Брисел, 4 август 2026 (МИА) – Министрите за внатрешни работи на Европска Унија на денешниот онлајн состанок се согласија да ги засилат мерките за борба против мрежите за шверц на мигранти, да ги зголемат депортациите и да ја подобрат размената на информации. Состанокот се одржа откако десетици илјади мигранти минатата недела навлегоа во шпанската северноафриканска енклава Сеута. Најмалку 72 мигранти загинаа обидувајќи се да ја преминат ...

Тирана, 3 август 2026 (МИА) - Пожар од големи размери беснее во јужниот дел на Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде според министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, ситуацијата е критична. Со часови се соочуваме со тешка ситуација поради пожарите во неколку села во Делвина и Финиќ, а апсолутен приоритет на службите е заштита на населението и домовите. Сите наши структури се на терен и операцијата продолжува без прекин, и од земја и од ...

Атина, 3 август 2026 (МИА) – Пораки за евакуација од бројот 112 за итни случаи добија попладнево жителите и оние кои се наоѓаат во седум населени места и околината на индустриската зона на предградието Мегара во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина, поради големиот пожар, што во текот на денешниот ден одново се интензивираше, а гаснењето продолжува веќе четврти ден, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот продолжуваат ...

4 Август 2026 Би-Би-Си на српски јазик За сè се виновни Алпите и снегот. Па, можеби не баш за се, но за толку загрижувачки нискиот водостој на една од најголемите европски реки, Дунав, тие секако се меѓу главните виновници. Но, зошто токму сега кога и претходно имаше суши? „Тоа е последица на недостигот на снег на Алпите во комбинација со недостигот на дожд“. „Во јануари и почетокот на февруари, снегот беше над просекот, но температурите на ...

Атина, 4 август 2026 (МИА) – Со 526 пожарникари, 29 пешадиски тима и 141 возило, веќе петти ден продолжува гаснењето на пожарот во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина, а ситуацијата утрово е значително подобрена, по битката на копнените сили што траеше во текот на ноќта, додека пак во пожарот во конкретната област, како и во соседниот регион Виотија, од каде што започна пожарот, процените се дека изгореле над 13.000 ...

Софија, 4 август 2026 (МИА) - Нивото на реката Дунав во Бугарија и натаму опаѓа, а кај шест од седумте главни хидрометеоролошки мерни станици во земјата денеска е регистриран водостој под референтната нулта ознака. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниско ниво е измерено во Русе каде водостојот е на котата минус 94 сантиметри, што е за два сантиметри пониско од вчера. Во Орјахово е измерено ...

Атина, 4 август 2026 (МИА) – ЕУ сега мора да се опреми со правни и оперативни алатки неопходни за заштита на своите надворешни граници, за одвраќање на оние кои настојуваат да ја злоупотребат нејзината отвореност и да одговори цврсто, законски и заеднички на оваа нова реалност, пишува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата колумна за „Политико“, под наслов „На ЕУ ѝ се потребни нови алатки за борба со инструментализацијата на ...

Букурешт, 4 август 2026 (МИА) - Романските власти денеска издадоа портокалово предупредување за топлотен бран за повеќе од половина од земјата, при што во следните два дена се очекуваат температури и до 39 Целзиусови степени. Според Националната метеоролошка администрација, првото предупредување е во сила од утринава до 10 часот по локално време во среда. Предупредувањето ги опфаќа регионите Марамуреш, јужниот дел на Банат, поголемиот дел од ...

Анкара, 4 август 2026 (МИА) – Турција денеска ги повика Русија и Украина да ги преземат неопходните мерки за зачувување на безбедноста на поморскиот сообраќај во Црното Море, откако дрон погоди турски брод кај руското пристаниште Новоросиск при што тешко беа повредени тројца членови на екипажот. Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека Анкара со голема загриженост ги следи нападите врз цивилни бродови во Црното Море, и ...

Никозија, 4 август 2026 (МИА) – Од увозната царина во висина од три евра за секој производ купен онлајн од трети земји што ја воведе Европската Унија на 1 јули годинава, според портпаролот на кипарската царинската управа Јоргос Константину во јули биле остварени приходи од речиси два милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Константину за кипарската новинска агенција ЦНА, објаснил дека овие приходи се од околу 650.000 артикли, кои ...

Тирана, 4 август 2026 (МИА) - Амбасадата на САД во Тирана во објава дека е ратификуван договорот со Албанија за заем од 302 милиони американски долари. Амбасадата во објава на Фејсбук нагласува дека "овој договор ќе го поддржи напредокот на Албанија кон исполнување на Хашката обврска за одбрана". Меѓу другото, овој заем ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) до 2035 година. „Денеска, Соединетите ...

Приштина, 4 август 2026 (МИА) – Главниот косовски преговарал Аргон Бајрами денеска побара од специјалниот претставник на Европска Унија за дијалогот Белград-Приштина, Питер Соренсен, да се обезбеди Србија ги исполни обврските од Декларацијата за исчезнати лица. - Како главен преговарач на Република Косово, официјално му ја пренесов на специјалниот пратеник за дијалогот, Питер Соренсен, нашата длабока загриженост за најновите случувања ...

