Учебната 2023/2024 година за средношколците заврпува денес, додека учениците во основните училишта, согласно годинашната одлука за организација на наставата, до летниот распуст имаат уште една работна недела. Крај на учебната година на 17 јуни беше предвидено за сите ученици, но Министерството за образование и наука излезе во пресрет на барањето на Сојузот на средношколци. „Во Законот за основно образование се одредени точен број работни денови ...

Откако во четвртокот мандатарот Христијан Мицкоски го доби мандатот за формирање на влада, а ноќта меѓу петокот и саботата на пленарна седница во Собранието поминаа измените на Законот за реорганизација на државната управа, течат роковите за формирање на новата влада. Мицкоски на врачувањето на мандатот најави дека набргу ќе биде составена новата влада и според неговите очекувања таа ќе биде формирана пред законскиот рок. Главна цел на владата, ...

Денеска, во 04:15 часот, во Полициската станица Гостивар била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Гостивар – село Падалиште, во село Беловиште. Според пријавата, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Ј.Ј. од Гостивар, излетало од патот и паднало во Лакавичка река. Во несреќата, возачот Ј.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник, 52-годишниот А.Ф. од Гостивар, ...

Метеоролозите за денес (понеделник) прогнозираат многу топло време, со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 15 до 30 степени. Според прогнозите на синоптичарите во деновите од работната седмица кои се пред нас, ќе владее многу топло време. Дневната температура ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигнува и до 40 степени. ...

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Билјана Михајловска во изјава за медиумите истакна дека државната матура вчера во некои училишта поминала беспрекорно, но во одредени имало проблеми кои ги решавале тековно. Повторно имало споделување по вибер групи на тестовите по англиски јазик и по математика. „Повторно имаше вибер група во која беше споделен тестот по математика во 9: 53 часот и тестот по англиски во 9:45 часот, на истиот начин ...

Македонскиот лешник е квалитетен и постои голем потенцијал да стане извозна култура, беше истакнато на денешната конференција за лешникари што се одржува во Скопје. Бошко Нелкоски, еден од организаторите на конференцијата, вели дека од досегашното искуство со извоз на лешник во Швајцарија, може да се забележи дека земјата е класифицирана во А класа добавувачи. На швајцарскиот пазар, како што посочи, се откупуваат околу четиристотини до ...

МВР информира дека вчера (8 јуни) во 13.35 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на регионалниот пат Маврово-Дебар на место викано „Обесена вода“ кај Жировница патничко возило „алфа“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Р.Х.(63) од Неготино, полошко излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.И.(47) од Чегране, гостиварско, додека возачот се здобил со телесни ...

Патниот правец Елбасан – граничен премин Ќафасан, кај Струга, кој е дел од Коридорот VIII, веќе е отворен за сообраќај на возила, по две ленти, објави албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи споделувајќи видеозапис. „Дел од патниот правец Елбасан-Кафасан, дел од Коридорот VIII, веќе е пуштен во употреба за сообраќај, на кој е поставена и потребната патна сигнализација“, напиша Рама. Овој патен правец радикално ќе ги скрати растојанијата ...

Питон долг пет метри проголтал жена во централниот дел на Индонезија. Жената била пронајдена мртва во стомакот на питонот, соопштија денеска локалните власти. Сопругот на 45 годишната жена и жителите на селото Калемпанг во провинцијата Јужен Сулавеси ја откриле во петокот во телото на мрежест питон, пренесува Бета. Жената, мајка на четири деца, исчезнала во четвртокот вечерта и по неа е започната потрага. Локалните жители ја пребарале областа и ...

Пролетта пристигна и многумина ја украсуваат својата градина и домот со нови цвеќиња. Во таа смисла, треба да се внимава ако во домаќинството има и мачки бидејќи одредени растенија се отровни за тие домашни миленици. Следат дел од попопуларните украсни растенија што може да ѝ направат проблеми на мачката ако реши да го грицка листот, цветот итн. Нарцис – дури и само неколку каснувања од кој било дел од ова растение предизвикува лигавење, ...

Поради повеќедневно присуство на постабилна воздушна маса во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во следните денови ќе има периоди со мала умерена локална облачност, а во попладневните часови и особено во понеделник ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од почетокот на следната седмица, дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, ...

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо ќе седне на клупата на турскиот гигант Фенербахче, објави денеска италијанскиот новинар Џанлука Ди Марсио. Според изворот, назначувањето на 61-годишниот Португалец може да биде објавено уште денеска, а Мурињо ќе потпише двегодишен договор со турскиот клуб. Мурињо е без тренерски ангажман од јануари кога му беше врачен отказ во Рома. Фенербахче минатата сезона заврши на второто место во турскиот ...

Учениците од гостиварското основно училиште „Гоце Делчев“ имаа убава и корисна можност да поразговараат и да се дружат со познатиот писател на книги за деца и млади Горјан Петревски. Основците одблизу се запознаа со авторот чии дела ги читаат како задолжителни лектирни изданија, му поставуваа прашања и се мотивираа повеќе да читаат книги. Литературната средба ја организираше здружението за култура „Анисија“ во склоп на проектот „Авторот и ...

Компирите содржат оксална киселина што ги претвора нерастворливите соединенија на железо во растворливи комплексни јони. Ова е научното објаснување за тоа како лушпите од компири може да помогнат во отстранување ‘рѓа од металните површини дома. Како што пренесува „Н1“, за да се направи средството, прво се натопуваат лушпите во вода. Се користи малку вода – колку да ги покрие корите, а за оксалната киселина да биде што е можно поконцентрирана. ...

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. ...

