Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Со изведување докази на обвинителите денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На судењето обвинителите приложија докази - видеоснимки и фотографии поврзани со објектот - клубот „Пулс“ - од критичната вечер, па и во текот на годините во минатото кога работел. - Ќе може да видите дека постојат ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Мекотелните политики на Филипче и СДС ѝ даваат на Бугарија можност да ги продолжат политиките на негирање на македонскиот идентитет. Филипче и СДС немаат против ние да бидеме „Северномакедонци“, напротив, тие ја потврдуваат и шират оваа терминологија заедно со нивната теза дека уставните измени се последниот чекор за влез во ЕУ - рече портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција во ...

Цирих, 20 мај 2026 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) е во контакт со Фудбалската федерација на ДР Конго (ФЕКОФА) и го информира тимот за безбедносните препораки поради епидемијата на ебола, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштение од федерацијата. - ФИФА е свесна за ситуацијата околу епидемијата на ебола и ја следи внимателно со ФЕКОФА за да се осигури дека тимот е информиран за сите безбедносни препораки. ФИФА продолжува да ...

Рим, 20 мај 2026 (МИА) - Рикардо Пјати зборуваше за работата со Јаник Синер. Италијанецот го тренираше светскиот број еден од неговите тинејџерски години до 2022 година. - Моравме сè да изградиме од нула бидејќи беше физички мал - требаше да му дадеме време да се развива. Исто така, требаше да го разбере својот стил на играње, бидејќи играше многу малку. До 14-годишна возраст, тренираше три пати неделно. Нашиот пристап беше да работиме многу ...

Лондон, 20 мај 2026 (МИА) - Челзи е заинтересиран да го ангажира фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објави „Ел Насионал“. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој ја презеде функцијата менаџер на Челзи на 17 мај, сака да го привлече Французинот во тимот од Лондон. Раководството на Челзи наводно веќе контактирало со мајката и агент на Мбапе, Фајза Ламари. Договорот на 27-годишниот Французин со Реал Мадрид е до летото 2029 ...

Москва, 20 мај 2026 (МИА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека неговите сили испорачале нуклеарни бојни глави за мобилните лансирни системи „Искандер-М“, ги наполниле и вежбале нивно преместување до неодредени локации како дел од голема нуклеарна вежба. „Обезбедена е испорака на нуклеарна муниција до теренските пунктови за складирање во позициските сојузни реони на ракетните бригади. Персоналот од ракетните единици извршува ...

Софија, 20 мај 2026 (МИА) - Бугарскиот премиер Румен Радев очекува американската страна да побара продолжување на престојот на воените авиони и цистерни на Военовоздухопловните сили на САД на аеродромот „Васил Левски“ во Софија. Како што истакна на почетокот на денешната владина седница, оваа воена техника е стационирана на софискиот аеродром врз основа на одлука на Министерскиот совет на кабинетот на Росен Жељазков, со рок на престој до ...

Тирана, 20 мај 2026 (МИА) - Земјите членки на ЕУ се блиску до постигнување консензус за нацрт-заедничкиот став на ЕУ поврзан со привремениот извештај за процена на референтните вредности на Албанија (ИБАР) - објави „Јуропиен Вестерн Балканс“ (European Western Balkans) повикувајќи се на извори во Советот, а пренесоа албанските медиуми. Дискусиите во рамките на работната група на Советот за проширување и земји што преговараат за пристапување ...

Белград, 20 мај 2026 (МИА) - Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го назначи Жегож Зелински за извршен директор за Југоисточна Европа (ЈИЕ) почнувајќи од 1 јуни 2026 година и активностите ќе ги извршува од седиштето во Белград - соопшти ЕБОР. „На својата нова улога Зелински ќе биде со седиште во Банката за Југоисточна Европа во Белград и ќе ги води активностите во шест земји од Западен Балкан, Романија, Бугарија и Грција. Тој ја ...

