
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чија партија на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати. Сиљановска Давкова, повикувајќи се на уставните рокови и фактот дека претседателот на Собранието Африм Гаши беше избран со 76 гласови, изрази уверување дека Мицкоски може да формира влада и затоа му го доверува мандатот. ...
Матурантите в сабота ќе го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Како и во минатите години, најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија. Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик ...
Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека еден пациент починал по првата лабораториски потврдена инфекција од подтип на птичји грип. СЗО соопшти дека на 24 април починал 59-годишен Мексиканец откако развил симптоми на треска, отежнато дишење, дијареа, гадење и општа непријатност, пренесуваат британските меидуми. „Ова е прв лабораториски потврден случај кај луѓе на инфекцијата со птичји грип А(H5N2) пријавен на глобално ниво и ...
Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари. Како што соопшти денеска Царинската управа, златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на ...
Организацијата на потрошувачите на Македонија информира дека го започна проектот Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги преку кој ќе ги заштитува интересите на потрошувачите при користење на финансиските услуги и ќе помогне во спогодбено решавање на сите проблеми кои потрошувачите ги имаат со давателите на финансиски услуги: банките, штедилниците, финансиските друштва, давателите на финансиски лизинг и осигурителните ...
Истражувањата покажуваат дека консумирањето одредени видови храна и пијалоци му помага на телото да се ослободи од штетните материи, особено кај луѓето кои претходно биле пушачи. Белите дробови се еден од најважните органи за детоксикација и дишење, и одржувањето на нивната чистота и здравје е клучно за подобро здравје и долгорочна благосостојба. Овие природни детоксикациски агенти не само што го поддржуваат здравјето на внатрешните органи, туку ...
Крлежите припаѓаат на пајаковидни животни и се разликуваат од инсектите по нивната форма и други биолошки својства. Тие се важни затоа што се хранат со крвта на животните и луѓето и можат да пренесат заразни болести, вклучувајќи ги и оние што ги споделуваат луѓето и животните. Најмногу застапен крлеж во Република Северна Македонија е крлежот Ixodes ricinus, познат и како шумски обичен или евроазиски крлеж. Овој крлеж е широко распространет во ...
Во текот на мај 2024 година на подрачјето на СВР Тетово се случиле вкупно 82 сообраќајни незгоди (Тетово-56 и Гостивар-26). Анализите на полицијата покажуваат дека истиот период минатата година биле регистрирани 102 сообраќајни незгоди што е намалување за 20%. „Од вкупниот број сообраќајни незгоди, поголем дел – 58 (ТЕ-42 и ГВ-16) се случиле во населено место, додека 24 (ТЕ-14 и ГВ-10) се случиле на отворен пат. Со тешки телесни повреди се ...
ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција во Собранието, ги повика сите пратеници да ги поддржат измените, најавувајќи дека седницата е планирано да се одржи во петок, а тие да бидат изгласани во понеделник. „Ветивме функционална ...
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 јуни. За корисниците кои не користат ...
Царинската управа информира дека царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција откриле 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата. Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на ...
Управата за хидрометеоролошки работи за денес (5 јуни) попладне издаде метео предупредување за нестабилно време. Во него се вели дека во северозападниот дел од земјата и делови од скопскиот регион во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд проследен со грмежи. За следните денови, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен ...
Кој не сака да сонува големи сонови и победи? Зборуваме за оние кои се во центарот на вниманието, но се плашиме од работата што оди во претворање на тие соништа во реалност. Кога сè што размислуваме е да ја постигнеме целта, а сè друго измеѓу изгледа обично, имаме тенденција да го одложиме нашето чувство на среќа. Секогаш е добро да се има силен фокус на резултатот што сите сакаме да го постигнеме. Но, кога штотуку почнуваме, погледот на ...
Маслата што ги користиме за подготовка на храна може да играат клучна улога во нашата исхрана, влијаејќи не само на вкусот на нашите оброци, туку и на нашето целокупно здравје. Кога станува збор за здравјето (особено срцето), изборот на масло за јадење станува особено клучен. Некои масла се богати со незаситени масти здрави за срцето кои се поврзани со намален ризик од кардиоваскуларни болести и воспаление во телото (мононезаситени и ...
Да ги игнорираме продавниците и трафиките кои немаат терминали за плаќање со картички и оние што не дозволуваат плаќање со картичка кога сакаме да купиме весник или шише вода, со образложение дека мора да направиме сметка од најмалку 200 – 300 денари, велат банкарите. Според нив, сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, уредите ги даваат без надомест, а волја на малопродажниот објект е дали ќе ги прифати или не. -Многу е едноставно. ...
