Киев/Москва, 20 мај 2026 (МИА) – Украинскиот пристанишен град Одеса е под интензивен напад со дронови, одекнуваат силни детонации, соопшти преку својот профил на „Телеграм“ шефот на Регионалната воена администрација, Олег Кипер. Според локални информации, повеќе од 20 дронови го нападнале ураинскиот град од акваторијата на Црното Море, а локалните власти апелираат граѓаните да се засолнат во скривниците. Инаку, најмалку 11 лица се повредени ...

Лондон, 20 мај 2026 (МИА) - Владите на Европската унија расправаат дали поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги или поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел би можеле да ја претставуваат Унијата во потенцијални преговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Лондонскиот весник во денешниот извештај посочува дека министрите за надворешни работи на ЕУ за можните кандидати ќе ...

Скопје, 20 мај 2026 Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДС и ДУИ врз обвинителството. За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го ...

Мадрид, 19.мај 2026 (МИА) – На неколку дена до почетокот на Ролан Гарос стигна лоша вест и за организаторите на Вимблдон. Победникот на годинашниов Австралија опен, Карлос Алкараз го откажа учеството поради повреда. Шпанецот сезоната ја почна одлично со триумф во Мелбурн, потоа поради повреда на рачниот зглоб почнаа лошите резултати. - Моето заздравување тече добро и се чувствувам многу подобро, но за жал уште не сум подготвен да се ...

Париз, 19.мај 2026 (МИА) – Во пресрет на Ролан Гарос, најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка се осврна и на актуелната состојба во женскиот тенис и пред сè дуелите со противничките од Украина, кои често не сакаат да подадат рака по завршувањето на мечот. Таа се осврна и на обвинувањата дека како тенисерка број 1 не го користи своето влијание кога станува збор за војната во Украина. „Го почитувам нивниот став да не подадат рака, знам ...

Торино, 19.мај 2026 (МИА) – Во ситуација кога повеќекратниот првак на Италија, Јувентус е сè подалеку од пласманот во Лигата на шампионите особено по поразот во последното коло на домашен терен од Фиорентина се појавија и нови проблеми. Лошата атмосферата од теренот се пренесе и меѓу играчите. За време на дуелот со Фиорентина дојде до вербален дуел на соиграчите Душан Влаховиќ и Мануел Локатели. Поради инцидентот раководството на Јувентус ...

Сан Антонио, 19.мај 2026 (МИА) – Францускиот репрезентативец и играч на Сан Антонио, Виктор Вембањама испишува историја во НБА лигата и стана седмиот играч во НБА лигата кој успеал да запише 40 поени и 20 скокови конференциско финале или во финалето. Тој во дуелот број 1 од НБА финалето против Оклахома Сити го заврши со 41 поен и 20 скокови, а натпреварот имаше и две продолженија. Французинот е втор играч во дресот на Сан Антонио по Дејвид ...

Лондон, 19 мај 2026 (МИА) – Фудбалерите на Арсенал се нови шампиони на Англија. На едно коло пред крајот за сезоната 2025/26 „Топчиите“ ја обезбедија шампионската титула. Второпласираниот Манчестер сити вечерва ремизираше 1:1 на гости против Борнмут, со што им се стави крај на математичките шанси да го стигне лидерот. Напаѓачот на домаќините, Ели Жуниор Крупи, постигна гол во 39. минута, Сити израмни преку Ерлинг Халанд во 90+5. минута. Во ...

Лондон, 20 мај 2026 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се обрати до тимот по ремито 1:1 на Манчестер сити со Борнмут во 37. коло од англиската Премиер лига. По овој резултат Арсенал ја обезбеди шампионската титула. - Повторно испишавме историја, заедно. Не би можел да бидам посреќен и горд на сите поврзани со овој фудбалски клуб. Ајде само да уживаме во моментот, изјави Артета за клупскиот сајт на Арсенал. Откако Манчестер Сити не ...

Манчестер, 20 мај 2026 (МИА) - Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, му честиташе на Арсенал за освојувањето на титулата по синоќешното реми 1:1 со Борнмут во 37. коло од англиската Премиер лига. - Беше тежок натпревар, го знаевме тоа. Ни недостасуваше малку енергија, и тоа е нормално. Тие имаа 12 дена за подготовка, а ние имавме три. Постигнавме гол, но беше предоцна. Моите фудбалери дадоа максимум цела сезона, борејќи се во тешки ...