Белград, 20 мај 2026 (МИА) - Дваесет и три отсто од околу 900 компании со германски капитал што работат во Србија, и кои вработуваат околу 80.000 луѓе велат дека повеќе не би инвестирале во Србија, и тој процент е двојно повеќе од лани. Тоа се наведува во резултатите од истражувањето на Германско-српската стопанска комора за условите за работење во 2026 година. Во 2026 година, поголем број компании ја оцениле моменталната економска состојба ...

Кочани, 20 мај 2026 (МИА) - Во присуство на пожарникари, доброволци и претставници на локалните самоуправи од регионот, денеска во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарите. По повод празникот, ЕВН Македонија донираше четирицикл наменет за интервенции и гасење шумски пожари, со што дополнително ќе се зајакнат капацитетите на кочанските пожарникари. Традиционалната награда за ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - На граничниот премин Табановце е спречен обид за нелегален пренос на кеш пари во износ од половина милион евра, соопшти денеска директорот на Царинската управа, Бобан Николовски. Како што информира Николовски, парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси. Според директорот, чии се еврата ќе треба да утврдат другите надлежни институции, но извесно е дека ќе се влеат во ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Вредноста на синдикалната минимална кошница за мај годинава изнесува 68.743 денари и во споредба со вредноста од април кога изнесуваше 68.797 денари е намалена за 54 денари - соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната минимална кошница за мај изнесува 84.117 денари. За храна и пијалаци во мај биле потребни 25.475 денари, за образование 7.192, за облека и ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба со 2024 година - покажуваат податоците од годишниот извештај за 2025 година за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Намалување од 0,33 кубни метри има и кај просечната месечна потрошувачка на домаќинствата на вода, која во ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Граѓаните не смее да бидат заложници на политичките калкулации на Венко Филипче и СДСМ. Баналните изговори за блокирањето на Комисијата за финансирање и буџет е само со една цел - да заработат ситни политички поени на грбот на граѓаните и државните интереси - изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојкоски. Тој соопшти дека испратиле писма до ...

Велес, 20 мај 2026 (МИА) – Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа беше промовиран романот „Клучниот код на молкот“ од Емилија Златкова Анастасова на која ова и е 12. книга и петта од серијалот со детективката Силвија Силјановска. Книгата ја промовираа професорката и писателка Соња Карбева и писателката Десанка Николова. Во своето излагање промоторката Соња Карбева пред присутните појасни дека клучната порака која таа ја ...

Лондон, 20 мај 2026 (МИА) - Поранешниот возач во Формула 1, Дејвид Култхард, објасни зошто верува дека Макс Верстапен ќе продолжи да вози за Ред Бул. - Според мене, Макс нема да си замине затоа што ниеден друг тим од Ф1 нема да му дозволи да биде Макс. Мекларен не може да го направи тоа. Ферари исто така не може. Ни Мерцедес не би, иако Макс возеше Мерцедес (на трката 24 часа Нирбургринг). Сето тоа е затоа што мора да инвестираат во еден ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) – По повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и 35-годишнината од основањето „Матица македонска“ започна акција „Мисли на македонски, читај домашно“, која ќе трае до 27 мај во книжарниците и на веб-страницата на издавачката куќа. Како што се наведува во соопштението, во рамките на акцијата читателите ќе можат да набават стотици избрани наслови од македонски автори со попуст од 35 проценти, ...

Москва, 20 мај 2026 (МИА) – Русија и Кина во голема мера постигнаа согласност за основните параметри на проектот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС. – Претседателот денеска за време на преговорите соопшти дека генерално постои согласност за главните параметри на „Силата на Сибир 2“. Ова се однесува како за маршрутата, така и за начинот на кој ќе се гради, изјави Песков пред ...

Рига, 20 мај 2026 (МИА) – Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур ја бранеше одлуката за соборување на беспилотното летало што навлезе во воздушниот простор на оваа земја-членка на НАТО, оценувајќи го ваквиот чекор како соодветен и целосно оправдан. – Извагавме различни фактори, како што правиме секогаш: Колку е голема опасноста за населените области? Врз основа на оваа сеопфатна проценка, беше донесена одлуката за негово соборување, ...

