуренција. Во четвртиот натпревар од финалето на плејофот, Крива Паланка вчеравечер во Скопје славеше минимална победа (75:73) против екипата на Бадел 1862 и со вкупни (3:1) ја затвори серијата која го даде новиот државен првак за натпреварувачката сезона 2025/26. Кошаркарката на Крива Паланка, Аби ...

Струмица, 11 мај 2026 (МИА) - Струмица денеска и утрее домаќин на Државните спортски игри за средни училишта – Гимназијада „Чушко – Струмица 2026“, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Меѓуопштинскиот сојуз на училишен спорт – Струмица, а под покровителство на Министерството за спорт и Општина Струмица. На спортската олимпијада ќе учествуваат околу 600 средношколци и 40 екипи од целата држава, кои ќе се ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.25
43%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
1.79
48%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.77
36%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.76
54%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
7.91
37%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
46%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
3.58
56%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
4.08
47%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.27
36%
1016
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
4.02
90%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
6.56
51%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93

Кобалт

45.39

Калај

51.97

Бакар

12.52

Алуминиум

3.48

Паладиум

39545.42

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Платина

53756.05

Сребро

2072.63