Њујорк, 20 мај 2026 (МИА) - Њујорк Никс ги победи Кливленд Кавалирс со 115:104 по продолжение во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА-лигата. Натпреварот се одигра ноќеска во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. Плејмејкерот на домашниот тим Брансон, постигна 38 поени, двоцифрени беа и Бриџис (18), Харт (13), Таунс (13 + 13 скока), Ануноби (13). Во тимот на Кливленд се истакнаа Мичел (29 поени), Харден (17), А. Мобли (15 ...

Истанбул, 20 мај 2026 (МИА) - Астон Вила ќе игра против Фрајбург во финалето на Лигата Европа во Истанбул. Натпреварот ќе се одржи вечер со почеток во 21 часот на „Водафон Парк“ во Истанбул. Тренерот на Астон вила четири пати ја освои Лигата на Европа – три пати со Севилја (2013/14, 2014/15 и 2015/16) и еднаш со Виљареал (2020/21). Емери беше финалист во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа со Арсенал во 2018/19 ...

Скопје, 19 мај 2026 (МИА) - Во рамки на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар Скопје, вечерва со почеток во 20 часот на малата сцена, ќе биде изведена јубилејната 50. изведба на монодрамата „Кармен“ на Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, работена според романот „Пет часа со Марио“ од еден од најзначајните шпански автори на XX век, Мигел Делибес, во драматизација и режија на Дејан Пројковски. Претставата, која од премиерата во мај ...

Кочани,19 мај 2026 (МИА) Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва во 19:30 часот ќе се одржи концертот „Квартет саксофони“. Настапатуваат Горан Кавраков, Славица Деспотова, Никола Темелков и Даме Камчев. -Уникатен музички настан на кој четири саксофони ќе создадат магична атмосфера низ познати мелодии, современи аранжмани и безвременски композиции. Подгответе се за вечер исполнета со моќен звук, елегантна атмосфера, музика што ...

Скопје, 19 мај 2026 (МИА) - По триесет и шест години од објавувањето на првата антологија на македонска поезија на романски јазик, во Националниот музеј на литературата во Букурешт завчера беше промовирана новата антологија на македонската најмлада поезија „Мојата песна се фрла од мост / Poezia mea se aruncă de pe pod“. Антологијата е во издание на романската издавачка куќа „Editura Carminis“, а изборот на поезија е направен од Елена ...

Скопје, 19 мај 2026 (МИА) - Изложба на постери посветени на промоција на еднаквоста, недискриминацијата и ненасилството, изработени од студенти на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет Скопје вечер во 19 часот ќе биде отворена во Галеријата Остен во Скопје, информира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). На изложбата што се реализира во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, ...

Делчево, 19 мај 2026 (МИА) - Разловечкото востание претставува вонвременски миг во кој еден народ застанува пред бездната на сопственото исчезнување и одлучува дека достоинството вреди повеќе од животот. Во таа одлука лежи целата негова големина. Јунаците од Разловци не ја победија Империјата, но ја победија тишината, а таа е најстрашната форма на ропство. Одовде, во Разловци, селани, учители, свештеници и револуционери тргнаа кон сигурна ...

Велес, 19 мај 2026 (МИА) - Во Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес денеска беше промовиран романот „Жетва“ од велешкиот автор Емилио Јанковски, негово шесто книжевно дело. За романот говореше рецензентот Виктор Хаџи-Арсов, кој се осврна на тематиката и пораките што ги носи делото. Во разговорот за МИА, Хаџи-Арсов, за Јанковски оцени дека е уметник кој се изразува на свој посебен суптилен и таинствен-мистериозен начин. -Зошто мистериозен? ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Во КСП Центар - Јадро вечер во 20 часот ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Современа уметност во постјугословенскиот простор: студии на случај во хаунтологијата“/Contemporary art in the post-yugoslav space: case studies in hauntology“, издадена од „Routledge books“ во Њујорк и Лондон во 2025 година. - Уредена од Џон Блеквуд и Јасмина Тумбас, книгата се занимава со ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) – Во Културно-информативниот центар во Скопје, во Продажниот ликовен салон, вечер во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на графики „Од раѓање до живот“ на уметницата Јована Тодоровска. Тодоровска е дипломирана на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, на насоката графика во рамки на ликовната педагогија. Досега има реализирано самостојни изложби во Битола, Загреб и Њујорк, како и учество на ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Во рамки на 54. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“, вечер со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Со делото, кое важи за едно од најемотивните и најизведувани во светскиот оперски репертоар, ќе диригира гостинот од Грција Мирон Михаилидис, додека режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. ...