Матурантите денеска го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија. Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик (Македонски/Албански/Турски) и ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, изминатата година во земјава се родиле вкупно 16.859 деца, од кои 122 биле мртвородени. Бројот на новороденчиња во 2023 година е намален за 7,4 отсто, во споредба со претходната 2022 година. Како што информираат од ДЗС, во текот на изминатата 2023 година се родиле 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај ...

Одделот за епидемиологија на заразни болести при ЈЗУ Институт за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира три лабораториски потврдени случаи на конго-кримска хеморагична треска од 26 април до 4 јуни. Сите три случаи биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат денеска од ИЈЗ. Воедно, периодов регистриран е и првиот случај на мали сипаници или морбили, станува збор за дете од струшко село. Првиот случај ...

На 20 мај, италијанскиот супервулкан Кампи Флегреи (Флегрејски полиња, т.е. запалени или огнени полиња) беше погоден од серија од околу 150 земјотреси, што е најсилната серија земјотреси на таа локација во последните 40 години. Најсилниот земјотрес бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала и предизвикал помала материјална штета во градот Поцуола, кој се наоѓа во епицентарот, но и во Неапол, кој е оддалечен околу 20 километри, пишува ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (6 јуни) околу 12.30 часот во ОВР Гостивар, 62 годишната гостиварка Р.Т. пријавила дека пред нејзината куќа, по кратка расправија, била физички нападната од нејзината сосетка С.А.(45) и нејзиниот сопруг С.А.(46). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести полицијата. Исто така вчера, во 19.15 часот во ОВР Гостивар, С.А.(24) од Врапчиште пријавил дека околу 18.30 часот на работното место во угостителски ...

По минатата недела кога во попладневните часови беше изразено променливото и нестабилно време со повремени поројни врнежи од дожд, агрометеоролозите препорачуваат, доколку временските услови дозволуваат земјоделците да продолжат со сите активности и агротехнички мерки. Житните култури во овој период, велат, имаат сосема доволно влага и се во добра сотојба да ја завршат вегетацијата. Есенската пченица во зависнот од локацијата каде е посеана, е ...

Собранието денеска ги верификуваше мандатите на пратениците Аднан Азизи и Имерлие Салиу-Фетаи од Коалицијата „Вреди“ и го прифати извештајот на Верификациската комисија која претходно на седница усвои извештај дека нема основ за оспорување на верификацијата на нивните мандати. Азизи е пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат на негово барање не беше верификуван на конститутивната седница, а Салиу-Фетаи доби ...

Целта на иницијативата е унапредување на персонализираното искуство на клиентите и достапноста на услугите од стручните лица на банката. Ова не само што им користи на клиентите, туку придонесува и за попродуктивна и поудобна работна средина за вработените, поттикнувајќи поголема ефикасност и задоволство од работата во банката. Реновираната филијала на ул. Браќа Гиноски бб, спроти зградата на општина Гостивар, освен нов изглед и модерен дизајн, ...

Позната слика на скопската меѓународна автобуска станица: Млади Македонци им мавтаат на своите семејства, качувајќи се во автобуси (побогатите со авиони) кон дестинации како Љубљана, Софија, Загреб…Трендот на студирање во странство постојано расте. Што ги тера овие млади умови да бараат образование надвор од својата татковина? Еден од клучните фактори е квалитетот на образованието. Според резултатите од PISA, Словенија постојано ја надминува ...

Гостиварската полиција регистрира две сообраќајни несреќи со тешко повредени мотоциклисти вчера (6 јуни) на поширокото подрачје. Во 12.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат за Врбен, 57 годишниот В.О. од Кралството Холандија, управувајќи мотоцикл „ктм“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото ...

Мандатарот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ еден од основните столбови е реалоцирање на средства од централаниот буџет кон буџетите на општините, а во септември ќе биде првото нивелирање на пензиите. Мицкоски исто така најави дека првиот ребаланс на државниот Буџет ќе биде во втората половина на јули, како и огромен проект во енергетиката, две нови инвестиции и проширување на две други во ...

Во Албанија отворени се 34 летни здравствени амбуланти за да ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области. Министерката за здравство и социјална заштита, Албана Кочи, на социјалните мрежи објави дека во амбулантите се ангажирани околу 300 лекари и медицински сестри. Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за летувалците и туристите кои оваа летна сезона ќе ја ...

Денеска е петок, 7 јуни 2024 година, 159-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 207 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 5 часот и 1 минутa, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 5 часот и 14 минути, а ќе зајде во 21 часот и 43 минути. Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, во југоисточните ...

Некои раси кучиња се посклони кон агресивно однесување од останатите, па поради тоа, тие не се препорачуваат за неискусни љубители и сопственици кои немаат доволно време за обука, тренинг и за дружење со миленикот. Секое куче може да биде агресивно, без разлика на расата. Порталот „Дог академи“ (Dog Academy) посочува некои од најагресивните раси кучиња. Чивава Иако ова е мало, верно куче, одгледувачите многу добро знаат за неговата агресивност и ...

Учениците од четврто, петто или шесто одделение од наредната учебна година ќе имаат можност да изберат Филозофија како слободен изборен предмет. Како што информира Филозофското друштво на Македонија, за разлика од задолжителниот предмет Филозофија за четврта година средно образование, предметот Филозофија за основно образование нема да биде изучување на историјата на филозофијата или анализа на апстрактни филозофски идеи. -Низ конкретни примери ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1018
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
65%
1019
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1019
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.56
84%
1019
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
0.51
86%
1019
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
6.17
67%
1014
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1016
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
3.09
81%
1017
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 9ᴼ
1.34
53%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.69
87%
1017
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62