Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Скопје, 14 август 2026 (МИА) - На сите универзитети соодветно се намалени квотите за упис на студенти во прва година бидејќи пазарот на труд е заситен со одредени струки и има невработени, за разлика од други струки каде што вработливоста е многу висока, па некаде се јавува и недостиг. Во пресрет на уписите на универзитетите, министерката Весна Јаневска во интервју за МИА вели дека оваа година на сите универзитети има намалено околу 2000 ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) - На Граничен премин Табановце, вчера во 18:40 часто на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.С. (24) од Чешка. При преглед и контрола во неговиот личен багаж биле пронајдени и одземени повеќе пакување со бела материја. Лицето и пакувањата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...
Велес, 14 август 2026 (МИА) Слободан ИВАНОВ „Фердинанд (бугарскиот кнез и цар) не дозволуваше знаме на манифестациите и гледаше да се избегне секаков македонски карактер, под изговор да не се влошеле односите со Турција (?!). Фердинанд, преку своите орудија - врховистите, го организира и навлегувањето на многубројни вооружени чети во Македонија, заради нејзиното ‘ослободување’! Ваквата забрана од страна на полицијата многу нѐ обеспокои... При ...
Скопје, 14 август 2026 Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува јавноста дека Пречистителната станица во Тетово, заедно со колекторскиот систем, претставува еден од најзначајните капитални проекти не само за Тетово туку и за целиот полошки регион. Токму кога во регионот, целата земја ја сведочи важноста на постоењето на пречистителни станици кои третираат отпадни води, Министерството потсетува дека децениското ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување соопшти дека презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic (mycophenolic acid), во јачини од 180 mg и 360 mg, како оригинаторен лек повторно да биде достапен без доплата, а истовремено ќе се задржат придобивките од претходно постигнатото намалување на цената на оваа терапија. Како што информира Фондот, станува збор за ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) - Втор смртен случај од западнонилска треска има во државава, станува збор за скопјанец на возраст од 72 години, информираше денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. - Поради транспарентност и коректно информирање на јавноста, сакам да информирам дека, за жал, кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус и тешка клиничка слика на ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) - Санкционирани се 72 лица во текот на вчерашниот ден од 17 до 22 часот при акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на лесни електрични возила низ државата, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. - Од нив, по 11 на територијата на СВР - Тетово и СВР - Битола, осум на територија на СВР - Велес, седум на територија на СВР - Куманово... Од страна на Мобилната единица за ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) – Претставници на Агенцијата за филм беа во работна посета на студиото за анимација „Тун Моушн студиос“ за време на процесот на анимирање на филмот „Лефти и Рајти си најдоа дом“. Како што се наведува во соопштението на продукцијата „Занимација“, директорот на Агенцијата за филм, Сашко Потер Мицевски, за време на посетата истакнал дека институцијата покажува особен интерес кон овој проект и има за цел да ја покаже ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) – Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и ...
Скопје, 14 август 2026 (МИА) – Владата и Министерството за транспорт продолжуваат да работат на изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат македонските превозници поради воведувањето на системот „ЕЕС“ (Entry/Exit System) во Европската Унија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавите од дел од превозниците за можни протести доколку до 1 септември ...
Истанбул, 13 август 2026 (МИА) - Централната банка на Турција ја зголеми прогнозата за инфлацијата на крајот на 2026 година за два процентни поена, односно на 28 проценти, објави турската новинска агенција Анадолија, повикувајќи се на гувернерот на банката Фатих Карахан. Гувернерот Карахан ги соопшти новите проекции за време на информативната средба за претставување на третиот годишен извештај за инфлацијата, која се одржа во кампусот на ...
Атина, 13 август 2026 (МИА) – Туристите, жителите и оние кои се наоѓаат во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, неофицијално, над 250 лица, попладнево со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба и со приватни чамци се евакуираат по морски пат поради големиот пожар што сè уште не е ставен под контрола, а се гасне од копно и воздух и се испраќаат дополнителни противпожарни сили од повеќе делови на Грција, јави ...
Анкара, 13 август 2026 (МИА) - Турција, Саудиска Арабија и Пакистан ќе создадат посебни политички и воени механизми во рамките на договорот за заедничка одбрана што трите земји го потпишаа минатата недела, соопши турското Министерство за одбрана. Од Министерството соопштија дека новоформираните механизми ќе ги опфатат министрите за одбрана, министрите за надворешни работи и воените раководства на трите држави. Договорот исто така предвидува ...
