Нашето тело има потреба да ја одржува својата температура на околу 36°C, а во студените денови потрошувачката на калории се зголемува за да произведе доволно топлина. За луѓето кои живеат во студени региони, како што е Арктикот, ова значи дека за да се одржи оптималната температура на телото, потребно е да се консумира храна богата со калории која обезбедува дополнителна енергија. Иако студеното време теоретски може да промовира губење на ...

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) е на терен и врши контроли со цел да утврди како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите месеци. Контролите се спроведуваат кај добавувачите, производителите и маркетите. Целта, како што информира ДПИ, е да се направи мониторинг и анализи и да се утврди дали постои нелогично зголемување на цените кај одредени производи. По завршување, анализите ќе бидат испратени до Министерството за ...

Седум лица кои биле заглавени во викендица во Лазарополе од вчера (24.12.2024 година), денеска во 13:15 часот, се извлечени и истите се упатени кон своите домови, информираше попладнево Центарот за управување со кризи. „Со силни напори вработените од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од вчера работеа за отворање на патот со тешка механизација со два багери (снегофрлачи) и камион, а двајца вработени на ЈП за ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира сите угостители кои организираат предновогодишни и новогодишни прослави, како и останати активности поврзани со претстојните празници, имаат обврска да ги исполнат законските барања за регистрирање на готовински плаќања. „При продажба на влезници (резервации) и/или ваучери, угостителите се должни да издаваат фискални сметки. Сите услуги и продажби мора да бидат регистрирани преку одобрен фискален ...

Последниот викенд од 2024-та година во Гостивар ќе биде исполнет со новогодишни забавни настани наменети за децата. Во сабота (28 декември) во 12 часот на плоштадот ќе се одржи забава со хуманитарен базар во организација на здружението „Д-р Трајче Нешковски“. Најавена е дружба со маскоти, креативни активности со боење на елки од стиропор, музика и пеење, а во рамки на хуманитарниот базар ќе се продаваат репарирани украси. „Дали сте спремни елки ...

Изминатите денови граѓани на Гостивар и жители од околните села реагираат на зачестени прекини во снабдувањето со електрична енергија. Граѓани од градот реагираат дека снемува струја во различни периоди во денот и прекинот некогаш трае по час-два, или снемува повеќепати во текот на денот во пократки временски интервали. Нагласуваат дека тоа им претставува голем проблемпред сѐ со греењето, со оглед дека е зимски студен период, но и стравуваат од ...

СВР Тетово информира дека вчера (24.12.2024) во 20 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, во близина на културниот дом ги привеле Б.К.(23), З.К.(28), И.Р.(48) и Џ.Н.(36) сите од Гостивар, кои на импровизирани тезги продавале пиротехнички средства. Тие се задржани во полициска станица и од нив биле одземени 1300 парчиња разновидни пиротехнички средства и по документирање на случајот, против нив ќе ...

Времето денеска (среда) ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег ...

Ниските температури на воздухот во зима, особено во утринските и вечерните часови, доведуваат до стеснување на крвните садови на кожата и прстите на рацете и нозете, кои се најоддалечените делови на телото од срцето. Поради ова, чувствуваме студ во нив, но тоа го зголемува притисокот во другите крвни садови, поради што срцето мора да работи повеќе за да пумпа крв. Ова во голема мера ги зголемува ризиците од компликации за луѓето кои страдаат од ...

Од неодамна гостиварката Маја Лазаревска има свое ТВ кулинарско шоу со интересен концепт, оригинални идеи за на трпеза, инвентивни рецепти и може да се каже дека за кратко време ги освои симпатиите на гледачката публика. Емисијата „Маја готви“ се емитува секој работен ден од 16.30 часот на 1ТВ, како дел од новата програмска шема на телевизијата. Со Маја, која инаку по професија е архитект, поразговаравме за љубовта кон подготвувањето на храна, ...

Вчера во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје, под покровителство на Синдикалната организација на НБРСМ се одржа меморијален турнир во мал фудбал, во чест на гостиварецот Дејан Ристоски, кој трагично настрада во сообраќајната несреќа кај Ласкарци. „Дејан беше прекрасен пријател, вреден работник, сакан колега. Подготвен во секој момент да им помогне на другите. Ќе ни остане во сеќавање како исклучително доблесен човек, секогаш насмеан, ...

Денешниот ден во близина на месноста Црн камен во Леуново беше исполнет со возбуда и интересни случувања. Нуркачи презедоа смел потфат во водите на Мавровско езеро. Членови на Еколошко-нуркачкиот клуб „Пена“ и Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ тргнаа во потрага по чамец кој во езерото е потонат пред 40-тина години. Кире Ангелески, Ристе Тодоровски, Дарко Јовановски и Горан Делов се нуркачите кои влегоа во немирните и студени води на Мавровско езеро ...