Подгорица, 4 август 2026 (МИА) – Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ денеска изјави дека во неговата земја нема да се гради прифатен центар за илегални мигранти. - Црна Гора не преговарала за воспоставување на вакви центри на своја територија, а владата не добила официјална иницијатива за нивно отворање, а кога таа иницијатива ќе биде на маса, нашиот одговор ќе биде негативен, објави Спајиќ на платформата Икс. Тој додаде дека Црна Гора ...

Тирана, 4 август 2026 (МИА) - Во првите шест месеци од годинава, регистрирани се над 14,6 милиони обиди за кибер напади врз информациските инфраструктури во Албанија. Според податоците од Националниот агенција за кибер безбедност (АКСК), во периодот јануари-јуни регистрирани се 14.628.595 обиди за напад, што е околу 56,4 обиди секоја минута. Од вкупниот број идентификувани напади, 54 отсто биле насочени кон важни информациски инфраструктури, ...

3 август 2026 Претседателот на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека ЗНАМ останува единствената политичка партија која континуирано е на терен, разговара со граѓаните и ги гради своите политики врз основа на нивните реални потреби, а не врз основа на нарачани анкети и медиумски конструкции, се наведува во соопштението од ЗНАМ, што МИА го пренесува ...

Скопје, 4 август 2026 Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна, наведува СДСМ во соопштение што МИА го објавува интегрално. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави ...

Скопје, 4 август 2026 Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на ...

4 август 2026 По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина, се наведува во соопштението од ЛДП, што МИА го објавува интегрално. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат ...

4 август 2026 Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар. Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија, истакна на прес-конференција Елена Радеска од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по ...

Скопје, 4 август 2026 (МИА) - СДС и Венко Филипче се обидуваат политички да профитираат од состојбата во Гостивар, но повторно ја премолчуваат вистината. Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт, изјави денеска на ...

Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ денеска на прес-конференција посочи дека премиерот Христијан Мицкоски за време на илинденските празници ја злоупотребил говорницата и продолжил со, како што рече, поделби, омраза и навреди. Според него, Мицкоски повторно сите што не се согласуваат со него ги нарекол „талог“. - Тоа се сите оние што се борат за правда, за ...

4 август 2026 СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се ...

Скопје, 4 август 2026 Додека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика. Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења, се вели во сооопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. ...

Кавадарци, 4 август 2026 (МИА) - Пожарите што вчера избувнаа во атарот на селото Раец предизвикаа оштетување на дел од електропреносниот систем, поради што е нарушено редовното снабдување со вода за селото Дреново, информираа утрово од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци. Како што соопштуваат од претпријатието, поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија не е можно нормално функционирање на бунарите од кои се обезбедува ...

Ресен, 4 август 2026 (МИА) - Општина Ресен ќе додели еднократна парична помош на семејствата со првоодделенчиња запишани во основните училишта на територијата на Општина Ресен. Јавниот повик за пријавување е отворен до 12 август и секое семејство ќе добие еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, соопштија од тамошната локална самоуправа. Во Општина Ресен има пет основни училишта, а до денес запишани се над 100 деца во прво ...

Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин“ се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри. Како што се појаснува во денешното соопштение, станува збор за ѕид што бил стар 25 години, а сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. - И ова лето вложуваме во воспитно-образовната ...

Скопје, 4 август 2026 (МИА) - Општина Ѓорче Петров започнува со реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија, со што повторно поставува нови стандарди во локалното управување и одржливиот развој. Станува збор за првиот проект од ваков вид во државата, што ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на покривите на сите седум општински основни ...

Дебар, 4 август 2026 (МИА) – Дворот и спортскиот терен на Основното општинско училиште „Пенестија” ќе бидат пренаменати во паркиралиште, со цел да се намали сообраќајниот метеж поради доаѓањето на иселениците и зголемувањето на бројот на возила. - Како и секоја летна сезона и оваа година се очекува на одмор да дојдат голем број наши сограѓани кои живеат и работат во странски земји од Европа, како и САД. Поради тоа и годинава ќе се зголеми ...

Куманово, 4 август 2026 (МИА) - Второто авионско прскање против возрасната форма на комарци на подрачјето на општина Куманово ќе биде спроведено утре, (5 август) со почеток во 5 часот, информираа денеска од општината. Третманот ќе се изврши на површина од 1.270 хектари, а ќе бидат опфатени теченијата на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје, како и просторот ...

Делчево, 4 август 2026 (МИА) – Мирисот на свежо искосена трева, звукот на косите и спомените на постарите генерации денеска повторно оживеаја во Делчево, каде за првпат се одржа натпревар во рачно косење трева. Манифестацијата, која е дел од програмата на „Делчевско културно лето“, собра повеќе од 20 натпреварувачи од Делчево и од повеќе градови во државата, а ја проследија и голем број граѓани. Учесниците ги одмерија своите вештини во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Родиум

295786.87