Брисел, 14 мај 2026 (МИА) - Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) - покажуваат податоците на Евростат. Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства ...

Париз, 14 мај 2026 (МИА) - Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи. Саркози (71) е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во финансирањето на ...

Лондон, 14 мај 2026 (МИА) – Повисоки цени на авионските карти во Европа се „неизбежни“ поради растот на трошоците за млазно гориво, предупреди генералниот директор на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА), Вили Волш. Волш во интервју за Би-Би-Си рече дека авио-компаниите не можат долгорочно да ги апсорбираат зголемените трошоци за гориво, иако некои европски компании во последно време ги намалуваа цените на картите поради ...

Киев, 14 мај 2026 (МИА) - Врховниот суд за борба против корупцијата во Украина му изрече превентивна мерка - притвор на поранешниот шеф на претседателската администрација на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, со можност да плати кауција од 140 милиони гривни - објави „Укринформ“ повикувајќи се на судијата Виктор Ногачевски. Судијата Ногачевски, пренесува ДПА, денеска пресуди дека Јермак треба да остане во притвор како почетен период од 60 ...

Будимпешта, 14 мај 2026 (МИА) -Вонредната состојба на Унгарија поврзана со војната, која беше прогласена пред четири години под водство на поранешниот премиер Виктор Орбан, официјално завршува денеска, објави на Фејсбук премиерот Петер Маѓар, цитиран од MTI. „Вака се збогуваме со шестгодишното владеење со декрети. Се враќаме во нормалноста“, рече Маѓар. Орбан првпат прогласи вонредна состојба на 24 мај 2022 година, поради војната меѓу Русија ...

Рига, 14 мај 2026 (МИА) - Летонската премиерка Евика Силина денеска соопшти дека поднесува оставка откако инцидентот со украинскиот дрон ја потресе нејзината влада. „Поднесувам оставка, но не се откажувам“, рече Силина во телевизиско обраќање до јавноста. Британските медиуми пренесуваат дека оваа политичарка од десниот центар се повлекува од функцијата само неколку месеци пред редовните парламентарни избори закажани за октомври. Летонскиот ...

Белград, 13 мај 2026 (МИА) - Германија откри вирус хепатитис А во замрзната мешавина од смрзнати овошје од Србија, објави Европскиот систем за тревога и известување за храна (РАСФФ). При официјална контрола на пазарот, во примерок земен на 20 април, Германија пронајде патогени микроорганизми – вирусот на хепатитис А во замрзната мешавина од овошје од Србија, објави РАСФФ. Здравствениот ризик се смета за сериозен, а производот е повлечен од ...

Атина, 13 мај 2026 (МИА) – Веруваме дека е дадена нова динамика на политиката на проширување, а Грција, како и Хрватска, имаме придонесено со наши иницијативи, што денес е исклучително важно за зајакнување на отпорноста на Европа, посочи министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на заедничката прес-конференција со неговиот хрватски колега Гордан – Грлиќ Радман, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу темите за кои ...

Анкара, 13 мај 2026 (МИА) – Турските власти приведоа 324 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ во голема операција спроведена низ целата земја, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението се наведува дека апсењата биле извршени во 47 провинции, а меѓу приведените има лица осомничени за финансирање на ИД, како и поединци за кои се смета дека претходно биле активни во ...

Белград, 13 мај 2026 (МИА) - Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Петер Соренсен, денеска објави дека презентирал работен план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во наредните месеци на одделни состаноци со главните преговарачи. Средбите се одржаа во Брисел, на ниво на главните преговарачи Агрон Бајрами и Петар Петковиќ, објави Соренсен на X. Соренсен додаде дека оваа недела во ...

Анкара, 13 мај 2026 (МИА) – Турското обвинителство денеска поднесе обвинителен акт со кој бара затворска казна од 90 до 263 години за градоначалникот на турскиот град Болу, Танџу Озџан, кој доаѓа од редовите на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), врз основа на обвиненија за корупција и изнуда. Како што јави ТРТ Хабер, обвинението ги опфаќа Озџан и уште 18 други осомничени лица. Озџан беше приведен на крајот на февруари ...

Приштина, 14 мај 2026 (МИА) - 18-ина рудари се блокирани во рудникот „Трепча“ во северниот дел на Косово. Претседателот на синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави дека претходно во рудникот биле заглавени 40 луѓе, но дел од нив успеал да излезе над земјата. Тој додаде дека состојбата на заглавените рудари е добра. - Одржуваме контакт со нив, но колку повеќе време поминуваат внатре, толку потешка станува ситуацијата. Тие треба да бидат ...

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Малите и средните претпријатија имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност, како држава даваме поддршка и креираме политики за нивен поголем раст и развој - порача заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески на конференцијата „Лансирање на Индексот на политики за мали и средни претпријатија 2026 за Западен Балкан и Турција“, што се одржува во Будва. Во рамките на ...

Хамбург, 13 мај 2026 (МИА) – Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената ...

