Варењето на храната е процес кој зависи од количината и видот на храната што сме ја изеле. Генерално, потребни се 24 до 72 часа храната да помине низ дигестивниот тракт. А колку време му е потребно на човекот да свари одредена храна зависи од полот, метаболизмот, лековите што ги зема, физичката активност, но и од тоа дали има некакви дигестивни проблеми кои би можеле да го забават или забрзаат процесот. Што е варење? Варењето на храната е процес ...

Вкупно 2 356 гласови изнесува разликата да се стане пратеник во Изборна единица 6 каде се потребни 6 662 гласови и Изборна единица 1, каде се потребни најмногу гласови на граѓаните, односно 9 018. Во случај на една изборна единица секој од 120-те пратеници би вредел по 8 088 гласа. Ова го покажува анализата на МИА на вкупниот број на гласови што партиите ги освоија во секоја од шестте изборни единици на Парламентарните избори 2024 година ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (8 мај) во 17 часот на улица ,,ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 51 годишниот И.Б. од скопско Студеничани поради сомнение дека извршил кривично дело „измама“. Тој се сомничи дека измамил 34 – годишен гостиварец за сума од околу 1.500 евра. „Имено, според пријавеното, во јуни 2023 тој се договорил со оштетениот да му го поправи четирициклот, по што ги земал деловите за ...

На денешен датум (9-ти мај) пред девет години во оружена престрелка во кумановско „Диво Насеље“ загинаа осум припадници на безбедносните сили, меѓу кои Горан Илијевски Мече од Гостивар и Ненад Серафимовски од гостиварско Зубовце. Горан и Ненад учествуваа во полициската акција, првиот како припадник на единиците за брзо распоредување, а вториот како припадник на специјалната единица Тигри. Илијевски имаше 41 година, а во МВР беше вработен од 2002 ...

Датумот 9 мај во светот се одбележува како Ден на победата над фашизмот. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, на 9 мај 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна. Војната однесе над 50 милиони човечки животи, од кои повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. На Далечниот исток, војната заврши на 2 септември 1945 година, кога ...

Државната изборна комисија утрово објави најнови податоци од вчерашните парламентарни избори со обработени 99,6% од избирачките места во Македонија. Резултатите покажуваат дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ освои 58 мандати во Парламентот, коалицијата на чело со СДСМ има 18, ДУИ – 19, коалицијата Влен 13, додека Левица и ЗНАМ по 6 мандати. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 431.052 гласови, СДСМ – 153.179, ДУИ е на ...

Од обработени 90,08% од избирачките места во Општина Гостивар резултатот на парламентарните избори што го објави ДИК е следен: Носител: Славјанка Петровска 1.856 | 6,33% Носител: Дафина Стојаноска 6.485 | 22,13% Носител: Зоран Софрески 40 | 0,14% Носител: Али Ахмети 9.925 | 33,87% Носител: Игор Димески 356 | 1,21% Носител: Билјал Касами 9.516 | 32,47% Носител: Небојша Захариески 381 | 1,30% Носител: Дениз Исмаили 31 | 0,11% Носител: ...

Носителката на кандидатската листа за пратеници во Изборна единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Дафина Стојаноска денес го оствари своето право на глас на избирачко место во Гостивар, по што ја даде следната изјава: „Утрово е направен обид да се испука глинен куршум кон македонската демократија. Сценариото за бојкот на претседателските избори е она на коешто ние предупредувавме. Една мала криминална група повикува на бојкот ...

Врапчиште е меѓу општините со најниска излезност на денешните избори, особено во вториот круг од претседателските. Според податоците на Државната изборна комисија, до 15 часот излезноста на Парламентарните избори е 20,8%, додека на Претседателските 7,9%. За пратеници гласале 5.583 избирачи, а за претседател 2.118. Во избирачкиот список за парламентарните избори во Општина Врапчиште запишани 26.835 граѓани, додека за претседателските бројот ...

Државната изборна комисија ги објави податоците за излезноста на изборите до 17 часот, од кои се потврдува дека е постигнат цензус на претседателските избори. За претседател на Македонија ќе биде избран еден од двајцата кандидати кои влегоа во втор круг, што ќе освои најмногу гласови. ДИК информира дека до 17 часот за претседателските избори пристигнати се податоци од 2.040 избирачки места. На гласање излегле 452.412 граѓани, што е 42, 32%. ...

Се надевам дека граѓаните ќе сфатат оти избирачкото право е нивно, едно од најважните политички права, ќе го употребат и ќе го изберат кандидатот по нивна мерка, изјави денеска кандидатката за претседател на државава поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, по гласањето на претседателските и парламентарните избори. Таа рече дека очекува Бугарија, бидејќи е во Европската Унија, да го следи моделот на Шведска, Данска ...

Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски денеска гласаше на избирачкото место 2489 во МЗ Автокоманда во општина Гази Баба. Засега, како што рече, тоа се информации кои не се потврдени. – Ако се потврдат тоа не зборува добро за состојбата на македонската демократија. Јас се надевам дека до крајот на денов ќе остане мирно. Процесот ќе биде транспарантен и сите учесници на изборнито процес и по завршувањето на ...