Скопје, 20 мај 2026 (МИА) - Промоција на книгата „Хегел е мртов“ од Гордана Стојановска ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. - Книгата, за која ќе говори проф. д-р Васил Тоциновски, разработува низа прашања во врска со библиотеката како клучна институција за духовниот и интелектуалниот развој на едно општество. Стојановска се осврнува на состојбите во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ ...

Делчево, 19 мај 2026 (МИА) - Да ја чуваме и да ја градиме државата. Да не дозволиме никој да ја понижува. Нека биде вечен споменот на хероите од Разловечкото востание. Нивната жртва нека биде наш завет. Нека биде вечна Македонија - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 150-годишнината од кревањето на Разловечкото востание во село Разловци, општина Делчево. Во говорот тој повика на обединување за државните и ...

Варшава, 19 мај 2026 (МИА) – Процесот на прераспределба на американските воени сили во Европа е во тек, но нема донесено одлука за намалување на военото присуство на САД во Полска - изјави полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш по телефонскиот разговор со неговиот американски колега Пит Хегсет. „Американскиот министер за одбрана потврди дека ангажманот на САД во однос на одбраната и безбедноста на Полска останува непроменет“, ...

Париз, 19 мај 2026 (МИА) – Пратениците во Долниот дом на францускиот парламент го одобрија доделувањето на дополнителни 36 милијарди евра за потребите на вооружените сили на земјата до 2030 година, како одговор на новонастанатата меѓународна безбедносна ситуација. Измените во Законот за воено планирање за периодот 2024–2030 година, кои беа иницирани од страна на владата, беа усвоени во прво читање со убедливо мнозинство од 440 гласови „за“ ...

Брисел, 20 мај 2026 (МИА) - Претставници на земјите-членки на Европската Унија и на Европскиот Парламент постигнаа договор за спроведување на контроверзниот царински договор со САД. Кипарското претседателство со Советот на ЕУ соопшти дека преговарачите постигнале привремен договор за две регулативи со кои се спроведуваат намалувањата на царините договорени во заедничката изјава меѓу ЕУ и САД. Под притисок од неодамнешните закани на ...

Бања Лука, 19 мај 2026 (МИА) – Бошњачките министри во Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ) на денешната итна седница не дадоа одобрение за пуштање во употреба на новоизградениот мост на Граничниот премин Градишка, иако синоќа се урна дел од стариот мост на постојниот премин, предизвикувајќи целосен прекин на патничкиот и товарниот сообраќај меѓу БиХ и Хрватска. Министерот за финансии и трезор на БиХ, Срѓан Амиџиќ, на ...

Берлин, 19 мај 2026 (МИА) – Германија во претстојните недели ќе испрати батерија за противвоздушна одбрана „Патриот“ и 150 војници во Турција, како дел од планот на НАТО за засилување на одбраната по должината на југоисточниот фланг на Алијансата, соопшти германското Министерство за одбрана. Како што пренесува германскиот весник „Берлинер цајтунг“, во официјалното соопштение на Министерството се наведува дека германската батерија ќе дејствува ...

Букурешт, 19 мај 2026 (МИА) – Романски пилот на борбен авион Ф-16, кој учествува во мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор на Балтикот, денеска успешно собори беспилотно летало кое навлезе во воздушниот простор на Естонија, потврди романскиот министер за одбрана Раду Мируца. Министерот Мируца, во изјава која ја пренесува онлајн изданието на весникот „Адеврул“, на својот Фејсбук профил напиша: „Во сложената глобална борба против ...

Скопје, 19 мај 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека во Хрватска е усвоен закон со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи. - Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе може да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот што произлезе со воведување на ЕЕС-системот во шенген-зоната. Овој закон многу ќе им ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.77
73%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
75%
1023
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.69
69%
1025
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.85
70%
1021
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
9.29
68%
1018
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.34
81%
1025
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
55%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.07
70%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.55
56%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.47
88%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.79
63%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.33
70%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Платина

53756.05

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Сребро

2072.63

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39