Скопје, 13 мај 2026 Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на организации и медиуми од Република Турција, меѓу кои Филиз Шахин, претседателка на здружението Светски бизнис-жени за едукација, култура, уметност, историја, здравје и солидарност, Серпил Екинџи, Накшије Илмек и Адил Кочалан, претседател на Здружението на медиумите. На ...

14 мај 2026 ВЛЕН уште од првиот ден вети дека промените ќе се почувствуваат во секојдневниот живот, кај вработените, нивните семејства и во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Општина Тетово, во соработка со Синдикатот на вработените, потпиша договор за зголемување на платите во општинската администрација, со што основната плата ќе се зголеми за 7 проценти. Овој ...

Скопје, 14 мај 2026 Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и „шминкерски" чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија, се вели во соопштението на Левица што МИА го пренесува интегрално. Според јавно објавени податоци, само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 ...

Скопје, 14 мај 2026 Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ. Скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под ...

14 мај 2026 Срамот одамна не е присутен кај СДС и затоа бесрамно се обидуваат да избришат се македонско, односно тоа што Зоран Заев го започна, како продажба на националните и државни интереси, Венко Филипче секој ден како папагал повторува дека е спремен да го доврши, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Воедно бесрамно лажат дека ги заштитиле идентитетот и историјата, а на институциите им ги менуваа ...

14 мај 2026 Повеќе од 30 дена јавноста поставува едно едноставно прашање: Дали Владата ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски?, пишува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Ниту Христијан Мицкоски, ниту министерот за правда Игор Филков немаат храброст да дадат јасен одговор. Тишина. Молчење. Криење од јавноста. Се однесуваат како ова да не е нивна работа, како да не знаат што се случува, како да немаат ...

14 мај 2026 Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти. Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за Македонија и за македонскиот народ, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. За Филипче и СДС, нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како ...

14 мај 2026 Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, е доказ за големото влијание кое Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев го имаат врз обвинителството и судството, или во случајов врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Пред само една година, ...

14 мај 2026 Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага. Мицкоски нарачува а Савевски испорачува, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Слушнавме како Мицкоски дели задачи од собраниска говорница, со неговите чувства, слушнавме како елиминира независни обвинители од постапка на телевизија, сега и по телефон дека дели задачи. Ете така изгледа партизираното судство и обвинителство ...

Дебар, 13 мај 2026 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Сонце" и лидер на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, Васил Стерјовски оствари средба со Ана Соле Мена, виш експерт за повеќејазичност во Европската комисија. -Разговаравме за важноста што Европската унија ѝ ја придава на повеќејазичноста и на зачувувањето на малцинските јазици како дел од европскиот идентитет. Ана Соле Мена ја истакна важната улога на европските ...

Куманово, 14 мај 2026 (МИА) - Екипите на „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна вчера, соопштија денеска надлежните од претпријатието. - Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот - изјави директорот ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Општина Аеродром од 18 мај започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска кампања и се реализира во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром. Во рамки на акцијата, на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните бесплатно ќе можат да го ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје и оваа година активно се вклучи во масовната еколошка акција „Генералка викенд“, која се одржа на 8 мај на повеќе локации во Скопје. Акцијата, како што соопштија денеска од ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, се одржа на кејот на реката Вардар опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа разни видови непрописно одложен отпад од брегот и од ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска имала средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, на која, како што информира Општината, ја запознала со тековните проекти и стратешките цели на локалната самоуправа, насочени кон модернизација и подобрување на услугите за граѓаните. -Двете страни разговараа за потенцијалот за идна соработка, со посебен фокус на размени во областа ...

Скопје, 7 мај 2026, (МИА) Подготвил: Дарко ЈАНЕВСКИ - Еден настан од Новиот завет на Библијата со години предизвикува внимание меѓу световните научници по Новиот завет од светските универзитети што не се под црковно покровителство, каде што такви студии постојат - вечерата на Исус во куќата на Симон Лепрозниот, кој седи со него на истата трпеза. Во Евангелието по Марко (кое според едни се смета за извор на евангелијата по Матеј и Лука, според ...

Денес сите јадат пица, уживаат во топлиот и миризлив залак, еве една здрава пица со зеленчук. Состојки: Тесто: 500 грама обично брашно 1/2 коцка свеж квасец 1/2 дл маслиново масло 2 дл топла вода 1 лажичка сол Фил: 2 чешниња лук 1/2 кромид неколку гранчиња свеж магдонос 10 свежи шери домати 1 свежа пиперка 1 свежа средна тиквичка 1 свеж домат со нормална големина неколку црни маслинки 2 дл доматен сос сол, бибер, оригано и маслиново масло ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.42
53%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.68
54%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.38
46%
1022
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.33
59%
1019
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
8.81
46%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.34
46%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.47
48%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.59
58%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
4.73
40%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.92
90%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
2.24
43%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 24ᴼ
4.87
60%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Сребро

2072.63

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Калај

51.97

Алуминиум

3.48