Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на церемонија во Минск зборуваше за ситуацијата во Венецуела и сподели одредени детали за сопругата на Николас Мадуро. За време на говорот, Лукашенко рече дека најважно за Американците е да го фатат Мадуро. „Тие ѝ рекле на неговата сопруга: „Можеш да останеш, немаме никакви барања од тебе“. Таа одговорила: „Не, јас сум со него“. Ја познавам Флорес, таа е многу храбра жена. Ја доведоа во ...

Германското индустриско производство неочекувано се зголемува трет месец по ред во ноември, што е нов знак дека најголемата економија во Европа е во закрепнување, објави Блумберг. Производството се зголеми за 0,8% на месечно ниво, по зголемувањето од 2% во октомври, соопшти Федералниот завод за статистика. Аналитичарите анкетирани од Блумберг очекуваа пад од 0,7%. Напредокот беше главно поттикнат од виталната автомобилска индустрија во ...

На 08.01.2026 во 23:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.С.(45) од Кичево. При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „фолксваген“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта. На 08.01.2026 во 22:10 часoт во с.Челопек, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР ...

Во својата прва изјава по синоќешните руски напади, украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека руски дрон ја оштетил зградата на амбасадата на Катар. Зеленски рече дека во нападот биле погодени станбени згради и енергетски објекти, и дека Русија користела вкупно 242 дронови и 13 балистички ракети. Според него, Москва лансирала и балистичка ракета со среден дострел „Орешник“, како и 22 крстосувачки ракети. – Нападот се случи во ...

Пониски вредности за десетици пати од законски утврдените гранични вредности забележаа мерните станици на Макстил во четвртиот квартал од 2025 година, што уште еднаш ја потврдува високата енергетска ефикасност на технолошките процеси и системи инсталирани во компанијата. Според редовниот мониторинг на емисиите, кој се спроведува согласно методологии за мерење на стационарни извори, измерените вредности на цврсти честички за месеците октомври, ...

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании, соопштија оттаму. Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании. Овие средства се обезбедени преку ...

Кинеската компанија „Анта Спортс Продактс“ понуди да купи 29% од германската компанија за спортска облека „Пума“, која се соочува со тешкотии, од француското семејство Пино, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на три лица запознаени со разговорите. „Анта“ ја даде понудата пред неколку недели и обезбеди финансирање за аквизицијата доколку договорот се реализира, изјавија двајца од изворите. Сепак, ситуацијата е во застој, додаде еден од нив. ...

Поради поплавите што зафатија делови од земјата предизвикани од поројните дождови, во кочанско и во охридско, поради излевања реки, се дејствува со механизација. На подрачјето на скопскиот регион нема нарушување на редовната состојба поврзано со врнежите од дожд, во Тетовско, пак, се пријавени свлечишта на локалните патишта, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК наведуваат дека во општина Кочани е забележан значително ...

Оваа година ќе стави крај на политичката криза во која се наоѓаме од 2021 година, изјави бугарскиот европратеник од Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Кристијан Вигенин, за време на настанот што го организираше по повод почетокот на новата година, пренесе БТА. Вигенин даде предвидувања за 2026 година, според кои следниот претседател на Бугарија ќе биде жена. Има доста жени во бугарската политика, ...

Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија ги почитуваа трите најнови одлуки на Европската Унија за надворешна политика поврзани со Украина, Русија и Венецуела, додека Србија не ги прифати овие одлуки, соопшти ЕУ, цитирана од регионалниот телевизиски канал Н1. Србија е единствената земја-кандидат за ЕУ од Западен Балкан која не ја усогласи својата национална политика со новите одлуки на Унијата за рестриктивни мерки во ...

На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки. Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се ...

Руската војска во петокот соопшти дека ја испалила својата хиперсонична ракета „Орешник“ кон цел во Украина, како дел од, како што рече, масовен ноќен напад врз енергетски објекти и погони за производство на беспилотни летала. Министерството за одбрана во соопштението наведува дека нападот бил одговор на обидот за украински напад со беспилотни летала врз една од резиденциите на претседателот Владимир Путин кон крајот на декември. Според ...

Членот на СДСМ и раководителка на Советот на партија, Ана Чупеска го коментираше верскиот обред и осветувањето на новите полициски возила на паркингот на Министерството за внатрешни работи. Таа преку јавна објава упати остра критика кон министерот Панче Тошковски. „Се прашувам, кога ќе дојдат на ред претставниците од ИВЗ, Јеховините сведоци, Харе Кришна и сите останати верски (или духовни) заедници да ги осветуваат возилата на МВР?! Ова што ...

Жител на Дебар вчера го загубил животот кога паднал од станбена зграда во изградба, каде што извршувал работни задачи. Од добиените тешки повреди тој починал на пат кон Општата болница со проширена дејност во Дебар. Како што информираа од Охридската полиција, околу 11.35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар добило пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата починал К. С. (40) од Дебар. На местото на настанот излегле ...

Непредвидливоста стана наш идентификационен белег. Кога зборуваме се деблокада на евроинтеграциите не можеме ништо да предвидиме , тоа е исто како да треба да го предвидиме однесувањето на човек под дејство на алкохол. Светот се престројува, дали тоа Владата го сфаќа, не знам. Ако во нареднте шест месеци не се случат уставните измени, не знам како ќе изгледа крајот на годината – вели во интервју за „Локално“ политичкиот аналитичар Мерсел ...

