
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



МВР информира дека вчера (29 мај) во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на 10 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната. „При приведувањето кај него биле пронајдени и ...
Бигорски манастир, по вторпат, беше средиште на еден несекојдневен културно-уметнички настан – детската ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“. Истата беше организирана од претседателката на оваа меѓународна детска ликовна колонија, Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, Славчо Неделковски. Стотина млади ликовни уметници од 20 земји во светот, со своите штафели, четки и палети и ...
Реал Мадрид повторно е финалист во кошаркарската Евролига – совладувајќи го Олимпијакос, а во битката за трофејот ќе игра против уште една грчка екипа, Панатинаикос. Во второто берлинско полуфинале, кое беше реприза на финалето од минатата сезона, Реал го синоќа го победи Олимпијакос со 87-76 (28-10, 28-27, 15-21, 16-18). Реал е рекордер по бројот на титули во Евролигата. Единаесет пати беше на врвот на Европа, а уште девет пати играше во ...
Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со комбинација на неколку гени од двајцата родители. На пример, има најмалку 700 секвенци во генетски код на една личност коишто може да влијаат на висината, кожа, бојата на косата и очите итн. Иако повеќето наследени гени се пренесуваат од двајцата родители, некои особини се типично и директно поврзани со мајката. Следат неколку примери. Знаците на стареење Како што старее, ...
Поради тоа што во текот на летните месеци на подрачјето кое го покрива СВР Тетово, се очекува да се вратат голем број иселеници кои привремено работат и живеат во странство, се преземаат мерки и засилени активности за да се овозможи нормален и тековен сообраќај низ централните подрачја на градовите Тетово и Гостивар, во врска со погрешно и непрописното паркирање на возилата, информира полицијата. Од СВР напоменуваат и дека се разговарало со ...
Понесени од духот на сплотеноста, придонесување во општото добро, возбудата и трудољубивоста на некогашните младински работни акции, неколкумина ентузијасти од Гостивар пред околу пет години формираа Здружение на акцијаши, преку кое прават напори да спроведуваат општокорисни активности и да се вклучуваат во организирани настани низ земјава и екс-југословенските простори. Гостиварското здружение носи име „Акцијаш“, а неговите членови навистина ...
Рускиот претседател, Владимир Путин и се закани на Европа со сериозни последици доколку на Украина и се дозволи во иднина да користи прецизно оружје со голем дострел доставено од Запад врз руска територија. Тој навести дека Русија може да преземе воени контрамерки и рече дека особено помалите земји не треба да заборават дека нивните територии не се големи и дека се густо населени. Путин, кој ја започна руската агресивна војна против Украина пред ...
Појавата на казни кај наводни пречекорувања на издадени лекови, во услови на незголемен буџет за лекови за хронична терапија, при што некои од лекарите биле доведени во ситуација да мораат да враќаат пари, иако, како што велат, морале да препишат лекови, беше првата причина за денешната реакција на матични лекари пред Фондот за здравствено осигурување. Иако, како што беше нагласено, пари сѐ уште не им биле наплатени, им било ветено дека никој ...
Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека неексплодираните убојни средства пронајдени вчера (28 мај) во Гостивар се артилериски гранати од калибар 100мм кои датираат од Првата светска војна. „На лице место е излезен пиротехничар од ПОЗС-Куманово кој изврши увид на гранатите и истите се остранети и однесени на безбедно место.“, соопшти ДЗС. Неексплодираните убојни средства (НУС) ќе се уништат од страна на пиротехничарите на Дирекцијата ...
Центарот за управување со кризи утрово информираше дека, вчера (27 мај) регионалниот ЦУК Тетово, известил дека во 12.53 часот е добиена пријава за пронајдено неексплодирано убојно средство при изведување на градежни работи на ул.„ЈНА“ во Гостивар. Од ЦУК наведуваат дека веднаш се известени МВР – ПС Гостивар и ДЗС Гостивар, местото било обезбедено, а потоа и безбедно подигнато средството од страна на ДЗС. Се предупредуваат граѓаните ако случајно ...
Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар од денес поставена е изложба на фотографии од Бобан Китановски на кои се претставени убавините на македонските планини. Триесетте изложени фотографии се создадени во тек на планинарски тури на друштвото Трансверзалец-Скопје, во рамки на проектот Предизвик 12 врвови. „Проектот започна пред 8 години, а идејата како планинарско друштво ни беше да посетиме планини кои не се така посетувани и да искачиме некои ...
На интернет-просторот деновиве се препорачува нов пијалак за којшто голем број жени тврдат дека благотворно влијае на кожата, спречува брчки и помага за побрзо слабеење, пишува „Крстарица“. Напитокот се состои од следното: два излупени портокали, четири – шест моркови, три сантиметри исечен ѓумбир и малку вода. Подготовка: Сите состојки се мелат во соковник, па сѐ тоа се процедува. Ако нема вообичаена кујнска цедалка, добиената смеса може да се ...
Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека досега нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран сендвич со шунка од 500 грама со рок на употреба 31.05.2024 година, лот број 1413100, поради утврдено присуство на бактеријата листерија моноцитогенес, кој според пишувањата во медиумите, се повлекува од пазарот во некои од државите од ...
СВР Тетово информира дека вчера (27 мај) во 10 часот во ОВР Гостивар, 42 – годишна жена од Струмица, со привремен престој во Гостивар, пријавила дека била физички нападната од нејзиниот партнер М.Д. од гостиварско село. Исто така, вчера во 22.20 часот во СВР Тетово, 43-годишна гостиварка пријавила дека во близина на тетовска Брвеница била физички нападната од нејзиниот партнер Б.М.(40) од гостиварска Бањица. Полицијата извести дека се преземаат ...
Со 76 гласа „за“ и шест „против“ Африм Гаши е избран за претседател на Собранието. Со неговиот избор и давањето на свечената заклетва заврши конститутивната седница на Собранието. За новата функција Гаши беше предложен со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“. Претходно Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ рече дека Африм Гаши е кандидат кој има големо искуство во Собранието и дека ги ...
Во земјава има висок процент на жени кои не можат да си дозволат пристап до менструални производи. Во истражување спроведено пред неколку дена со кое биле опфатени 1.118 испитанички, 34 отсто одговориле дека немаат пристап до менструални производи поради високата цена, информираа денеска од здружението „Новинари за човекови права“ по повод Меѓународниот ден за подигнување на свеста за менструалното здравје. Беше презентирана компаративна анализа ...
Со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, претседателот на Алтернатива која е дел од Коалицијата „Вреди“ Африм Гаши е предложен за претседател на Собранието. Пратениците од „Европски фронт“ ја напуштија собраниската сала, каде се одржува конститутивната седница на новиот собраниски состав. Изет Меџити од коалицијата „Вреди“, како предлагач, кажа дека Гаши е осум години односно три ...
Бардот на македонското новинарство и публицистика од Гостивар, Киро Кипроски го издаде своето 13-то дело. Станува збор за монографија со наслов „Светот без Македонија не е цел“ во која се поместени оригинални новинарски текстови, кои во времето кога настанале, авторот акцентот го става на актуелностите, анегдотите и заткулисните игри. Монографијата од околу 300 страници е поделена во два дела. Првиот: Забележано необјавено и вториот: Наш став, ...
На 27.05.2024 во 10.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Маврово-Дебар, во близина на Сенечки ливади, патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(76) од Гостивар, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.М.(49) од Гостивар, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. Сподели ја веста: ...
Иако починал пред 63 години, Ернест Хемингвеј, познатиот американски писател, раскажувач и новинар, продолжува да ја интригира светската јавност. Имено, и во литературните дела на големиот ум кој си го окончал животот на скоро 62 години, се забележува таа сложена личност. Околу 30 години откако го нарекол својот татко „кукавица“ затоа што се застрелал, и Хемингвеј се самоубил, пукајќи се со ловечка пушка. Неговата сопруга Мери го нашла на прагот ...
