Домаќинствата летово може да добијат поевтина струја и плус уште еден час евтина тарифа, најавува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси (РКЕ), Марко Бислимовски, посочувајќи дека причина за тоа е континуираниот инвестициски бум во фотоволтаични централи, кој влијае врз значително намалување на увозот на струја. Тој вели дека сега треба да се направи анализа за да се покаже дали постои можност бесплатната тарифа на ...

Со повеќе настани денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во Рим и во ...

Денот на младоста – 25 мај, кој се славеше во поранешна СФР Југославија како роденден на Јосип Броз Тито, повторно и годинава ги собра почитувачите на ликот и делата на претседателот на СФР Југославија, Тито, во Музејот на Југославија во Белград, јави дописникот на МИА од Белград. Поранешните Титови пионери, како и сите почитувачи на ликот и делото на доживотниот југословенски претседател и маршал, продолжуваат да го слават Денот на младоста со ...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика сојузниците да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје од страна на Украина за да напаѓаат воени цели во Русија „Мислам дека дојде време сојузниците да размислат дали да укинат некои од ограничувањата што ги воведоа за употребата на оружјето што и го донираа на Украина“, рече Столтенберг во интервју за „Економист“, потсетувајќи на борбите во регионот Харков. „Лишувањето на Украина од ...

Пред почетокот на главната туристичка сезона во Албанија, а имајќи го предвид фактот дека голем број македонски граѓани летуваат на тамошното крајбрежје, Македонската амбасада во Тирана информира за телефонските броеви, на кои може да се јават во случај на потреба. -И оваа сезона потсетуваме на важните телефонски броеви на кои македонските државјани кои ќе летуваат во земјата ќе може да се јават доколку имаат потреба. Дежурен телефон за итни ...

Физичката активност и редовното вежбање се клучни за одржување на добро здравје и виталност, а бројни студии потврдија дека луѓето кои редовно вежбаат се поздрави и во просек живеат подолго. За среќа, всушност има многу активности кои се бесплатни и достапни за секого, а секој може лесно да ги вклучи во својата рутина. Пешачењето е едно од нив. Докажано е дека пешачењето после оброк има позитивно влијание врз здравјето на луѓето бидејќи може да ...

Аталанта синоќа во Даблин го совлада Баер Леверкузен во финалниот натпревар од фудбалската Лига на Европа со 3:0. Херој на натпреварот беше Адемола Лукман кој ги постигна трите гола, во 12., 25. и 75. минута. Италијанскиот клуб за прв пат во историјата ја освои Лигата на Европа. Избраниците на Чаби Алонсо ја прекинаа рекордната серија од 51 меч без пораз. Претходно во својата клупска историја, тимот од Бергамо имаше освоено само еден трофеј – во ...

Ако постоеше светска уметничка сала на славните, веројатно ќе ги имаше овие дела. Иако се многу различни едни од други, како по периодот на создавање, така и по изгледот и темата, тие имаат нешто заедничко – а тоа е привлекување илјадници, па дури и милиони гледачи ширум светот. Доколку сакате да „запознаете“ некои од најпознатите дела во светот на уметноста, вашата следна посета на музеи во различни делови на светот можете да ја организирате ...

Москва ќе одговори со удари врз британски цели доколку Украина го искористи британското оружје за удар врз руска територија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Британски цели „на територијата на Украина и надвор од нејзините граници“ може да бидат погодени во такво сценарио, рече Захарова. Таа го повтори предупредувањето на Москва, што беше издадено претходно овој месец, откако британскиот ...

Хипертензијата или високиот крвен притисок е тивка, подмолна болест која може да нема никакви симптоми со години. Тоа е главниот фактор на ризик за кардиоваскуларни заболувања. За да се открие навреме потребно е правилно и редовно да се мери притисокот. Високиот крвен притисок не мора да има симптоми Нормалната вредност на крвниот притисок е 120/80 mmHg, а со возраста вредноста се зголемува поради стареењето, а потоа горната вредност на ...

Срцето на натписот „Гостивар“ на кое во понеделникот беа насликани македонското знаме и букви од кирилицата и глаголицата, а вчера исцртани со илустрации и графити со недолична и навредлива содржина, денеска е саниран, разубавен и повторно го краси Градскиот парк во Гостивар. Активноста беше иницирана во пресрет на 24-ти мај, денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и ...

Имињата на повеќе можни кандидати, според пишувањата во медиумите, се во игра за лидерската позиција во СДСМ откако Димитар Ковачевски вчера официјално поднесе оставка на функцијата по поразот на партијата на претседателските и на парламентарните избори. Актуелниот директор на Царинската управа Стефан Богоев на прашањето дали ќе се кандидира за претседател на партијата, во изјава за МИА вели дека се уште не одлучил. Јован Деспотовски, кој е прв ...

За подобра иднина на децата и младите клучно е да се обезбедат услови за квалитетно образование и понатаму навремено вклучување во пазарот на трудот. Ова, меѓудругото беше истакнато на денешната Локална конференција „Гостивар – Општина посветена на децата“. На настанот учествуваа претставници на локалната самоуправа, училиштата, невладини организации, млади и деца, а го организираше Првата детска Амбасада во светот Меѓаши. „Ако децата не се ...

Коалицијата „Влен“ (Вреди) по денешното прегласување во изборното место 2101 во селото Ларце, Општина Желино прогласи дека има добиено уште еден пратеник во шестата изборна единица. Претставникот на коалицијата Башким Хасани изјави дека тие добиле речиси 500 гласови од вкупно 993 граѓани со право на глас. „Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што денес и го имаме. Со овој резултат го добиваме во ...

