Блокадите на граничните премини во Грција го зголемија времето и трошоците за испорака, а тоа влијаеше и врз зголемување на цените на производите од страна на трговците. Покрај мазутот чија испорака доцнеше и во државата беше прогласена кризна состојба, доцни и испорака и на многу други производи кои ги увезуваме од Грција. За трговците ова е уште еден аргумент плус за да ги зголемат цените на поизводите, поради зголемените трошоци на превоз ...

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше откако лидерот на СДСМ, Венко одби да учествува на најавената лидерска средба и потенцира дека мора да остане во функција Техничката влада. Мицкоски вели дека „преку повикот сакал да повика на зрелост и широчина и како партии да се обединат“. -Темата на оваа лидерска средба не беше само Законот за Влада бидејќи ако така одлучиме да се однесуваме како него – незрело и неодговорно, тогаш нас и не ни е ...

„Средба со криминалци нема да има“ – вака лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја започна својата прес-конференција и го кажа својот став за најавената лидерска средба која треба да ја свика премиерот Христијан Мицкоски. Една од темите на лидерската средба предвидено е да биде и евентуално укинување на Техничката влада, која стана пракса пред одржување на парламентарните избори во земјава. Филипче смета дека „премиерот е во тесно, му се брза и бара ...

Инфлацијата во декември 2025 година во однос на претходниот месец е 0.4 %, објави денеска Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на животот во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4.1 %, а индексот на цените на мало од 3.6 %. Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Прочитајте повеќе: Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани ...

Извор на новинската агенција „Косова прес“ тврди дека вчера попладнето го видел поранешниот вицепремиер и бегалец, Артан Груби во Приштина, пренесува косовскиот медиум. Како што стои во текстот на медиумот, екс-функционерот, кој е во бегство од декември 2024 година и е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави, се преселил во област недалеку од центарот на косовскиот главен град, во придружба на две деца. Груби, како што ...

Левица обвинува дека со тешки изгореници, незараснати рани и длабоки психолошки трауми, повредените од смртоносниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ се принудени секој месец да се појавуваат пред комисии за продолжување на боледувањето. Уште од првите денови по пожарот, потсетуваат од Левица, лекарите укажуваа дека дел од повредените ќе се соочат со лекување што ќе трае со години. -Наместо државата да го земе тоа во предвид и да обезбеди ...

Министерството за надворешни работи (МНР) на Бугарија објави дека ги поддржува политиките утврдени од страна на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија. За време на дискусијата организирана од ПанЕвропа и Фондацијата Конрад Аденауер, заменик-министерот за надворешни работи објави дека МНР ги поддржува приоритетите на Кипар во областа на безбедноста, одбраната, како и континуираната поддршка за Украина. Заедно со кипарското ...

На 07.01.2026 во 16:30 часот во СВР Штип, 77-годишна жена од Штип пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 700.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ја известило дека нејзината сестра била во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето ѝ ги побарало парите и откако се ...

Грчките земјоделци кои протестираат започнуваат 48-часовна блокада на патиштата, граничните премини и другата транспортна инфраструктура во земјата, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на одлуките донесени на општите состаноци на разни земјоделски организации одржани синоќа. На границата со Македонија На граничниот премин Ники, 48-часовната блокада започна денес околу 11:00 часот (10 по македонско време). Преминот е целосно затворен ...

Велика Британија и Франција ќе испратат до 15.000 војници за да помогнат во заштитата на Украина во случај на мировен договор, многу помалку од очекуваното, објави „Тајмс“. Началниците на британските воени сили наводно првично предложиле испраќање 10.000 војници како дел од поширока „коалиција на волните“ сили од 64.000 војници, но ова било оценето како неодржливо во Министерството за одбрана со оглед на моменталната големина на британската ...

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска информира дека во текот на првата недела од 2026 година, во Македонија се пријавени 1725 случаи на заболени од грип или слични на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела. Во однос на возраста, 749 лица се на возраст помеѓу 15 и 64 години, 618 се деца на возраст од 5 до 14 години, 229 се деца на возраст помеѓу 0 и 4 години и 129 лица се на возраст над 65 ...