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес заедно со семејството, го оствари своето право на глас на избирачко место во Гостивар, при што изјави: „Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и Влен. За албанскиот блок ...

Претседателот на техничката Влада, Таљат Џафери утрово гласаше на избирачко место со гостиварско Форино, по што даде изјава за медиумите во која истакна: „Денес го искористив правото на глас на претседателските избори и изборите за пратеници во Собранието. Уверен сум дека и денешниот изборен ден ќе помине во најдобар ред и дека денес ќе биде ден на славење на демократијата и продолжувањето на нашиот европски пат. Впрочем граѓаните покажаа високо ...

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека вакцината може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти. Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија, откако компанијата доброволно го повлече одобрението за ставање во промет. Барањето за повлекување на вакцината беше поднесено на 5 март и стапи на сила во вторник. ...

Излезноста на територијата на Општина Гостивар до 15 часот на Парламентарните избори е 26,81 %, додека во вториот круг од Претседателските 18,31 %% , покажуваат податоците кои ги објави Државната изборна комисија. Своето право на глас на Парламентарните избори до 15 часот во Гостивар го искористиле 21.851, а во вториот круг на Претседателските 14.911 граѓани. Гласачките места остануваат отворени до 19 часот. Во Општина Гостивар на ...

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто. Најмалата излезеност за Претседателските избори е во Липково, со 3.28 отсто. -Споредбено со ...

Според податоците кои ги објави Државната изборна комисија, излезноста на територијата на Општина Гостивар до 13 часот на Парламентарните избори е 17,25 %, додека во вториот круг од Претседателските 11,99 %. Во конкретни бројки-Своето право на глас на Парламентарните избори го искористиле 14.060, а во вториот круг на Претседателските 9.766 избирачи. Гласањето продолжува до 19 часот. Во Општина Гостивар на претседателските избори право на глас ...

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа за втор круг Претседателски и за Парламентарните избори до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни ...

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето кое генерално се одвива мирно и без проблеми, информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. -Од отворањето на гласачките места до 11 часот регистрирани се две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како и за лепење плакати и расфрлани летоци на подрачјето на Чаир во ...

Државната изборна комисија ги објави податоците за излезноста на гласачите во првиот круг од Претседателските избори до 9 часот. На избирачките места во Општина Гостивар, до 9 часот на Парламентарните избори на гласање излегле 2.184 гласачи, што е 2,68% од вкупно запишаните во избирачкиот список, на Претседателските 1.654 или 2.03%. Сите избирачки места, 121, утрово беа отворени навреме и изборниот процес до сега тече непречено. На државно ниво ...

Во земјава денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, на кои 1.814.317 граѓани со право глас ќе можат да се определат за еден од двајцата кандидати за шеф на државата – Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, кои освоија најмногу гласови во првиот круг на 24 мај. За Силјановска Давкова гласаа 363.085 избирачи, а за Пендаровски 180.499, што беше недоволно за избор на претседател. Во вториот круг на гласање ќе биде избран ...

Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Македонија. Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат. Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат. Во деновите на ...

На денешните двојни – претседателски и парламентарни избори, согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за овие избори, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. За претседателските избори ќе можат да гласаат избирачите чии лични документи истекле на 24 јули 2023 година до 24 април, додека на ...

Двојните избори 2024 на подрачјето на Општина Гостивар почнаа навреме, гласањето утрово се одвива без пречки и проблеми, информираа за Gostivarpress.mk од Општинската изборна комисија. Сите избирачки места биле отворени во седум часот утрово. „Ги исконтактиравме сите избирачки одбори, гласањето почна навреме и се одвива непречено. Сите избирачки места беа отворени во 7 часот утрово.“, рече Ајше Османи, потпретседател на ОИК Гостивар. На ...

Во земјава денеска се одржуваат редовни парламентарни избори и втор круг од претседателските избори. Ова се единаесетти парламентарни избори на кои треба да бидат избрани 120 пратеници за собранискиот мандат 2024-2028 година. Пратениците се избираат според пропорционалниот модел, при што местата се доделуваат по Донтовиот метод. Територијата на Републиката е поделена на шест изборни единици. Право на глас на парламентарните избори имаат ...

Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и ...

Владата денеска на 20-тата седница донесе Одлука со која Музичкиот ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово добива простории за работа на трајно користење и усвои Задолжение за просторно решение за сместување на НУ Галерија Гостивар, формирана со одлука на Владата. -Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука со којашто на Националната установа Музички ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово му се даваат на трајно ...

Алергените, како што се прашина, мувла, првут од домашни миленици и полен, предизвикуваат алергии. Но, како можеме да ги намалиме алергиите на природен начин? Природните лекови на алергиите вклучуваат дишење на пареа, билки и суплементи, користејќи назални спрејови, но и етерични масла. Етеричните масла се концентрирани растителни екстракти кои обезбедуваат смирувачки вкусови и мириси. Постојат неколку видови на есенцијални масла и сите имаат ...

Цените на угостителските услуги во април во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани има зголемување од 5,9 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 6,2 проценти, a во однос на декември ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
80%
1014
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
3.11
82%
1012
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
73%
1013
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
0.89
73%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
72%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
7.2
89%
1013
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
3.09
61%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1012
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62