Отсекот за превенција при СВР Тетово во неколку гостиварски детски градинки започна со практично имплементирање на едукативен проект ,,Чекор по чекор“, со цел дечињата од мала возраст да се запознаат со сообраќајните правила и да развиваат сообраќајна култура и одговорност. Како што информираа од МВР во проектот ќе бидат опфатени околу 2.450 деца на предшколска возраст од 12 тетовски и 11 гостиварски детски градинки. „Стручно обучени полициски ...
Составот на новата влада е пред финален договор. Според информации од работните групи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат министри во министерствата за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за образование и наука, за култура, за надворешни работи, за земјоделства, шумарство и водостопанство, за локална самоуправа, за одбрана, за енергетика, за политички систем и други. Коалицијата Вреди ги добива министерството за ...
Во рамките на континуираните активности за поголем ред и безбедност на сообраќајот, СВР Тетово вчера (26 мај) спроведе акциска контрола од 14 до 21 часот, насочена кон прекршоците на возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 18 прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-7), од кои најголемиот дел се однесуваа на некористење на заштитен шлем-кацига – 13 прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-5). Исто така, привремено бил одземен еден мотоцикл со ...
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 0,50 денари за литар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар. Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,176 денари за килограм, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 95 82,50 ...
Денес (понеделник) ќе владее сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне, претежно во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната дневна температура во гостиварскиот регион ќе достигне 24 степени. Според метеоролошките прогнози и во следните денови од оваа работна недела ќе имаме слични временски услови. Не‘ очекува сончево време со умерена облачност и ...
Со почит кон бесценетото богатство – книгите, и со мисија да ве поттикнеме што повеќе да бидат присутни во вашиот живот, ве носиме на прошетка низ градската библиотека во Гостивар. Ексклузивно, низ видео објективот на Gostivarpress.mk имате можност да ѕирнете во полиците на овој дом на пишаниот збор, кој изобилува со книги за сечиј вкус, кадешто се кријат ретки изданија, вредни примероци, популарни наслови. Едноставно, место кое може да ви пружи ...
Според анализа на неколку научни трудови со фокус на пивото, ниту една количина на алкохол, колку и да е мала, не е сосем безопасна, објави порталот „Феникс“. Германскиот центар за зависности препорачувајќи ограничување на дневниот внос, нагласува: Не пијте алкохол најмалку два дена во неделата. Поконкретно, препораката за жените гласи: Не повеќе од 12 грама алкохол дневно или околу 60 грама алкохол неделно. За мажи: Не повеќе од 24 грама ...
Се уште нема конечен договор, тоа што можам да го споделам е дека разговорите се одвиваат во позитивен дух, изјави портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање дали Движењето ЗНАМ станува дел од Владата и кои ресори би ги добиле. Доцна синоќа од Движењето ЗНАМ информираа дека била одражана средба за соработка со ВМРО-ДПМНЕ на ниво на потпретседтаели на партии, , на која се разговарало за стратешките определби, ...
Сокот од цреша е незаменлив пијалок за време на топлите летни денови. Се прави на различни начини, ви ја предлагаме традиционалната и најздравата верзија на овој сок без конзерванси. Израдувајте се себеси и вашето семејство, со помош на овој стар, домашен рецепт… За домашен сок од цреша ви треба: – 3 кг цреши – 1,5 l вода – 40 гр лимонтос – шеќер (колку литри течност – толку килограми шеќер) Подготовка: Црешите исчистете ги и измијте ги. Ставете ...
Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални телесни функции. А, доколку таа не функционира правилно, може да доведе до нерамнотежа на хормоните, што, на пр., предизвикува повеќе замор, болка и лошо расположение. Хипертироидизам е состојба каде што тироидната жлезда произведува премногу хормони, а хипотироидизам е она кога се лачат премалку хормони. Зголемената жлезда може да се манифестира и како оток на ...