Католичките верници денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија. Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов на проповедта на литургијата упати честитка до граѓаните со католичка вероисповед. Овие денови голема е радоста во срцата на христијаните ...

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и натаму е значителен во корист на мажите, како во однос на висината на платите, така и при нееднаквост во пристапот до работа, напредувањето и наградувањето. Според податоците на Евростат, мажите во ЕУ во просек заработуваат за 12,7 отсто повеќе од жените, при што Луксембург е единствената земја меѓу членките на Европската Унија каде просечните плати на жените се повисоки од оние на мажите и тоа за 0,7 ...

Снег и силен ветер предизвикуваат значителни проблеми во сообраќајот во Хрватска, БиХ и Србија. Снегот и ветерот предизвикуваат големи проблеми на хрватските патишта, а според најавите на метеоролозите, до крајот на денот се очекуваат уште посериозни временски непогоди. Поради ветерот и наносите снег, за сообраќај се затворени автопатот А1 Загреб-Плоче-Караматичи меѓу јазлите Свети Рок и Поседарје, а во прекин се некои фериботски и катамарански ...

Во пресрет на новогодишните празнувања, Дедо Мраз ги посети децата кои се лекуваат на педијатриското одделение во општата болница во Гостивар и им подели пакетчиња. Атмосферата беше разубавена и со шарени балони, што исто така беа подарени на малите пациенти, кои за жал празничниот период го минуваат на одделението. Ваквата посета традиционално пред Нова година ја организира Здружението “When in Trouble”. „Секоја година се обидуваме барем за миг ...

Владата на Народна Република Кина за учебната 2025/2026 година доделува две стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации, информира Министерството за образование и наука. Краен рок за пријавување е 15 јануари 2025. Прифатените кандидати ќе ги почнат студиите од септември идната година. Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје. Во објавата на МОН има информации за документите што ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена. Со мерката „Новогодишна кошничка“, која важи до 15 јануари, се опфатени повеќе од илјада производи. Беше направена во соработка со трговските ...

СВР Тетово информира дека ноќеска 2.30 часот после полноќ во Неготино полошко, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.В.(38) од селото поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1, „лихварство“ по член 260 став 2 и „фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик. „Постапувајќи по претходна пријава од 35-годишник од Гостивар, со судска наредба бил извршен претрес во ...

Австриецот Ервин Перзи Први, кој по струка бил мајстор за хируршки инструменти, сосема случајно ја создал снежната топка во далечната 1900-та година. Имено, непосредно пред тоа е смислена сијалицата, но тогаш нејзината јачина и светлост, била многу послаба споредено со денес. За да ја засили светлоста на сијалицата, Ервин, планирал пред неа да стави топка исполнета со вода. Видел дека тој трик, служејќи се со свеќа и топка со вода, некогаш го ...

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). Спортед АХВ, констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење. На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 степени. Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални ...

Со доделување на благодарници и симболичниот клуч на градот, вечерва на манифестација во Центарот за култура под мотото „Гостивар в срце“ беше одбележан Денот на општината, 23 декември. Културно-уметничкиот дел од програмата беше исполнет со музички изведби, а пред присутните беше прикажано и видео од сработени инфраструктурни проекти и зафати во годината што изминува. Во своето обраќање како домаќин на одбележувањето, градоначалникот Ваљбон ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, со наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата. На 23 декември 2024 година, поради зимските услови, воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: Дебар – Маврово, Охрид – Кичево (Пресека), Кичево – Гостивар (Стража), Тетово – ...

Од АМСМ информираат дека од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово. Од 12:15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Од 12: 15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража се ...

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави, дека рокот истекува во среда, на 25 декември 2024 година. До денеска, според УЈП, од вкупно 7 397 очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се само 1 831 што е само 24,75 отсто од вкупниот број. Остануваат уште 5 566 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите два дена. Според податоците, најголем процент на поднесени ДДВ – 04 ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 71 денари за литар, а ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска извршило исплата на субвенции од тековната 2024 година. Извршена е исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Исплатени се 294.212.786,00 денари на 4.533 производители на кравјо, овчо и козјо млеко, регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози, кои произведеното млеко го имаат ...

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, најави серија мерки. Говорејќи пред поддржувачи во Феникс, Аризона, тој изјави дека веднаш по инаугурацијата ќе потпише укази со кои ќе се забрани присуството на транссексуалци во војската и училиштата и ќе се ограничи пристапот до медицински процедури за промена на пол кај малолетници. Трамп нагласи дека официјалната политика на САД ќе биде признавање на само два пола ...

Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.075 денари или 36,7 отсто, за облека и ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
20%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.63
31%
1022
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
32%
1022
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
36%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.5
31%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
41%
1023
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.71
57%
1013
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
33%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
23%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
31%
1021
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
29%
1023
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.26
36%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60