Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Е.Е. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Спречена катастрофа во виничко, запалена била трева при сечење со брусилица, алармираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелирајќи за внимателност. - Во текот на вчерашниот ден, лице со брусилица сечело делови од возилото зад мене. Од искрите се запалила околната трева. Пожарот бргу се проширил во околината, но благодарение на брзата реакција на виничките пожарникари, ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во периодот од 3 до 9 август 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени сообраќајни контроли во рамки на Европската недела на контроли. Како што се наведува во соопштението, акциските контроли се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои ја пречекоруваат ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи синоќа изрекла 50 санкции во акциска контрола на подрачјето на Тетово, за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила (тротинети) кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, која била спроведена во периодот од 17:00 до 23:00 часот. Како што информираат од Министерството за внатрешни ...

Неготино, 6 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР - Неготино утрово во 6:10 часот го лишиле од слобода 40-годишниот неготинец А.А., постапувајќи по претходна пријава дека им се заканувал на неговите родители, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека А.А. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,17 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во ...

Струга, 6 август 2026 (МИА) - Германски државјанин со дрон неовластено ја снимал караулата на Армијата во струшкото село Радожда, полицијата го привела, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера, во 14 часот и 30 минути во струшкото село Радоджа, од слобода бил лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени ...

07/08/2026 03:15 - МИА

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.М.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 18.03.2026, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, кое го управувал пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Надворешната ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 5 август околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, информираат од локалната самоуправа. -Општина Центар е на терен со конкретни мерки делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките и да бидат ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина оваа година беше што матурантите ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Проблемот со недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти во моментот е надминат. Дел од терапијата вчера е пристигната на Клиниката, а другиот дел треба да пристигне во наредните два дена и се надеваме дека така и ќе биде, изјави денеска Ана Марјановиќ од здружението „Хема-Онко“. Таа посочи дека преку групата „Пеперутки“ ќе ги информираат пациентите за тоа која терапија во кој момент ќе пристигне, за ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура - државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат се воведени оваа година. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски денеска се сретна со претставници на „Хема-Онко“, Здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели, како и со претставнички на групата „Пеперутки“, на која се разговараше за актуелните потреби на пациентите и за унапредување на здравствената заштита. Во фокусот на средбата беше новиот Закон за лекови, при што претставниците на здружението ги изложија ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки и во Општина Гостивар кај селото Падалиште каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума. ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека очекува да се изнајде решение за што е можно побрзо носење на пакетот три закони за високо образование (за високо образование, за научно-истражувачка дејност и за квалитет во високото образование), кои се во собраниска процедура и, рече, блокирани преку алатката бадентер. Како што рече, со задоволство прифаќа да дискутира на уште една јавна расправа ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Во учебната 2026/2027 година ќе има помалку ученици. Бројот не е конечен затоа што претстои трет упис во средно, каде што намалувањето не е драстично како во основните училишта. Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека значително помалку основци ќе следат настава од септември затоа што за разлика од лани, годинава се запишале околу 4900 помалку првачиња. -Бројот не е дефинитивен затоа што ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни инспекциски надзори во здравствените установи во кои пациентката С.М. била прегледувана, породена и понатаму лекувана, соопшти Министерството за здравство. Надзорите се спроведени во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија. Инспекторите извршија увид во здравствената евиденција и медицинската ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Вкупно 18 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 18 часот, два и сега се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи. Во информацијата од ЦУК се истакнува дека четири пожари се под контрола, а 12 се изгаснати. - Активни се пожарите во општина Македонски Брод - село Грешница, место викано Стојанова населба, каде горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) Мирјана ЧАКАРОВА Храната и водата се прашање на национална сигурност. Држава што не може да обезбеди доволно сопствена храна станува економски поранлива и директно зависна од цените, флуктуациите и кризите на меѓународните пазари. Во намерата за остварување на нашата развојна визија - поголемо, сигурно и современо земјоделско производство што ќе ги задоволи домашните потреби, најголемиот предизвик е да го напуштиме ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Со денешното потпишување на договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договори за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Потпишувањето е во Владата, а ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - За реализација на стратешките проекти не е доволна само политичката определба, туку треба да постои и стабилна, одржлива финансиска рамка, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска пред потпишувањето договори за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8 во Владата. Како што истакна, Владата има јасна определба за реализација на стратешките ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Покажуваме како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото, да се стават работите на вистинските шини и да се движат, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишувањето на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од Коридорот 8. Како што истакна Николоски, денешното потпишување претставува ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Изминатите две години напорна работа го искристализираа, го оптимизираа и го направија појасен овој проект што претходно подразбираше дека треба да завршиме на половина тунел и без да имаме јасно предвидување од страна на нашиот источен сосед дека ќе имаме модернизација на секцијата што ја поврзува границата со нас и Софија, вклучително и другата половина на тунелот. Да, требаше време. Требаше да се постигне ...

Скопје, 6 август 2026 Владата со поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој преку нова финансиска конструкција овозможува реализација на проектот за железничкото поврзување со Република Бугарија. Денеска од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, и директорот на ЕБОР ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за финансирање на ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, а тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци. Ќе продолжиме во таа насока, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во рамки на денешниот настан за потпишување на Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) – Во Владата денеска беа потпишани договорите за инвестициски грант од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со што се обезбедува финансиската конструкција за реализација на третата фаза од железничката делница Крива Паланка – почеток на прекуграничниот тунел со Бугарија, ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Две нови комори се приклучија кон семејството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ). Со новите членки ЕнергоКом - Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент, ССКМ го заокружи процесот на пререгистрација и организациска консолидација, информираат од Комората. ССКМ, посочуваат, денес обединува вкупно десет комори и три групации, а ...

Прилеп, 6 август 2026 (МИА) - Инфлацијата и цените на производите во земјава се контролираат и засега нема потреба од нови мерки. Владата ги намали акцизата и ДДВ-то на горивата. Последното зголемување на цената на дизелот е според светските берзи, а ние се фокусираме цената да остане пониска од соседните земји во Регионот, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Ристески нагласува дека за некои мерки претходно се ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Цинк

3.76