Тирана, 13 август 2026 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска застана во одбрана на континуираната поддршка на Албанија за Украина, реагирајќи по изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев нема да го признае Косово. Во исто време, Рама упати остри критики до, како што ги нарече, гласните националистички реакции во Тирана и Приштина. „Мојот драг пријател Володимир Зеленски застана во Белград и рече дека Украина не ја ...
Атина, 13 август 2026 (МИА) – Со чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, со приватни и рибарски чамци, но и со траект што сообраќа од Солун до островите од групата Споради, вкупно 446 лица, туристи, жители и оние кои попладнево беа во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики, по морски пат успешно беа евакуирани поради големиот пожар, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот сè уште не е ставен под контрола, ...
13 август 2026 По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“, Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и како наследничка на Јустинија Прва и на обновената Охридска ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Венко Филипче од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија, пишува во соопштението ан ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесува интегрално. Каде е Венко Филипче? Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител ТВ се осврна на, како што рече, ширењето лажни вести и дезинформации од страна на СДС, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. -Ова е лоша траекторија по која се движи најголемата опозициска партија. Седум години го уништуваа системот и ја ...
Скопје, 13 август 2026 Талогот од СДС со лаги, подметнувања, и дезинформации се нафрлија на прославата за независност на Македонија, при што самите го оправдаа епитетот даден од народот кон СДС - талог, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што МИА го пренесува интегрално. Одговорот стигна од народот кој во огромно мнозинство, по Охрид Битола, вчера во Велес излезе и ја поддржа народната прослава Силно светнал ден. Со ова поразен е и Филипче ...
13 август 2026 По труењето со вода и здравствената криза во Гостивар, сега нова криза со епидемија од западно- нилска треска. Сега повторно, како и во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски и ВМРО закаснија со реакцијата, истакна Кети Штерјова од СДСМ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално. Западно-нилската треска не е нова болест. Комарците не се појавија вчера, климатските услови не се појавија вчера, а ризикот од ...
13 август 2026 Поминаа пет недели - граѓаните на Гостивар сè уште немаат чиста вода. Резултати за водата не се објавени, власта секојдневно излегува со различни информации, пишува во денешното соопштение на СДСМ од прес-конференција на Маја Борозан, што МИА го пренесува интегрално. Прво, велеа водата може да се користи како „техничка“, па потоа Клековски призна дека во водата има бактерии, не една туку повеќе. Никогаш не објавија извештај и ...
Скопје, 13 август 2026 Таман човек ќе помисли дека СДС го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го пренесува интегрално. Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички ...
13 август 2026 Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки за унапредување на здравствениот систем, со јасен фокус на јакнење на медицинскиот кадар, примарната здравствена заштита и обезбедување поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално. Како потврда за оваа определба, годинава за здравството се обезбедени ...
13 август 2026 Бидејќи Панче Тошковски не е тука, на екскурзија е, сега Тимчо ја води полицијата и лаже а потоа најавува кој ќе биде повикан на разговор поради ширење паника. Секако, Панче е задолжен за хиперхлорирањето, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Тимчо Муцунски денеска тврди: „Тајни разговори или ‘разговори под радарот’ нема. Никогаш не сум кажал такво нешто и тоа лесно може да се провери.“ Лесно се ...
Скопје, 13 август 2026 Епидемијата од западнонилска треска во скопските општини е уште еден печат на неспособноста, неодговорноста и неажурноста на вмровската власт која имаше цела пролет и половина лето да го пресретне ризикот. Комарците не се појавија преку ноќ, сезоната не беше изненадување, а западнонилскиот вирус не е нова и непозната закана. Сепак, ДПМНЕ и вмровските градоначалници успеаја една од најпредвидливите сезонски опасности да ...
Скопје, 13 август 2026 ДУИ изразува сериозна загриженост поради поднесувањето политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука. По две години истрага, јавноста заслужува да знае врз кои конкретни докази и аргументи се заснова едно вакво обвинение - се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција, кое МИА го објавува интегрално. Ја почитуваме независноста на институциите на правдата, но ...
Скопје, 13 август 2026 СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал. Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема, стои во соопштението-реакција на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално. Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС: Објавете ја снимката. Не медиумски наслов. Не партиска интерпретација. ...
Скопје, 13 август 2026 По повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - ДУИ две години молчеше, а денес, кога Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреби во Државната лотарија, бара меѓународен надзор, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Зошто молчеа досега? Симптоматично е што на ДУИ ѝ е срам да го спомене по име Артан Груби, иако нивната реакција директно се однесува на случајот за кој тој е обвинет. Ова го покажува лицемерието на ДУИ и кон ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - СДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места. Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција, посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор ...