Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска гласаат болни и изнемоштени лица, како и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места. Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 ...

Свештената бигорска Обител информира дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите Рамноапостолни сесловенски просветители, солунските браќа Кирил и Методиј, 24 мај, ќе се отслужи утрена и Света архијерејска Литургија, во Бигорскиот скит посветен на солунските браќа, во селото Битуше. Утрената богослужба ќе почне во 8 додека Светата архијерејска Литургија во 9 часот а со неа ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, ...

Судскиот совет на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција. Како што соопштија од Судскиот совет, на 487-та итна седница одржана на ден 21 мај 2024 година, Советот расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија. -Судскиот совет, го ...

Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител. Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој ...

Свест што поттикнува акција за подобрена здравствена заштита, зголемено истражување и зголемена поддршка за лицата со порфирија, е целта на 18 Мај, Светскиот ден на ретката болест порфирија. Порфиријата е група од најмалку осум различни болести (наследни или стекнати), чија заедничка карактеристика е акумулација на порфирините или нивните претходници (прекурсори) во организмот. Иако тие нормално се наоѓаат во организмот, не се акумулираат во ...

СВР Тетово информира дека вчервечер (19 мај) во 23.50 часот во Добридол, полициски службеници од Полициското Одделение Галате ги лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Добридол и 42-годишната Ј.Т. од Струмица, со привремен престој во Гостивар, затоа што околу 22.00 часот во домот на М.Д. го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, извести ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 1,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,00 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе биде 83,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 85,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 72,50 денари за литар. За 0,306 денари ...

Срцето од натписот со името на градот Гостивар се „облече” во македонското знаме и букви на кирилско писмо и од глаголицата. Иницијативата ја покрена Ема Нешковска и советничката група на СДСМ во чест на претстојниот празник посветен на светите браќа Кирил и Методиј, како и за Денот на македонското знаме, 15 мај. „Ваквата активност е иницирана во пресрет на 24-ти мај, денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, кои се ...

Со натпреварите од 33. коло викендов се заокружи сезоната 2023/24 во Првата македонска фудбалска лига. Струга Трим Лум иако загуби во последното коло од Шкупи, ја одбрани титулата, Шкендија ги освои бодовите на дуелот со Работнички и како второпласирана обезбеди учество во квалификациите за Конференциската лига. Стружани ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите. Фудбалскиот клуб Гостивар по кам-бекот после 9 години во најелитното ...

Да се намали употребата на пестициди во земјоделството, да се засадат што повеќе медоносни растенија и да се имплементираат ефикасни политики за справување со климатските промени, е пораката од денешната манифестација што се одржа по повод Светскиот ден на пчелата, 20 Мај. Неопходно е, истакнаа учесниците, да се препознае улогата на пчелите во екосистемот, да се подигне свеста за нивната важност како главни опрашувачи во природата од кои зависи ...

Владата апелира до граѓаните да внимаваат доколку добијат СМС или други пораки во кои се посочува Владата како испраќач и се бара надомест. „Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите), станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат. Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, ...

Кошаркарите на Црвена Ѕвезда се шампиони во АБА лигата, бидејќи во третиот натпревар од финалната серија го совладаа Партизан со резултат 82:76 (20:18, 22:20, 17:14, 23:24). По двете победи на домашен терен, црвено-белите направија брејк и славеа како гости во „Белградска арена“, што беше доволно за да стигнат до седмата титулата во регионалното натпреварување со максимални 3:0 во серија. Најефикасни во победничкиот тим беа Рокас Гедраитис и ...

Астрономите открија нова планета со големина на Земјата која орбитира околу мала, студена ѕвезда за која се проценува дека постоела 100 пати подолго од Сонцето. Научниците истакнуваат дека на неа годините се кратки, а ноќите и деновите се бескрајни. Спекулус-3б е оддалеченa 55 светлосни години од Земјата и е откриенa додека се движелa пред својата ѕвезда домаќин – ултра студено црвено џуџе кое е половина топло од Сонцето и 100 пати помалку ...

СВР Тетово информира дека вчера (19 мај) во 14.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „137 “ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од М.Н.С. на возраст од 56 години од Гостивар и мотоцикл „бенели“, управуван од 37 годишниот гостиварец Д.С. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Д.С. и неговиот сопатник 38 годишниот Б.Е. констатирани во Ургентен центар во ...

Секој трет човек во Македонија размислува да се исели од државата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 32,3% од анкетираните рекле дека размислуваат или некогаш размислувале да се иселат од државата додека 63,6% не размислувале на оваа тема. Иако не се големи разликите, сепак изненадува фактот што за иселување најмногу размислуваат луѓето меѓу 40 ...

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиси се урнал додека денеска минувал планински терен во густа магла. Во хеликоптерот со Раиси биле министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, гувернерот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, водачот на петочната молитва во Табриз, Хоџатолеслам Ал Хашем и други, а засега нема информации за потенцијални повредени патници или материјална штета. Иранската новинска агенција ИРНА. ...

Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура во гостиварскиот регион ќе достигне 24 степени. Според УХМР, до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен ...

Украинскиот боксер Олександар Усик го победи Британецот Тајсон Фјури во главната борба на боксерската вечер во Ријад и ја освои титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија. Борбата траеше сите 12 рунди. Судиите со поделена одлука му ја доделија победата на Украинецот – 115:112, 113:114, 114:113. Триесет и седумгодишниот Усик стана првиот неприкосновен светски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис (41-2) во 2000 година и прв во ...

Ноќеска (19.05.2024), во 02:40 часот, во Полициска станица Гостивар било пријавено дека на улица „Илинденска“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „Ауди“ со национална ознака на Република Чешка, управувано од 32-годишниот Г.Н. од Гостивар, и патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.И. од Житоше, прилепско. По ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска, на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино. Гласањето ќе се одржи идната среда, на 22 мај 2024 година. ДИК на седницата ги разреши и претседателите на ...

По 25 години боксот вечерва ќе добие апсолутен шампион во тешка категорија по исходот од борбата во Ријад меѓу Британецот Тајсон Фјури и Украинецот Олександр Усик. Од една агол, Британецот ја има титулата на ВБЦ во тешка категорија од 2020 година и втората од неговите три епски борби против Деонтеј Вајлдер, додека во другиот Украинецот ги има појасите на ВБА, ВБО и ИБФ откако го симна Британецот Ентони Џошуа од тронот во 2021 година. Победникот ...

Напаѓачот Килијан Мбапе се согласил на значително намалување на платата при неговото преселување од ПСЖ во Реал Мадрид, тврди Скај Спортс. Се очекува 25-годишниот Французин да потпише петгодишен договор со Шпанците за плата од 15 милиони евра по оданочување. Играчот ќе добие и 150 милиони евра како бонус за потпишување. Според Скај Спортс, платата на Мбапе во ПСЖ во сезоната 2023/24 изнесувала 75 милиони евра годишно. Фудбалерот доби и 30 ...

Денес во централното градско подрачје на Гостивар беа поставени иновативни корпи за отпушоци од цигари, со цел намалување на загадувањето и поттикнување на правилно одлагање на отпадот. Оваа еколошка иницијатива е преземена од Здружението Центар за развој на медиумите на заедниците од Гостивар, како дел од проектот „Чист град за чиста иднина“. Корпите за отпушоци се дизајнирани како гласачки кутии, каде пушачите можат да го стават своето догорче ...

Меѓународниот ден на семејството, познат и како Глобален ден на семејството, е значаен настан кој се слави ширум светот со цел да се истакне важноста на семејните врски и да се промовира единството меѓу семејствата низ различни култури и потекла. Семејството е најмалиот градежен блок во општеството, а несомнено и најважниот! Силните семејни врски обезбедуваат поддршка и безбедна средина, неопходна за растот и развојот на поединецот. Кога се ...

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД – (ujp.gov.mk) има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку истата не ја прикажува точната слика за износот на остварен доход и платени даноци, да ја коригира ...

Евролигата денеска ја објави најдобрата петорка за сезоната 2023/24, избрана од навивачите, новинарите и капитените на тимовите кои учествуваат во елитното европско кошаркарско натпреварување. Најдобрата петорка ја сочинуваат Факундо Кампацо (Реал Мадрид), Мајк Џејмс (Монако), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Матијас Лесор (Панатинаикос). Кампацо се врати во Реал Мадрид оваа сезона и имаше просек од 11,7 поени и 6,5 ...

Општина Гостивар, во соработка со невладината организација МАМ и Црвениот крст од Гостивар, денеска реализираа заедничката активност „Генералка викенд 2024“. Акцијата за чистење, која се одвиваше од 11:00 до 12:00 часот, опфати неколку локации: шеталиштето на реката Вардар, градскиот парк, центарот на градот и улица Дебарска. „Општина Гостивар на секои два-три месеци има вакви еколошки акции за чистење на градот, денешнава е малку поинаква ...

Денеска е 17 мај, петок, 137-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (138-и во престапна година), до крајот на годината стануваат 228 денови. Денес нѐ очекува претежно облачно време со можни услови за дожд, метеролозите прогнозираат разведрување во попладневните часови, температурите ќе се движат од 10°C до 20°C. Слично време не очекува и утре, сабота, со можни повремени сончеви периоди во претпладневните часови. Во недела ...

Советот на Општина Гостивар на денешната 34-та седница со 20 гласа ЗА и 9 воздржани ја изгласа одлуката за избор на компанија за воспоставување на јавно-приватно партнерство за проектирање, изградба, финансирање, стопанисување и поставување на соларни панели на објектите кои се во сопственост на Општина Гостивар. „Компанијата „Бурими 21“ од Длапкин Дол, Кичево, беше единствената компанија која се пријави на јавниот оглас, со финансиска понуда од ...

Полициските службеници од Полициската станица Галате вчера на 16 мај, во 11:50 часот, го привеле С.С. (35) од гостиварско село Дебреше. Приведувањето следело откако Л.Е. (34) од Гостивар пријавила дека С.С. претходниот ден се однесувал агресивно кон неа, заканувајќи и се со остар предмет, а при тоа и го одзел и мобилниот телефон. Се работи на расчистување и документирање на случајот при што против С.С. ќе следува соодветен поднесок. Сподели ја ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
76%
1017
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
83%
1016
weather icon

Загреб

9ᴼ / 4ᴼ
1.03
80%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
0.94
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1017
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1015
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
86%
1016
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
56%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
76%
1017
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62