Јавната обвинителка Ленче Ристоска реагира на наводите што премиерот Христијан Мицкоски ги изнесе во неодамнешното интервју за „Вечер.мк“ во кое говорејќи за актуелни теми поврзани со законите за правосудството и предлог-измените на Кривичниот законик, ја нарекува „медиокритет“ и потврдно одговара на констатацијата на новинарката дека станува збор за „клиентелистичко-политичка мартица“. Мицкоски не ја спомнува со име обвинителката, но од ...

Партијата на пензионерите ја поддржува иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за постигнување на широк политички консензус за клучните реформски закони за трасирање на единствен пат кон Европската Унија и за укинување на Техничката влада. Според партијата, неопходно е сите стратешки и витални прашања во врска со државата да се решат на еден консензуален и транспарентен начин, во вистинска визионерска смисла и во интерес на граѓаните, ...

Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за лидерска средба, велејќи дека тоа е одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во клучен момент за државата. Додаваат дека за жал, вчерашната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, „покажа дека оваа партија предводена токму од него, нема ниту капацитет, ниту волја за конструктивен политички ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две државјанки на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека вршеле повеќе кривични дела – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Првата осомничена во пет наврати, од кои последниот пат заедно со второосомничената, од различни лица крадела паричници, во кои покрај парични средства имало и банкарски картички од кои потоа се обидувале да повлечат и дополнителни ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 4 јануари, како при испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата ...

Европската унија разгледала како би изгледал европскиот одговор доколку заканата од САД за преземање на Гренланд, полуавтономна територија на Данска, се покаже како реална, изјави денес шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. „Пораките што ги слушаме во врска со Гренланд се исклучително загрижувачки“, рече Калас на прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, во Каиро, објави Ројтерс. ...

„Оспорувањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, која деновиве најде нова причина за тоа во нацртот за правата на заедниците предложен од Македонија, извади на виделина уште еден скелет од бугарската гардероба“, велат од здружението на Македонците во Бугариј, ОМО Илинден – Пирин преку објава. Од организацијата потсетуваат дека македонскиот јазик е официјално признат од Бугарија уште пред 80 години, а правно обврзувачки пред 70 ...

Синдикатот на култура на Република Македонија денес излезе со ново соопштение во кое реагира против самоволието на министерот за култура, Зоран Љутков, за непочитување на колективните договори но и на судските пресуди. Левица остро реагира на, како што велат, ваквото самоволие на министерот, кој наместо да спроведе судски пресуди повторно се обидува да ги поништи правата на вработените во културата. -Со т.н. „упатство“, министерот ја враќа ...

Ирска и Унгарија изјавија дека нема да го поддржат трговскиот договор на Европската Унија со јужноамериканскиот блок Меркосур, за кој земјите-членки на ЕУ треба да разговараат во петок. Вицепремиерот и министер за финансии на Ирска, Сајмон Харис, изјави дека Ирска нема да го поддржи договорот на ЕУ со Меркосур, додека земјите-членки на ЕУ се подготвуваат да одлучат за договорот во петок. Во соопштението испратено до АФП, Харис рече дека ...

Трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – ноември 2025 година во споредба со периодот јануари – ноември 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2025 година, изнесува 455 536.1 милион денари и бележи пораст од 2.58 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека САД „постепено се оддалечуваат“ од некои сојузници и „се ослободуваат од меѓународните правила“. Во своето годишно обраќање до француските амбасадори, Макрон ја спомена и „неоколонијалната агресивност“ што е сè поприсутна во дипломатските односи, објави „Ле Фигаро“. „Институциите на мултилатерализмот функционираат сè помалку. Се развиваме во свет на големи сили со вистинско искушение ...

Во првата недела од јануари двојно зголемен број на заболени од грип. Најмногу има во Скопје. Најголем број од заболените се од 15 години до 64 години. Сезонскиот пик на новозаболени надлежните го очекуваат во втората половина на овој и првата половина на следниот месец. Прашана дали поради пикот што се очекува во втората половина на јануари, ИЈЗ би можел да препорача одложување на почетокот на второто полугодие од школската година, ...

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро ја критикуваше надворешната политика на САД под претседателот Доналд Трамп и го повика светот да не дозволи светскиот поредок да се претвори во „дувло на разбојници“ каде што бескрупулозните земаат што сакаат. Во невообичаено остра изјава, очигледно осврнувајќи се на дејствија како што е соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, германскиот претседател рече дека глобалната ...

Сопственикот на автобускиот превозник „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, се пријавил во КПУ „Идризово“ за да започне со издржување на правосилната затворска казна од 10 години, изречена за трагедијата кај Ласкарци. Влегувањето во затворот го потврдил директорот на установата Зоран Јовановски, наведувајќи дека Белули е примен и сместен согласно стандардната процедура. Белули вешто го одложуваше одењето во затвор. Во октомври се повика на операција ...

Украинскиот премиер Володимир Зеленски сака да „извлече“ 800 милијарди долари од Брисел во следните десет години, тврди унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој на социјалните мрежи изјави дека овој финансиски товар ќе го сносат сите граѓани на Европската Унија, што, според него, ќе резултира со губење на две пензии во Унгарија, како и други социјални бенефиции. Орбан вели дека парите што Украина ги бара во Унгарија би можеле да ги исплаќаат ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
66%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
54%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
53%
1017
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
57%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.38
93%
1018
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1018
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
71%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
54%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
72%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
53%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Паладиум

45911.27

Родиум

350443.14

Калај

43.90

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Бакар

10.68

Платина

60154.05

Цинк

3.07

Алуминиум

3.18

Кобалт

66.14