Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во петокот спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Како што соопшти АХВ, контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово. -Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не ...
Цените на нафтата на светските пазари минатата недела значително паднаа, по четири недели раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,1 отсто, на 74,66 долари. Падот на цените во голема мера ...
Граѓаните на Босна и Херцеговина преку социјалните мрежи се повикуваат на 31 јануари да ги бојкотира продавниците, бензинските пумпи, кафулињата и рестораните, како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард. Апелот уследи по успешната граѓанска акција во Хрватска. Иницијаторите на акцијата апелираат граѓаните на 31 јануари ништо да не купуваат и да не ги посетуваат рестораните. На социјалните мрежи граѓаните на БиХ ...
Не само што повторното користење на вашите кесички чај е едноставен, евтин и ефикасен трик, туку е и еколошки, бидејќи активно го намалува количеството отпад што го оставате зад себе. Се разбира, исто така можете повторно да употребите кесичка чај за истата намена како и првиот пат односно да сварите уште една шолја. Сепак, постојат и многу други начини на кои можете да ги користите кесичките чај во вашето домаќинство или рутина за нега на ...
„ТАВ Македонија“, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром – Скопје и Aеродромот „Свети Апостол Павле“ – Охрид, ја известува и предупредува јавноста за лажни страници и профили на социјалните мрежи, преку кои наводно се продава изгубен багаж на аеродромот. – „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ Аеродроми“, сака да ја информира, а истовремено да ја предупреди јавноста дека, за жал, има лажни страници и ...
Општинската организација на СДСМ во Гостивар од денеска има нов претседател. На чело на гостиварските социјалдемократи застанува Бојан Зафироски, магистер по правни науки. „Согласно јавниот повик од 29 ноември 2024 година за кандидирање на претседатели на општинските организации на СДСМ и статутот на партијата на првата седница на Централниот одбор, при целосно спроведена постапка и утврдена листа на кандидати. Бојан Зафироски е назначен за ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Претежно долж Повардарието ќе дува слаб ветер од јужен до југоисточен правец. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 8 степени. Утринава најстудено било во Битола и во Берово, каде е измерена минималната температура од -4 степени, а најтопло е во Гевгелија, каде се измерени 4 степени целзиусови. Како што информираат ...
Ноќеска 55 минути после полноќ во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена малолетничка од Гостивар. Според пријавеното, таа претходно консумирала алкохол во дискотека во Гостивар. Подоцна во 4.35 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен малолетник од Гостивар. Според пријавеното и тој претходно консумирал алкохол во дискотека во ...
Европскиот суд за човекови права ослободи од обвинение 69-годишна Французинка, која француски Суд ја прогласи за „виновна“ за нејзиниот развод затоа што одбивала да има сексуални односи со сега веќе поранешниот сопруг. Судот за човекови права пресуди во корист на Французинката со образложение дека судовите во Франција „го прекршиле нејзиното право на почитување на приватниот и семејниот живот“. – Судот заклучи дека инсистирањето на таква ...
Кога ќе се спојат два омилени десерти во еден рецепт, неизбежно е да се добие неодолив сладок залак. Тортата со палачинки стана хит на социјалните мрежи, па ако досега не сте ја подготвиле, време е да го направите тоа. Состојки: 180 гр остро брашно 2 лажици какао во прав прстофат сол 3 лажици шеќер 3 јајца 250 мл млеко 150 мл вода лажица мед масло Подготовка: Во сад се ставаат брашното, какаото, прстофат сол и шеќер и сето убаво се меша. ...
Во Хрватска денеска започна најавениот бојкот на продавници, трговски синџири и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените. Иницијативата, која потекнува од Фејсбук-групата „Ало, инспекторе“, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите (ECIP), доби поддршка од здруженија за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, па дури и од министерот за економија. Повикот за бојкот се споделуваше на ...
Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска се одржи свечена промоција на новите полициски службеници – генерација 2024-2025. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на промоцијата порача дека годинава МВР станува побогато за 497 нови колеги, идни чувари на безбедноста на граѓаните, „синови и ќерки на Македонија“. Полициската професија не е само избор, туку е повик, завет кој секој еден од вас го ...
Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 75-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави КК Партизан, клубот чиј најдобар стрелец е Далипагиќ во историјата. Далипагиќ е најдобриот стрелец во историјата на БК Партизан, поранешен југословенски репрезентативец, легенда на светската кошарка и човек со неповторлив карактер“, стои на почетокот на клупското соопштение за смртта на легендарниот „Праја“. ...
Во Општина Гостивар денес на средба со градоначалникот Ваљбон Лимани беа локалните верски челници Митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф и гостиварскиот муфтија Сабахудин еф. Зендели. „Во фокусот на средбата беа заедничките активности кои дополнително ќе придонесат за унапредување на меѓукултурната и меѓурелигиската соработка.“, извести Лимани по средбата, нагласувајќи дека Гостивар е пример на меѓуетничка и меѓурелигиска ...
Стејт департментот ја замрзна речиси целата меѓународна развојна помош обезбедена од Вашингтон, со исклучок на виталните програми за хуманитарна помош во храна и воената поддршка за Израел и Египет. Соединетите Американски Држави се најголемиот донатор на светот, обезбедувајќи повеќе средства за меѓународен развој од која било друга земја. Во 2023 година, оваа ставка од американскиот буџет изнесуваше околу 60 милијарди долари, што ...