Пациентите со потреба од третман на невропсихијатриското одделение во гостиварската општа болница „Д-Р Ферид Мурад“, како и персоналот во тој оддел, отсега имаат современи услови за лекување и за работа. Претпладнево, официјално беше пуштено во употреба целосно реконструираното одделение за невропсихијатрија. Како што истакна директорот на болницата, Илбер Адеми ова е прв зафат за реновирање на овој оддел од самата изградба на објектот. „На ...

На 22 мај 2024 година, околу 11:30 часот, во угостителски објект во Гостивар се случил инцидент во кој Н.Н. од Гостивар агресивно се однесувал кон две повозрасни жени. Според пријавата поднесена во ОВР Гостивар од страна на М.Ј. (80) и нејзината пријателка М.Г., Н.Н. со употреба на сила ги избркал од објектот. Инцидентот е пријавен во 13:00 часот истиот ден, информира СВР Тетово. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на ...

Манчестер сити е шампион на Англија во сезоната 2023/24. Во натпреварот од 38. коло „Граѓаните“ на домашен терен го победија Вест Хем (3:1). Двоен стрелец беше Фил Фоден. Играчот од средниот ред погоди во 2. и 18. минута. Родри постигна уште еден гол од додавањето на Фоден во 59. минута. Стрелец на единствениот гол за гостите беше Мохамед Кудус (42. минута). Манчестер сити заврши на првото место во Премиер лигата со 91 бод пред Арсенал кој собра ...

Царински службеници на влез на Меѓународен аеродром Скопје спречија влез на 1,7 тони медикаменти, Силденафил Цитат Упс и Сибутрамин, коишто се штетни по здравјето на граѓаните. Лековите не се регистрирани во Агенција за лекови, а фирмата увозник немала ниту дозвола за промет на големо со медицински средства односно не е впишана во регистарот на правни лица за вршење на ваков вид дејност, соопшти Царинската управа. По вештачењето е утврдено дека ...

Средното економско училиште во Гостивар денес организираше Отворен ден наменет за учениците кои завршуваат основно и од септември треба да седнат во средношколските клупи. Во школскиот двор беа поставени посебни штандови и катчиња кадешто на интересен и привлечен начин се презентираа смеровите, наставните предмети, условите и бенефитите на ова училиште. Целта е што поблиску и подиректно полуматурантите да може да се запознаат со сето она што го ...

Во пресрет на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, попладнево во Гостивар се одржа манифестација исполнета со културно-уметничка програма. Свеченоста ја организираше Центарот за култура „АСНОМ“ во соработка со гостиварските средни училишта, а со поддршка на Министерството за култура. „Во програмата учесници се ученици од средните училишта во градот со поддршка на нивните ментори, со кои имаме прекрасна ...

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска ќе се прегласува за Парламентарните избори 2024. Прегласување во петата изборна единица ќе се спроведе на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени и 1844 во Струга, додека во шестата изборна единица на избирачкото место 2101 во Желино. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач. Во избирачкото место 2101 во Желино право на ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесувала 40 496 денари, и е за 16 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21.3 %) и ...

На срцето на натписот „Гостивар“ на кое во понеделникот беа насликани македонското знаме и букви од кирилицата и глаголицата исцртани се илустрации и графити со недолична и навредлива содржина, кои ги забележавме со нашиот фото апарат. Сквернавењето е извршено од двете страни на обележјето на градот. Инаку, македонското знаме и буквите се најдоа во срцето на натписот по повод два празника, Денот на македонското знаме 15 Мај и Денот на ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Ова е прва првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова, по победата на претседателските избори на 8 мај. Во состав на делегацијата се заменик-министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италија, Весел ...

Во рамки на континуираните активности за поголем ред и безбедност на сообраќајот, СВР Тетово вчера (21 мај) спроведе акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот во периодот од 09 до 14 часот. Контролата резултираше со откривање и санкционирање на вкупно 25 пешаци, од кои 12 се во Гостивар, 13 во Тетово. Најголемиот број прекршувања во Гостивар, односно 12, се однесуваат на пешаци кои ги преминувале улиците надвор од ...

Државната изборна комисија денеска ги додели Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати. Уверенијата ги земаа овластените претставници од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата предводена од СДСМ, oд Коалицијата Вреди, Левица и овластениот претставник од Знам. Од Коалицијата предводена од ДУИ не се појави овластен претставник да ги земе уверенијата за пратеници. Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ по ...

Полицијата евидентира два случаи на семејно насилство на гостиварското подрачје во текот на вчерашниот ден. Во продолжение информациите од полицијата за нив: На 20.05.2024 во 22.50 часот во ОВР Гостивар, 41-годишна жителка на гостиварско село пријавила дека околу 20.00 часот во семејниот дом, нејзиниот сопруг Б.Б. физички ја нападнал неа и нејзиниот татко. По целосно расчистување и документирање на случајот, против Б.Б. ќе следува соодветна ...

Како резултат на незаконското работење на претходните раководства на Министерството за труд и социјална политика околу 9000 семејства од социјален ризик оштетени се за 120 евра годишно, соопштија од МТСП од каде додаваат дека станува збор за 30.000 граѓани корисници на парични средства од системот на социјална и детска заштита од 2020 година. -Станува збор за 1,7 милиони евра или 100 милиони денари, кои по закон треба да бидат по закон исплатени ...

Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време. За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд. Од ...

„Проверете. Размислете. Пријавете.“ е насловот на кампањата која ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца. Министерството за внатрешни работи во почетокот на 2024 година потпиша Меморандум за разбирање со Фондацијата Амбер Алерт Европа и со тоа и нашето Министерство и држава се дел од ова кампања и систем за случаи поврзани со исчезнати деца, информираат денеска од МВР. За Меѓународниот ден на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1017
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
83%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 4ᴼ
1.03
80%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.94
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
86%
1016
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
56%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1017
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62