На 29 пратеници од минатиот состав денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им го прифати барањето за апанажа. Поднесени се и други барања што се разгледуваат, информираше претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски. Согласно законските одредби, апанажата е во висина на платата на пратениците и ја исплаќа Собранието односно организацијата во која лицето ја вршело функцијата. Според информациите од Собранието, 57 ...
Денешниот ден за генерацијата 2020/2024 година, која излегува од клупите на средното економско училиште во Гостивар помина во свечена атмосфера, со радост, возбуда и споделени желби за успеси и среќа. Четиригодишното средно образование на матурантите беше заокружено со заедничко дружење, нивна промоција и симболично фрлање на капите. „Почитувана генерацијо, пред вас се отвора бескрајно пространство на иднината, професорите ви дадоа крилја и ви ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најавува дека наскоро Јавното обвинителство би можело да излезе со одлука во врска со изборот на надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“. -Преземени се доста работи. Се работи таму за конзорциум од три фирми коишто се испитуваат. Досега има некои нелогичности во договорот. Се преземаат дејствија и јас сметам дека, можеби набрзо, Јавното обвинителство ќе излезе со јавнообвинителска одлука, ...
СВР Тетово информира дека вчера (3 јуни) во 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 72 годишниот гостиварец В.С., кој бил пријавен од неговата сосетка И.Р.Б. на возраст од 54 години дека околу 19.00 часот пред влезот на нивната семејна куќа физички го нападнал нејзиниот малолетен внук. Полицијата извести дека тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. ...
Веројатно веќе ви се случило пред да купите нешто преку интернет, да креирате сметка на социјална мрежа или да се најавите на веб-страница, да ја сретнете опцијата „Јас не сум робот“, која треба да ја потврдите доколку сакате да продолжите. Повеќето го прават тоа без многу размислување и не ни прашуваат како компјутерот всушност знае дека на опцијата всушност кликнал човек, а не некоја програма. Во реалноста, компјутерот не го знае ова, но ...
Годинава по вековните свадбарски традиции и обичаи, својата љубов на Галичка свадба ќе ја крунисаат Стефана Димитрова и Даријан Кочоски. Уникатната манифестација, според најавите ќе се одржува од 12 до 14 јули, а Советот на Месната заедница го направи изборот на невеста и зет пред неколку дена. „Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е ...
Атаксијата е состојба која може да се препознае со несмасни движења и нарушување на рамнотежата, а може да доведе и до паѓање. Може да се појави поради повеќе причини, а една од нив е оштетување на мозокот поради мозочен удар, повреда на главата или причината може да биде недостаток на одредени витамини и земање одредени лекови. Најважно е да ги забележите промените и да го контактирате вашиот лекар за да ја третира причината за проблемот. ...
Комисија ќе утврдува нерегуларности во текот на испитот од државната матура, а првпат Државниот испитен центар ќе формира десет комисии – за секој од наставните предмети вклучени на матурата, кои ќе констатираат неправилности во текот на оценувањето. Комисијата за прекршувања на правилникот за полагање државна матура за време на одржувањето на испитот, која постапувала и во минатите години, е веќе формирана и ќе подготви извештај врз чија основа ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ја одржа првата редовна координација во новиот собраниски состав, на која, главно, е дискутирано за конституирањето на комисиите, како и на неформалните работни тела во законодавниот дом. Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши притоа информирал дека кон крајот на оваа работна недела треба да се одржи нова седница на Собранието, со цел верификација на останатите два мандата на ...
СВР Тетово информира дека во рамките на континуираните активности што ги презема за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (2-ри јуни) во периодот од 15 до 22 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (Тетово-23 и Гостивар-19), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 32 (ТЕ-15 и ГВ-17), 8 возачи (ТЕ-6 и ...
Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 ...
Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со 2022, е намален за 1.6 % и изнесува 12672, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1597 или 12.6 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 730 бракови или 5.8 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.2 % за жените и 92.2 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.0 % и во трет брак со учество 0.8 %, од вкупниот број склучени ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер. Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и ...
Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер и изолирана појава на град. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи во интервал од 13 до 28 степени. Времето во наредните денови од новата работна седмица ќе биде сончево и топло со мала до ...
Претседателот на Србија и член на Претседателството на СНС, Александар Вучиќ, во обраќањето од изборниот штаб на напредњаците, заедно со коалиционите партнери СПС со Ивица Дачиќ, Заветници и други, прогласи победа на СНС на локалните избори и порача дека „СНС влегува во нова ера и дека имаат отворен мандат за се што побарале од народот“, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ во обраќање од изборниот штаб на СНС, по гласањето на локалните ...