Македонската ракометна репрезентација попладнево го победи Катар со 39:34 (полувреме 21:17) во второто коло од Група-2 во Главната фаза на Мундијалот 2025. Најефикасни во македонскиот тим беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со по шест гола, Марко Митев и Никола Костески постигнаа по пет. По оваа победа, втора на Мундијалот, избраниците на Кирил Лазаров ги зачуваа теоретските шанси за пласман во четвртфинале. Моментална табела: 1.Франција 6 ...
Во декември 2024 година, „Москвич“ за првпат се најде на првото место во продажбата на електрични возила на рускиот пазар, со продадени 447 автомобили, според податоците на агенцијата Autostat. Со овој резултат, брендот го надмина кинескиот Zeekr, кој продаде 443 електрични автомобили, но претрпе пад од 54% во споредба со декември минатата година. Експертите укажуваат дека скокот на продажбата на „Москвич“ – 10,6 пати повеќе од истиот период ...
Дрвените лажици често предизвикуваат дебата меѓу готвачите. Од една страна, некои тврдат дека тие се супериорна алатка бидејќи не ги оштетуваат тенџерињата или тавите, цврсти се и можат да траат со децении. Но, други се загрижени за хигиената, тврдејќи дека дрвото е место за размножување на бактерии и дека во него лесно се задржуваат мириси на храна, кои можат да му го нарушат вкусот на јадењето при подготовката. Бактериите можат да преживеат ...
СВР Тетово информира дека вчера (23.01.2025) во 20.30 часот на улица „18-ти Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.А.(37) од с.Чегране, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од Р.М.O.(25) од Швајцарија која во ПС Тетово пријавила дека била измамена од него. „Таа, според пријавеното, од неговиот плац во Швајцарија купила патничко возило ,,бмв“, но по некое време се појавил дефект и Д.А. и ...
Субвенционирање за набавка на инвертери за греење и на велосипеди се мерки кои Општина Гостивар ги предвидува за годинава, во рамки на Програмата за заштита на животната средина. За таа цел од општинскиот буџет ќе бидат издвоени вкупно 3,5 милиони денари, од кои 2 милиони за инвертери и 1,5 милиони за велосипеди. Во однос на субвенционирањето за купување инвертери, во Програмата стои дека целта е да се намали аерозагадувањето: „Цел на оваа ...
Во Македонија најчесто се гласа по етничка линија, висок е процентот на граѓани кои се декларирале како членови на политички партии, а дури третина од нив на ланските избори учествувале на собири или јавни настани организирани од политичка партија. Ова го покажува Компаративното истражување на изборните системи (КИИС) во кое учествуваа Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ...
МВР информира дека вчера (23.01.2025) во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Агенцијата за национална безбедност, а под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, биле извршени претреси на дом и други простории на пет локации. Три од локациите биле во Скопје, додека две во ...
Аеродромот во Истанбул трета година по ред ја задржа својата позиција на најпрометен воздушен центар во Европа, со 1.401 лет дневно во просек во 2024 година, според податоците на Еуроконтрол објавени денеска. Бројот на летови е зголемен за два отсто во однос на истиот период минатата година, јавија турските медиуми. Амстердамскиот аеродром „Схипхол“ е на второ место со 1.336 летови, додека лондонскиот „Хитроу“ е трет со 1.302 лета во текот на ...
Продолжува да расте бројот на заболени лица од грип и слични заболувања. Од 13 до 19 јануари во земјава евидентирани се 1.412 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со трета недела од минатата сезона е намален за 15,7 проценти, а во споредба со бројот за трета недела од типичната епидемиска ...
И ова утро Гостивар се разбуди во магла, како и изминатите неколку дена. Поради маглата намалена е видливоста за возачите за кои се препорачува зголемена внимателност. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла има од 50 до 100 метри на следниве патните правци Гостивар-Тетово-Скопје, Велес-Катланово, Струмица-Кочани-Штип и Сарамзалино, информира АМСМ. Интензитетот ...
Иако замрзнувањето може да го продолжи рокот на траење на многу намирници, важно е да се знае кои не го поднесуваат добро овој процес. Во некои случаи доаѓа до промена во квалитетот, вкусот и текстурата, а често се менува само текстурата, што во некои случаи негативно влијае на приготвувањето на храната, додека кај други не прави разлика. Затоа е важно не само да знаете како и што да замрзнете, туку и однапред да размислите за што ќе ...
Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме, имаа во два наврати и три гола предност, на паузата се отиде со резултат 13:14. По неколкуте водства на Австрија во првите минути од вториот дел, Македонија во 40.минута по серија од 3:0 повторно имаше предност ...
МВР извести дека вчера (22.01.2025) во 12 часот на улица „Питарница 6“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 68 годишниот гостиварец Б.Ф. поради основи на сомнение дека на 21.01.2025 извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети од објект во изградба во Гостивар. „Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Б.Ф. бил задржан во полициска станица и по целосно ...
Контролата спроведена кај производителот на зелката што неодамна беше вратена од Хрватска поради нејзина наводна неисправност и направените анализи покажала дека во посочената земјоделската култура не било детектирана употреба на забранети препарати за заштита. Тоа го посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. – За пратката вратена од Хрватска веднаш беше интервенирано, беше проверено кој е ...
СВР Тетово информира дека вчера (22.01.2025) во периодот од 20.30 до 20.55 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал извршиле претрес во простории кои ги користи С.А.(22) во Врапчиште, а се сопственост на Ш.А.(20) од истото село, кој се наоѓа надвор од државата, поради основано сомнение за сторено ...