Вилнус, 20 мај 2026 (МИА) - Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град и издаде предупредување за воздушна опасност поради загриженост дека беспилотни летала навлегле во воздушниот простор на земјата. Според информациите на „Делфи“, најголемиот информативен портал во земјата, литванскиот претседател Гитанас Науседа, премиерката Инга Ругиниене и претседателот на Сејмасот, Јуозас Олекас, веднаш биле преместени во ...

Белград, 20 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе престојува во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај 2026 година, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија. Вучиќ ќе престојува во посета на Кина на покана на претседателот на земјата, Си Џинпинг. Претседателот на Србија неодамна изјави дека дека оваа посета ќе биде за него најзначајната досега. зш/ссм/ Белград, 20 мај ...

Белград, 20 мај 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ денеска, по повод апсењето петмина Срби во Грачаница, директори на српските здравствени и образовни институции, изјави дека Белград внимателно ја следи ситуацијата и оние што ги кршат човековите права во Косово можат да очекуваат реакција од обвинителството, судовите и полициските власти на Србија. Ѓуриќ рече дека владата на Албин Курти, со притворањето на ...

Скопје, 20 мај 2026 На ДУИ ѝ пропадна уште еден обид. Веќе ништо не им оди од рака. Пробаа со шатори, наводно за заштита на албанскиот јазик, а завршија со нон грата. Пробаа со писма до меѓународните претставници и добија нула одговори. Пробаа со политичката измама наречена референдум и изгубија со 10 општини во корист на ВЛЕН. На крај се обидоа да се перат преку грбот на студентите. И тоа им пропадна, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, ...

Скопје, 20 мај 2026 Македонски Концепт најостро ги осудува партиските протести во Скопје, кои не беа студентски и граѓански, туку организирани и предводени од страна на левичарската ДУИ, партија на марксисти – ленинисти, која по нарачка на Белград, за нивни потреби, отвара или затвора етнички прашања и тензии во Македонија и регионот, стои во соопштението од партијата кое МИА го објавува интегрално. Овие настани беа чин на примитивен ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Општина Чаир го претставува „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите генерации. Како што соопштуваат од општината, од 1 до 30 јуни, Чаршијата и повеќе локации на територијата на општината ќе се претворат во центри на културата, традицијата, музиката и креативноста, преку низа активности кои имаат за цел збогатување на јавниот живот и промоција ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачките тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите што ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за заемно признавање на гаранциите на потекло на електричната енергија (Guarantees ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) – Силекс од Кратово и Шкендија од Тетово ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија. Натпреварот ќе се игра вечер со почеток во 20 часот на Национална арена „Тодор Проески“. Тренерот на кратовци Александар Васоски очекува тежок и неизвесен дуел против искусниот состав на Шкендија. - За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа. Шкендија е квалитетен и искусен противник, можеби и во мала ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности коишто еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој еден човек кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во ...

Барселона, 20 мај 2026 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, е опериран и нема да учествува на Светското првенство, објави инсајдер Фабрицио Романо. На 17 мај, играчот од средниот ред претрпе фрактура на петтата метатарзална коска на десното стапало на средбата со Бетис во 37. коло од шпанското првенство. Тој беше се најде на проширениот состав на Шпанија за Светското првенство во 2026 година. Мундијалот ќе се одржи ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.18
76%
1020
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
3.13
84%
1022
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.75
84%
1025
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.56
73%
1021
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
9.08
76%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
0.25
97%
1025
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.79
55%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.76
80%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
4.36
67%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
97%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
2.24
69%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.22
69%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Кобалт

45.39

Калај

51.97

Бакар

12.52

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Платина

53756.05

Сребро

2072.63

Алуминиум

3.48

Рутениум

48965.59