Мотивите за нападот на САД врз Венецуела и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро се веројатно бројни, но јавноста само накратко се осврна на стратегијата на Белата куќа за зајакнување на позицијата на „петродоларот“, пишува колумнистот на Ројтерс, Џејми Мекгивер. Производството на венецуелска нафта во моментов е скромно, изнесува само еден милион барели дневно, додека резервите се најголеми во светот и, според некои ...

Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) реагира на, како што наведуваат, најновото „упатство“ донесено од министерот за култура и туризам Зоран Љутков, со кое, според синдикатот, повторно се прави обид да се поништи веќе утврдено право на вработените во културата, потврдено со правосилни судски пресуди. Од СКРМ информираат дека со подзаконски акт, донесен без претходно свикување на Комисијата за толкување на Општиот колективен ...

Француски земјоделци денес започнаа пред зори блокада на патиштата што водат до Париз и неколку градски знаменитости во знак на протест против сеопфатниот трговски договор што Европската Унија планира да го потпише со јужноамериканските земји и поради други незадоволства. Земјоделците од синдикатот „Coordination Rurale“ повикаа на протести во Париз поради гневот поради договорот за слободна трговија меѓу Европската Унија и јужноамериканскиот ...

Меѓународниот аеродром во Атина ја заврши 2025 година со рекорден патнички сообраќај, објави телевизијата АНА-МПА. Годишниот патнички сообраќај преку аеродромот „Елефтериос Венизелос“ достигна 34 милиони патници, што претставува зголемување од 6,7 проценти во споредба со 2024 година, кога изнесуваше 31,8 милиони луѓе. Домашниот и меѓународниот патнички сообраќај забележаа зголемување од 2,2 проценти и 8,6 проценти, соодветно. Прочитајте ...

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и остро реагира на фотографиите објавени од паркингот на Министерството за внатрешни работи, на кои се гледа осветување на новите службени полициски возила. Според партијата, ова не е „традиција“, туку, како што велат, јасно кршење на принципот на секуларна држава. -Обредот не е извршен во приватен простор или верски објект, туку во полицискиот двор, на службени државни возила, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека САД треба да спроведат операција против чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, слична на онаа што ја спроведоа против венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Апсењето на Мадуро е индикација за него дека Америка има моќ да влијае врз Русија ако навистина сака. Тој верува дека соборувањето на Кадиров би го принудило рускиот претседател Владимир Путин да „размисли двапати“ за руската ...

По преземени мерки и активности, на 07.01.2026 полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје. Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово и телефонски ги убедувала да уплатат средства на ...

Жителите на западниот српски град Мали Зворник и околните села го блокираа главниот пат до градот Лозница на Божиќ откако четири дена беа без вода и струја, објави новинскиот портал „Машина“. Луѓето доцна синоќа излегоа на главниот пат што води до границата со Босна и Херцеговина, како што рекоа, „за да ги потсетат властите дека постојат“. „Ќе ги преживееме температурите под нулата и недостатокот на струја и вода. Станува збор за човечко ...

Американските нафтени компании бараат „силни гаранции“ од Вашингтон пред да направат големи инвестиции во Венецуела, откако претседателот Доналд Трамп ги повика да ја поддржат неговата иницијатива за реорганизација на енергетските пазари, објави „Фајненшл тајмс“. Американските претставници одржаа клучни разговори со директори во Мајами во средата, токму кога Трамп ја презеде контролата врз нафтениот сектор на Венецуела и им нареди на ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата по обилните врнежи низ државата. Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку имаат потреба од помош или забележат проблеми, истите веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112. Според пријавите и реализираните интервенции заклучно со 21:00 часот на 7 јануари 2026 година, ...

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп дал зелено светло за предлог-закон за нови санкции кон Русија и дека гласањето за него би можело да се одржи веќе следната недела. Тој го напиша ова на социјалната мрежа X, по средбата со Трамп во Белата куќа „По многу продуктивниот состанок денес со претседателот Трамп за различни прашања, тој даде зелено светло за двопартискиот предлог-закон за санкции ...

Необична глетка на Божиќ ги вознемири дел од граѓаните во Скопје. На социјалните мрежи се појави снимка на три диви свињи како се симнале од планината и шетаат меѓу куќи низ улицата „Питу Гули“ во населбата Водно. Авторот на видеото објави дека свињите ги здогледал околу 19:30 часот, спроти маркетот „Тинекс“. Во коментарите под видеото, дел од граѓаните велат дека се загрижени поради тоа што свињите се движат на една од најпрометните улици ...

Скопјанец ја нападнал сопругата додека биле во возило. – На 06.01.2026 во 13:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Л.(36) од Скопје, по пријава дека на 04.01.2025, додека се движеле во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка, информираа од полицијата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Прочитајте повеќе: Скопјанец ја ...

Скандалозната поддршка што мицковистичко дпмне (за жал и во име на државата) ја даде за нелегитимната и спротивна на принципите на меѓународното право воена акција во Венецуела е дотолку повеќе индикативна за нивниот однос кон себеси и државата со фактот дека беа буквално меѓу првите во светот кои изразија таква целосна поддршка. Дури и косово и метохија, која е меѓународен протекторат а не држава, во временска смисла подоцна го стори истото ...

Идејата за укинување на техничката влада повторно ја отвора една од најчувствителните пукнатини во македонскиот политички систем: прашањето дали институциите се доволно зрели за фер избори без политички штитници и вкрстени контроли. Кога премиерот Христијан Мицкоски најавува лидерска средба за ова прашање, тој всушност не предлага административна корекција, туку тест на довербата меѓу партиите – и индиректно: тест на државата. Зашто ...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Арбен Фетаи, со најголема острина ги осудува тешките и неприфатливи дела на сексуална злоупотреба и уцена врз малолетничка во селото Слупчане, Општина Липково, како што вчера беше објавено во медиумите. „Како држава, имаме нулта толеранција кон секоја форма на сексуално насилство, особено кога тоа е насочено кон малолетници. Овие кривични дела не само што го уништуваат животот ...

Во билтенот на МВР е забележано дека на 06.01.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје А.Ј.Е.(27) од Р.Турција пријави дека околу 19:15 часот, пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со неговата сопруга се качиле во такси возило со крајна дестинација на подрачјето на Бит Пазар. Откако пристигнале, патниците извадиле 2000 денари и 50 евра и го прашале скопскиот таксист колку треба да платат за услугата, а овој му ги одзел парите и ги ...

Укинувањето на техничката влада пред изборите и дискусијата за законите поврзани со потребните реформи за напредокот на земјата кон Европската Унија ќе бидат тема на лидерска средба, за која премиерот Христијан Мицкоски, ќе испрати покани до претседателите на политичките партии. Средбата ќе се одржи во следните седум до десет дена, пред Мицкоски да замине на Светскиот економски форум во Давос. Мицкоски очекува консензус од раководствата на ...

Европската комисија објави дека повеќе од 40.000 лица млади од 18 години ќе можат бесплатно да патуваат со воз низ Европа откако ќе бидат избрани на најновите награди „DiscoverEU“ на ЕК. Покрај самата патна пропусница, учесниците ќе добијат картичка со попусти за културни активности, сместување, локален превоз, храна и други услуги. DiscoverEU ќе ги промовира и „Културните рути“, колекција од европски дестинации за љубители на филмот, модата, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
66%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
53%
1017
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
57%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.38
93%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1018
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
71%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
54%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
72%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
53%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Платина

60154.05

Иридиум

258288.78

Калај

43.90

Злато

166450.52

Кобалт

66.14

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.18

Бакар

10.68

Цинк

3.07

Паладиум

45911.27

Рутениум

56199.51

Родиум

350443.14